Friday, January 24, 2014

СИМНЕТЕ ГИ РОЗОВИТЕ ОЧИЛА ЗА ДА СЕ СООЧИТЕ СО РЕАЛНОСТА!

ГОСПОДОВИОТ ДЕН!

Јас одамна ги симнав моите розови очила и го видов светот во целата негова грдотија... Ми се случи нешто како на главниот јунак од Матрикс, кој се буди од навидум вообичаеното, нормално секојдневие во една грда реалност...  И откога „прогледав“, а прогледав читајќи го Светото Писмо, почнав да „галамам“, односно да сигнализирам  за значењето на се ова што се случува во светот, давајќи едно поинакво светло од она што го изнесуваат формално „учените глави“ во светот, - бројните експерти за клима, сеизмолози, биолози, физичари...

Почнав да го објаснувам значењето на сите овие различни несреќи и зла насекаде низ светот како ВРЕМЕ НА ДОАЃАЊЕТО НА МЕСИЈАТА! Дека Самиот Тој, во Евангелијата по Матеј (глава 24), Марко (глава 13), Лука (глава 21) ни ги најавил знаците по кои ќе го препознаеме времето на Неговото Доаѓање,  а тоа се токму сите овие зла кои сега се случуваат: страшни поплави, земјотреси, вулкани кои еруптираат, а долго време биле „заспани“, тајфуни, ледени бури со многу ниски температури, топлотни удари со рекордна топлина, циклони, пожари, стотици и илјадници животни кои масовно умираат насекаде низ светот, најави за поделба на Израел, последици од нуклеарната катастрофа во Јапонија преку озрачување; излевање и проширување на радиоактивниот материјал преку морските струи, насекаде по океаните и морињата, масовно убивајќи и озрачувајќи го животинскиот свет и загадувајќи ги водите; Свлечишта на земјата, криминалот и убиствата во пораст, огромни дупки кои се јавуваат насекаде низ светот, кои голтаат цели куќи, заедно со луѓето во нив, знаци на небото- метеори, астероиди, комети, особено кометата ИСОН...

Посебно се обраќав на оние кои се задолжени за духовната добросостојба на луѓето – црковните лидери, ги провоцирав да разговараме, ги испитував нивните ставови за сето ова зло што ни се случува... А тие добро го знаеја одговорот, но едноставно не веруваа дека се наоѓаме во она време што пред илјадници години беше претскажано од старозаветните пророци Исаија, Даниел, а потоа и од Исус, лично - време полно со знаци што го најавуваат највеличествениот настан „Исусовото Доаѓање да ги ЗЕМЕ  верниците“, оние малубројните, будните, за потоа да го истури својот гнев над оваа земја полна со зло! Ми одговараа(т) дека никој не го знае денот, нуту часот и си продолжуваат со вообичаената рутина на традиционално собирање на средбите со верниците, молитви, славење, пеење на Господа... И ништо повеќе. Ниту збор – дека се наоѓаме во најпоследните од ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ – непосредно пред Доаѓањето на Исус! Не им порачуваат на верниците: покајте се, покорете ја во потполност својата волја на Исус, простете си меѓусебно, и бидете свети! Затоа што ни е заповедано – БЕЗ СВЕТОСТ НИКОЈ НЕМА ДА ГО ВИДИ ГОСПОДА! Разликувајте се со своето зборување, однесување и размислување, од останатите луѓе во светот – бидејќи СВЕТОТ Е НЕПРИЈАТЕЛСТВО НА БОГА!
Знаете што е тоа? Тоа е Духот на бунтовност! Но и тоа е еден од знаците на времето во кое живееме! Во Библијата имаме најава дека „во последните денови ќе се јават подигрувачи и потсмевачи во светот, кои ќе го негираат Неговото Доаѓање и ќе тврдат дека светот уште долго ќе си постои како што бил и во времето на нивните предци! Тие ги имаат духот на жената на Лот, која се завртела зад себе и покрај забраната да не се врти (за да види како се излева Божјиот гнев врз Содома и Гомора, - места преполни со зло, сексуален неморал и перверзии), а се завртела бидејќи она зад неа (светот) и’ значело и го сакала повеќе од она што е пред неа, - Исус!
Па токму е таква и споредбата за Деновите пред да Дојде Исус – токму како во времето на Лот, и сега гледаме огромно зло, сексуални перверзии и неморал... а таква ќе биде и казната на човештвото за овој грешен свет на крајот – со оган!

ДЕНОТ ГОСПОДОВ ЌЕ ГОРИ КАКО РАСПЛАМТЕНА ПЕЧКА И ЌЕ ИЗГОРИ СЕ ПРЕД СЕБЕ!

РАЗБУДИ СЕ НАРОДЕ МОЈ! НЕ БИДИ ЗАСПАН! НЕ ЗНАЕШ КОЈ ДЕН НА ЗЕМЈАТА СИ СЕ РАЗБУДИЛ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ - ПРЕД ДА ГО НАПУШТИШ ОВОЈ СВЕТ! ЧОВЕКУ, НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДА УМРЕШ, А ДА ПРЕТХОДНО НЕ СИ СЕ СПРИЈАТЕЛИЛ СО ИСУС, ОНОЈ КОЈ УМРЕ ЗА ТЕБЕ, ЗА ДА МОЖЕШ ТИ ЗАСЕКОГАШ ДА ЖИВЕЕШ! И ТОА НЕ БИЛО КАКО - ТУКУ ДА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО ОД ЖИВОТ, ЗА СЕТА ВЕЧНОСТ!!! 
СЛАВА НА ОТЕЦОТ СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! АМИН!


1 Петрово: 1:15 туку според Светецот, Кој ве повика, бидете и самите свети во целото свое држење,
1:16 зашто е напишано: „Бидете свети, зашто Јас Сум свет.”
Евреите 12:14
14 Стремете се кон мирот со сите и кон светоста, без која никој не може да Го види Господа,
Јаков 4:4  Прељубници, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство против Бога? И така, кој сака да му биде пријател на светот, Му станува непријател на Бога.
Матеј: 13:40 Како што каколот се собира и се гори во оган, така ќе биде и на свршетокот на векот.

Битие 19:
12 Тогаш двајцата го прашаа Лота: „Кого имаш уште тука: синови и ќерки, сè што имаш, изведи ги од местово!
13 Зашто ние ќе го истребиме местово: викотницата против нив стана пред Господа, толку голема, што Господ нè испрати да го уништиме.”
14 Лот излезе да им го каже тоа на своите идни зетови, што имаа намера да ги земат неговите ќерки, и рече: „Станете! Заминете од ова место, зашто Господ ќе го уништи градот!” Но на неговите зетови им се стори дека тој се шегува.
26 А Лотовата жена се обѕрна, и се претвори во столб од сол.


Image result for Day of the Lord

No comments:

Post a Comment