Friday, January 27, 2017

ДЕЛ 5 – ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН?


НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК  - КОЈ Е ВИСТИНСКИ БОГ? БОГОТ НА ХРИСТИЈАНИТЕ ИЛИ БОГОТ НА МУСЛИМАНИТЕ?

Во ова петто продолжение од моите објави, во кои сакам да ги разобличам заблудите со кои живеат Муслиманите, сакам да дадам коментар на неколку најчести приговори од страна на Муслиманите, во поглед на некои клучни верувања на Христијаните, како и на верувања на Муслиманите, базирани на Куранот и Хадисите:

1.  ДАЛИ ХРИСТИЈАНИТЕ ВЕРУВААТ ВО ЕДЕН ИЛИ ТРИ БОГОВИ?
2. ИСУС ХРИСТОС – ДАЛИ БИЛ САМО ЧОВЕК И ПРОРОК? ИЛИ И БОГ?
3. ВЕРОДОСТОЈНОСТ НА БИБЛИЈАТА
4. МУСЛИМАНСКИТЕ ВЕРУВАЊА СЕ ИСПРАВНИ; ХРИСТИЈАНСКИТЕ ВЕРУВАЊА СЕ НЕИСПРАВНИ / НЕКОРЕКТНИ
5. ИСЛАМОТ Е РЕЛИГИЈА НА МИРОТ
6.  МУХАМЕД Е ПОСЛЕДНИОТ ПРОРОК

1. ДАЛИ ХРИСТИЈАНИТЕ ВЕРУВААТ ВО ЕДЕН ИЛИ ТРИ БОГОВИ?
Муслиманите многу често, заради неразбирање на Тројството Го напаѓаат Богот во Кој Христијаните веруваат, мислејќи дека ние веруваме во три, а не во Еден Бог. Сепак, Христијанството никогаш не учело дека има три Бога. Никогаш немало, ниту ќе постои таква доктрина. Доктрината за Тројството поучува дека постои само Еден Бог, Кој се Открива во Три Личности: Отецот, Синот и Светиот Дух. Тројството е МОНОТЕИЗАМ!  Бог Создал многу примери за да го разбереме „тројството во единство“. На пример, следниве три величини (тнр. “time-space continuum”) во нашиот универзум ги перцепираме исклучиво во своето тројство:
- Време – минато, сегашно и идно,
- Простор – висина, ширина и должина
- Материја – тврда, течна или гасовита
(Во една прилика, на еден Муслиман „Тројството“ му го објаснив сликовито вака: Богот во Кој ние Христијаните веруваме е Комплексен Троеден Бог... На пример – како водата! Водата ја има во тврда, течна или гасовита состојба, со различни карактеристики во секоја од своите три агрегатни состојби, но формулата (суштината) е иста, - таа е секогаш Н2О! )
Дури и самиот човек е „единство на тројство“ (има дух, душа и тело, како што е запишано во 1 Солунјаните 5:23).  Ако го земеме телото, - и тоа е единство на тројство: месо, коски и крв... Ако има само месо и коски, а нема крв, или ако има коски и крв, а нема месо, или ако има месо и крв, а нема коски – тоа не е човечко суштество, туку некаква изобличена безживотна маса. Ако човечкото суштество е толку комплексно, така што ни науката ни медицината до ден денес немаат разбрано во потполност  како функционираме, - колку ли тогаш Бог е покомплексен?
Повеќе за Тројството на Бог ќе најдете овде:
(http://saviorjesusfirst.blogspot.mk/2014/02/blog-post_21.html)

2.  ИСУС ХРИСТОС – ДАЛИ Е САМО ЧОВЕК И ПРОРОК? ИЛИ И БОГ?
Според наведеното во Куранот, Исус од Куранот бил ист како и Адам, и Бог (Алах) не бил негов татко, бидејќи тоа би подразбирало дека Алах би имал жена и на тој начин би се репродуцирал. Ова е исто така, сосема погрешно гледиште и контрадикција во однос на наведеното во Библијата.  Христијаните никогаш не тврделе дека на Бог Му е потребна жена за прокреација; Напротив, Бог е Дух (Јован 4:24) и ние Христијаните, односот помеѓу Бог Отецот и Исус го разбираме како духовна врска.
Понатаму, становиштето на Христијаните е дека Исус Бил 100% Човек и 100% Бог во времето кога Чекорел на Земјата во тело на Човек. Тоа е објаснето во Библиските стихови во Колосјаните  2:9 ( Зашто во Него живее сета полнота на Божеството) и Јован 3:13 (И никој не отишол во небо, освен Оној, Кој слезе од небото, Човечкиот Син, Кој е во небото.) Во овој вториот стих, Исус за Себе Објавува дека е слезен од небото, а сепак, истовремено – се наоѓа и на небото.
Стихот кој Муслиманите го потенцираат за да докажат дека Исус Бил само Човек е Јован 14:28, каде Исус Изјавува: „... зашто Таткото е поголем од Мене “. Муслиманите овде не разбираат дека Исус, (Филипјаните 2:5-8) Опереирал со одредени ограничувања како Човек и затоа, за кратко време Бил во пониска позиција од Отецот (Евреите 2:9  Но Го гледаме Исуса „Кој беше направен само за малку понизок од ангелите” - овенчан со слава и чест заради смртното страдање, та по Божјата благодат да ја вкуси смртта за сите.)
Значи Христијаните, за разлика од Муслиманите се држат до она што е објавено во Библијата и веруваат дека:
Исус е ЕДНО со Отецот:
Јован 14:9 „ Исус му рече: „Толку време Сум со вас и не Ме позна, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел и Таткото; тогаш како велиш ти: ‘Покажи ни Го Таткото
Јован 10:30 Јас и Татко Ми едно сме.”
Исус Е во Отецот:
Јован 14:10 Не веруваш ли дека Јас Сум во Таткото и дека Таткото е во Мене? Зборовите што ви ги кажувам, не ги зборувам од Себе; Таткото, Кој е во Мене, Тој ги прави делата
Јован 14:11 Верувајте Ми дека Јас Сум во Таткото и Таткото во Мене; ако пак не - верувајте заради самите дела.
Јован 14:20  Во оној ден ќе сознаете дека Јас Сум во Мојот Татко, и вие во Мене и Јас во вас.
Исус е Словото, Кое од Почетокот е со Бог, притоа и Самиот е Бог и преку Него СЕ’ е создадено:
Јован 1: 1Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.2Тоа беше во почетокот во Бога.3Сè стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него.
1 Коринтјаните 8:6 но, ние имаме Еден Бог, Татко, од Кого е сè и за Кого сме ние, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сè, и преку Кого сме и ние.
Да се верува дека Исус е Бог е услов еден Христијанин да биде спасен:
Римјаните 10:9,10  Зашто, ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен.10Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение.

3.    ВЕРОДОСТОЈНОСТ НА БИБЛИЈАТА
Според Муслиманските верувања, Библијата, т.е. Стариот и Новиот Завет се искорумпирани, што значи луѓето (Евреите и Христијаните) ја извртиле или исфрлиле делови од оригиналната објава на Бог во Стариот и Новиот Завет. 
Сепак,  во Куранот стои поинаку; Имено, Евреите според Куранот не се должни за верски прашања да се консултираат со Мухамед и религијата што тој ја пропагирал. Ова е образложено во 43 стих од Сура 5.
Сура 5:43:  О пејгамберу, нека не те загрижува делото на оние кои брзаа во неверувањето, оние кои со устите свои зборуваат: „Ние веруваме“ - а не веруваат срцата нивни. И Евреите кои само лаги слушаат и кои од други слушаат а, кои, всушност, не ти доаѓаа; на некои места зборовите ги преиначуваат, зборувајќи: „Ако ви е ова дадено, тогаш, прифатете го, а ако не ви е дадено, тогаш, не прифаќајте го!“ На оној што ќе го остави Аллах во неговата сплетка ти никогаш не ќе можеш било што да му осигураш од Аллах. Срцата на онаквите Аллах не сака да ги очисти. За нив на овој свет има надоместок, а на Ахирет има казна голема.
Во овој стих / ајет, Алах сака да знае, зошто Евреите доаѓаат кај Мухамед, кога тие веќе ја имаат Тората?
Во Хадисот на Сунан Абу Давут 44:49 многу е јасно покажан односот на Мухамед кон Тората; Имено, кога требало да пресуди за одредена работа меѓу Евреите, како што тогаш бил обичај, му донеле перниче и го седнале на перничето. Тогаш Мухамед побарал да му ја донесат Тората. Која ја донеле, тој го извадил перничето на кое седел, ја ставил Тората на перничето и рекол: „Јас верувам во тебе и во Оној, Кој тебе ти се Откри“
Значи, на Евреите воопшто не им се потребни откровенијата на Мухамед, бидејќи тие веќе ја имаат објавата на Божјата Волја во Тората!
Врз основа на сето ова, сите тврдења на Муслиманите дека Библијата е „расипана“, „корумпирана“ или нешто слично – паѓаат во вода, бидејќи и самиот Алах и неговиот пратеник Мухамед го потврдуваат авторитетот на Тората (т.е. 5те Мојсееви Книги, кои се составен дел од Библијата!)
Сура 5:82. Сигурно е дека ќе најдеш меѓу луѓето со најсилно непријателство кон оние кои веруваат, Евреите и оние кои на Аллах здруженик му припишуваа, а сигурно е дека ќе најдеш од оние кои веруваат најблиски пријатели, оние кои зборуваа: „Ние сме христијани!“ Тоа, ете што меѓу нив има свештеници и монаси кои, навистина, не се дуваат!
Според овој стих, најголеми непријатели на Муслиманите се Евреите и идолопоклониците, а најблиски во љубовта до Муслиманите се Христијаните!
Ова покажува колку е променлив Куранот, кој ги бележи зборовите на Алах, во зависност од расположението на Мухамед... Кога Мухамед започнал да ги добива откровенијата од Алах во Мека, пораката била: „Муслиманите, Евреите и Христијаните се сплотени заедно, како припадници во верата во еден Бог, наспроти многубошците“. Подоцна, кога Мухамед и неговите следбеници се преселиле во Медина, Евреите не го прифаќале како Божји пророк, и оттогаш се менува односот на Алах; Тогаш „Муслиманите и Христијаните се против Евреите и паганските народи“. На крајот и Христијаните го отфрлиле Мухамед како пророк, па тогаш пораката на Исламот станала: „Муслиманите против сите други“!
Стихот 82 од сурата 5 е од времето на „Умерениот Ислам“ кога се уште постоела надеж дека Мухамед ќе биде прифатен меѓу Христијаните.
Очигледно е дека пораката на Алах  во Куранот се менувала во зависност од интеракцијата на Мухамед со немуслиманите. Така, последната порака на Куранот која вели дека Евреите се најголеми непријатели на Муслиманите има, за жал, најголемо влијание меѓу Муслиманите, па дури го оформува и нивниот поглед за иднината, поточно за настапувањето на „Судниот Ден“. Имено, во Хадисот на Сахих Муслим 73:39, Мухамед вели „Судниот Час нема да настапи се додека Муслиманите не завојуваат против Евреите, и Муслиманите ќе ги убиваат, кога Евреинот ќе се сокрива зад карпа или дрво, а карпата или дрвото ќе кажат: „О’ Муслиману, робу на Алах, има Евреин зад мене, дојди и убиј го„!
Од сето она што е кажано во сура 5 и во Хадисите, во поглед на Муслиманскиот став кон Евреите, може да се заклучи дека:

  •       Алах им ги има дадено откровенијата на Евреите преку Тората и Талмудот;
  •       Израел е земјата, која им припаѓа на Евреите;
  •    Евреите имаат право да ги убиваат оние, кои провоцираат безредие во нивната земја;
  •     На Евреите не им е потребен Мухамед, бидејќи ја имаат Тората, во која е Откриен, Зачуван и од Бога Инспириран Совршениот Божји Збор;
    Сепак, и покрај сето тоа, Евреите треба да го прифатат Мухамед како Божји пророк, а ако не го сторат тоа, тие ќе бидат сите испоубиени, по што ќе настапи Судниот Ден!
Сето ова звучи многу обесхрабрувачки, но тоа е пораката која ја даваат Муслиманските извори... 

Ајде сега да го разгледаме малку подетално ставот на Куранот кон Христијаните.

Сакам посебно внимание да дадеме на следните 3 стихови во Куранот: Сура 5:57, Сура 4:157 и Сура 9:29. Еве ги:

Сура 5:57 О верници, не земајте ги за заштитници оние кои ја земаат верата ваша за игра, исмевање на оние на кои им беше дадена Книгата пред вас и на неверниците. Плашете се од Аллах ако сте верници!
Овде се истакнува дека Муслиманите не треба да ги земаат за свои заштитници, т.е. пријатели оние кои ја исмеваат верата на оние, на кои им била дадена Книгата  пред нив и на неверниците. Со други зборови, Алах овде изразува почит кон верата на Христијаните и се противи на оние кои ги исмеваат Христијаните!
Сура 4:157  и заради изјавата нивна: „Да, ние, навистина, го убивме Христа,“ Иса, синот на Мерјем, Аллаховиот пејгамбер. Не го убија и не го распнаа! Туку тоа им се причини. А оние кои, навистина, не се согласија во тоа, во сомневање се: ништо не знаеја за него, само се сомневаа... Не го убија сигурно,
Според Исламот, Исус не бил распнат, не бил убиен. Но, ако не бил распнат ниту убиен, како тогаш луѓето (Христијаните) почнале да веруваат дека Тој навистина умрел? Куранот го дава одговорот, а тоа е дека Алах направил само така да им „се причини“, односно направил некој друг човек што многу личи на Исус да биде распнат и убиен, но не и самиот Исус. Според Куранот, тоа што луѓето поверувале дека Исус Умрел на Крстот, значи дека Алах успешно измамил огромен дел од луѓето... За нас  Христијаните пак, ова е можност да имаме увид во длабочините на измамата што лажниот пророк Мухамед им ја сервирал на луѓето. (Муслимани, знајте дека ние сме предупредени дека ќе се појават лажни пророци, кои ќе негираат дека Исус Христос, Синот Божји Дојде во тело, и знаеме по тоа дека сите што тврдат такво нешто се антихристи! Така е запишано во 1 Јован 4:1-3)  
Сура 5:47 И следбениците на Инџил нека судат според она што го објави Аллах во него. Оние кои не судат според она што го објави Аллах - та, расипани се!
Според многу Муслимани, Библијата е корумпирана, но ако е тоа така, Алах нема исто мислење како нив. Сура 5:47 е еден од тие стихови, во кои Алах им дава заповед на Христијаните да судат според она што е запишано во Библијата! Според тоа, Куранот претпоставува дека ние, Христијаните имаме валидна Божја објава во Библијата и должни сме да ја почитуваме. Штом е така, како Христијани, расудувајќи според она што нам ни е објавено во Библијата треба да заклучиме дека Куранот е  корумпиран, бидејќи тоа што во него е запишано е спротивно од тоа што ни е објавено нам во Библијата. Ние читаме во Библијата дека Исус бил Распнат за гревовите на човештвото, умрел и на третиот ден воскреснал! Врз основа на тоа, ние судиме дека содржината на Куранот е неверодостојна, неточна и не го прифаќаме Куранот како Слово од Бог!
Сура 9:29    Борете се против оние кои не веруваат во Аллах и во Денот ахиретски и кои не го забрануваат она што го забранија Аллах и пејгамберот Негов, и кои не ја застапуваат вистинската вера на оние на кои им е дадена Книгата се додека не дадат џизија со рацете, потчинето!

Овој стих во Куранот ја дава вистинската причина за прогонот на Христијаните во земјите каде што Муслиманите се мнозинство. Алах во овој стих бара од Муслиманите да војуваат против другите луѓе врз основа на нивните верски убедувања, - доколку се спротивни на Муслиманските! Ние Христијаните сме сметани како граѓани од втор ред и имаме обврска да плаќаме џизија (нешто како данок, изнудени пари) и со тоа да бидеме потчинети на Муслиманите.

Еве тогаш, да им посочиме неколку Библиски стихови на Муслиманите за да им помогнеме да ја надминат заблудата во која живеат, - сите зборови на Исус, запишани во Библијата:

Лука 9:22 велејќи дека Човечкиот Син треба да пострада многу; да биде отфрлен од старешините, свештеничките главатари и книжниците; да биде убиен и да воскресне на третиот ден.
Марко 10:45 зашто и Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина!
Јован 6:40 Зашто тоа е волјата на Мојот Татко, секој што ќе Го види Синот и поверува во Него - да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден
Матеј 28:19  Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал!
Во овие стихови, Исус:
· Ја Најавува својата смрт и воскресение (што потоа навистина и се случило);
·    Објавува дека причината за своето Отелотворување како Човек на земјата е да ги откупи гревовите на луѓето; 
·   Објавува која е Божјата Волја и воедно се објавува Себе Сѝ дека е БОГ, со тоа што Кажува дека ќе ги Воскресне оние што поверувале во Него (и Евреите и Христијаните и Муслиманите веруваат дека само Бог може да Воскресне умрени луѓе);
·    Објавува дека Бог е Троеден Бог, заповедувајќи на Неговите следбеници да прават Негови ученици од сите народи во светот, крштевајќи ги во Името на Отецот, Синот и Светиот Дух. (Исус Го Употребил  терминот „Име“ во еднина, а потоа ги објавува сите три Личности на Бог, - Отецот, Синот и Светиот Дух!)


4.  МУСЛИМАНСКИТЕ ВЕРУВАЊА СЕ ИСПРАВНИ; ХРИСТИЈАНСКИТЕ ВЕРУВАЊА СЕ НЕИСПРАВНИ / НЕКОРЕКТНИ

Реално гледано, Муслиманите имаат навистина голем проблем – тие се упатени веродостојноста на Куранот и најавата за нивниот пророк Мухамед да ги бараат во Библијата, а притоа тврдат дека Библијата е корумпирана. Затоа, да ја разгледаме малку подетално дилемата на Муслиманите:

Во Куранот, на Муслиманите им е заповедано да веруваат во она што Бог им објавил на Евреите и Христијаните во Библијата, и воедно да веруваат дека нивниот бог и Богот на Христијаните е ист.

 (Сура 29:46 И не расправајте со Следбениците на Книгата, освен на најдобар начин, а не и со оние меѓу нив кои зулум направија. И кажете: „Веруваме и во она што ни се објавува и во она што ви се објавува. И нашиот и вашиот Бог е еден Бог; ние сме само Нему Послушни.“) Сепак, и покрај тоа, Муслиманите им велат на Христијаните дека не веруваат во Библијата, бидејќи ја сметаат за корумпирана, а нивниот Бог  Го сметаат  за лажен Бог.
Во Библијата пишува дека Бог е Тројство (Матеј 28:18-20), дека Синот се отелотворил како Исус  Христос (Јован 1:1-14), Исус Умрел на Крстот за гревовите на луѓето (Марко 10: 32-34,45) и дека Исус Воскреснал  на Третиот ден (Лука 24:39, 1 Кор. 15:3,4). 
Тоа значи дека Муслиманите имаат заповед  од Алах да ја читаат Библијата и да веруваат во она што е запишано во Неа, а не да ја отфрлаат како неточна. 

Во Куранот се наведува дека Тората и Евангелијата се објавени од Алах.


Сура 3:3,4 Он ти објави Книга, со Вистина и со Потврда за она што беше: Он објави и Теврат и Инџил пред тоа; Патоказ за луѓето, а објави и Одделувач на вистината од невистината. Болна казна ќе имаат оние кои не ги признаваат ајетите Аллахови, навистина! А Аллах е Силен и Строг!

Понатаму, во Куранот, во Сура 18:27 е истакнато дека никој не може да го промени Божјото Слово (И кажувај го она што ти е објавено од Книгата на Господарот твој. Нема никој што може да ги промени Неговите зборови. И не ќе најдеш друго, освен Неговото прибежиште!) Кои се тие Божји Зборови? Во овој стих не пишува дека никој не може да го смени Куранот, туку не може да ги смени Божјите Зборови! А Тората и Евангелијата се објавени како Божји Зборови, - и на Христијаните и на Муслиманите! Сепак, Муслиманите и понатаму веруваат дека Библијата е корумпирана...


Парадоксот е голем, бидејќи Куранот објавува дека напредок во животот ќе имаат оние луѓе, кои го следат неписмениот пророк, за кој се дадени објави во Стариот и Новиот Завет!  (Сура 7:157: оние кои го следат гласникот пејгамбер, кој не знае да пишува и да чита, кого го наоѓаат заведен кај нив - и во Теврат и во Инџил - и кој им наредува добро и кој им забранува зло, и кој им ги дозволува добрите јадења, а им ги забранува нечистите, и кој ги ослободува од товарот свој и од прангите кои се врз нив; и оние кои му веруваат, и кои го поддржуваат, и кои го помагаат, и кои го следат него и објавената му светлина... токму, спасените се!).

Па тогаш, каде во Библијата се споменува неписмениот пророк? И ако Библијата е корумпирана, како што сметаат Муслиманите, тогаш ние Христијаните може да прифатиме дека е корумпирана токму во тој дел, каде што ни е дадена заповед да го следиме неписмениот пророк! Само, има еден проблем – никаде во Библијата не се споменува такво нешто! Има само генерално предупредување дека ќе се појават лажни пророци, кои нема да го прознаваат Божествениот Карактер на Исус!

Според Сура 5.47  и 5.68 ние Христијаните сме должни да судиме според она што Бог нам ни го Објави во Библијата.  И, не само тоа! Алах му заповеда на Мухамед, - доколку има било какви религиозни дилеми – тој треба да ги чита Стариот и Новиот Завет, за кои Алах потврдува дека во нив е содржана вистината! Ова може да се прочита во Сура 10:94

Сура  10:94 - Ако си при сомнение во она што Ние ти го објавивме, тогаш, прашај ги оние кои ја читаат Книгата пред тебе. Веќе ти дојде Вистината од Господарот твој и никако немој да бидеш меѓу сомневачите!

Ако во Библијата треба да се бара доказ за Куранот, зошто Алах бара Муслиманите да го бараат тој доказ во книга, која е корумпирана?

Според сето што е кажано, доколку судиме според Библијата ќе заклучиме дека Исламот е лажен, бидејќи е контрадикторен на она што е содржано во Библијата.

Доколку судиме според Куранот, повторно ќе заклучиме нека Исламот е лажен, бидејќи Алах заповеда Муслиманите да ја бараат потврдата за откровенијата во Куранот – во самата Библија (која тие ја сметаат за корумпирана)!


5. ИСЛАМОТ Е РЕЛИГИЈА НА МИРОТ

Заблудата дека Исламот е религија на мирот доаѓа од Сура 5, стих 32. Еве го тој  најмирољубив стих во Куранот:

Сура 5.32 И заради тоа Ние им пропишавме на синовите Израилови дека, секако, оној кој ќе убие еден човек, кој не убил никого и кој не прави безредие по земјата... како да ги убил сите луѓе, а оној кој ќе спаси еден човек... како да ги спасил сите луѓе. Пејгамберите Наши им доаѓаа со јаснотии, и голем број од нив, по тоа, на земјата со испадите претеруваа.

Ајде малку да го искоментираме овој стих:
-       Ова откровение се однесува за Евреите (децата на Израел);
-       Овој тнр. „мирољубив“ стих во Куранот е преземен од Талмудот;
-     Според Куранот, ова Еврејско учење доаѓа од Алах, исто како што и Куранот и Тората (5те Мојсиеви книги) и Евангелијата се од Алах.
-     Куранот вели дека постои исклучок во поглед на правилото за убивање, а тоа е ако некој предизвикува безредие во земјата, со своето однесување... Со овој стих, Алах им дава право на „Децата на Израел“ да извршат убиство на оние кои спроведуваат безредие во земјата.. Прашањето е: Која е таа земја? Италија, Канада, Кина, Израел? Одговорот е во самиот Куран, во кој се вели дека Алах им дал право на децата на Израел над нивната земја - Израел!

Дека е заблуда и само погрешна пропаганда да се верува во тврдењето на  Муслиманите дека Исламот е религија на мирот, говорат стихови / сури во Куранот, а ова се најсуровите и најнасилните стихови: 2.191-193, 2:244, 2.216, 3.56, 3.151, 4.74, 4.76, 4.89, 4.104, 5.33, 8.12, 8.15, 8.39, 8.57, 8.67, 8.59-60, 8.65, 9.5, 9.14, 9.20, 9.29, 9.30, 9.38-39, 9.41, 9.73, 9.88, 9.111, 9.123, 17.16, 18.65-81, 21.44, 25.52, 33.60-62, 47.3-4, 47.35, 48.17, 48.29, 61.4, 61.10-12, 66.9 Секако - има уште бројни примери на повик на насилство во Хадисите...
Еве како за пример, неколку од посочените стихови / сури, кои повикуваат на насилство во Куранот:

9.12,13 и кога Господарот твој им вдахна на мелеките: „Јас сум, навистина, со вас: бодрете ги, тогаш, оние кои веруваат.“ Во срцата на оние кои не веруваат ќе фрлам страв. Па, удирајте ги по вратовите и по прстите! Заради противењето нивно и на Аллах и на пејгамберот Негов. А оној кој се противи на Аллах и на пејгамберот Негов - та, Аллах е Силен Казнувач!   Овде имаме повик за колеж и касапање - сечење на прстите на тие што не веруваат во Алах.

9.29: Борете се против оние кои не веруваат во Аллах и во Денот ахиретски и кои не го забрануваат она што го забранија Аллах и пејгамберот Негов, и кои не ја застапуваат вистинската вера на оние на кои им е дадена Книгата се додека не дадат џизија со рацете, потчинето!  Овде има повик за 1) војување, 2) изнудување пари од немуслиманите и 3) нивно сметање за граѓани од втори ред.
9.41 Појдете во борба, било да сте слаби или јаки, и борете се на патот Аллахов и со имотите ваши и со животите ваши. Ете, тоа ви е подобро само да знаете!   Повик за офанзивно (не одбрамбено) војување: 1) со имот (пари) и 2) со живот (терористички, самоубиствени напади).

Поради обемност, останатите стихови нема да ви ги напишам, па така проверети ги самите на долупосочениот линк до Куранот на Македонски јазик.


6. МУХАМЕД Е ПОСЛЕДНИОТ ПРОРОК

Ова е сосема погрешно разбирање на Муслиманите. Мухамед НЕ Е последниот пророк. Доказ за тоа има и во Куранот и во Библијата. И во двете книги е објавено дека Исус е ТОЈ што треба да Дојде, така што по Неговото Доаѓање ќе настапи Судниот Ден.
Ова е тема за која имам претходно пишувано, а ова е линкот од тој текст:
(http://saviorjesusfirst.blogspot.mk/2013/12/blog-post_30.html)

За жал, Куранот и Хадисите наведуваат дека пред да настапи Судниот ден, Исус ќе дојде како Муслиман, дека ќе ги уништи крстовите на црквите, ќе ги уништи сите свињи на светот, потоа ќе се ожени, ќе умре и ќе биде погребан покрај Мухамед.
Христијаните не го препознаваат Својот Исус, во оној- споменат во Куранот.  Таков Исус во кој што веруваат Муслиманите – воопшто не постоел.
За Доаѓањето на Исус е пишувано во Стариот Завет и во последната книга од Новиот Завет – Откровение.  Исус ќе Дојде – ДА, но овој пат не како Жртвено Јагне, туку како Моќниот Лав од Племето на Јуда, Кој ќе стави крај на гревот, беззаконието и власта на антихристот и лажниот пророк, ќе ги осуди грешните и ќе го востанови Милениумот... (Има и други откровенија за понатаму, што ќе биде по Милениумот, - но читајте ја Библијата и ќе знаете што се е најавено за иднината).
Па така, штом ИСУС ќе Дојде повторно, а не Мухамед или Буда или Кришна или Вишну или кој и да е друг – тогаш – ТОЈ Е Последниот Пророк... И повеќе од Пророк, Тој ќе Дојде со статусот:  Цар на царевите и Господар на господарите (Откровение 17:14, 19:16)! Тој е Оној пред Кого сите колена ќе се превиткаат и секој јазик ќе признае дека е Господ за Слава на Бога Отецот (Филипјаните 2:10,11)!

ЗАКЛУЧОК?

Заклучокот е следниот: Не е Куранот тој што треба да ја суди вистинитоста, точноста на објавеното и Божествената инспирираност на Библијата, туку обратно!  БИБЛИЈАТА Е МЕРИЛОТО, СПОРЕД КОЕ МУСЛИМАНИТЕ ТРЕБА ДА ЈА СУДАТ ТОЧНОСТА И ВИСТИНИТОСТА НА ОБЈАВЕНОТО ВО КУРАНОТ!

Значи пораката до Муслиманите е следната: 

БИБЛИЈАТА  Е ВИСТИНСКО БОЖЈО СЛОВО! ЗАТОА -  РАЗМИСЛУВАЈТЕ И ОДНЕСУВАЈТЕ СЕ СПОРЕД ЗАПИШАНОТО ВО БИБЛИЈАТА!

И во Куранот има бројни докази дека Исус Христос е Син Божји и со самото тоа - БОГ. Еве, уверете се:

Сура. 19.19,20: Тој рече: „Јас сум, навистина, пратеник од Господарот твој. Да, ќе ти подарам чисто дете.“ Таа рече: „И како ќе имам дете кога не ме допре ниеден човек, а јас не сум нечесна?“

Според Куранот Исус (Иса) е Оној, Кој:
-          има мајка, но не и татко.
-         Е Свето т.е Чисто дете

4.171 О следбеници на Книгата, не претерувајте во верата ваша, и за Аллах само вистина зборувајте! Месих, Иса синот на Мерјем, е пејгамбер Аллахов, Зборот Негов, кој Он го фрли во Мерјем, Дух од Него. Е па, верувајте во Аллах и во пејгамберите Негови, и не зборувајте „тројца“. Престанете, тоа е подобро за вас! Аллах, навистина, е еден Бог. Нека е славен Он! Зарем Он да има дете? Се што е на небесата и на Земјата е - Аллахово! А Аллах, секако, е Доволен Закрилник!

Значи, Тој е Слово на Бог  и Дух Кој Доаѓа од Бог! Словото на Бог не Умира исто како што и Бог не Умира. Исус е и Дух, Кој Доаѓа од Господа. Духот Господов е Умира. Духот Божји Е Вечно Жив и е Бог!
Духот Божји е Еден и е Свет. Исус е Слово Божјо, Кој има само мајка, а не и татко! Тој е Дух од Господа и Свето Дете, Кој дојде од Небото!
Тоа е доказ дека Исус и Господ (кого вие Муслиманите го нарекувате АЛАХ) се ЕДНО!
Адам не е дух од Господа – тој бил создаден од кал.


Сура 5:110 Кога Аллах рече: „О Иса, сине Мерјемин, сети се на благодатот Мој кон тебе и кон твојата мајка, кога те поддржав со Духот свет! И кога разговараше со луѓето в крошни и како зрел маж. И кога те поучив и со Книгата, и со Мудроста, и со Теврат и со Инџил. И кога замеси глина во облик на птица, со одобрението Мое, па дувна во тоа и стана ете, со одобрението Мое, птица; и оздрави слеп и лепрозен, со одобрението Мое, и кога ги оживи мртвите со одобрението Мое; и кога ги одбив од тебе синовите Израилови тогаш кога им ги донесе јаснотиите од кои оние кои не веруваа, повикаа: „Ова е само волшебништво, јасно!“

Исус Добил дозвола да направи птица од кал, оздравувал слепи и лепрозни, оживувал мртви... Дозвола не значи дека некој може да го направи нештото! Мало дете може да има дозвола од таткото да вози кола, што не значи и дека детето е СПОСОБНО да вози кола! Исус Бил во Состојба да Направи птица од кал и таа да оживее; Бил во состојба да лечи болни и да оживува мртви!.
САМО  БОГ  има способност да даде живот и да создаде нешто од ништо, да исцели и да воскресне!
Доказ: Сура 16.17 (Оној кој создава дали е како оној кој не создава? Па, нема ли да се присетите? Се разбира дека не. Исус Создавал, бидејќи Бил и Е БОГ!

Во Англискиот превод на Сура 43:61 во Куранот стои дека Исус ќе биде знак за доаѓањето на Судниот ден.  Исус, а не Мухамед! Исус е Жив сега, а Мухамед е во гробот! (Во Македонскиот превод стои дека Куранот е знаење за часот. Па сега, кој превод е точен?! Кој си дозволува да ги менува објавите на Алах во Куранот како што ќе му се присака?) 

Во Куранот и Хадисите е забележано дека Алах има 99 имиња... Некои од тие имиња ги има и ИСУС. Еве ги оригиналните имиња на Алах на Арапски и истите во Библијата:
Бог е Вистина (AL HAQ / Jован 14 :6)
Бог е Воскресение (AL BAETH /  Јован 11:25-26)
Бог е Првиот и Последниот (AL AWAL & AL AKHER  /  Исаија 41:4, Oткровение 22:13,16)
Бог е Цар на царевите и Господар на господарите (AL MALEK / Откровение 17:14)
Бог е Вратата (AL HADI /  Јован 10:9)
Бог е Светлината ( AL NUR /  Јован 8:12)
Бог е Судија (AL HAKAM / 2 Tимотеј 4:8, Евреите 12:23)

Во Библијата стои дека Исус е: Патот, Вистината и Животот, Воскресение и Живот, Вистинската Лоза, Лебот на Животот, Добриот Пастир, Светлината на светот!

Но во Куранот има едно име на Алах, што никако не може да Му се припише на Богот на Христијаните. Имено, според сурите 3.54 и 8.30 - Алах е најголемиот измамник

Во Библијата измамникот е ѓаволот- сатаната!

Пронајдете ги следните стихови во Библијата и ќе се уверите: Постанок 3:4-5, Јован 8:44, 2 Коринтјаните 11:14, 2 Коринтјаните 11:3, Ефесјаните 6:11, Откровение 12:9, Откровение 20:3, 2 Солунјаните 2:9-10!!!



  



ДОКАЗНАТА ПОСТАПКА Е ЗАВРШЕНА!


БИБЛИЈАТА Е ПОТВРДЕНА КАКО ВЕРОДОСТОЈНО БОЖЈО ОТКРОВЕНИЕ, НЕ САМО ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ, ТУКУ И ЗА МУСЛИМАНИТЕ!

ИСУС Е БОГ!  НА ИСУС ТРЕБА ДА МУ СЕ ПОКОРАТ, ДА ГО ОБОЖАВААТ И НЕМУ ДА МУ СЕ МОЛАТ – НЕ САМО ХРИСТИЈАНИТЕ, ТУКУ И МУСЛИМАНИТЕ! МУСЛИМАНИТЕ ТРЕБА ИСТО ТАКА ДА ВЕРУВААТ ВО НЕГО, ЗАШТО ТОА Е УСЛОВ ЗА ДА БИДАТ СПАСЕНИ!

АЛАХ, ВО КОЈ МУСЛИМАНИТЕ ВЕРУВААТ Е НАЈГОЛЕМИОТ ИЗМАМНИК, - а тоа е: ЃАВОЛОТ - ЛИЧНО И ПЕРСОНАЛНО!!!

* * * * * * *

За сите вас – кои сте Муслимани, доколку се’ уште имате сомнеж – упатете Му ја вашата следна молитва на Бог, именувајќи го малку поспецифично – како Богот на Мојсеј, Аврам и Исак (бидејќи верувате дека се молите на истиот Бог, нели)? И притоа, прашајте Го се’ што ви лежи на срце!
А Тој е Верен Бог. Тој Вети дека ќе ви се објави и ќе ви одговори и вам, кои дотогаш не сте го признавале и не сте му го повикувале Неговото Име во молитва! (Римјаните 10:20, Исаија 65:1)
Спасете се од заблудата на ѓаволот! (2 Коринтјаните 4:4).
Не можете да ги повратите вашите починати, кои одбиле да поверуваат во Исус, Синот Божји и Спасител на сите луѓе! Тие се засекогаш изгубени! (1 Јован 5:12)
Но можете да се спасите вие! Поверувајте во Исус, покајте се од своите гревови, крстете се во Името на Отецот, Синот и Светиот Дух и ќе добиете некој од даровите на Светиот Дух, како доказ дека сте спасени! (Дела апостолски 2:38)
И потоа читајте ја Библијата! Оживејте го вашиот дух, кој сега е мртов, гоштевајќи се од вистинската Духовна Храна- Небесниот Леб, а тоа е Самиот Исус Христос – Отелотвореното Слово Божјо! (Јован 6:35).
Положете ја сета ваша благословена надеж, радост, вера и копнеж во Него – Синот Божји и очекувајте Го Неговото брзо доаѓање! (Тит 2:13).
Бидете благословени со Вистината! Таа ќе ве ослободи од робувањето на гревот, измамата и заблудата! (Римјаните 8:32)
Исус е Патот, Вистината и Животот! Никој не доаѓа кај Отецот освен преку НЕГО! (Јован 14:6)



ДЕЛ 1. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН? 
(ДОКТРИНАРНИ СЛИЧНОСТИ ПОМЕЃУ ХРИСТИЈАНСТВОТО И ИСЛАМОТ)
ДЕЛ 2. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН? (ИСЛАМОТ И ТЕРОРИЗМОТ – ПОЗАДИНА ЗАД ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ   
http://saviorjesusfirst.blogspot.mk/2016/09/2.html


ДЕЛ 3. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН? (ШТО  КУРАНОТ ИМА ДА КАЖЕ ЗА СТАТУСОТ НА ЖЕНАТА ОД ВЕРСКИ АСПЕКТ?
http://saviorjesusfirst.blogspot.mk/2016/11/3.html


ДЕЛ
4. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН? ШТО  БИБЛИЈАТА ИМА ДА КАЖЕ ЗА СТАТУСОТ НА ЖЕНАТА ОД ВЕРСКИ АСПЕКТ?

Tags: Hristijanstvo ili Islam, Isus ili Muhamed, Biblija ili Kuran, Isus od Biblijata ili Isus od Kuranot, Apokalipsa, doktrinarni slicnosti I razliki pomegu Hristijanstvoto I Islamot, Islamot I terorizmot, pozadina zad teroristickite napadi, zenata vo Hristijanstvoto I Islamot, Koj e vistinski bog – Bogot na Hristijanite ili bogot na Muslimanite...

Линк до Библијата на Македонски јазик:




Линк до Куранот на Македонски јазик: 
http://kuran-na-makedonski.net/