Tuesday, July 3, 2018

ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО АКТИВНОСТИТЕ НА ЛАЖНИОТ ПРОРОК / АНТИХРИСТОТ



20.06.2018
ОБАМА СЕ ПОЈАВИЛ МАСКИРАН КАКО САТАНАТА (БАФОМЕТ)!
На интернет проциркулира слика од Обама, маскиран како сатана!
Од самото појавување на овој политичар на светската политичка сцена, на интернет почнаа да циркулираат податоци (истражувачки стории за животот на Обама поткрепени со Библиски пророштва, но и пророчки слова, соништа, визии), дека тој е Библискиот антихрист.
Оваа слика за првпат се појавила во 2017 година, кога била вметната на Instagram од страна на Анамари Хоуп, позната по објавување на илустрации на сатански цркви. Сликата, која изгледа дека ја снимила самата Хоуп, била објавена на нејзиниот профил со фразата "класа и благодат" - термин што често го користат приврзаниците на Обама за да го опишат поранешниот претседател на САД.
Сликата била отстранета набрзо по објавувањето, но не пред да биде преземена од други лица. Кога Хоуп била запрашана зошто ја избришала сликата, таа одговорила: "Има премногу омраза и недоволно поддршка" Копиите од фотографијата сега почнуваат да кружат на онлајн форуми, предизвикувајќи притоа голема дебата, - дали Обама навистина се појавил во таков костум или сето тоа е Фотошоп и монтирана слика.
Се разбира, првиот коментар на "негаторите" на веста е дека сликата е направена со примена на Фотошоп, па затоа треба да се испита нјзината веродостојност. За да се провери дали сликата е дигитално изменета врз основа на друга слика што претходно постоела, првото нешто што треба да се направи е да се направи пребарување и да се испита дали претходно постоела оригинална слика. Откога оваа слика била ставена во пребарувачот на слики на Google и Tinyeye, фотографијата добила нула резултати, што значи, друга – оригинална слика никогаш не била поставена на интернет.
Освен впечатливата сличност меѓу лицето облечено во сатанистичката облека и Обама, има и уште еден момент што оди во прилог на ова тврдење. Имено, човекот што стоел до него е Артур Дејвис, - американски адвокат и политичар, и член на Демократската партија. Исто така, тој бил кандидат на Демократите за гувернер на Алабама на изборите во 2010 година и воедно, истакнат поддржувач на кандидатурата на Барак Обама за претседател во 2008 година.



Можеби сега се прашувате, дали оваа вест е неиспитана и претставува само една обична „новинарска патка“?  Навистина, во светот имало, има и ќе има голем број на политичари, познати како диктатори или како  атеисти и хулители на Светиот Бог, така што – голем е бројот на оние, што би можеле да конкурираат за титулата „Библиски антихрист“;  Затоа ви приложуваме уште некои интересни информации.
Ве упатуваме да го погледнете ова видео, каде што авторот објаснува како звучеле Зборовите на Исус Христос во Лука 10:18  (А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото, како молња), на Арамејски јазик, на кој се зборувало во времето кога Исус Чекорел на Земјата во тело на човек:
Велат, каде што има чад – ќе се појави и  оган!
Се обложуваме дека не сте знаеле ниту дека уште во 2008 година на интернет се појави интересна страна, каде што Обама се претставува како месија!
Повелете – уверете се:

Неспорно е дека Обама е најнехристијанскиот претседател што САД воопшто го имале.

По сето ова – многу е веројатно дека политичката кариера на Обама се уште не е сосема завршена... Но, Исусовите следбеници, тоа  „мало стадо“ нема да се тука за да видат дали сето ова е вистина или не, бидејќи антихристот ќе се издигне, дури откога Христовата Црква ќе биде отстранета!
Никој да не ве измами ниту по каков начин, зашто тоа не ќе се случи додека првин не дојде отпаѓањето и не се појави човекот на беззаконието, синот на погибелта, кој се противи и се воздига над сè што се наречува Бог или светина, така што ќе седне во Божјиот храм и ќе се претставува себеси дека тој е Бог. Не помните ли дека ви го зборував ова уште кога бев кај васИ сега знаете што го задржува за да се појави тој допрва во свое време. Зашто, тајната на беззаконието веќе дејствува, само да се отстрани од средината оној, кој сега ја задржува и тогаш ќе се јави беззаконикот кого Господ ќе го убие со здивот на Својата уста и ќе го уништи со појавата на Своето доаѓање.  Тоа е оној, чие доаѓање е според сатанското дејствување, со секаква сила, и со чудесни знаци и со лажни чуда, и со секаква неправедна измама, за оние кои загинуваат, зашто не ја примија љубовта кон вистината за да се спасат. И затоа Бог ќе им испрати заблудна дејност за да и веруваат на лагата, та да бидат осудени сите, кои не поверуваа на вистината, а имаа задоволство во неправдата“ (2 Солунјаните 2:3-12)

Пријатели, има уште една причина зошто го објавувам овој текст; Јас, едно од лицата вклучени во уредувањето на овој блог, имав пророчки сонови и слово за идентитетот на Обама.
Еве еден од нив:
Сон од  Aвгуст 2010:  СРЕДБАТА СО ОБАМА
Во сонот имав можност да се сретнам со Американскиот претседател Обама официјално, во некоја пригода, која беше дел од мојата професионална обврска околу обезбедување помош на деца.
Во сонот, се сеќавам дека луѓето околу мене тоа го доживуваа како чин, што за мене треба да претставува огромна чест, но мене тоа ми претставуваше тегоба. Кога се сретнав со него, тој ја испружи раката за да се ракува со мене, но јас не сакав да се ракувам, затоа што  бев исплашена дека може да ми пренесе некакво зло или некоја болест/инфекција... Па така, промрморев некаков изговор дека заради хигиенски причини, не се ракувам со луѓето. Тој не коментираше ништо за тоа, туку продолжи со некаков формален разговор. Потоа, во просторијата дојдоа и други луѓе од неговата администрација, а јас, за да останам убедлива во тоа што го направив, и на нив им го повторив истиот изговор, така што не се ракував ни со нив.
Во сонот ми беше врежан впечатокот дека ќе треба пак да се сретнам со Обама, но не бев среќна поради тоа, така што веднаш почнав да размислувам за можни изговори како тоа да го одбегнам.
Во времето кога го сонував овој сон, немав престава каква порака дава, ни зошто го сонував токму Обама, кога и ние во Македонија си имаме наши политичари, што сум можела да ги сонувам.
Мое толкување денес: Фактот што јас одбив да ја испружам десната рака за да се ракувам со Обама, го поврзувам со Библиското пророштво дека Антихристот ќе го наметне жигот на ѕверот (Антихристот) на десната рака или на челото на луѓето. Жигот се однесува на RFID чипот, кој Обама ќе го наметне како обврска на луѓето од целиот свет, штом Христијаните ќе бидат земени.  
„И направи сите - мали и големи, богати и сиромашни, слободни и робови - да им се даде ознака на десната рака или на челото, и никој да не може ниту да купи ниту да продаде, освен оној, кој има ознака: името на Ѕверот или бројот на неговото име.  Тука е мудроста. Кој има ум нека го пресмета бројот на Ѕверот, зашто е број на човек. а неговиот број е: шестотини шеесет и шест.“ (Oткровение 13:16,17)
Ова веројатно ви изгледа како многу смело тврдење, но блиската иднина ќе покаже – колку сум во право.
Сепак, факт е дека живееме во Библиските последни времиња за кои е најавено дека ќе се зголеми знаењето, но и излевањето на Светиот Дух, Кој на Христијаните ќе им ја објави вистината, иднината, но и ќе Го прослави Исус Христос.
„А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, а ќе зборува она што слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат. Тој ќе Ме прослави Мене, зашто ќе земе од Моето и ќе ви јави.“ (Јован 16:13,14)
Браќа и сестри во Христа, дали и вие имате пророчки објави (визии, соништа) за антихристот / лажниот пророк? Или можеби некои други објави од Бог во врска со предстојните настани?
Ве охрабрувам да ги споделете, бидејќи сега сите знаеме само по малку, - како делчиња од мозаик, а споделувањето на пророчките најави за некои Библиски мистерии, помага да ја комплетираме сликата за предстојните настани или откровенијата од овие Последни Денови, и со тоа, поподготвени да ги пречекаме.
Зашто, сега гледаме како во огледало - нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат(1 Коринтјаните 13:12)