Monday, November 25, 2013

РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ВОЗНЕСУВАЊЕТО И ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ


ИСУС ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ВРАТИ! ЕДНАШ ЗА ДА ГИ ОТСТРАНИ И ЗАШТИТИ  ВЕРНИЦИТЕ ОД ГОЛЕМИТЕ НЕВОЛЈИ  КОИ ПРЕДСТОЈАТ (ВОЗНЕСУВАЊЕ) И УШТЕ ЕДНАШ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ГОЛЕМИТЕ НЕВОЛЈИ ЗА ДА СЕ ПРЕСМЕТА СО САТАНАТА, АНТИХРИСТОТ И ЛАЖНИОТ ПРОРОК КАЈ АРМАГЕДОН! 

                                           ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ РАЗЛИКИТЕ!


1 . Вознесување: Црквата ќе се сретне со Христос во воздухот: 1 Солунјаните 4:17
17 Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа.

Второ Христово Доаѓање: Христос ќе застане со Своите Нозе на Земјата: Захарија 14:4
4 Во оној ден, Неговите нозе ќе стојат на Маслиновата Гора што е спроти Ерусалим, на исток. И ќе се распука Маслиновата Гора по средина, меѓу исток и запад, во голема долина: едната половина ќе се измести кон север, другата кон југ.

2. Вознесување: Црквата ќе биде однесена на Небото: 1 Солунјаните 4:17, Јован 14:1-3

17 Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа.

Во Јован 14, Исус вака ги утешува своите ученици:
1 „Да не се вознемирува вашето срце; вие верувате во Бога, верувајте и во Мене!
  2 Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ако не беше така, Јас ќе ви кажев, зашто одам да ви приготвам место.
 3 И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас
Второ Христово Доаѓање: Црквата ќе се врати на земјата од небото: Јуда 1:14,15
14 А и за овие пророкуваше Енох, седмиот по Адама, велејќи: „Ете, Господ дојде со десет илјадници Свои свети,
15 за да им суди на сите и за да ги изобличи сите безбожници, за сите нивни безбожни дела, што безбожно ги направиле, и за сите навредливи зборови, што безбожните грешници ги изговориле против Него.”
3 . Вознесување: Христос ќе дојде по Своите светии: 2 Солунјаните 2:1

1 Ве молиме, браќа, во однос на доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и за нашето собирање заедно при Него,

Второ Христово Доаѓање: Христос ќе дојде со Своите светии: Откровение 19:14
14 А небесните војски на бели коњи, облечени во бел, чист лен, го следеа.

4. Вознесување: Самиот Христос ќе ги собере Неговите светии: 1 Солунјаните 4:16

16 зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво

Второ Христово Доаѓање: Ангелите ќе ги соберат избраните:
Матеј 24:31
31 И Тој ќе ги испрати Своите ангели со силен глас на труба и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот крај на небото до другиот.”

5. Вознесување: Верниците ќе бидат издвоени од неверниците: 1 Солунјаните 4:16-17
16 зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво.
17 Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа.
Второ Христово Доаѓање: Неверниците (плевелите) ќе бидат собрани први: Матеј 13:41-43
41 Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели, кои ќе ги соберат од Неговото царство сите соблазни, и оние, кои вршат беззаконие,
42 и ќе ги фрлат во огнена печка; таму ќе биде плач и чкртање со заби.
43 Тогаш праведниците ќе светнат како сонце во Царството на својот Татко. Кој има уши да слуша, нека слуша!”
6. Вознесување: Сатаната нема да биде врзан: Откровение 13:2

Видение за Ѕверот кој излегува од морето
1 А јас застанав на песокта од морскиот брег. И видов Ѕвер, како излегува од морето, кој имаше десет рогови и седум глави, а на неговите рогови десет круни и на неговите глави богохулни имиња.
2 И Ѕверот, што го видов, беше како леопард, и нозете му беа како на мечка, а устата како на лав. И змевот му ја даде својата сила, и својот престол, и голема власт

Второ Христово Доаѓање: Сатаната ќе биде врзан: Откровение 20:03

  3 и го фрли во Бездната и го заклучи, ја запечати над него, за да не ги заведува народите, додека не се навршат илјада години; потоа треба да биде одврзан за малку време.

7. Вознесување: Праведните ќе бидат отстранети: 1 Солунјаните 4:17
17 Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа.
Второ Христово Доаѓање: Злите ќе бидат отстранети: Матеј 25: 40-41
40 А Царот ќе им одговори: ‘Вистина ви велам, доколку му направивте на еден од овие Мои најмали браќа, Мене Ми направивте.’
41 Тогаш ќе им рече и на оние од левата страна: ‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!


Thursday, November 7, 2013

МОЌНИ ПРОРОШТВА!


 ИСУС НИ ДАВА ФИНАЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Драги браќа и сестри во Христа, при конципирањето на мојов блог, имав намера да преведувам само говори на познати Христијански пастори, кои се однесуваат на тема: „Последните Денови“ и „Доаѓањето на Господ Исус Христос“ но до мене допираат, односно јас наидувам на толку многу линкови, на кои Христијани, кои тврдат дека добиле Духовен дар да пророкуваат (т.е. да го чујат Божјиот глас), и имаат добиено задача да ги објавуваат пораките, за кои велат дека им биле упатени лично од Исус Христос.  

За оние кои не знаат дека постои ваков дар, но и други духовни дарови кои ги дава на верниците Светиот Дух, нека прочитаат за ова во Новиот Завет:

1 Коринтјаните 12: 4-11
4 Дарбите се различни, но Духот е ист.
  5 Различни се и службите, но Господ е ист.
  6 Има разлики и во дејствата, но Бог е ист, Кој врши сè во сите.
  7 Секому му се дава откровение на Духот за општа полза.
  8 На еден му се дава преку Духот слово на мудрост, на друг слово на знаење, преку истиот Дух;
  9 на друг вера преку истиот Дух; а на друг пак дарови за лекување преку истиот Дух;
10 на друг да прави чуда, на друг да пророкува, на друг да ги разликува духовите, на друг разни јазици, а на друг да ги толкува јазиците.
11 А сè тоа го прави еден и ист Дух, Кој разделува секому, како што сака.
  
А за тоа, како да препознаеме дека некој навистина зборува Зборови, кои му се дадени лично од самиот Господ Исус Христос, односно дали тој човек го има во себе Божјиот Дух или е тоа некој лажен измамлив дух, - повторно во Библијата ни е кажано следното:


1 Јован 4: 1-3
1 Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите - дали се од Бога, зашто многу лажни пророци излегоа во светот.
  2 По ова познавајте го Духот на Бога: секој дух кој исповедува дека Исус Христос дојде во тело, од Бога е;
  3 а секој дух кој не исповедува дека Исус Христос дојде во телото, не е од Бога; тоа е духот на антихристот, за кого сте чуле дека иде, и сега е веќе во светот. 

Амос 3:7
 

7 Господ Бог не прави ништо, а да не им ги открие Своите Намери на Своите слуги - пророците


Предочувајќи ви го сето ова, сакам со вас да споделам едно пророштво дадено на жената по име Бони, за кое таа вели дека и е дадено од Исус Христос. (Најдолу е линкот на кој можете да го разгледате нејзиниот блог). Нека Светиот Дух ви просведочи на секој од вас поединечно, колку е вистина ова што таа го објави.


„Деца Мои, настаните кои се претскажани од порано се наближија. Побарајте утеха во Мене, Вашиот Господ и Спасител, и Јас ќе ви Дадам од Мојот мир во вашите срца.
Ете, доаѓа земјотресот, ќерко Моја, кој ќе претходи на трите дена темнина. Земјотресот ќе се случи, а потоа ќе се спушти темнина на земјата, која ќе трае три дена. Сепак, пред сето тоа ќе се случи катастрофалниот (космички) настан. Целото човештвото ќе го види овој настан каде и да се наоѓа на лицето на земјата. Ова ќе биде знак за вас дека Доаѓам. Мора да влезете во вашите домови и да ги соберете вашите семејства заедно со вас. Молете Ми се да ве Заштитам и да Ви Обезбедам се што ви е потребно додека трае темнината. Значи, темнината ќе се спушти во рок од три дена откога ќе се случи овој космички настан. Темнината ќе започне со земјотресот.
Ете зошто е важно за вас да бидете внатре и да останете во вашите домови. Како што децата на Израел беа заштитени кога Ангелот на смртта помунуваше и виде крв на вратите од нивните куќи, така и сите Мои Деца ќе бидат заштитени преку Крвта на Јагнето, што ќе биде на вашите чела. Вие сте запечатени со Мојата Крв и Мојата Невеста ќе биде заштитена, без разлика што се случува надвор од вашите живеалишта. Вие треба да ги затворите вашите врати и прозорци, да ги навлечете завесите и да Ми се молите заедно.
Во текот на ова време Јас ќе ви се Откријам на секој од вас, поединечно. Оние кои се веќе Мои, ќе бидат исполнети со Светиот Дух и ќе бидат трансформирани. Оние кои се уште не се Мои (кои се уште не се Христијани) ќе им се даде можност да ме примат како свој Господ и Спасител.  Мојата невеста ќе биде трансформирана и по завршувањето на трите дена темнина, Јас ќе ја Испратам да ја донесе последната берба. Таа ќе работи за Мене преку Мојата Сила и Моќ и ќе биде целосно заштитена, без разлика каде и да оди.
Ова ќе трае некој период на време, се додека и  последната берба не е доведена дома (додека не се исполни бројот на оние кои треба да поверуваат во Исус и да се спасат). Мојата Невеста тогаш ќе се искачи со Мене до заслуженото место во Нејзиниот Небесен Дом. Дојдете Деца Мои, се’ е подготвено и се чека на Мојата Невеста која треба да дојде!

Јас, Исус, Вашиот Младоженец, копнеам да бидам во Вашето друштво, да бидете со Мене во Рајот.  
Не плашете се, не се сомневајте .... 
Јас нема да се забавам уште долго... 
Доаѓам сега!

Откровение 6:12-17 (NKJV ) - Шестиот печат: Космичко Нарушување!
12 И видов кога го отвори шестиот печат, и се збидна голем земјотрес; и сонцето поцрне како вреќа од кострет, а целата месечина стана како крв,
13 и небесните ѕвезди паднаа на земјата, како што смоквата ги стресува своите незрели плодови, кога ќе ја затресе силен ветер;
14 и небото се истрга како книга што се свиткува; и сите гори и сите острови се поместија од своите места.
15 И земните цареви, и големците, и војсководците, и богатите, и силниците, и секој роб и секој слободник се сокрија во пештерите и по горските камењари,
16 велејќи им на горите и на карпите: „Паднете врз нас и скријте нè од лицето на Оној, Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето,
17 зашто дојде великиот Ден на Неговиот гнев, и кој може да се одржи?”


Излез 10:21-23 (NKJV ) - Деветтата Неволја: Темнина!
 21 „Испружи ја раката кон небото - Господ му рече на Мојсеја - па нека се спушти темнина над Египетската Земја, темнина што ќе може да се опипа.”
22 Мојсеј ја протегна раката кон небото, и се спушти густа темнина на сета Египетска Земја: траеше три дни.
23 Три дни луѓето не можеа да се видат еден-друг, и никој не се помрдна од своето место. А во местата каде што живееја Израелците блескаше светлина.

1 Коринтјаните 15:51-52  Доаѓањето на Исус да ги избави Христијаните!
 51 Еве! Ви кажувам тајна: не ќе - умреме сите, но сите ќе се измениме,
52 во еден миг, во миг на окото, при гласот на последната труба: имено трубата ќе затруби и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме,


* * * * * * *
Господ и’ Кажал на Бони дека ова е последната порака, која Тој сака да биде објавена на нејзиниот блог. Причината е едноставна - Тој и’ Открил дека Сака таа да им пренесе на другите луѓе преку нејзиниот блог, дека Тој сега ќе Му Зборува на секое од Неговите деца поединечно и директно, така што нема да имаат потреба да ги читаат од друг Неговите Зборови, бидејќи сите тие, секој од нив поединечно - ќе Го Слушне!

Бони ги замолува заинтересираните читатели, доколку имаат прашања, секој од нив да Му ги упати на Господа, и Тој ќе им Одговори. 

Им се заблагодарува на сите нејзини читатели за поддршката и охрабрувачките коментари и пораки.
Нејзината последна порака до нејзините читатели е: „Едвај чекам да се сретнеме сите многу наскоро во Царството на нашиот Небесен Отец!“




                                                                * * * * * * *

Денес е 15.11.2013 година. Од овој момент па понатаму, ќе го надополнувам овој пост со линкови од информативни
web страни или од други Христијани, од различни делови во светот, кои најчесто не се ни познаваат еден со друг, - со слични пораки, добиени од Исус Христос, како оваа што погоре ја прочитавте. 

Се надевам дека со ова ќе се уверите дека Господовите Зборови се вистинити и навреме ќе потрчате во прегратките на Исус. Спасот на секоја човечка душа Му е од големо значење. Да, - и ТИ што ова го читаш - знај: ИСУС ТЕ ЧЕКА ВО СВОИТЕ ПРЕГРАТКИ! ТОЛКУ МНОГУ ТЕ САКА, ШТО УМРЕ НАМЕСТО ТЕБЕ!!!






Надополнето на 10.03.2014

Дона Мекдоналд (Donna McDonald) преку својата објава на ФБ:

Овие зборови ми беа дадени во 2012 година и тие се однесуваат и за денес. Сакам да го споделам она што Господ ми го Зборуваше на 30 август (пред изборите). Јас бев клекната на подот во молитва во 2:00 часот рано наутро и се молев за моето поширокото семејство и побарав од Господ да ми Одговори на некои прашања, и Тој ми Одговори.
Многу луѓе од целиот свет ги имаат добиено истите овие пророчки пораки како оваа, што јас ја добив. Господ ми Рече да ја споделам оваа порака со што е можно повеќе луѓе. Зборовите се пророчки и верувам исто така, дека токму Тој ми стави на срце да Му ги поставам следниве прашања:

- Ох, Господе, до луѓето воопшто не допира пораката за ненадејно уништување и земањето на Христијаните (ВОЗНЕСУВАЊЕТО). Дали Имаш Зборови во врска со оваа порака?

Да, ќерко Моја, Имам Зборови. Луѓето не ја добиваат пораката, бидејќи своите глави ги имаат пикнато во земја. Тие не сакаат да си ги извадат главите, бидејќи тогаш ќе треба да погледнат наоколу и да видат дека работите во светот не се како што треба, ниту пак  воопшто и ќе бидат, бидејќи антихристот веќе го постави својот систем. Сè е подготвено, само се чека да се случи настанот (ВОЗНЕСУВАЊЕТО).

- Луѓето веруваат дека Обама ќе биде исфрлен од канцеларија и наместо него ќе биде поставен Ромни. Дали Имаш Зборови во врска со ваквиот начин на размислување?

Луѓето отсекогаш ја ставале нивната вера и доверба во она што го гледаат и во она што тие веруваат дека можат да го направат. Ни сега не е поинаку. Тие веруваат дека можат да го исфрлат Обама и да го постават Ромни наместо него, и дека  сè ќе биде во ред, но тоа не е точно. Обама ќе има  поголем адут од Ромни. Без оглед на која карта  Ромни ќе игра со Обама, на правилен или валкан начин, Обама секогаш ќе се појави со појак адут и  ќе го победи во играта. Ова ќе да предизвика уништување и смрт во земјата.

- Што е со Вознесувањето, Господи? Знам дека не може да се знае денот или часот. Но, што би ни Кажал во врска со овој настан?

Настанот ВОЗНЕСУВАЊЕ во е пред носот! Луѓето беа предупредени и би било подобро да се подготвени. Сепак, малкумина се подготвени. Тие ја отфрлаат пораката дека овој настан ќе се случи многу брзо и се борат против неа, бидејќи не сакаат да го сменат својот начин на живот за да се приспособат за ВОЗНЕСУВАЊЕТО.

- Што ќе се случи кога невестата (подготвените Христијани) ќе биде отстранета од земјата во настанот ВОЗНЕСУВАЊЕ?

Ќе се случи ненадејно уништување, нуклеарен инцидент,  кој ќе се случи во САД во времето непосредно пред ВОЗНЕСУВАЊЕТО. Тоа ќе го поттикне ВОЗНЕСУВАЊЕТО. Јас нема да Дозволам Мојата Невеста да биде озрачена или уништена. Таа е МОЈА! Јас Платив висока цена на крстот за неа и го Положив Мојот Живот за неа. Јас нема да им Овозможам на злите луѓе и злобниот систем да и’ наштетат на било кој начин.

- Што тоа ќе значи за оние што ќе бидат оставени?

Оние кои ќе останат ќе бидат најбедните луѓе на оваа земја. Ќе има голема тага, жал и плачење наскаде, низ целата планета. Земјата ќе биде во урнатини, бидејќи ќе се случат повеќе нуклеарни експлозии низ целиот свет, а не само во САД, - низ целиот свет! Луѓето ќе сфатат дека нешто многу лошо, штотуку се случило. Многу набрзо ќе се воведе полициски час заради контрола на луѓето, бидејќи грабежот ќе се распространи во глобални размери,  а исто така и разбојништвата и криминалот. Луѓето ќе бидат напаѓани и ограбувани на улиците, во дворовите и во домовите. Никој нема да биде безбеден. Ќе се распространи гладта и ќе има недостаток на вода за пиење. Луѓето ќе станат очајни и како диви животни. Светот никогаш не видел зло во такви размери, зло кое ќе биде ослободено без никакво ограничување кога невестата (подготвените Христијани) ќе бидат земени.

- Дали постои начин за оние што ќе бидат оставени да се спасат?

Да, тие ќе мора да ја исповедаат својата вера во Мене пред властите и да го одбијат РФИД чипот во својата рака или на челото, а кој поврзан со Законот за здравствена заштита. Тие потоа ќе бидат уапсени, мачени во ФЕМА камповите и обезглавени. Овие деца ќе пристигне на небото во слава, заради тоа што го одбиле на жигот на ѕверот, - чипот за здравствена заштита. Јас ќе им Дадам круна со скапоцени камења заради нивното  мачеништво.

Ова се Библиските стиховите, кои ги ставам како поддршка на Господовите Зборови кои ми беа дадени:

  
1 Солунјаните 5: 1-3
 1 А што се однесува за времињата и настаните, браќа, немате потреба да ви се пишува;   2 зашто самите вие добро знаете дека Господовиот Ден ќе дојде како крадец во ноќта.  3 Кога ќе речат: мир и безбедност, тогаш ненадејно ќе падне погибел на нив, како болка на трудна жена, и не ќе и избегаат."
Пословици 28:26
26 Безумен е кој се надева на своето срце, а се спасува кој живее мудро. "
Марко 13:32-33  " 32 А за оној ден и час, никој не знае: ни ангелите на небото, ниту Синот, а само Таткото.”33 ”Внимавајте, бдејте! Зашто не знаете, кога ќе биде времето!

Откровение 20:4  "  4 И видов престоли; и на оние, кои седеа на нив, им беше дадено да судат; и душите, чии глави беа исечени заради сведоштвото за Исуса и за Божјото слово, кои не му се поклонија на Ѕверот ни на неговиот лик, и кои не ја примија ознаката на своето чело и на својата рака; тие оживеаја и царуваа со Христа илјада години.

04.04.2015:

3 DAYS OF DARKNESS: A Official Beginning of the Plague of Darkness

https://www.youtube.com/watch?v=fNY6fd0t8eQ




Monday, November 4, 2013

ЗА БОЖЈИОТ ГНЕВ КОЈ НАСКОРО ЌЕ СЕ ИСТУРИ ВРЗ ЗЕМЈАТА





Последната Библиска книга во Новиот Завет (Откровение), во глава 16:1-21 ни кажува за 7те страшни зла што ќе се излеат врз земјата по Вознесувањето на Црквата.
Многу тага и мака ги чека оние кои не се заштитени од Божјиот Суд. Во тоа време се уште ќе има многумина, кои ќе го проколнуваат Бога, наместо да Му оддадат слава. Браќа мои,  пред да започне Последниот Суд ние мора да им сведочиме на блиските пријатели и на соседите за Божјата понуда за вечен живот. Без оглед на тоа, како различните Христијански деноминации / цркви гледаат на Крајот на Светот, страшниот Божји Гнев ќе ја исчисти земјата на злото.
Не можам да ве натерам да верувате во она што го кажувам, но Божјиот Збор не лаже! Затоа што Тој не е човек па да лаже! (Броеви 23:19). Ниту пак Божјите Зборови ќе Му се вратат на Бога празни (Исаија 55:11).  Исус Рекол: Небото и земјата ќе поминат, но Моите Зборови во никој случај нема да поминат (Марко 13:31).
Многу Христијани мислат дека Стариот Завет е застарен. Апсурдно е да се верува во тоа.  Бидејќи (Господ) Исус Христос е ист вчера, денес и во вечни векови (Евреите 13:8 и Малахија 3:6)!  За Денот на Божјиот Гнев, Бог Вели: Ќе им ги препуштам луѓето на неволјите и ќе одат како слепци зашто згрешија против Господа, нивната крв ќе се разлее како прав, нивните трупови ќе бидат фрлени како смет. (Софонија 1:17).  
Време е да почнеме да го слушаме Словото Божјо сериозно, и да не ни претставува навреда кога ни се кажува вистината! Сите ние мора да ја зборуваме вистината: во скромност да ги корегираме оние кои се спротиставуваат на Божјото Слово, затоа што можеби Бог ќе им даде покајание, така што да можат да ја знаат вистината, да си дојдат при здрав разум и да ги избегнат замките на ѓаволот, кој нив ги заробил, за да ја исполнуваат неговата волја (2 Тимотеј 2:25-26).
Бог многу не’ сака браќа, но Тој нема да Дозволи да Го газиме Неговиот Син Исус, сметајќи ја крвта на Заветот, со која Тој Бил осветен обична работа, ниту пак ќе Дозволи да Го навредиме Духот на Благодатта (Евреите 10:29).
Примете го на срце овој повик на будење, бидејќи Господ ќе дојде како Крадец (Откровение 16:15) и ќе ги затекне изненадени и неподготвени оние кои не го очекуваат Неговото Доаѓање!

Слава на Господа!!!

- ANGELO SANCHEZ  -




Saturday, November 2, 2013

ЗА ЗЛОТО ВО ОВОЈ СВЕТ НЕ Е ВИНОВЕН БОГ, ТУКУ САТАНАТА

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ ДЕКА САТАНАТА Е ГОСПОДАР НА ОВОЈ СВЕТ, И МОЖЕ ДА СЕ ПРЕПРАВИ како ангел на светлината?!


КОГА луцифер (сатаната), бил исфрлен од небото, тој убедил една третина од ангелите (кои веќе го виделе Бога) да се побунат против Бога. Па сега, сигурно ви станува појасно дека, ако сатаната успеал да ги наговори ангелите, кои биле на Небото со Бога, колку ли само полесно му е да ги измами луѓето во овој свет, кои никогаш не Го виделе Бога, да се побунат против Него!?
Како прво, тој е Бог на овој свет (2 Коринтјаните 4:4) како второ, тој е татко на лагата (Јован 8:44) и последно, но не и најмалку важно, на многумина им е потребно да видат за да поверуваат.
Но Исус ни има кажано драги мои, Блажени се оние кои не виделе, а сепак поверувале (Јован 20:29).  
Ние кои го занеме вистинскиот карактер на сатаната, свесни сме дека тој е причината за растечкото зло во светот. Тој е нашиот и Божји непријател, кој ги мами луѓето, и тоа, не само неверниците, туку, за жал и многумина од оние што се прокламираат Христијани, а сепак им веруваат на лагите на сатаната. Вистинските Христијани знаат, а и сатаната знае дека последниот Збор ќе биде Господовиот, а неговиот крај ќе биде како што е запишано во Божјото Слово: ѓаволот, кој ги заблудуваше, беше фрлен во езерото од оган и сулфур, каде што се ѕверот и лажниот пророк. И тие ќе бидат мачени дење и ноќе во вечни векови (Откровение 20:10).

Бидете силни драги мои, ние го победивме сатаната преку Крвта на Јагнето и преку словото на нашето сведоштво (Откровение 12:11)!!!

Нека сета Слава му припадне на нашиот сакан Господ!!! Амин!


Пастор Angelo Sanchez