Saturday, November 2, 2013

ЗА ЗЛОТО ВО ОВОЈ СВЕТ НЕ Е ВИНОВЕН БОГ, ТУКУ САТАНАТА

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ ДЕКА САТАНАТА Е ГОСПОДАР НА ОВОЈ СВЕТ, И МОЖЕ ДА СЕ ПРЕПРАВИ како ангел на светлината?!


КОГА луцифер (сатаната), бил исфрлен од небото, тој убедил една третина од ангелите (кои веќе го виделе Бога) да се побунат против Бога. Па сега, сигурно ви станува појасно дека, ако сатаната успеал да ги наговори ангелите, кои биле на Небото со Бога, колку ли само полесно му е да ги измами луѓето во овој свет, кои никогаш не Го виделе Бога, да се побунат против Него!?
Како прво, тој е Бог на овој свет (2 Коринтјаните 4:4) како второ, тој е татко на лагата (Јован 8:44) и последно, но не и најмалку важно, на многумина им е потребно да видат за да поверуваат.
Но Исус ни има кажано драги мои, Блажени се оние кои не виделе, а сепак поверувале (Јован 20:29).  
Ние кои го занеме вистинскиот карактер на сатаната, свесни сме дека тој е причината за растечкото зло во светот. Тој е нашиот и Божји непријател, кој ги мами луѓето, и тоа, не само неверниците, туку, за жал и многумина од оние што се прокламираат Христијани, а сепак им веруваат на лагите на сатаната. Вистинските Христијани знаат, а и сатаната знае дека последниот Збор ќе биде Господовиот, а неговиот крај ќе биде како што е запишано во Божјото Слово: ѓаволот, кој ги заблудуваше, беше фрлен во езерото од оган и сулфур, каде што се ѕверот и лажниот пророк. И тие ќе бидат мачени дење и ноќе во вечни векови (Откровение 20:10).

Бидете силни драги мои, ние го победивме сатаната преку Крвта на Јагнето и преку словото на нашето сведоштво (Откровение 12:11)!!!

Нека сета Слава му припадне на нашиот сакан Господ!!! Амин!


Пастор Angelo Sanchez


No comments:

Post a Comment