Tuesday, April 25, 2017

ИСЛАМОТ И САКАТЕЊЕТО НА ЖЕНСКИТЕ ГЕНИТАЛИИ

Темата е многу тешка, но ако сме свесни дека живееме во 21 век, а нешто толку варварско постои и во денешно време - не можеме да ја прескокнеме.
FGM (Female Genital Mutilation) е распространета пред сé кај многу племиња во Африка. Во Египет, Етиопија, Судан или Џибути погодени се речиси 100% од жените. Во други земји, се обрежуваат членовите само на некои племиња, така на пример: во Нигерија, Мали, Буркина Фасо, Сенегал, Кенија итн. Но, FGM се појавува и на Арапскиот полуостров (на пр. Обединетите арапски емирати, Јужен Јемен) и во други делови од Азија.​
Според проценките, во целиот свет, помеѓу 100 и 157 милиони жени и девојчиња се погодени од женско обрежување. Секоја година се придодаваат околу два милиона девојки. Значи, дневно се обрежуваат околу 6000 девојчиња. Обрежувањето кај девојчињата не може да се спореди со она кај момчињата, бидејќи причинува огромно оштетување на сексуалните органи и многу често има долгорочни и штетни влијанија врз здравјето.
Процедурата вклучува брутално хируршко отстранување на сите надворешни делови на женските гениталии за да се уништи женското либидо.

Има многу различни форми: 

· Мека суна (sunna = арап. "традиција"): Бодење, засекување или отстранување на кожичката на клиторисот;
·     Модифицирана суна: делумно или целосно отстранување на клиторисот;
·      Клиторидектомија/обрежување: отстранување на делови или на целиот клиторис како и на дел или целите внатрешни срамни усни. Оваа операција најчесто создава лузна на ткивото што е толку голема, што го прикрива вагиналниот отвор;
·     Инфибулација/фараонско обрежување: отстранување на клиторисот и на внатрешните срамни усни како и на внатрешниот слој на надворешните срамни усни. Преостанатите надворешни срамни усни се сошиваат со црево од мачка или се прицврстуваат една со друга со шилци. Во раната се става едно мало парче од цевка, за да остави отвор за урината и менструалната крв.

Зафатот се изведува со најразлични инструменти како жилет, ножици, ножеви и срчи. Се извршува најчесто без каква било анестезија и дезинфекција, понекогаш се користат природни лековити средства. Осакатувањето го вршат бабици или стари жени, поретко машки свештеници или бербери. Возраста на девојчето, по правило, е меѓу 4 и 8 години.
Откога на 21 април, 2017 година во Мичиген била уапсена една банда која спроведувала осакатување на женските гениталии, Линда Сарсор (Linda Sarsour), извршна директорка на Арапско-Американската Асоцијација изјавила: „Гениталното осакатување на жените не е Исламска практика и нема место во ниту една земја на светот“.
Но, што за тоа велат Муслиманските извори?
Во самиот Куран, нема јасно дадени насоки околу обрежувањето на жените. Затоа пак, дознаваме дека пророкот Мухамед и неговата дружина, автори на Исламските религиозни книги многу јасно го практикувале и поддржувале обрежувањето на жените.
Самите Исламски вероучители се сложуваат дека обрежувањето не е „некаков наследен обичај“, како што некои луѓе тврдат, туку е пропишано во Исламот. Доказите за тоа се наоѓаат во Хадисите. Еве примери:
Во Хадисот на Ал Букхари (5889) и Муслим (257) од Абу Хураира (Abu Hurayirah) е запишано дека пророкот (Мухамед ) рекол: „Фитра (тоа е нормална практика за еден човек создаден од Алах) се состои од 5 работи: обрежување, бричење на срамните влакна, сечење на ноктите, корнење (депилација) на потпазувните влакна и поткастрување на мустаќите“.
Овој Хадис појаснува дека обрежувањето е нормална работа и е задолжително – како за мажите, така и за жените.
Некои Исламски верски групи се на мислење дека обрежувањето, кое го сметаат за  задолжително, кај мажите се состои од отстранување на препуциумот од пенисот, а кај жените се отстранува препуциумот (кожичката) од клиторисот (но не и на самиот клиторис); Други сметаат дека обрежувањето кај жените не е задолжително, туку препорачливо, а пак трети сметаат дека тоа зависи од одлуката на мажот.
Во книгата „Потпората на патникот“ (Reliance of the Traveler)– напишана од Ahmad Ibn Nagib al-Misri, која е класичен прирачник за начинот на кој треба да се практикува шеријатското право, пишува:
„Обрежувањето е задолжително (за секој маж и жена) со засекување на дел од кожата на врвот од пенисот за мажот, додека обрежувањето кај жената се врши со отстранување на клиторисот“.
Значи различни извори од Муслиманските свети книги имаат разлики само во тоа, колку далеку да се оди со обрежувањето на жените, но нема никаков сомнеж дека треба да се спроведува обрежување на женските гениталии!
Па така, еве ги накратко трите најзастапени гледишта во поглед на обрежувањето на жените, според различните Муслимански религиозни групи:
1. Обрежувањето е задолжително за мажите и жените
2. Обрежувањето е суна (традиција) и е препорачливо за мажите и жените.
3. Обрежувањето е задолжително за мажите и е добро и препорачливо (mustahabb) за жените
Значи, според Муслиманските извори јасно е дека обрежувањето во Исламот е пропишано и за мажите и за жените, а  повеќето дури и сметаат дека е задолжителни и за едните и за другите. Никој не кажува дека е забрането.
Светската здравствена организација и лидерите ширум светот се обидуваат да ја спречат оваа традиција, со аргументот дека не постојат здравствени предности при ваква интервенција, која само може да предизвика долгорочни компликации. Сепак, Муслиманите, кои цврсто стојат на оваа Исламска практика, отворено се спротиставуваат на медицинските лица, кои го застапуваат овој став!
Каков е Христијанскиот став по ова прашање?
Во Библијата нема стихови кои се однесуваат на обрежување на женските гениталии. Во Новиот Завет е даден генерален став околу начинот на кој  Христијанинот треба да се однесува кон своето или туѓото тело.
1 Коринтјаните 6:19-20  Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси? Зашто скапо сте купени. И така, прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји.
Лука 6:31 И како што сакате да ви прават луѓето вам, така правете им и вие ним!

Што би можеле да извлечеме како заклучок после сето ова? Јас мислам дека може да се сложиме со некоја од следниве 3 премиси:
1)   Гениталното осакатување / обрежување  на жените нема место во Исламот,
2)   Гениталното осакатување/ обрежување  на жените нема место во светот, или
3)   Исламот нема место во светот.

Ако се уште имате дилеми, која од овие три премиси е точна – погледнете го овој текст за Муслиманското гледиште за жената:

Еве ги вестите од некои електронски медиуми, кои известуваат за темата која ја изнесов погоре:


Резултат слика за female genital mutilation

Резултат слика за female genital mutilation



Tuesday, April 4, 2017

ТЕРОР НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА!


21 ВЕК!  Врв на достигнувањата од областа на науката и техниката. Па сепак, животот и смртта се крајно непредвидливи. 

Само во последните 30 дена:

  1.           ИСИС, Талибанци, Боко Харам, Ал Каеда, „Религија на Мирот“,  „Група која го поддржува Исламот и Муслиманите“, и др. се  имињата на организации, кои извршиле терористички напади;
  2.           Мажи, жени и деца од различна возраст и националност се нивните жртви;
  3.           Лондон, Санкт Петербург, Ерусалим, Багдад, Мосул, Синај, Могадишу и други се имињата на градовите кои крвареа;
  4.           Експлозии на бомби, колеж и прободувања со ножеви, каменувања до смрт, прегазување со возила и др. се избрани како средства за да се изврши терористичкиот напад...

Овој линк, на кој секогаш е претставена листа на исламистички терористички напади во последните 30 дена е сурово отрезнување и соочување со вистинското лице на Исламот и луѓето, кои буквално ја практицираат својата Исламска вера; Тие водат Џихад (Света Војна), како што тоа им е наредено во Куранот...

 (http://www.thereligionofpeace.com/attacks/attacks.aspx?Yr=Last30).

Верувам дека Органите за безбеднист во секоја од овие земји погодени со тероризам, прават се што е во нивна можност да ги превенираат овие напади; Но она што особено ми паѓа во очи, се нападите со возила; Терор на 4 тркала!

Терористите или активираат експлозивни направи во возила, во непосредна близина на нивните цели или пак самите спроведуваат самоубиствеи терористички напади со возило, втурнувајќи се во толпа народ...

Зошто се поголем број џихадисти се одлучуваат да употребат возила за да усмртат некого? Велика Британија доживеа ужасен терористички акт на вториот ден од пролетта.. За жал премиерката Тереза Меј побрза вака да го класифицира чинот на Џихад од страна на 52-годишниот Калид Масуд, извршен пред Лондонскиот парламент: „Лондонскиот џихадистички напад не е Исламски, тоа е исламистички терор.. перверзија на една голема вера“! Премиерката веројатно не ги знае стиховите од Куранот кои секој верник го повикуваат на Света војна или тнр. „Џихад“.  

(http://www.independent.co.uk/news/uk/politics/theresa-may-london-attack-islamic-terrorism-wrong-westminster-bridge-prime-minister-commons-a7645626.html)

На интернет веќе се е достапно, ако човек има малку повеќе волја да го истражува ова прашање...

ЦИТАТИ ОД КУРАНОТ:

 Во срцата на оние кои не веруваат ќе фрлам страв. Па, удирајте ги по вратовите и по прстите (повик на колеж и сакатење)! (Сура 8:12)

Па, кога ќе се сретнете со оние кои не веруваат... та, удрете ги по вратовите (буквален повик на колеж) се додека не ги совладате, а штом тоа ќе го направите, тогаш, врзете ги. Потоа или нека следи ослободување без надоместок или, пак, побарајте откупнина, додека војната не ги исцрпи тежините свои (Сура 47:4)

Борете се против многубошците, каде било да ги најдете, заробувајте ги, опколувајте ги, чекајте ги во заседа од секој вид! (Сура 9:5)

О верници, што ви беше кога ви беше речено: „Појдете во борба на Аллаховиот пат“ - како да сте на земјата заковани? Повеќе ли сте задоволни со животот на овој свет од животот на Ахирет (Рај)?  (Сура 9:38)

Ако не појдете во борба Он ќе ве казни со казна болна и ќе ве замени со друг народ, а вие во ништо не ќе Му наштетите. Аллах е Кадар за се! (Сура 9:39)

ЦИТАТИ ОД ХАДИСИТЕ:

Хадис: Сахих Муслим 7258 – (зборува Мухамед) Алах ги повлече краиштата на земјата за да видам, и јас ги видов источните земји и западните земји; И јас видов дека мојата власт ќе достигне се до таму, до каде што моите очи можат да видат“.

 Хадис Сахих Ал Букхари& Муслим 29: Пратеникот на Алах рече: „Наредено ми е да војувам со луѓето се додека не посведочат дека никој не треба да биде обожаван освен Алах и дека Мухамед е пратеник на Алах и се додека не почнат да се молат и да плаќат закат (данок).“

 Хадис Сахих Ал Букхари 2977: Победник сум со примена на терор (зборува Мухамед)


Сега веројатно многумина би прашале: Што е со умерените Муслимани, кои не го поддржуваат теророт?

Ова прашање отвара уште едно потпрашање: Ако сите се изјаснуваат како припадници на една вера, дали тоа значи и дека сите ја имаат прочитано својата Света Книга и стриктно се држат до напишаното во неа? Одговорот е секако НЕ!

Во Евангелието по Матеј 5:48 Исус им Заповедал на Христијаните да бидат совршени! И дали тоа се случи? Не, ниту еден Христијанин досега не може да се пофали дека во потполност се покорил на оваа заповед! Во Библијата дури е запишано дека сите згрешија (Римјаните 3:23 и 5:12). Па така, тоа што Христијаните во својот живот не ја испочитувале оваа заповед, не значи дека Исус не ја објавил таа заповед!
(Разликата е во тоа што, кога еден човек ќе Го Прифати Исус за Свој Господ и Спасител, од љубов кон Спасителот започнува свесно да се чува од грев и да не греши; На тој начин, ја исполнува Исусовата заповед - „Ако Ме љубите - ќе ги пазите Моите заповеди“ (Јован 14:15) 

Алах преку неговиот пратеник Мухамед им заповедал на Муслиманите насилно да ги потчинат немуслиманите. Секако, во светот има огромен број на Муслимани кои не ја практикуваат оваа заповед; Сепак, дали тие ја практикуваат или не, тоа нема никаква врска со тоа дали Алах и Мухамед ја дале таа заповед; Прашањето е зошто некои Муслимани се покоруваат на кажаното од Алах и Мухамед, а други не се покоруваат.

Постоењето на екстремно насилни Муслимани (џихадисти) се објаснува со односот на Муслиманот кон својата вера. Имено, верникот – Муслиман:

1) ВЕРУВА дека Куранот е Божја објава,
2) ги чита Куранот и Хадисите од каде што ДОБИВА ЗНАЕЊЕ како да ја практикува својата вера, - и на крајот
3) послушен е практично да ја докаже својата вера, односно УБИВА И ПОДГОТВЕН Е ДА УМРЕ како врвен израз во послушноста кон својот бог.

Кога еден Муслиман ќе стане џихадист, се соочува со бројни дилеми:

Прво, на која терористичка група да се приклучи?
Второ, дали да започне со практикување на џихад во својата земја или да отпатува во некоја друга земја?
Трето, на кој начин да го практикува џихадот? Да се разнесе себе сѝ и другите со бомби? Да пука со огнено оружје? Да убива со нож? Да прегазува луѓе со возило?
Четврто, џихадистот можеби не е спремен да умре, па подобра опција може да му биде да го финансира џихадот со парите од својот бизнис. (Бидејќи Мухамед рекол дека оној што го финансира џихадот на другите луѓе ќе добие иста награда како нив.)
Петто, Муслиманот можеби го поддржува џихадот, но не е спремен да се вклучи во ниту една од претходно споменатите опции. Не сака да војува, ни да финансира... Тогаш, можеби ќе одлучи да чека стрпливо. Ќе чека Алах да му открие на кој начин да изврши џихад.

Сонот на секој џихадист е да убие огромен број луѓе со жртвувањето на сопствениот живот. Нешто како настаните од 11 септември 2001... Но веќе не е така лесно. 
Да се киднапира авион за да биде срушен врз некои воени или цивилни цели– тешко е изводливо. 
Пристап до бомба, - тоа зависи од местото на живеење на џихадистот, дали живее во воено подрачје или каде што е мирно и има доста засилени полициски контроли. 
Пукање со огнено оружје или колење со нож – ќе предизвика жртви ама не толку многу за џихадистот да биде сигурен дека многумина, заедно со себе ќе испрати во смрт... 
Ама употреба на возило – е тоа е добра можност... И НИКОЈ НЕМА ДА ЗНАЕ НИТУ ЌЕ СЕ ПОСОМНЕВА ДЕКА МОЖЕ ДА БИДЕ УПОТРЕБЕНO ЗА ЏИХАД...

Ете зошто терористичките напади со возила станаа зачестени! И ете, зошто и во иднина може да очекуваме дека ќе бидат се почести!

СОВЕТ: Избегнувајте гужви и можности некој да налета на вас со возило! Но повеќе од се’ – прифатете Го Исус за Свој Господ и Спасител - сега веднаш, бидејќи не знаете што носи утрешниот ден!

Пословици 16:25
Некој пат му се чини прав на човекот, а на крајот води кон смртта. 

(Ова толку совршено се однесува за секој Муслиман кој врши џихад, и кој не е свесен дека Исус веќе плати за неговите гревови со Сопствената смрт... И дека се што е потребно е да Го прифати Исус Христос за Свој Господ и Спасител... А потоа, да дозволи Богот на Љубовта да почне да го менува неговиот живот според Своите добри планови и замисли за него  - Еремија 29:11,12).
Лука 12:16-20
И (Исус) им кажа и парабола, велејќи: „Нивата на еден богат човек роди многу плод.17И размислуваше во себеси вака: ‘Што да правам, зашто немам каде да ги соберам своите плодови?’18И рече: ‘Вака ќе направам - ќе ги разурнам своите житници и ќе изградам поголеми, и таму ќе ги соберам сето свое жито и сите свои добра.19Тогаш ќе и речам на својата душа - душо, имаш многу блага, натрупани за многу години; почивај, јади, пиј и уживај!’20Но Бог му рече: ‘Безумниче, ноќеска ќе ти се побара твојата душа! Чие ќе биде тоа, што си го приготвил?’21Така бидува со оној, кој собира благо за себеси, а не се богати во Бога.”

2 Коринтјаните 6:2
Зашто вели: „Во благопријатно време те послушав и во денот на спасението ти помогнав.” Еве, сега е благопријатното време, ете, сега е денот на спасението!


Линк до Библијата на интернет:   
http://www.obohu.cz/bible/index.php?styl=MAC&kap=29&k=Jr

Линк до Куранот на интернет:
http://kuran-na-makedonski.net/