Tuesday, December 20, 2016

ДЕЛ 4. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН?



ШТО  БИБЛИЈАТА ИМА ДА КАЖЕ ЗА СТАТУСОТ НА ЖЕНАТА ОД ВЕРСКИ АСПЕКТ?





Привремено отстранет текст заради запазување на авторските права


Tuesday, November 1, 2016

ДЕЛ 3. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН?


ШТО  КУРАНОТ ИМА ДА КАЖЕ ЗА СТАТУСОТ НА ЖЕНАТА ОД ВЕРСКИ АСПЕКТ?


Во светот денес, кој се одликува со безброј примери на кршење на човековите права во сите сфери на животот, особено внимание се посветува на правата на жените, родовата рамноправност и елиминација на сите форми на нивна дискриминација и стигматизација. Сепак, дали навистина се опфатени сите сфери? Верувајте – кога почнав да истражувам на оваа тема, т.е. на оваа анализа – малку или речиси ништо не беше објавено за дискриминација на жената од верски аспект...

Оваа анализа се обидов да ја направам што е можно пообјективно и без предрасуди, и таа е исклучиво заснована на докази базирани на стихови од Куранот и Хадисите.
Целта со оваа анализа е да докажам дека богот на Куранот не е ист со Богот на Христијаните и дека Муслиманите, веќе 13 векови живеат во лага, измама и заблуда во овој живот, што скапо го плаќаат по смртта – вечност во пеколот затоа што одбиле да поверуваат дека Исус е Син Божји, Кој Дојде да го Даде Својот Живот, како откупна Жртва за грешното човештво и да го Покаже единствениот Пат до Бога Отецот – преку верата во Него и следењето на Неговите Свети Заповеди.

Верувајте, ми требаше долго време да „копам“ по светите книги на Христијаните и Муслиманите за да ги добијам овие сознанија, кои мене ме фрапираа. Ама буквално! Верувам дека и на вас ќе ви предизвикаат слични емоции!

Еве го како најава краткиот преглед на клучните сознанија до кои дојдов.

Став кон жената во Исламот:

Куранот содржи стихови, кои Муслиманите ги сметаат за доказ дека се основа за родова рамноправност на жените со мажите (Сура 3:195, 4:124, 16:97)


Сура 3:195 И Господарот нивни, тогаш, им возврати на молбата нивна: „Не ќе го поништам, навистина, делото на оној кој ќе го направи од вас, било машко или женско, зашто вие сте еднизадруги. А оние кои се иселија и кои беа прогонети од огништата свои, и кои беа малтретирани на Мојот Пат и кои се бореа и кои гинеа ќе им ги простам гревовите нивни и ќе ги воведам во бавчите џеннетски низ кои реки течат. Наградата е - Аллахова! А кај Аллах наградата е најубава!
Сура 4:124  И оној кој ќе направи добро дело, верник: машко или женско... онаквите ќе влезат во Џеннетот и не ќе им се нанесе зло ни колку голушка од урма.

Сура 16:97 Кој ќе направи добро дело, било да е машко или женско, е верник, и Ние ќе му дадеме, сигурно, добар живот, и ќе ги наградиме, сигурно, со награда уште поубава од она што го работеа.

Муслиманите се осврнуваат на овие стихови за да покажат дека Алах ги третира мажите и жените подеднакво, и дека ги наградува подеднакво, според нивните добри дела. Сепак, проблемот со тие тврдења е фактот што жените, според Куранот не ги добиваат истите награди, како и мажите, ниту пак се третирани како рамноправни во поглед на интелигенција, наследство, сведочење, итн.
Многу побројни се тврдењата во светите книги на Исламот, кои се крајно дискриминаторски за жените.
Еве, проценете и сами:
  • Жените се по природа глупави
  • Жените се обичен предмет за задоволување на сексуалните желби на мажот
  • Жените треба да бидат тепани, доколку се спротистават на мажите
  • Жените се сопственост на мажите и се создадени, како што и се’ друго создал Алах за да ги задоволат потребите на мажите
  • Жените се дискриминирани во поглед на правото да се разведат.
  • Мажот има право на повеќе жени, а жената не смее да има повеќе од еден маж.
  • Доколку жената се плаши од насилство и малтретирање треба да бара начини да се смири со мажот, за да не биде избркана од него.
  • Ќерките немаат исто право на наследство на имот од родителите како синовите (наследуваат пола од она што следува на синот)
  • Жените се дискриминирани според она што (не) ги чека во Рајот.
  • Сведочењето на маж вреди колку сведоштвото на две жени.
Жените се дискриминирани и од самиот Алах, според кој,
·         нема постоење на ангели-жени:
·          жените ќе бидат побројни од мажите во пеколот!
·         Товарот на вината за навлегувањето на гревот во човештвото паѓа на жената, бидејќи Ева го излажала Адам. (Сахих Муслим, Книга 8, број 3472)
Доколку го задржам вашето внимание и ако ја прочитате оваа статија до крај – ќе ви стане јасно дека Куранот содржи многу стихови кои ја потенцираат и охрабруваат родовата нееднаквост и насилството над жените.

Но ајде да одиме по ред и да ги разгледаме потемелно Муслиманските гледишта за жената:

Во Куранот и Хадисите има безброј стихови, кои упатуваат на екстремна дискриминација на жените во Исламот.
(Хадисите се инаку, различни извештаи кои ги опишуваат зборовите, делата или навиките на Исламскиот пророк Мухамед. Терминот има арапско потекло и означува „извештај", "сметка" или "расказ". Хадисите се втори по значење - по Куранот, и претставуваат важни алатки за разбирање на Куранот и коментарите (Тефсир) пишувани во врска со него.)

Од повеќето, се издвојуваат неколку стихови во Куранот, кои даваат вистинско светло на релацијата на мажите кон жените, засновано на Исламските верски начела, и кои упатуваат на тоа дека:

  • Жените се по природа глупави (Sahih al-Bukhari 2658 Пророкот рече: „Зарем сведоштвото на жената не е исто што и половина од сведоштвото на маж?“ Жената рече: „Да.“Тој рече: „Тоа е заради тоа што и недостасува памет“)
Сура 2:282 „... И побарајте да посведочат два сведока - и тоа машки. Ако нема два машки сведока, тогаш, едно машко и две жени со кои сте задоволни да бидат сведоци. А ако една од нив заборави, па, другата нека ја потсети. ..“)Замислете - сведоштвото на 2 жени вредат колку сведоштво на 1 маж. Зошто? Мухамед објаснува: Затоа што жените се сметаат за глупи по природа!  Во Хадисот (Abu Sa`id Al-Khudri 12.2658) пишува: „Пророкот рече: Зарем сведоштвото на една жена не вреди колку половина од сведоштвото на маж? Жената рече: да. Тој рече: Ова е поради слабоста (deficiency) на женскиот ум“.
  • Жените се обичен предмет за задоволување на сексуалните желби на мажот
Сура 2:223: Жените ваши се бавчи ваши. И како сакате пријдете им на бавчите ваши! И задоволете се! И од Аллах плашете се! И знајте дека со Него ќе се сретнете! И зарадувај ги верниците!

  • Жените треба да бидат тепани, доколку се спротистават на мажите
(Сура 4:34 Мажите се појаки од жените според она што Аллах ги одликува еднинадруги и според имотот свој кој го трошат. Па, добри жени се оние кои се побожни и кои се чувари, во скришноста, на она што треба да се чува, и во што Аллах ги чува. А за оние за кои се плашите дека нема да бидат послушни - посоветувајте ги, одвојте ги во постелата и удрете ги! А ако, пак, ви се послушни не барајте начин зло да им нанесите. Аллах, навистина, е Возвишен и Голем!)
Значи, доколку жените не им се послушни на мажите, тие имаат право, т.е. охрабрени се од Алах да ги тепаат се додека не им станат покорни!!?

  • Жените се сопственост на мажите и се создадени, како што и се’ друго создал Алах) за да ги задоволат потребите на мажите
Сура 30:21 А од знаменијата Негови е и тоа што од вас Он создаде жени за да најдете смирна во нив. И меѓу вас определи и љубов и милост. Ете, во тоа, навистина, има знаменија за луѓето кои размислуваат!
Сура  14:32-34  Аллах е Оној кој ги создаде небесата и земјата, и кој спушта вода од небото, а со неа вади плодови како 'рск ваш. И ви го потчини бродот кој плови по морето со наредбата Негова; ви ги потчини и реките.  И ви ги потчини и Сонцето и Месечината кои деноноќно се движат; и ви ги потчини ноќта и денот. И ви даде од се она што Му баравте. И ако ги броите благодатите Аллахови не ќе можете да ги изброите. Човекот, навистина, е голем зулумќар и голем неверник!
Сура 43:10-12  Оној кој ви ја одреди земјата крошна и на неа ви одреди патишта за да се управувате по нив! И Оној кој ви спушти вода од небесата во мера одредена и, со помош нејзина, Ние ги оживуваме мртвите предели. Ете, така и вие ќе бидете оживеани! Оној кој од се создаде парови и ви одреди и брод и добиток што го јавате.

Во Хадисот Sunan Abu Dawud 2159, пророкот Мухамед им дава инструкции на мажите дека жените се нивни „бавчи“ и може да им пријдат за да имаат секс со нив кога сакаат, колку сакаат и преку секоја положба, во текот на сексуалниот чин која ја сакаат.

Во Хадисот Jami at-Tirmidhi 1160  Мухамед вели дека кога мажот сака да си ја задоволи својата (сексуална) желба, жената треба веднаш да дојде, без разлика што прави, па дури и доколку е застаната да крај фурната

Во Хадисот Sahih al-Bukhari 5825  Ајша – втората жена на Мухамед му кажала колку била помодрена жената на нечиј маж, со зборовите: „Никогаш не сум видела некоја жена да страда толку многу, колку што страда една жена која е верник. Погледни! Нејзината кожа е позелена од нејзината облека, која е исто така зелена“.

Во Хадисот Sunan Ibn Majah 1853 пророкот Мухамед објаснува дека доколку би дозволил на жените да се поклонат некому друг освен на Алах, тоа би биле нивните мажи. „Ниту една жена не може да ја исполни својата должност спрема Алах, доколу прво не ја исполни должноста кон својот маж. Ако мажот побара интимност од неа, таа не смее да го одбие па дури ни кога јава на камила“.
Значи – жените се предмет за задоволување на сексуалните желби на мажот и во никој случај не смеат  да се спротистават на мажите!

  • Жените се дискриминирани во поглед на разводот.  Мажот има право во период од 3 месеци (поточно 3 менструални периоди на жената) да ја врати назад, доколку тој тоа го сака.
Сура 2:228 Разведените жени нека сами чекаат да поминат три прања. А ако веруваат во Аллах и во Денот суден не им е дозволено да го кријат она што го создаде Аллах во утробите нивни. Сопрузите имаат полно право, ако сакаат добри дела работат, да ги вратат. Покрај должностите кон сопрузите жените имаат и права. Но, сопрузите во однос на сопругите имаат предност за еден степен. Аллах е Силен и Мудар!
  • Мажот има право на повеќе жени, а жената не смее да има повеќе од еден маж. Сура 4:3  А ако се плашите дека нема да бидете праведни кон јетимите жени, тогаш, венчавајте ги оние жени кои ви се дозволени: по две, по три, по четири. А ако, пак, се плашите дека нема да бидете праведни, тогаш, доста ви е една; или со оние кои ви се дадени во сопственост. Ете, така ќе бидете најдалеку од неправдата.

  • Доколку жената се плаши од насилство и малтретирање треба да бара начини да се смири со мажот, за да не биде избркана од него. Ова дава право на мажот да ја игнорира таа жена, која не му е веќе атрактивна, да ја игнорира и да нема никаква интимност со неа .
Сура 4:128 Ако некоја жена се плаши од безверието на нејзиниот маж или од рамнодушноста - тогаш, немаат грев да се склучи договор меѓу нив; договорот е најдобар, зашто душите се наклонети кон лакомост. Ако правите добро и ако се плашите - Аллах, навистина, е Известен за она што го работите!

  • Ќерките немаат исто право на наследство на имот од родителите како синовите (наследуваат пола од она што следува на синот)
Сура 4:11 Ете, Аллах ви остава во васиет, што се однесува до вашите деца, да им оставите: на машкото дел колку од две женски. А ако, пак, бидат женски повеќе од две ним им припаѓаат две третини од она што го оставил а ако е едно му припаѓа половина. А на родителите, за секој поединечно, шестина од она што го оставил ако има дете, а ако нема дете, во случај да го наследуваат родителите, на мајката и припаѓа една третина. А ако има браќа - на мајката и следува шестина. Ова е по васиетот и подмирувањето на долгот. Вие не знаете кои ви се поблиску, во поглед на корист, родителите ваши или синовите ваши. Тоа е наредба од Аллах. Аллах, навистина, е Зналец и Мудар!

  • Жените се дискриминирани според она што (не) ги чека во Рајот.  Според Куранот и на мажите и на жените ќе им биде дозволено да влезат во Рајот, во зависност од тоа дали биле Муслимани и правеле добри дела, но нема ниту еден стих што објаснува што жените ќе добијат во Рајот; Сепак, има објаснување што ќе добијат мажите во Рајот: убави Хурии (жени), со крупни очи, ќе јадат од секое овошје (Сура 44: 51-57) девици кои не се дефлорирани (Сура 55:70, 72, 74) со големи гради и иста возраст (Сура 78:31-36). Според тоа, - освен ако Алах не предвидел лезбејски релации во Рајот, жените очигледно нема да добијат исти награди како мажите. Ова имплицира и на продолжување на деградацијата и понижувањето на жените Муслиманки и во Рајот, со тоа што мажите ќе се женат со посебно одбрани жени, со кои тие ќе имаат постојано секс. Згора на тоа, според објаснувањата во Хадисите, тие ќе бидат постојано девици, бидејќи дефлорираниот химен ќе им се обновува после секој сексуален чин, иако нема да чувствуваат болка.   


  • Ангелите се само од машки, а не и од женски пол!
Зарем тогаш вашиот Господ (О вие Пагани) посака од вас синови, и  зема за себе ќерки меѓу ангелите? Навистина вие изговоривте најстрашно слово! Сура 17:40 
Сега прашај ги (О Мухаммед): Има ли Господарот твој ќерки, со оглед на тоа што има синови? Или создадовме ли жени ангели, кога тие постоеја? Сура 37: 149-150 
И тие ги сметаат за жени ангелите, кои се слуги на Милостивиот Бог. Дали тие беа сведоци на нивното создавање? Тогаш нивното сведочење ќе биде забележано, и тие ќе бидат доведени на испрашување. Сура 43:19 Шер Али

Оние кои не веруваат во светот, кој треба да дојде ги именуваат ангелите со женски имиња. Тие немаат никакви познавања од него; тие само нагаѓаат, а нагаѓањето нема никаква врска со вистината. Сура 53: 27-28

  • Поголемиот дел од оние кои се во пеколот се жени

Хадисот Al-Tirmidhi 587 тврди дека жените ќе бидат побројни од мажите во пеколот!

Во Хадисот Sahih al-Bukhari 2658 – Пророкот Мухамед рекол: „... Го видов огнениот пекол и страшна глетка, каква што не сум видел во животот. Видов дека поголемиот дел од жителите во пеколот се жени.“ Луѓето прашаа: „О’ Алахов апостолу! Зошто е тоа така?“ Пророкот рече: „Затоа што се неблагодарни“. Го прашаа, дали жените му биле неблагодарни на Алах. Пророкот рече: „Тие се неблагодарни на нивните сопатници (мажите) и неблагодарни заради добрите дела“.

Во Хадисот Sahih Muslim 142 (Мухамед рече): О жени, треба да дадете добротворни прилози и да побарате прошка зашто видов дека сте најголемиот дел меѓу жителите на пеколот. Една мудрата жена меѓу нив рече: Зошто е тоа така, Апостолу на Аллах, дека ние сме побројни во пеколот? По ова на Светиот пророк рече:„Затоа што премногу колнете и сте неблагодарни кон мажите. Не сум видел ниту во еден недостаток во здравиот разум и во верата, како (во исто време) кај вас.“ По ова, жената забележа: Што не е во ред со нашиот здрав разум и со нашата вера? Тој (Светиот пророк) забележа: „Недостатокот на здравиот разум (може добро да се процени од фактот) што сведоштвото на две жени е еднакво на тоа, на еден човек; што е доказ за недостаток на здрав разум.“.


Мислите дека ова се Муслимански гледишта за жената кон крајот на шестиот век, и дека сега тоа не е така? Се лажете!
Жените во Муслиманскиот свет и сега во 21 век се сметани за суштества од понизок ранг и се ужасно малтретирани во некои земји каде што Исламот е радикално применуван во својата најсурова форма.

Во 2009 година, Организацијата за Економска соработка и развој објави извештај за родовата еднаквост и социјалните институции. Студијата заклучи дека 11 од 12 земји со највисоко ниво на дискриминација на жените се земји во кои, Муслиманите се мнозинство во земјата.
Слична студија во 2014 година, спроведена од Светскиот Економски Форум заклучи дека 19 од вкупно 20 земји со најголем јаз помеѓу мажите и жените од родова перспектива се земјите, каде што Муслиманите се мнозинство!
Ваквиот став кон жените во Муслиманските земји резултира со неможноста жените да ги изведат пред суд сторителите на насилство, кои сурово ги малтретирале на најразлични начини.

Еве што велат извори од Humans Rights Watch:


Групите за набљудување на човековите права во Пакистан велат дека насилството над жените во Пакистан зема пандемски размери. Често тие се затворани во домовите, каде се потчинети и подложени на тепање, напади со солна киселина, запалување и силување. Секоја година има стотици пријави за убиства заради чест, во кои жената е убивана затоа што била нескромна.
Уште пострашно е тоа што во овие заедници, ваквите убиства се извршуваат со поддршка на традиционалната заедница. Силувањата се сметаат за злосторства извршени под дејство на магии, тешки се за докажување и ретко кога бил обвинет маж за силување. Од друга страна пак, доколку жените пријават дека биле силувани, тие се обвинувани за прељуба, според исламските закони.
„Кога се мажите во прашање, за нив важи правилото дека се невини додека не се докаже дека се виновни'', изјавила Асма Џахангир, официјален претставник на независната комисија за човекови права на Пакистан и автор на книгата за „hudood“ (магии). ''За жените  пак, тие го применуваат принципот дека се виновни додека не се докаже  дека се невини.''

Освен во Пакистан, жените и во Авганистан се изложени на невидени злосторства од страна на мажите..
Според Global Rights, меѓународна организација која спровела истражување во 2006 година во 4.700 домаќинства од 16 области во Авганистан:
-       Над 85% од жените во Авганистан известуваат дека доживеале физичко, сексуално или психичко насилство или пак биле приосилени на брак.
-       Над 60% од Авганистанките известиле дека доживеале повеќекратни форми на насилство



Заклучок:  

Жените во Исламот се жртви на секаков вид на семејно и родово базирано насилство заради  дискриминаторските доктрини на тнр. „Света Книга“ на Исламот – Куранот.  Куранот и Хадисите промовираат: тепање на жените, жени употребувани како сексуални робинки,  каменување како казна за силувани жени, продавање на предпубертетски девојчиња (од 12 години) заради склучување брак; Жената е сметана за сопственост на мажот, кој може сексуално да ја „обработува како нива“ кога сака и колку сака; Таа е по природа глупава и нејзиното сведоштво вреди колку половина од сведоштвото на маж, може да биде купена, продадена и тргувана како стока...


Што да се каже после ова... Доколку вие кои го читате ова сте Муслимани, верувам дека сте вознемирени, и дека ова ви изгледа како лага, но факт е дека тоа е природен процес на човековото резонирање... Човек лесно може да биде измамен, но многу тешко си признава себе си, па дури и кога е соочен со еден тон докази – дека згрешил.

Ве молам соземете се и отфрлете ја таа книга која ве држи во измама и заблуда! Вратете се на коренот на верата – верата во Господ Исус Христос, која вашиот лажен пророк Мухамед ја исмеа, отфрли и ве наведе на пат кој води во вечна смрт!

Како и да е – следете ме и понатаму... Имам уште многу да ви напишам на оваа тема во следниот период, и ви ветувам дека следните делови ќе ги објавам многу побрзо. Причината е едноставна – Исус многу бргу ќе Дојде! Доколку не бидете вбројани во „Неговото стадо“ на верници и доколку вашите имиња не се најдат во Исусовата (Јагнетовата) Книга на живите, ќе бидете оставени или подобро кажано „заглавени“ во едно време што ќе биде толку тешко и страшно, како што не постоело дотогаш во човечката историја. Тогаш, единствениот спас на сите (кои не се посветени Христови следбеници) ќе биде порадо да умрат, отколку да се откажат од верата во Исус... Тогаш, само прифаќањето на смртта и неоткажувањето од верата во Исус ќе може да им биде можност да добијат дар – вечен живот во Царството Небесно и статус на ко-владетели, заедно со Него над сето она што Тој го Создал:


Матеј 24:21 „Зашто тогаш ќе биде голема мака, каква не била од создавањето на светот досега, ниту ќе биде

Даниел 12:1 „Тоа ќе биде време на страдање какво немаше откако се луѓето па до тоа време. Во тоа време ќе се спаси твојот народ - сите кои ќе се најдат запишани во Книгата.“

 Јован 12:25 Кој го љуби својот живот, ќе го изгуби, а кој го мрази својот живот на овој свет - ќе го запази за вечен живот.

Марко 8:35
Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене и Евангелието, ќе ја спаси.

Откровение 20:4  И видов престоли; и на оние, кои седеа на нив, им беше дадено да судат; и душите, чии глави беа исечени заради сведоштвото за Исуса и за Божјото слово, кои не му се поклонија на Ѕверот ни на неговиот лик, и кои не ја примија ознаката на своето чело и на својата рака; тие оживеаја и царуваа со Христа илјада години.

Откровение 21: 22-27
А храм не видов во него; зашто негов храм е Господ Бог - Сèмоќниот, и Јагнето. И на градот не му е потребно сонцето, ниту месечината, за да му светат, зашто Божјата слава го осветлува, а Јагнето му е светилник. И народите на оние кои се спасени ќе одат во неговата светлина, и земните цареви ќе ја донесат својата слава во него. И нејзините порти нема да се затвораат дење, зашто не ќе има ноќ таму. И славата и честа на народите ќе бидат донесени во него.  И во него нема да влезе ништо нечисто, ни оној, кој прави нешто гнасно и лажно, туку само оние, кои се запишани во Јагнетовата книга на животот.








ДЕЛ 1. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН? 

ДОКТРИНАРНИ СЛИЧНОСТИ ПОМЕЃУ ХРИСТИЈАНСТВОТО И ИСЛАМОТ


ДЕЛ 2. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН? 
ИСЛАМОТ И ТЕРОРИЗМОТ – ПОЗАДИНА ЗАД ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ  
http://saviorjesusfirst.blogspot.mk/2016/09/2.html


ДЕЛ 4. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН?
ШТО  БИБЛИЈАТА ИМА ДА КАЖЕ ЗА СТАТУСОТ НА ЖЕНАТА ОД ВЕРСКИ АСПЕКТ
http://saviorjesusfirst.blogspot.mk/2016/12/4_20.html

ДЕЛ 5. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН  

НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК  - КОЈ Е ВИСТИНСКИ БОГ? БОГОТ НА ХРИСТИЈАНИТЕ ИЛИ БОГОТ НА МУСЛИМАНИТЕ?



Tags: Hristijanstvo ili Islam, Isus ili Muhamed, Biblija ili Kuran, Isus od Biblijata ili Isus od Kuranot, Apokalipsa, doktrinarni slicnosti I razliki pomegu Hristijanstvoto I Islamot, Islamot I terorizmot, pozadina zad teroristickite napadi, zenata vo Hristijanstvoto I Islamot, Koj e vistinski bog – Bogot na Hristijanite ili bogot na Muslimanite...

Линк до Куранот на Македонски јазик:  
http://kuran-na-makedonski.net/

Линк до Библијата на Македонски јазик: 
http://www.obohu.cz/bible/index.php?k=Mt&kap=1&styl=MAC

Friday, September 16, 2016

ДЕЛ 2. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН?




ИСЛАМОТ И ТЕРОРИЗМОТ – ПОЗАДИНА ЗАД ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ

Ова е втор дел од серијата написи за сличностите и разликите помеѓу Христијанството и Исламот, според следниот редослед:
1)     Доктринарни сличности и разлики помеѓу Христијанството и Исламот
2)     Исламот и тероризмот - позадина зад терористичките напади
3)    Жената во Христијанството и Исламот
4)  Наместо заклучок  - Кој е вистински бог? Богот на Христијаните или богот на Муслиманите?

Во овој втор дел, сакам да ви зборувам за позадината на терористичките напади.

Се сеќавате ли на терористот Булел, кој со камион се залетал во толпа народ во Ница и усмртил над 80 лица и уште поголем број повредил?  Истрагата утврдила дека Мухамед Лахуаиеј Булел бил Муслиман, Тунижанец, кој живеел во Франција. Откога - неочекувано за сите - станал радикален Исламист, Булел се втурнал со камионот во толпа народ – мажи, жени и деца, кои се собирале да го проследат огнометот по повод националниот празник Денот на падот на Бастилја – 14-ти јули. Откога биле испрашани членовите од неговото семејство, пријателите и колегите од работа, полицијата утврдила дека тој не се молел, не постел, јадел свинско, пиел алкохол и правел многу други световни работи, што еден вистински посветен Муслиман не би ги правел. Полицијата немала поим како тој одеднаш станал толку радикален Исламист...
Булел е еден од бројните терористи, кои извеле самоубиствени терористички напади насекаде низ светот, за кои има нешто, што на сите им е заедничко: сите тие живееле крајно неисламски стил на живеење, - т.е. биле т.н.р. „лоши Муслимани“.
Па затоа, ајде да разгледаме што заедничко има помеѓу Исламот, лошите Муслимани и тероризмот. Пред да почнам - да се разбереме, - јас не сум Исламофоб, не повикувам на верска нетолеранција и омраза кон Муслиманите! Напротив, сакам да им се случи најдоброто на овие луѓе – да ја запознаат вистината и да се ослободат од робувањето на заблудата! Заблуда која ги води да вршат крвопролевање, масакрирање и живот во постојан страв – дали се доволно добри во очите на крвожедниот Алах за да си обезбедат влез во Рајот... И воедно да се открие заблудата која тие ја шират кон другите луѓе и други вери, тврдејќи дека Исламот е Религија на мирот!
А своите гледишта за Исламот ги градам од Христијанска перспектива, што ми е одобрено и и од аспект на Куранот, во кој пишува:

Сура 5:68
Кажи: „О следбеници на Книгата, вие не сте ништо додека не се придржувате кон Теврат (Стар Завет) и кон Инџил (Нов Завет) и кон она што ви е објавено од Господарот ваш.“ Она што е објавено од Господарот твој ќе го засили сигурно, кај многу од нив, насилството и неверувањето, но, тогаш, не задавај си грижа за народот невернички!
Сура 5:47
И следбениците на Инџил нека судат според она што го објави Аллах во него. Оние кои не судат според она што го објави Аллах - та, расипани се!

Па, така, - еве го објаснувањето за позадината на терористичките акти, вршени од навидум сосема „нормални“ и обични Муслимани, кои одненадеж се радикализирале до степен да убиваат луѓе, без око да им трепне. Воедно, ќе ви стане и јасно, зошто треба да се очекува дека терористичките напади нема да стивнат, туку уште повеќе ќе земат замав!

Булел и останатите терористи во Франција, биле луѓе кои живееле како и останатите луѓе околу нив, кои не посветувале внимание на верата во Бог...Иако знаеле дека Алах тоа не го дозволува, тие продолжиле со водењето грешен живот, свесни дека заради тоа нема да им биде дозволено да влезат во Рајот. Бидејќи не сакале да навлезат малку подлабоко во истражувањето, како еден грешен човек може да се справи со последиците од својот грев, и повторно да се помири со Бог, т.е. не се обиделе да ги прошират своите религиозни видици и да видат што останатите вери, на пример, Христијанството имаат да кажат во тој поглед, а сепак останувајќи лојални на Исламот, тие прибегнале кон единствениот можен излез што им преостанал, а тоа е да ја прифатат понудата на Алах за сигурен влез во Рајот, преку убивање на што е можно поголем број неверници (Евреи и Христијани).
Според Куранот, сите Муслимани ќе поминат извесно време во пеколот заради нивните гревови. По некое време, откога ќе „платат“ за своите гревови, ќе им биде дозволено да одат во Рајот.  Исклучок од ова правило е само за пророкот Мухамед и за сите Муслимани, кои ќе умрат во Џихад (света војна против неверниците, т.е. сите што не го прифаќаат Алах за свој Бог).
Па така, од ова можеме да видиме дека токму оние Муслимани, кои долги години живееле во средина, каде Исламот не е главна религија и кои практикувале ист грешен живот како и останатите луѓе што уживале својот грешен живот - се идните терористи!
На таквите не им преостанува ништо друго, освен да ја прифатат понудата: да ја купат карта во еден правец -  да умрат, убивајќи што повеќе неверници, бидејќи според Куранот, неверниците ќе го земат товарот од нивниот грев, и тие ќе одат во пеколот наместо нив... А самите тие ќе одат директно во Рајот.
Еве ги стиховите од Куранот, кои тоа го потврдуваат:
Целата сура 69 и сура 84:7-12 даваат слика за сметката што Муслиманите ќе треба да ја дадат на Судниот Ден, кога на верниците ќе им се суди врз основа на балансот помеѓу лошите и добрите дела што ги направиле во животот. 
(Поради големината, најдете ги сами на линкот од Куранот на Македонски на интернет: 
http://kuran-na-makedonski.net/)

Куран 19:70-72 - Потоа, Ние, секако, најдобро знаеме за оние од нив кои треба да бидат пржени. Нема никој што таму нема да стигне: кај Господарот твој одлуката за тоа е донесена. Потоа Ние ќе ги одвоиме оние кои беа богобојазливи, а зулумќарите ќе ги оставиме да клечат во огнот.
(Тоа е стихот во Куранот што укажува дека сите Муслимани ќе горат во пеколот.)

Куран 4:95  Не се еднакви верниците кои остануваат дома - освен неспособните - и оние кои се борат на Аллаховиот пат и со имотот свој и со животот свој. Оние кои се борат на Аллаховиот пат, и со имотот свој и со животот свој, Аллах ги одликува со еден степен над оние кои остануваат дома. Аллах на сите им вети награда. Аллах ги одликува со награда голема оние кои се борат над оние кои остануваат дома;
(Овој стих укажува дека Алах ги разликува Муслиманите што седат дома од Муслиманите што одат во Џихад, според честа што ќе им ја укаже на џихадистите.)

Куран 8: 15-16  О верници, кога ќе се справите со оние кои не веруваат, кои доаѓаат во редови, тогаш, не вртете ги плеќите! Оној кој ќе побегне тогаш, освен оној кој привидно бега за да се врати во борба, или кој се придржува на друга дружина, секако, се враќа со лутината Аллахова и Џехеннемот е - престојувалиштето негово! Е, само колку лошо свратилиште е тоа!
(Значи, дури и Муслиманите што ќе одат во војна може да бидат испратени во пеколот, доколку ја занемарат обврската да војуваат и ги убиваат неверниците.)

Куран 9:39  Ако не појдете во борба Он ќе ве казни со казна болна и ќе ве замени со друг народ, а вие во ништо не ќе Му наштетите. Аллах е Кадар за се!
(Ова се зборови на Мухамед упатени на неговите војници кои не сакаат да војуваат доколку одбијат да одат во војна. Значи, не е доволно еден човек да е Муслиман-мора да војува против немуслиманите!)

Куран 3: 169-170  И не сметајте ги за мртви оние кои загинаа на Аллаховиот пат. Но, не! Живи се. Кај Господарот нивни се снабдени, и радосни се со она што им го даде Аллах од добрината Своја и донесуваат радосница за оние кои ќе им се приклучат по нив: Нема да стравуваат и нема да тагуваат.
(Џихадистите одат директно во Рајот, каде што ќе ги чекаат останатите, кои ќе мора најпрвин да се соочат со Судот на Судниот Ден)

Од текстовите во Хадисите:

Муслим  (20:4678) „Врз основа на авторитетот на Џабир, има известување дека тој човек кажа: „Пратенику на Алах, каде ќе се најдам ако бидам убиен?“ Тој му одговори: „Во Рајот“.  Човекот ги фрли урмите што ги држеше во рацете и се бореше се додека не беше убиен (т.е. не можел да почека да ги дојаде урмите, од желба да умре, борејќи се - и што побрзо да стигне во Рајот).

Муслим (20:4649)  Пратеникот на Алах (нека почива во мир) рече: : 'Сите гревови на еден Шахид (маченик) се простени освен долг.

Букхари (52:46)  Го чув апостолот на Алах како вели: "Примерот на муџахединот (борецот во Џихад), а Алах знае најдобро – е како примерот на лице кое пости и се моли постојано. Алах му гарантира на таквиот Муџахедин дека ќе влезе во Рајот доколку е убиен, а ако не биде убиен ќе се врати дома безбедно со неговите награди и воен плен“.

Абу Давуд (14:2515)  Го прашав пророкот (нека почива во мир): Кои се во Рајот? Тој одговори: „Пророците се во Рајот, мачениците се во Рајот“

Заклучок: Според Мухамед, единствениот сигурен пат во Рајот е преку џихадот. Иако Муслиманите ќе се соочат со Бог на Судниот Ден и ќе им биде определено време што треба да го поминат во пеколот (во зависност од тоа што вршеле повеќе, - добри или лоши дела), сепак исклучок ќе има само за џихадистите – оние кои убивале или биле убиени за Алах.
Гледано преку текстовите на Куранот и Хадисите, станува јасно дека Исламското учење се разликува од другите и ја дава целосната претстава за позадината на терористичките напади.
Дека Исламот не е Религија на мирот, како што е прокламирана од оние што ги врбуваат луѓето да се обратат во Муслимани, станува јасно – не само од горе посочените, туку и од други стихови во Куранот.

(Посетете го овој линк на интернет, кој ја обработува оваа тема, на англиски: http://www.thereligionofpeace.com/quran/023-violence.htm)

Всушност, Куранот изобилова со стихови преполни со насилство, а доколку сакате, може да ги проверите преку линкот до Куранот на Македонски на интернет).

 Еве ги заповедите што Алах, преку пророкот Мухамед  им ги дава на верниците:

1. Силувај, жени се и разводувај од пред-пубертетски девојки (педофилија!!). Куран 65: 4
2. Имај робови за секс и робови за работа. Куран 4: 3, 4:24, 5:89, 33:50, 58: 3, 70:30
3. Тепај ги робовите кои ти служат за секс, за работа и своите жени. Куран 04:34
4.  За да се докаже дека си силувал, најди 4 Муслимански сведоци од машки пол. Куран 24:13
5. Убиј ги сите оние кои ќе го навредат Исламот или Мухамед. Куран 33:57
6. Распни ги и исечи им ги рацете/нозете на  немуслиманите. Куран 8:12, 47: 4
7. Убивај немуслимани и гарантирано ќеодиш директно во рајот и ќе добиеш72 девици кои    (сексуално) ќе те опслужуваат во рајот. Куран 9: 111
8. Убиј го секој што ќе го напушти Исламот. Куран 2: 217, 4:89
9.  Сечи им ги главите на немуслиманите. Куран 8:12, 47: 4
10. Убивај и биди убиен за Аллах. Куранот 9: 5
11. Врши терор над немуслиманите. Куран 8:12, 8:60
12. Кради и земај плен од немуслиманите. Куран сура 8 (плен од војна)
13. Лажи за да се зајакне Исламот. Куран 3:28, 16: 106
14. Бори се против немуслиманите, дури и ако не сакаш да војуваш. Куран 2: 216
15. Немуслиманите да не ти бидат пријатели. Куран 5:51
16.  Ќе ги сметаш немуслиманите за свињи и мајмуни. Куран 5:60, 7: 166, 16: 106
17. Третирај ги немуслиманите како да се најодвратен суштества, што не заслужуваат милост.  Куран 98: 6
18. Положи свечена заклетва дека ќе ги третираш немуслиманите како непријатели  Куран 4: 101
19. Убиј ги немуслиманите што нема да се обратат кон Исламот. Куран 9:29
20. Изнудувај пари од немуслиманите  за да Исламот се одржува силен. Куранот 9:29.

ДАЛИ ОВА ВИ ИЗГЛЕДА КАКО  РЕЛИГИЈА НА МИРОТ!!! НЕ, СЕКАКО!

Но, Исламот навистина се ширел во светот, токму преку тој слоган „Исламот е религија на мирот“! Се прашувате како тоа им успевало? Еве го одговорот и на тоа прашање:
Исламот се ширел во светот низ следните три фази:
  1. Прикриен Ислам – карактеристичен за средина во која Исламот воопшто не бил развиен и каде што требало допрва да се рашири.
  2. Дефанзивен Ислам - карактеристичен за средина во која имало население со мешовити религии и каде што на Муслиманите им се советува да се борат доколку некој се дрзне да ги нападне или навреди.
  3. Офанзивен Ислам - карактеристичен за средина во која Исламот е доминантна религија и каде што се наредува истребување на сите што се неверници (немуслимани).

Еве ги цитатите од сурите во Куранот и извадоци од Хадисите, кои ова го потврдуваат:

1)    ФАЗА НА ПРИКРИЕН ИСЛАМ

Куран 2:256
Во верата нема насилство зашто патот вистински јасно се одделува од беспаќето. Оној кој не верува во Тагут, а верува во Аллах веќе го дофатил најцврстото јаже во кое нема искинатина. Аллах е Слушач и Зналец!

Куран 109: 1-6
Кажи: „О неверници! Јас не го обожавам она што вие го обожавате, а вие не го обожавате она што јас го обожавам, а и јас не го обожавам она што вие го обожавате, а вие не го обожавате она што јас го обожавам. Вам - верата ваша, а мене - верата моја!“

Куран 3:28 Верниците не ги земаат неверниците за заштитници, наместо верниците. Сторителот на тоа нема ништо кај Аллах. Направете го тоа само ако се плашите од нив. Аллах ве опоменува за Себе и свратилиштето е кон Него.

Од Хадисите:

At-Tabari  дел 6. Стр. 95 Абу Талиб сведочи, кога шеиците и благородниците дошле за да војуваат со Мухамед, затоа што не ги почитувал нивните богови,Мухамед рекол: „Зар да не им откријам на нив нешто што е подобро од нивните богови?“

At-Tabari  дел 6. Стр. 93, кога Мухамед зборувал пред луѓето за својата вера, тие молчеле и слушале се додека не почнал да зборува лошо за нивните богови, - тогаш станале непријателски расположени и се соединиле во непријателство кон него, освен оние кои Алах ги задржал да не грешат..
At-Tabari  Стр. 101 „Не сме виделе вакво нешто, како ова што го доживуваме од овој човек. Тој ги отфрли нашите традиционални вредности, ги злоупотреби нашите предци, ја отфрли нашата религија, направи делба меѓу нас и ни ги навреди боговите. Многу се измачивме од него“.
Ибн Катир: „Во овој случај, таквите верници треба да покажат пријателство однадвор, но никогаш и од срце“
Абу Дарда: „Им се смееме во лицата на некои луѓе, иако од внатре (од срце) ги проколнуваме“.

2)    ФАЗА НА ОДБРАМБЕН ИСЛАМ
Куран 22: 39,40: 
Дадено им е секакво овластување на оние кои се убиваат, зашто врз нив зулум се прави. Аллах, навистина, е Кадар да им помогне; оние кои се истеруваат од огништата нивни бесправно, затоа што зборуваа: „Господарот наш е Аллах.“ Кога Аллах не би ги спречувал луѓето еднисодруги ќе беа срушени манастирите, и црквите, и синагогите и џамиите во кои многу се споменува името Аллахово. И Аллах сигурно не ќе му помогне на оној кој не го помага Аллаха. Аллах, навистина, е Моќен и Силен!

Куран 2:217
Те прашуваат за светиот месец и борбите во него. Кажи: „Борбата во него е голем грев! Одвраќањето од Аллаховиот пат, неверувањето во Него и протерувањето на жителите од Месџидул-Харам... кај Аллах е поголем грев. Сплеткарењето е поголем грев од убиството! Ако се оние во можност ќе се трудат да ве одвратат од верата ваша, и не престануваат да ве убиваат се додека, ако се во можност, не ве одвратат од верата ваша. А оној од вас кој ќе се оддалечи од својата вера - нека биде усмртен! Тој е неверник. Делата нивни се безвредни и на овој свет и на Ахирет. Оние се жители на огнот и во него за навек ќе останат


3)    ФАЗА НА ОФАНЗИВЕН ИСЛАМ

Куран 4:74
Па, нека се борат на Аллаховиот пат оние кои го продаваат овој свет за Ахирет. А на оној кој се бори на Аллаховиот пат, било да загине било да победи, Ние ќе му дадеме награда голема!
Куран 8:39
И борете се против нив се додека го снема сплеткарењето и додека верата Аллахова не биде присутна. А ако престанат... та, Аллах го гледа она што го работат,

Куран 9:73
О пејгамберу, бори се против неверниците и дволичните, и биди строг кон нив! Џехеннемот е престојувалиште нивно. Е, само колку лошо свратилиште е тоа!

Куран 9:111
Да, Аллах ги купи од верниците и животите нивни и имотот нивни: за нив има Џеннет; се борат на Аллаховиот пат, убиваат на него и бидуваат убивани. Ова е вистинското ветување Негово и во Теврат и во Инџил и во Кур'ан. И кој го исполнува ветувањето негово како што тоа го прави Аллах? Зарадувајте се со трговијата ваша со која, всушност, работете. Ете, тоа е победа голема!

Куран 9:123 О верници, борете се против неверниците кои се околу вас, и нека при вас најдат тврдост. И знајте дека Аллах, навистина, е со богобојазливите!

Куран 9:29 Борете се против оние кои не веруваат во Аллах и во Денот ахиретски и кои не го забрануваат она што го забранија Аллах и пејгамберот Негов, и кои не ја застапуваат вистинската вера на оние на кои им е дадена Книгата се додека не дадат џизија со рацете, потчинето!

Во Сахих ал Букхари 6924 Мухамед вели: „Наредено ми е да се борам со луѓето се додека не кажат никој не треба да е обожаван освен Алах, и кој ќе го каже тоа, на него Аллах ке му го заштити имотот и животот од мене“.

Во Сахих Муслим 4366 Мухамед вели:„Ќе ги избркам Евреите и Христијаните од Арабискиот полуостров и нема да оставам никого, освен Муслимани“.

Дали после сево ова ви станува јасно зошто има толкуголем број на терористички самоубистевни напади извршувани од Муслиманите? И дали ви станува јасно, дека оние кои тоа го прават не се припадници на некаква терористичка секта во рамките на Исламот, туку вистински верници!
За жал, тоа се измамени и лажно индоктринирани луѓе од нивните имами, и тоа веќе 1400 години!!!

Ние, кои сме Христијани, знаеме дека ова е нешто што мора да се случи пред Второто Доаѓање на Исус Христос – особено непосредно во времето кога човечката цивилизација ќе се најде на самиот крај од постоење, во тнр. „Последни Времиња“... Прогонот на Христијаните, заедно со останатите „знаци“ за крајот на светот и Доаѓањето на Исус – се многу јасно портретирани во Евангелијата по Матеј (24 глава), Марко (13 глава) и Лука (21 глава), како и во писмата (посланијата) на апостолите. Едно од нив е и 2 послание на апостолот Павле до Тимотеј (3: 1-5 и 4: 3-4), во кое тој вака ја претскажува состојбата во светот, пред самиот крај:

2 Тимотеј 3: 1-5

1А ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња,2зашто луѓето ќе бидат саможиви, среброљупци, самофалци, горделиви, хулители; непокорни на родителите, неблагодарни, несвети;3без природна љубов, непомирливи, клеветници, невоздржани, жестоки, непријатели на доброто,4предавници, избувливи, надуени, повеќе сластољубиви, а не богољубиви, 5кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила; отстранувај се и од нив!

2 Тимотеј 4: 3-4
3Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители,за да им ги скокоткаат ушите,4 и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки.


Муслиманите, кои не го читаат Куранот, а своите гледишта ги градат врз основа на тоа што нивните имами им сервираат, навистина веруваат во лагата дека Исламот е религија на мирот... Дури и ги „проголтуваат“ и стиховите од Куранот, кои наводно сведочат дека тоа е навистина религија на мирот, мислејќи притоа на сура 5 од Куранот (стихови 32,33)... Но, ајде да видиме што навистина кажуваат овие стихови.

Куран 5:32,33
32. И заради тоа Ние им пропишавме на синовите Израилови дека, секако, оној кој ќе убие еден човек, кој не убил никого и кој не прави безредие по земјата... како да ги убил сите луѓе, а оној кој ќе спаси еден човек... како да ги спасил сите луѓе. Пејгамберите Наши им доаѓаа со јаснотии, и голем број од нив, по тоа, на земјата со испадите претеруваа. 
33. Казната за оние кои војуваат против Аллах и против пејгамберот Негов и кои настојуваат на земјата да прават безредие е: да се убијат или да се распнат или да им се исечат и рацете нивни и нозете нивни накрсно или да се истераат од земјата. Ете, тоа е казната нивна на овој свет. А за нив на Ахирет има казна голема,

Две работи се битни да се споменат за овие стихови.
Прво, учењето дека секој кој ќе убие човек, како да ги убил сите луѓе, а тој што спасил еден, како да ги спасил сите луѓе на светот им е дадено на „синовите Израилеви“ а не на Муслиманите.
Второ, доколку и некои од немилитантните Муслимани би сакале да го применат тој стих од Куранот како да се однесува за нив, сепак ќе се соочат со стихот 33, кој им порачува да ги убијат луѓето, кои шират „безредие по земјата“. Овој стих им наредува на Муслиманите да ги убиваат, распнат и да ги осакатуваат луѓето кои се спротиставуваат на Исламот и со тоа прават безредие.

Значи, видовме дека Куранот содржи и стихови кои прават тој да изгледа мирољубив (2:256 – „Во верата нема присилба“ и 109:6 „вам верата ваша, а мене верата моја“) и безброј други сстихови, кои повикуваат на убивање, крвопролевање, сакатење, уценување, изнудување пари, кои се однесуваат на „неверниците, кои прават безредие“ (Евреи, Христијани).
Па – како тогаш може да се интерпретира најдобро  Куранот? Еве го одговорот, кој го дава самиот Куран: Со примена на методот на аброгација, т.е. потиснување на важноста (прогласување за неважечки) на едни со други стихови од Куранот:

Куран 2: 106
Ниеден ајет Ние не го поништуваме а ниту, пак, забораваме а подобар или сличен на него да не донесеме. Не знаеш ли дека Аллах, навистина, е Кадар за се?
Куран 16:101
И кога Ние еден ајет ќе замениме со друг... па, Аллах најдобро знае за она што се објавува! Зборуваат: „Ти си, навистина, лашко! „Но, мнозинството меѓу нив не знаат.

Од ова гледаме дека кога Муслиманите ќе се соочат со стихови (ајети) од Куранот кои се очигледно контрадикторни, тие не можат едноставно да одберат она што на нив им се допаѓа, туку треба да се задлабочат во историјата и да видат кој стих му бил откриен на Мухамед подоцна. Оној стих кој е објавен подоцна, тој ги заменува претходните откровенија.

Кога ќе се навратиме во Исламските теолошки извори и историски написи (Куран, Хадиси, Сури и Тафсир) ќе ни биде јасно дека се потврдува она што е претходно кажано, а тоа е дека Исламот се развивал и ширел низ светот преку трите стадиуми (прикриен, дефанзивен и офанзивен).

Заклучок: Повикот на ЏИХАД е обврска на секој Муслиман и е единствен излез за еден Муслиман да ја избегне казната за своите гревови, -  горењето во пеколот!


Да се биде Муслиман после проголтувањето на сите овие стихови, кои упатуваат на крвопролевање - навистина значи да се изврши интелектуално убиство!

Драги мои – вие кои го читате овој мој напис – веројатно припаѓање на една од следниве 3 групи на луѓе: 1) Христијани, 2) Муслимани 3) останати – атеисти, Њу Ејџери, припадници на некои други религии...
Па еве ја мојата порака до вас:

Ако сте Христијани, - радувајте се – бидејќи вашата вера е вера во Еден Прекрасен Бог, Бог Љубов, Кој направи СЕ' што беше во Негова можност за да биде премостен јазот меѓу Него и отпаднатото човештво! И не бидете себични, туку споделете ги овие информации со вашите членови на семејство, соседи, пријатели, колеги, познаници!
Должни сте да им ја објавите ВИСТИНАТА И ТАА ДА ГИ ОСЛОБОДИ! (Јован 8:32)

Ако сте Муслимани – покајте се веднаш за сите свои гревови и замолете го Богот на Аврам, Исак и Јаков, да ви се Открие! Замолете го да ви каже КОЈ е последниот пророк, дали е возможно да Има Син, кој е вистинскиот Пат?  Барајте пријатели! Бог Вети дека ќе им се открие на сите, па дури и на тие кои не го барале и повикувале Неговото Име! И спасете се!!
Спасот е толку едноставен! Треба да поверувате дека Исус е Божјиот Син, Кој Дојде во светот да ги преземе во Своето Чисто и Свето Тело гревовите на светот, и Кој на третиот ден по распнувањето Воскресна, така што сите што ќе поверуваат во Неговиот вистински идентитет (дека е Спасител и Син Божји) да не умрат, туклу да имаат вечен живот! Ох, да, ќе мора тоа и јасно и гласно да ја објавите својата вера во Христа, па макар и да се соочите со смрт! (Па нели и така сте индоктринирани и измамени дека треба да умрете за Бог? Со овој чин барем умрете како некој што е Христов маченик, затоа што поверувал во Неговиот вистински идентитет – и ќе си обезбедите вечен живот).

Ако сте нешто друго – атеист, припадник на друга религија... резонирајте многу внимателно! Се’ што гледаме наоколу, буквално СЕ’ – упатува на тоа дека постои Интелигентен Творец! И не е тешко да Го најдеме и да го разбереме; Тој Вети дека се што ќе побараме со вера ќе ни даде! Ако прашаме – ќе ни Одговори! Ако тропнеме на Неговата Врата, ќе ни Отвори! Па прашајте Го – одговорот сигурно ќе дојде! Ако имате други верувања, знајте дека ниту една религија нема Бог, Кој толку Го Засакал светот, што Го Дал Своето Најмило, да Умре наместо грешните луѓе! Ниту една религија не дава со сигурност насока, како сигурно да се дојде до бог.
Исус е Патот, Вистината и Животот! Никој не доаѓа кај Бога, освен преку Него! Никој не може да посредува помеѓу нас грешните луѓе и Светиот Бог, освен Исус Христос, Кој беше 100% Бог и 100% Човек, истовремено!


Еремија 33:3
2„Вака зборува Господ, Кој ја создаде земјата, ја вообличи и ја зацврсти - Името Му е Господ!3‘Повикај Ме, и ќе ти одговорам и ќе ти откријам големи и недостижни тајни за кои што не знаеш ништо

Матеј 7:7
7”Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори.

Исаија 65:1
„Ме побараа, кои не прашуваа за Мене, Ме најдоа, кои не Ме бараа; му реков: ‘Еве Ме! Еве Ме!’ на народ, кој не го повикуваше Моето Име.

Римјаните 10:20
А Исаија пак се осмелува да рече: „Ме најдоа оние, кои не Ме бараа, и им се јавив на оние, кои не прашуваа за Мене.”

Јован 3:16-18
16Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.17Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.18Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.

Јован 8:12
12Исус пак прозбори натаму, велејќи: „Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот.”

Јован 14:6
6Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.

Дела апостолски 4:12
12Нема спасение ниту во еден друг, ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме.”

1 Тимотеј 2:5
5Зашто Бог е Еден , и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус!


Јован 8:32

Ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи!


Јован 12:25 
Кој го љуби својот живот, ќе го изгуби, а кој го мрази својот живот на овој свет - ќе го запази за вечен живот.

Римјаните 10:8-10
8 Но што зборува таа: „Словото е близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце,” односно, словото на верата, која ја проповедаме.9Зашто, ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен.10Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение.




ДЕЛ 1. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН? 

ДОКТРИНАРНИ СЛИЧНОСТИ ПОМЕЃУ ХРИСТИЈАНСТВОТО И ИСЛАМОТ)

http://saviorjesusfirst.blogspot.mk/2016/08/1.html


ДЕЛ 3. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН?
ШТО  КУРАНОТ ИМА ДА КАЖЕ ЗА СТАТУСОТ НА ЖЕНАТА ОД ВЕРСКИ АСПЕКТ?
http://saviorjesusfirst.blogspot.mk/2016/11/3.html

ДЕЛ 4. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН?
ШТО  БИБЛИЈАТА ИМА ДА КАЖЕ ЗА СТАТУСОТ НА ЖЕНАТА ОД ВЕРСКИ АСПЕКТ?
http://saviorjesusfirst.blogspot.mk/2016/12/4_20.html


ДЕЛ 5. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН?
НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК  - КОЈ Е ВИСТИНСКИ БОГ? БОГОТ НА ХРИСТИЈАНИТЕ ИЛИ БОГОТ НА МУСЛИМАНИТЕ?

http://saviorjesusfirst.blogspot.mk/2017/01/5.html



Tags: Hristijanstvo ili Islam, Isus ili Muhamed, Biblija ili Kuran, Isus od Biblijata ili Isus od Kuranot, Apokalipsa, doktrinarni slicnosti I razliki pomegu Hristijanstvoto I Islamot, Islamot I terorizmot, pozadina zad teroristickite napadi, zenata vo Hristijanstvoto I Islamot, Koj e vistinski bog – Bogot na Hristijanite ili bogot na Muslimanite...

Линк до Библијата на Македонски јазик:



Линк до Куранот на Македонски јазик: