Wednesday, April 16, 2014

ВО ЧЕСТ НА ИСУС И ХРИСТИЈАНСКИОТ ПРАЗНИК ВЕЛИГДЕН!

ПОСВЕТЕНО НА ИСУС, Нашиот Господ и Спасител, во чест на предстојниот Христијански Празник Велигден!

Тој Умре со мачна смрт за целото човештво, за да го Исполни ветувањето на целото човештво, да го Победи Неговиот непријател,  да ги ослободи заробениците, да се Покаже Себе си’ Велик во целата вселена, да ја Покаже Својата Љубезност, Неговата Љубов, Неговата Верна Радикална Љубов. Тој Даде буквално СЕ’ за нас луѓето, што е навистина неверојатна работа! Тој Искрвари до смрт заради нас, Неговата Крв беше пролеана и дадена за нас, во понизна покорност од Оној, Кој е Великиот Цар на целата вселена.
Тој го Остави Својот Дом на Небесните Височини, се Спушти Себе си’ преку големиот чин на покорност, земајќи форма на човек, за да ја покаже Неговата Голема Љубов кон своите Созданија, за да го Демонстрира Срцето на Бога кон оние, кои ќе Го примат, сите оние кои живееле низ вековите, и за да ги Привлече кон Себе сите оние, на кои им треба Спасител. Тоа беше величината на Неговата Љубов - Љубов која не може да биде Измерена...
Неговата Љубов е Поплава, Потоп, Моќна Сила. Неговата Љубов ќе ја искусат сите оние, кои ќе Му предадат се’ свое, и кои ќе бидат променети од Љубовта што ќе Протече за нив. Таа Љубов нема крај. Таа никогаш не престанува, никогаш не се намалува. Таа е Цврста, Жестока, Моќен Бран; Љубов, која не може да се најде никаде на друго место, иако луѓето постојано се обидуваат да најдат замена за Неа. Луѓето од светот наидуваат на нешто што личи на љубов, што кратко време гори, а потоа згаснува како јаглен, бидејќи овој свет не нуди Вистинска Љубов, Љубов која е Отпорна, Бескомпромисна, Непроменлива, Бесмртна, Која е Вечен Пламен. Таква е Неговата Љубов. Само Тој е Љубов, а сите други се само бледа копија од тоа што е Тој; Љубовта, која е Создадена од Срцето на Бога е копирана од паднатиот свет, но таа  копија на крајот секогаш изневерува, бидејќи не доаѓа од Љубовта на Творецот, кој е Вистинскиот Извор на Вечна Љубов.

Исус е Тој, Кој е Љубов. Неговото Слово е Љубов. Неговата Жртва е Вечна Љубов, највеличествена Демонстрација на  Љубовта.
Па ајде тогаш сите да живееме во Таа Љубов, да се опкружиме со убавината на Неговата Љубов, да ги научиме и применуваме Неговите начини за демонстрирање на љубовта и сакањето: да ги сакаме другите, да им простуваме и да живееме во мир со Нашиот Бог.
Тој ја Има Љубовта, која ние не можеме да ја разбереме. Тоа е Вечната Љубов во Неговото предстојно Царство на Љубовта.

Ајде да не се лишиме од Неговата Вечна Љубов, од задоволствата што ќе ни ги Пружи Неговата Десница, од Светоста, Чистотата, богатствата што ни се натрупани, од Вечната Љубов и дружење со Нашиот Бог. Ајде да  искусиме целост, убавина, простување, мир. Тој, Исус е Вечниот Извор на се’ она, по што луѓето отсекогаш копнеат во нивните празни срца – полни со копнеж, но постојано незадоволени, бидејќи не Го бараат Него, Својот Бог,  Изворот на Љубовта, Изворот на сета Вистина.
Ајде да се стопиме во Неговите Раце, бидејќи Нему може да Му се верува. Тој Дава Безбедност. Никому не Прави зло... Тој ги Лекува скршените срца. Тој ги Запечатува раните од  тешкотиите во минатото. Тој е Татко на сираците, Сопруг на вдовиците, Исцелител на оние кои крварат, Пастир на изгубените, Утешител на уморните. Тој е Вид за слепите, Сила на слабите, Пријател на осамените, Спасение на грешниците.

Никогаш нема да најдеме поголема љубов од Неговата. Не постои, иако луѓето се постојано во потрага по таква љубов, која ќе биде замена на Неговата.  ИСУС Е ЉУБОВТА. Каде на друго место може да се најде вистинска љубов? Многумина се лишуваат  од Неговата Голема Љубов. Ќе го потрошат целиот свој живот и пак нема да го најдат тесниот Пат до Неговата Голема, Широка и Бескрајна Љубов. Оние другите пак, кои го откриваат овој тесен пат, - никогаш нема да умрат!

Таков е Нашиот Исус... ВЕЧНА ЉУБОВ, ПАТОТ, ВИСТИНАТА, СВЕТЛИНАТА И ЖИВОТОТ!

Лука 4:18,19
18 ”Господовиот Дух е на Мене, зашто Ме помаза и Ме испрати да им проповедам на бедните; да ги исцелам скрушените по срце,
19 да им навестам на заробениците, дека ќе бидат пуштени, на слепите дека ќе прогледаат; да ги пуштам на слобода напатените; и да ја навестам благопријатната Господова година.”
Јован 10:17
17 Таткото Ме љуби затоа, што Јас го давам Својот живот, за да го земам пак.
1 Јованово: 4:8 А кој не љуби, не Го познава Бога, зашто Бог е љубов.
4:16 И ние ја запознавме и верувавме во љубовта, која Бог ја има кон нас. Бог е љубов: и кој останува во љубовта, останува во Бога и Бог останува во него.
Псалм 16:11
11 Ќе ми го покажеш патот на животот, во Твоето присуство има полнота на радоста, десно од Тебе - вечно блаженство.
Псалм: 36:9 Во Тебе е изворот на животот, со Твојата светлина ние ја гледаме светлината.
Матеј 7:14
14 Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.”

Јован: 8:12 Исус пак прозбори натаму, велејќи: „Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот.”

http://www.youtube.com/watch?v=KJkmWq6KFm0    

http://www.end-times-prophecy.com/home.html

https://www.facebook.com/groups/EndTimesProphecy/


Image result for Crown of thorns and 3 bloodyspikes