Wednesday, August 13, 2014

ПРОРОЧКИ СЛОВА ДО ЦРКВАТА УПАТЕНИ ПРЕКУ ГВЕНДОЛЕН СОНГ


16.06.2018
МОЛЕТЕ СЕ И СЛАВЕТЕ МЕ ВО МИРОТ НА УТРИНСКИТЕ ЧАСОВИ!
Ве возљубив Мои прекрасни деца! Јас дадов се Мое за вас! Пострадав неизмерно за сите гревови на човештвото, и сè уште срцето што Јас го Имам за вас не гледам дека го имате и вие (за Мене и другите). Посакувам сите Мои свети деца да започнете да постите и да се молите за изгубените. Да започнете да го посветувате времето што ви го доделив на молитва за болните и обесхрабрените. Јас дадов сè Мое! Зарем нема и вие да го дадете вашето? Започнете со тоа што ќе го поставите вашиот аларм еден час порано за да станете и да се молите за состојбите во светот. Молете се за вашите ближни кои се движат кон пеколот. Молете се за корумпираните политичари и нивните семејства! Молете се за неродените деца, за да им биде дадена можност! Само молете, молете, молете и славете Ме во мирот на утринските часови. Молете, молете, молете и кога не ќе можете повеќе да се сетите за кого да се молите, молете се за Синот Човечки, Кој ја има најтешката задача. Јас треба да го донесам судот над Моите посебни созданија и тоа нема да биде лесна задача. На ист начин како што се молите за изгубените, молете се за да Бидам способен да издржам до крајдодека ги гледам Моите деца како извикуваат во солзи кон Бог за милост. Ве направив според Сопствениот лик и ви го дадов Моето срце! Посакувам никој да не загине, туку сите да имаат вечен живот!
 Издржете до крајот со Мене! Никогаш не откажувајте се од битката!
Царот Jeshua

„Та преку вера да се всели Христос во вашите срца; да бидете вкоренети и засновани во љубовт та преку вера да се всели Христос во вашите срца; да бидете вкоренети и засновани во љубовта“ (Ефесјаните 3:17)


Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.“ (Јован 3:16,17)


https://www.facebook.com/Isaiah6019/posts/1887048088022965



.................................................................................................................................................

ПОРАКА ДО МЛАКАТА ЦРКВА

10.08.2014
Ова подолу е најсериозната Порака од Господ Исус Христос да млаката Црква  од целиот свет. Господ ги Издиктира овие Зборови на една Негова слугинка, во април 2014 година; Господ ми Даде конкретни упатства денес, на 10 август 2014 година, да помогнам во дистрибуцијата на оваа најсериозна Порака, бидејќи е нагласена неопходноста од нејзината масовна дистрибуција. Значи, ова е Сеопшта Порака, која Господ ја има Дадено на Неговата слугинка и Господ Бара таа да допре до многу луѓе, во што е можно пократок временски период.

Господ со текот на времето, Разговараше со мене и ми ја Откри истата порака во различни околности (посети на Господ), така што таа многу добро се совпаѓа со тоа што Господ Лично мене ми го Откри. Тоа е порака за настаните, кои само што не се случиле на планетата Земја и нејзините жители, со тоа што некои настани, веќе се случуваат во овој момент во времето.

Нека Господ ве Благослови и Води, додека ја читате Пораката:



ПИСМО ОД ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС ДО МЛАКАТА ЦРКВА:

Деца Мои,

Ова е Вашиот Господ и Спасител Исус Христос. Јас Сум Оној, Кого вие Го поканивте во вашите срца во еден или друг момент во текот на вашиот живот. Деца, она со што сега,  во моментов се соочувате е токму она што е напишано во Моето Свето Слово. Ова се породилните болки пред Доаѓањето на Единствениот Вистински Месија, Исус Христос. Јас Сум Спасителот на целиот свет. Јас ве Создадов и Ве Повикувам целосно да Ми се предадете, со цел да ги избегнете неволјите што ќе настанат во последната фаза од „породилните болки при Моето Раѓање“.
 Мојот Татко Ми Наложи да Бидам што е можно Помилостив кон Моите деца, со цел да им Овозможам да влезат во Моето Небесно Живеалиште, а тоа е и целта на ова писмо.
Ова се Моите Последни Инструкции кон Мојата Црква од ова време, како што се запишани од страна на Мојата записничарка Gwendolen. Јас í Овозможив на Мојата ќерка да помине низ процес на прочистување во текот на изминатите неколку месеци, со цел таа да е оспособена да заврши многу задачи за Мене. Ова е една од најважните задачи во нејзиниот живот, -  да го напише ова писмо од Нејзиниот Спасител до Црквата, која ќе биде оставена.

Таа секојдневно има долги разговори со Мене. Таа слуша со Моите Уши, а Јас ги Користам нејзините, бидејќи таа ја научи уметноста на слушање на Гласот на Нејзиниот Спасител. Не сите од Моите деца се во можност да го слушаат Мојот глас, како што што Јас тоа Го Планирав за нив, бидејќи за тоа се потребни бројни подготовки. Јас ја Користам Мојата пророчица Gwendolen како Мој „Сад (за чесна употреба)“, бидејќи  таа беше во состојба и по неколку часа да седи пред Моите Нозе, во текот на изминатите неколку месеци за да научи како да го чуе Мојот Глас. Сакам сите Мои деца да ја научат уметноста да го Слушаат Мојот Глас, бидејќи од тоа ќе зависи вашиот опстанок во деновите што следат.

Скапоцени Мои деца, зарем не сте свесни дека Јас Сум Кралот? Јас Сум Кралот, Кој Седи на Моќниот Престол на Небесата до Мојот Татко, низ кој минува Водата на Животот. Постои огромно количество на вода под Мојот Трон, која ги содржи сите исцелувачки елементи во универзумот. Во Моето Свето Слово таа се споменува често. Оваа вода носи исцелување. Таа носи живот. Таа дури и го исчисти светот по поплавата, во времето на Ное. Јас ја Отворив Портата од Мојот Трон за да се случи потопот, бидејќи не Можев да веќе да го Толерирам злото на човештвото, во тоа време. Јас Ветив дека никогаш нема да го Уништам човештвото повторно со потоп и дури Испратив и Виножито, како Ветување. Сега ќе Донесам оган на земјата и ќе ја исчистам по втор пат. Дали знаете од каде ќе дојде овој оган? Овој оган ќе дојде од портите на Пеколот. Да деца, ќе Направам Моите Созданија, кои Ми го свртија грбот да вкусат од утробата на пеколот, за да í Овозможам на Мојата млака црква да дојде до состојба на целосно покајување. Никогаш во вашиот живот нема да сте во состојба да го доживеете она, што ќе ја снајде земјата.
Деца, сето она што во ова време сите вие го доживувате се само малку „породолни болки“. Се случуваат земјотреси на различни места, има суша на некои од континентите, но ви Велам деца, дека овие работи сигурно ќе се зголемат во деновите пред вас, а силна суша и глад ќе почувствуваат сите луѓе на земјата.
Ќе има огнени топки и метеори, кои ќе паѓаат од небото и непожелни посетители од далечни галаксии. Ова се работи, кои ќе направат Моите деца да се замислат дали се при здрав разум и зошто воопшто одлучиле да ги одвратат своите срца од Нивниот Единстен Вистински Бог. Јас Сум Бог, Кој е Полн со Љубов и не Сакам да Дозволам овие настани да почнат да се случуваат, но во Мојот Очај, за да Спречам поголемиот дел од Моите деца да завршат во јамите на пеколот, Морав да  Дозволам овие работи да се случат, за на тој начин да го Придобијам нивното внимание кон Себе, Нивниот Бог. Доколку Дозволам и понатаму да се случуваат овие одвратни гревови и угнетувањето на слабите и болните, светот навистина ќе излезе надвор од контрола и непријателот ќе ве украде за себе. Јас, од друга страна, Имам план да ги Повикам сите Мои деца во праведност и вистинско покајување. Го Посакувам ова за секого од вас, поединечно. Во следните делови од ова писмо се наведени начините како да ги издржите деновите кои следат, кога непријателот ќе се обиде да ве украде од Вашиот Создател. Јас ќе ви Дадам Совети за тоа, како да го победите непријателот, па дури ако тоа значи и прифаќање на смртта. Знајте деца Мои, дека иако телото е слабо и може да биде победено, духот живее засекогаш. Дозволете Приказна на Моето Страдање да ви помогне да ја обновите силата. Дојдов на земјата, Испратен од Мојот Небесен Отец за да им Овозможам на Моите деца да влезат во Моите Небесни Живеалишта, штом ќе одлучат да Ми ги предадат своите животи.

Една од првите пречки, со кои Моите деца ќе се соочат е гладта во земјата. Ќе има недостиг од храна во масовни размери, така што ќе мора да дојдете до креативни и разумни начини за да преживеете. Всушност, тоа е она, на што непријателот се надева. Деца Мои, се сеќавате ли на приказната во Моето Свето Писмо за синаповото семе? Се сеќавате ли на семето, кое пораснало во разгрането дрво и птиците дошле да се гнездат на неговите гранки? Деца, имаше многу свети мажи и жени, на кои Им Дадов до знаење за Моите планови да ја Земам Мојата црква и тие ги издигнаа нивните синапови семиња кон Мене. Тие добија инструкции да подготват конзервирана храна и вода за нивните браќа и сестри во Христа, кои ќе бидат оставени. На нив, исто така, им беше кажано да засадат семиња. Овие семиња се наоѓаат во земјата и се на натприроден начин негувани за вас и вашите пријатели додека се поучувате повеќе за Мене. Сакам да ви Покажам како верата работи во овие последни денови деца. Сакам да видите дека поради верата на другите, вам ви е овозможена храна за тоа време. Вие навистина треба да бидете благодарни за верата на Невестата. Верата е таа, која им овозможи да бидат земени, а  истата вера вам ќе ви помогне да преживеете! Сега е времето да ја Зголемите вашата верба во Вашиот Крал, О вие Млака цркво! Овозможете í на вашата вера да расте и да биде негувана на секаков натприроден начин.

Следната потенцијална пречка за време на големите неволји ќе биде недостатокот на здрава и чиста вода за пиење. Со загаденоста на водата од разни причини, таа ќе биде најскапоцената стока. Како ќе може да преживеете без вода за пиење? Слушајте Ме деца и Јас ќе ви Кажам. Се сеќавате ли на водите за кои ви Зборував, водите кои протекуваат низ Собата на Мојот Небесен Трон? Тоа е истата Таа Вода што ќе и’ се даде на Мојата Млака Црква, штом целосно ќе Ми се предаде на Мене и Мојот Отец. Деца, се сеќавате ли дека во Мојата Света Книга е запишано дека Јас Сум во можност да Направам многу повеќе од она што вашите срца можат да си замислат? Деца, овој стих се однесува и на задоволување на потребите на остатокот од Моите деца, кои ќе бидат оставени во времето на најголемите неволји. Јас ќе Обезбедам вода за секој од вас, откако ќе  Ги Прегледам вашите срца и се Уверам дека навистина Сакате да живеете за Мене. Ќе постојат посебни оази низ целиот свет, каде што децата од Мојата невеста имаат оставено резерви на храна и вода за Мојата Млака црква. Откако тие резерви ќе се исцрпат, се што е потребно е - да се повикате на Името на Господа за сите ваши потреби и Јас ќе се Погрижам тие да ви бидат обезбедени. Да деца, зарем Јас Сум Бог, Кој Лаже? Зар не го хранев Мојот слуга Илија преку устата на гавраните? Јас ќе се Погрижам Секое од Моите деца да имаат храна и вода за време на најтешките денови пред нив. Јас исто така, ќе се Погрижам да се храните од Моето  Свето Писмо. Јас Сум Патот. Јас Сум Животот. Јас Сум Вистината. Никој не може да дојде при Отецот, освен преку Мене.
Јас ќе Овозможам секое од Моите деца да имаат храна и пијалок. Се што треба да направите е да верувате во Мене и во Оној Кој Ме Испрати -  Отецот. Јас Сум Милозлив Бог и не Сакам било кое од Моите деца да изгладнат до смрт или да станат сериозно дехидрирани. Јас ќе Обезбедам!  Моите Зборови се златни, деца.

Последното нешто, за кое што Сакам да Зборувам во ова писмо е она што треба да го направите, доколку сте заробени од страна на непријателот. Она што всушност го Зборувам се однесува на можноста да бидете  донесени во заробеништво во кампот на ФЕМА (Federal Emergency Management Agency / Федерална Агенција за справување со кризи). Деца Мои,  планот на непријателот е да ве убеди дека мора да дојдете во нивните кампови со цел да преживеете. Ова е лага, бидејќи сега ви е ставено до знаење дака само вашата ВЕРА ВО МЕНЕ може да ве одржува живи. Деца, тие ќе ве донесат во нивните ФЕМА кампови ветувајќи ви храна, вода и засолниште. Јас ви Велам дека постои подобар начин. Најдете Засолниште во Својот Господ и Спасител! Сепак, доколку од некоја причина се најдете себе си и вашите најблиски во овие кампови, Сакам да ви Дадам многу конкретни инструкции. Тие немаат желба вистински да ви помогнат. Нивната желба е да ве обележат со РФИД имплантот. Микрочипот, што е  со големина на зрнце ориз вечно ќе ве оддели од Вашиот Господ и Спасител. Не постои начин да се вратите назад кон Мене, бидејќи вашата духовна ДНК ќе биде засекогаш изменета, за да одговара на ДНКта на непријателот. Неговото име е Луцифер и ова е неговата главна стратегија за напаѓање. Тој ќе ги убеди Моите очајни деца на кои им треба храна, вода и засолниште дека со цел да се вклопат во системот, (Новиот Светски Поредок), ќе им биде потребен овој имплант или микрочип за да соодветствува со новата валута. Тие ќе ви кажат дека нема да бидете во можност да купете или продадете било што без овој уред. Нема да бидете во можност да купите прехрамбени продукти, да побарате медицинска интервенција или помош или да купите било што, неопходно за живот и за да преживеете.

Деца, немојте да подлегнете на лагите за Новиот Светски Поредок. Новиот Светски Поредок го следи ѕверот. Тие се поклонуваат на змејот (сатаната) и на неговиот систем. Тие дури применуваат и вонземјанска технологија која сакаат да ја воведат во овој свет. РФИД е всушност, минијатурен компјутерски чип, кој може да го програма вашиот ум, да го следи  секој ваш потег, па дури и вечно ве ​​оддели од Вашиот Создател. Ова е главната цел на нивниот систем. Ве Молам, слушнете Ме сега деца. Ако завршите во некој од камповите на ФЕМА, не земајте го жигот на ѕверот. Дури и ако ви се заканат со вашиот живот, подобро е да се откажете од вашиот живот, отколку да го земете жигот на вечното проклетство. Јас им имам Испратено многу соништа на Моите деца од целиот свет за опасноста од земањето на овој микро имплант. Слушнете Го Вашиот  Господ и Спасител овој ден, драги деца, НЕ ЗЕМАЈТЕ  ГО ЖИГОТ НА ЅВЕРОТ! НЕ ЗЕМАЈТЕ ГО  ЖИГОТ НА ЅВЕРОТ ИЛИ БИЛО ШТО ДРУГО, ШТО ЛИЧИ НА ЗНАК СТАВЕН ВРЗ ВАШАТА КОЖА, ШТО ИЗГЛЕДА КАКО БАРКОД!



Ова е најтешкиот дел од моето писмо што ви го Упатувам преку Мојата слугинка Gwendolen. Деца, гилотините се поставени во многу од ФЕМА камповите. Сакам да ви Помогнам да разберете што ќе се случи, ако одберете да се откажете од вашиот живот заради Својот Господ и Спасител.
Деца, кога ќе ве однесат кај нивните справи за сечење глави ќе има многу плачење и крцкање со заби. Ве Молам да не се однесувате така! Ве Молам, Чујте Ме сега во овој ден, деца. Ако Го повикате Името Божјо, името на Господа, како што сте Го повикувале целиот свој живот, Јас ќе Дојдам, ќе Застанам до вас и на натприроден начин ќе ви го Дадам Мојот Мир. Исто како што Мојот слуга Стефан беше каменуван до смрт, како што е запишано во Моето Свето Слово, Јас Стоев покрај него, така што тој не беше свесен за болката додека неговото тело беше изложено на каменување. Јас, на натприроден начин ќе ви Донесесам големо чувство на мир и всушност, вашиот дух ќе го извлечам од вашето тело - пред сечилото дури и да допре до вашата кожа. Деца, Повторувам, Слушнете ме во овој ден! Јас не Сум Бог Кој лаже!

Ако сакате да добиете потврда, дадена вам лично, во однос на овој дел од писмото, едноставно дојдете, паднете на колена пред Мене и ќе Излеам Свето помазание на вашите веѓи, со што ќе Потврдам дека овие зборови се Мои. Деца, ќе дојде тешко време, но Јас Сум Бог полн со Љубов, така што, иако го свртевте вашето внимание од Вашиот Вистинскиот Господ и Спасител, Јас сепак Ви Давам дополнителни совети како да стигнете до Моето Небесно Живеалиште. Не постои друг начин да ви Помогнам да не се плашите од настаните што ќе се случат, освен да ви го Кажам она што е напишано во Моето Свето Писмо, Кое е достапно за сите Моите деца од целиот свет. Надевајте се на Господа со сето свое срце и не надевајте се врз вашиот разум. На сите ваши патишта Него повикајте Го и Тој ќе ги Насочи вашите патеки. Вие, кои сакате да ги Предводам вашите патеки ќе треба во потполност да Ми го предадете вашиот живот. Ќе има голема награда за вас на Небесата. Голема награда, навистина! Оние Мои деца, кои официјално ќе одлучат дека сакаат да го следат ѕверот, ќе бидат осудени на вечност во огненото езеро со кралот на пеколот-Луцифер. Ве Молам, изберете Ме Мене и Мојот Отец во овој ден! Се уште не е доцна да го издржите ова време додека да Дојдам за да ве Одведам Дома, решени да Ми го предадете вашиот живот!

Ве Сакам деца Мои! Го Сакам секој од вас, поединечно.

Кралот Исус

(Пораката, која во оригинал е на Англиски јазик, може да ја најдете на Facebook профилот на Kevin Mirasi, на овој линк: