Tuesday, October 20, 2015

23 МИНУТИ ВО ПЕКОЛОТ! - СВЕДОШТВО НА БИЛ ВАИЗ (BILL WIESE)

Пеколот е реалност, кoja што може да се избегне! Како? Само преку вистинска вера во Исус Христос!
Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та ниеден што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен. Јован: 3:16
За жал, луѓето си креираат смешки и бајки за пеколот дека наводно е полн со пејачки и со кафани и дека тоа е место во кое што продолжува боемскиот живот.  Мојата најискрена молитва е тие луѓе кои живеат со таквото уверување да сватат дека живеат во целосна заблуда. Ги  молам да не одат во пеколот заради наивност и неупатеност. Зашто Бог вели: „Повикај Ме во вистинскиот час и Јас ќе ти ја услишам молитвата; побарај Ме во денот кога ти нудам спасение и Јас ќе ти помогнам!“ Сега е вистинскиот час!   Денес е денот кога Бог ти нуди спасение!  2 Коринтјаните: 6:2
 23 минути во пеколот“ е вистински настан што го доживеал Бил Ваиз (Bill Wiese) од Калифорнија на 23  ноември 1998 година. Истиот има непроценливо големо значење за секој да се увери во вистината што се
однесува до информациите и погледите  за рајот и пеколот, а што е најважно настанот предизвикува вистинско будење на нашата духовна заспаност.  Библијата додуша е преполна со информации и предупредувања како може да се избегне  пеколот, но денес еве сме уште со едно потсетување. Кога првпат слушнав за настанот „23 минути во пеколот“  целосно се потресов! Се потресов, од фактот што многумина живеат во целосна незаинтересираност и индиферентност што се однесува до нивната одлука каде ќе им биде крајната дестинација во вечноста. Се потресов исто така од однесувањето на  многумина кои велат: Доста ни се приказните со Господ, со рајот и со пеколот,  јади пиј и не бери гајле, а ако има нешто кога ќе одиме таму ќе видиме. 
Меѓутоа, Библијата не вели така. Светото Писмо вели дека кога ќе одиме таму ќе биде многу доцна за да може било што да се промени. А тоа  јасно ни сведочи дека  ѓаволот има сопствена стратегија и дека на луѓето им сервира РАЗЛИКИ околу вистината за пеколот. Зошто? Со цел да ги збуни за да може потоа полесно да ги зароби. Зошто?  Па ѓаволот е лажго!  Исус тоа отворено ни го кажа!  Тој беше човекоубиец од почетокот и никогаш не бил на страната на вистината, зашто во него нема вистина. Кога лаже, тоа произлегува од неговиот карактер, зашто тој е лажго и татко на лагата. Јован 8:44
Некој можеби ќе праша: Па која е вистината?  „Исус е Патот, Вистината Животот и никој не може да дојде при Отецот освен преку Исус“ Јован 14 : 6
„Кој го има Божјиот Син, има вечен живот. Кој го нема Божјиот Син, нема вечен живот“.1 Јован: 5:12 „Но Бог е полн со милост и многу е голема љубовта што ја има спрема нас“. Ефесјаните: 2:4
Треба да се знае и да се запамети дека Господ никого не испраќа во пеколот. Одлуката лично си ја донесуваме а изборот започнува уште од овде.  Затоа Исус рече: „Житото ќе се прибере во амбар а плевата ќе се фрли во вечен оган којшто никогаш не гасне“.  Матеј 3 : 12 
  Исус исто така рече:
„Секој човек чие име не се најде запишано во Книгата на животот беше фрлен во Огненото Езеро“. Откровенние 20:15
Мојата молитва е овој настан да вроди зацврстување на верата во Оној,  Кој на крстот во целост ја плати казната за мене и за тебе за да НЕ бидеме вечно одделени од Него.
 Бил Ваиз бил пренесен во пеколот на 23 ноември 1998 година утрото во 3.00 часот и повторно бил вратен во 3.23 минути. Бил сведочи дека Господ сакал барем уште еднаш да ја предупреди и оваа генерација.Инаку Бил Ваиз по природа е скромен и тивок човек кој поверувал во Господ уште во помладите години од неговиот живот. Многумина го прашуваат како можел да биде верник а да доживее едно вакво страшно искуство?  И уште едно од повеќето прашањата што му ги поставуваат е  прашањето: “Од каде знае дека тоа што му се случило не бил некој страшен сон или некоја визија“? А тој со сигурност тврди дека при враќањето назад си го видел сопственото тело како лежи на подот во дневната соба на неговата куќа.
Инаку ова искуство го променува воедно и неговиот начин на живеење и на однесување. Иако добро ситуиран, зафатен со бизнис за продажба на куќи и згради, (Real estate), Бил го напушта бизнисот и започнува со проповедање и објавување на овој настан по целиот свет. Како резултат на неговото проповедање милиони луѓе се обраќаат и Го прифаќаат Господ Исус како свој личен Спасител, одбегнувајќи ја  трагедијата на пеколот.
Но што всушност се случи?
Неговата сопруга Анет сведочи дека утрото на 23 ноември 1998 година се разбудила во 3.00 часот и 23 минути при што го погледнала дигиталниот часовник. Во истото време кога видела дека Бил не е до неа слушнала врескање кое доаѓало од нивната дневна соба на долниот спрат. Истрчала по скалите и го затекнала Бил во една шокантна и трауматизирана состојба во која  главата си ја имал ставено меѓу колена. Не можела да замисли дека Бил може така да се однесува со обзир дека секогаш бил мирен, тивок и кроток. Отпрвин не знаела што да прави. Прво што помислила било да не добил срцев удар. Започнала да Му се моли на Господ, а Бил притоа и рекол да Го моли Господ целиот страв и целата траума да му ги одстрани од меморијата.
Господ ме пренесе во пеколот и рекол тој.  Чувствувам дека телото ми умира и дека не ќе можам сето ова да го издржам.  Тогаш, вели Анет,  продолжив да се молам,  такашто  по десетина минути Бил почна да се смирува.  Делувал толку трауматизирано како да бил во војна во Виетнам и како да му се вратиле спомените од војната, или, бил преплашен толку многу како да бил во најтешката сообраќајна несреќа. “Не ми личеше како да сонувал страшен сон“, вели неговата сопруга Анет.   Помина една година во која некако го пребродил стравот но сеќавањата и понатаму го придружувале. Во меѓувреме започнал со потемелно истражување на Библијата за да дознае дали во неа е спомнато нешто слично? Така дознава дека и старозаветниот пророк Јона  имал слично искуство. Јона 2 : 1-6 .
Бидејќи знаев дека тоа што ми се случи е реалност и вистина, простудирав повеќе од 400 вакви и слични настани, од кои дознав дека најмалку уште 14 други луѓе го доживеале истото.

Еве што изјавува Бил! 
Во неделата на 22 Ноември 1998 година со сопругата бевме на неделната вечерна молитва и како секоја друга вечер си отидовме на спиење во вообичаеното време. Утрото околу 3.00 часот бев земен. Не знаев како стигнав таму, се до моментот кога се вратив.  Потоа Господ се’ ми објасни. Што се случи?   Најпрво се најдов во една затворска ќелија од камења, на која имаше решетки на вратата и во која беше многу многу жешко. Толку беше жешко што не можев да верувам дека можам да бидам жив на толку висока температура. Во ќелијата имаше четири монструми - ѕверови, високи по околу четири метри, за кои во почетокот не знаев дека се демони, бидејќи таму бев испратен како НЕ спасен (НЕ помилуван) христијанин.   Господ ми го беше одзел  уверувањето дека сум спасен.  Не можев тоа да го сватам, но на крајот Господ се’ ми објасни. 
 Еден од демоните имаше остри заби и груба, гнасна и неадекватна конструкција со џиновски канџи и вилици, а очите му беа впиени во длабнатината на черепот.  Останатите не личеа на него туку имаа непропорционални раменици и животински стапала. Се’ на нив беше изобличено, искривено и несиметрично. Изгледаа страшно,  премногу страшно. Тие непрестано го навредуваа Господа а јас се прашував: „Зошто постојано го навредуваат Господ? Зошто толку многу Го мразат? Дури и на изобличените лица им беше видлива омразата кон Господ!  Омразата беше толку голема,  што такво нешто никогаш порано немав доживеано. Со иста таква омраза демоните гледаа и во мене (дури подоцна ја сватив причината а таа беше дека сум создаден по Божјо наличје).
Иако во пеколот владее мртва темнина осетот за препознавање е многу развиен. Таму на пример осетот за време и осетот за раздалеченост е толку прецизен што можеш без гледање да прецизираш на колкакво растојание се наоѓа нешто кое не можеш да го видиш. Во затворската ќелија лежев без да имам некаква сила во мене. Еден од демоните ме грабна, ме подигна, ме удри во ѕидот и ме скрши како да сум стакло. Повторно ме подигна и уште неколку пати ме удираше во ѕидот така што чувствував огромни болки.  Започнав да лазам по ќелијата и да барам милост, но таму, кај тие чудовишта НЕМА милост, апсолутно таму НЕМА никаква милост.  Едниот од нив ме подигаше а другиот со неговите остри заби ме распарчуваше. Ме мразеа со страст а јас и понатаму се прашував зошто минувам низ сето ова. Се прашував исто така како е можно после вакво мачење и понатаму да останам жив? Телото ми го бесеа врз ребрата а крв немаше од каде да потече, бидејќи таму нема крв. Животот е во крвта,  а во пеколот НЕМА  живот како овој што го знаеме на земјата.
Во пеколот нема ниту вода. Се' би дале само за една единствена капка вода!  Таму владее толкава жед што устата и јазикот ви се суви исто како да сте го претрчале Големиот кањон во Колорадо, при што устата ви е полна со памук.
Таму сватив дека овие демони имаат 1000 пати поголема физичка сила од човекот. Демоните не само што немаат милост, туку тие со тебе прават тоа што сакаат. Нивниот коефициент на интелигенција е нула и тие не знаат ништо друго освен да мразат и да измачуваат. И за жал, едно такво глупаво и мизерно суштество ќе раководи со вас целата вечност, а вие не ќе можете апсолутно ништо да сторите.  Таму не е како на земјата каде што секогаш постои некаква надеж.  Во пеколот сте безнадежни и безпомошни.
Нивната смрдеа  и смрдеата во пеколот е многу гнасна, одвратна, грозоморна па дури и страшна.   Не би можел ниту да ви ја опишам. Кога би можел да ја споредам смрдеата на демоните и на пеколот со нешто овде на земјата  би ја споредил со отворена канализација, измешана со смрдени јајца, и скиснато млеко, скапано месо и сето тоа измешано со сулфур,  а целата таа гнасотија треба да ја помножите барем со илјада пати  и да ја доближите до носот.  Толку е отровна и токсична, што би можеле да умрете во дел од секунда, под услов да сте овде на земјата.  Тоа е најмизерното, најстрашното, најгнасното и најнеподносливото место.  Темнината,  е толку густа што напросто имате чувство дека можете да ја фатите со рака. Некако успеав да се извлечкам надвор од ќелијата. Всушност добив впечаток дека демоните ми дозволија да се извлечкам. Само што се најдов надвор од ќелијата погледнав во насоката од каде што се слушаше  врескањето на милијарди луѓе во исто време. Тоа беше премногу гласно и неподнесливо така што не би можел со ништо да го споредам. Сепак, за една неспоредлива илустрација замислете си колку осетно би биле вознемирени овде на земјава кога само еден единствен човек би пиштел до вас без прекин.
Тоа сигурно премногу ќе ве вознемири но,  повторно, таквото вознемирување треба да го помножите со милијарди пати. Тоа е ужас!
Ужас и страв кои не можат да се опишат со зборови, а не дај Боже некој да ги доживее. За да имате поблиска претстава за вистински страв, ќе ви пренесам едно лично искуство од времето кога во помладите години имав желба да сурфам. Еден ден бев на плажата Коко - Флорида и само што навлегов подлабоко во водата се најдов опкружен од безброј ајкули. Една од нив ми ја зграпчи ногата и започна да ме влече низ водата.  Иако бев смртно преплашен многу се изненадив кога ајкулата ми ја ослободи ногата и така речи ме остави да крварам на сред океан. Останав без некаква надеж за помош и без надеж дека ќе преживеам. Можеби сте го гледале филмот “Ајкула“ во кој се потресувате од страв, но јас филмот “Ајкула“ лично го доживеав овде на земјава. Сето тоа, целиот тој страв повторно морате да го помножите барем со илјада за да добиете некаква претстава за стравот што се доживува во пеколот.
Зборувајќи за стравот не би сакал да пропуштам а да не спомнам и за најголемиот страв што го доживеав во пеколот.  Најстрашното нешто во пеколот ми беше помислата,  дека 3.700 милји над мене луѓето  мирно и безгрижно си се шетаат и ја игнорираат вистината дека долу под нив постои еден ваков свет.  Ме дотолчуваше мислата дека луѓето 3.700 милји над мене се однесуваат безгрижно и незаинтересирано. Тие можеби и немаат појма дека овде милијарди луѓе страдаат и молат барем за една најмала можност да излезат одовде. За жал, никогаш нема да имаат прилика да го напуштат тоа место на маки и страдања и вечно ќе се обвинуваат себеси само заради тоа што ја пропуштиле приликата да Го примат Исус Христос за свој личен Спасител.    

Јас бев таму, ви тврдам дека бев таму и го разбрав чувството дека нема никогаш излегување од пеколот. Во пеколот нема живот.  Необично е да гледате свет во кој нема дрвја, трева, свеж воздух и било каков знак на живот.  На земјата уживаме во зеленилото и свежиот воздух но таму се’ е мртвило. Стравот, жештината, гладот, заморот, жедта и гнасотијата би требало да ве убијат, но за чудо  не умирате, а сето тоа  ВЕЧНО треба го минувате.
Откако се најдов надвор од затворската ќелија се загледав во правецот од каде што се издигаа високите пламени јазици. Знам дека бев оддалечен десет милји.  Потоа демоните повторно ме грабнаа, ме вовлекоа во ќелијата  и продолжија да ме измачуваат за кое нешто мразам и да помислам, а не да зборувам. Еден од демоните ме зграпчи за скалпот и повторно ме акна во ѕидот  Целото време додека ме измачуваа си велев: “Не можам - не можам повеќе сето ова да го издржам“. Одненадеж една голема сила ме зграпчи и ме извлече  надвор од затворската ќелија. Сега знаам дека тоа беше силата Христова, но тогаш не знаев. Ме пренесе близу до огромните пламени јазици кои порано ги гледав само оддалеку.  Кога наближив поблиску видов дека се наоѓам пред една огромна јама поврзана со огромна пештера низ која минуваше огромен тунел. Низ пламените јазици можев лесно да  ги гледам телата на луѓето кои се наоѓаа во голема агонија и кои бараа милост.  Единственото нешто што ми доаѓаше на памет беше дека несакам да се најдам во тој силен оган.   Болките кои ми ги задаваа демоните во ќелијата беа многу големи, страшни и силни, но  жештината,  што доаѓаше од местото на пламенот беше неспоредливо пострашна, поопасна и понеподнеслива. Луѓето низ солзи молеа барем за кратко да излезат надвор. Околу огромната јама полна со лава, имаше огромни  и гнасни чудовишта кои ги враќаа назат сите кои некако стигнуваа до нејзините краеви. Постојано ми доаѓаа истите мисли дека тоа место е толку многу гнасно, страшно и неподнесливо.
 Таму чувствувате глад, жед но и замор така што имате потреба и за спиење. Замислете си го чувството да ви се спие, а да не можете да заспиете од преголема вознемиреност. Ужасно е тоа чувство.  Знаев дека пеколот е лоциран во центарот на нашата земјина планета. Тоа го сватив со помош на чувството за прецизност кое ми кажуваше дека се наоѓам 3.700 милји во длабочината на Земјата.  Дијаметарот на Земјата изнесува 8.000 милји. На половина е 4.000 милји а јас се наоѓав на длабочина од 3.700 милји.  Таму е пеколот и ден денес!По судниот ден пеколот и смртта ќе бидат фрлени во Огненото Езеро кое ќе гори ден и ноќ без престан. Откровение 20 : 14
Кога се најдов кај огнената јама преполна со лава, можев да видам
најразлични демони  од секакви видови и големини,  деформирани, гнасни и грди суштества. Многу од нив беа  испофаќани со екстремитетите по ѕидовите на огромниот тунел. Во тунелот имаше џиновски пајаци, џиновски глувци, црвја и змии кои се спомнати и во Библијата во книгата на пророкот Исаија. (Исаија 30:6)  Сите делуваа како да се заковани по ѕидовите и сите  ме мразеа со видлива омраза, која ја имаат спрема целиот човечки род. Наеднаш некоја сила започна да ме подига нагоре така што целосно можев да ги видам огромните пламени јазици. Се подигав низ нешто кое што наликуваше на многу страшен и темен тунел во кој можев да видам секакви видови демони за кои си мислев дека имаат огромна сила и дека никој не може да се бори против нив. Големиот страв и понатаму ладееше во мене така што мислев дека не ќе можам сето ова да го издржам.  Изгубен и преплашен продолжив да се подигам нагоре низ тунелот.   Одненадеж Исус ми се појави!   “Слава Ти Боже Мој“ реков! Исус ми се појави!  Неговата светлина го осветли целиот тунел.

Во Исус можев да видам само една многу светла човечка силуета.
Паднав на колена и со преголема воодушевеност започнав да Го славам. Не можев да правам ништо друго освен да Го славам и да Му се заблагодарувам. Бев преблагодарен.  
Пред една секунда бев засекогаш изгубен а сега неочекувано сум извлечен надвор од тоа гнасно место. Луѓето долу не можеа да излезат, а јас излегов само заради фактот што претходно го имав примено Исус како мој Спасител. Со огромна љубов би сакал да нагласам дека само Исус е начинот кој може да ве заштити од одењето натоа место.
Под целиот небесен свод има само едно име на кое луѓето можат да се повикаат за да се спасат, а тоа е Исус Христос!“ Дела на Апостолите: 4:12
Додека се движевме нагоре имав еден милион прашања да му поставам, но кога сте со Исус, сакате само да Го славите и непрестано да Му благодарите за тоа од кое што не избавил.
Кога ми се врати способноста за да формирам прашања, прво што сакав да Го прашам беше: “Исусе зошто ме испрати на тоа место?“ Се сеќавам дека прашањето не Му го упатив гласно а Тој веќе преку мислите ми одговори: “Те испратив, бидејќи луѓето не веруваат дека тоа место постои. Дури и некои од моите следбеници НЕ веруваат дека пеколот постои!“ Потоа Го прашав: “Зошто токму мене ме одбра?“  Исус не ми одговори на тоа прашање, но ми рече: “Оди и кажувај им на луѓето дека го мразам тоа место, и дека немам желба ниту едно мое создание да се најде таму!“   Тоа место НЕ го создадов за луѓето“. „Тоа беше создадено за ѓаволот и неговите ангели“.   Треба да појдеш и да им го кажуваш тоа. Ти давам уста за да го кажуваш тоа“.   Си реков:  „Господе, па нема мене да ми веруваат!  Ќе си мислат дека сум поулавел или дека сум сонувал некој страшен сон“.  И додека го мислев сето ова Исус ми одговори:
Не е твоја работа да ги убедуваш, тоа е работа на Светиот Дух, ти само оди и кажувај.“ Длабоко во себе почуствував како да Му велам: „Да мили Мој Исусе, ќе одам и насекаде ќе раскажувам!“  Потоа Го прашав: “Исусе, зошто толку многу ме мразеа“? Тој ми рече:“Бидејќи и Мене ме мразат а ти си создаден по Мое наличје“.  
Ѓаволот не може ништо да Му направи на Господ, но затоа го повредува Неговото создание и го намамува во пеколот, за таму да го мачи и со тоа да му се одмаздува на Господ.  Додека е човекот на земјата, ѓаволот  му нанесува најразлични болести, и други маки и страдања, само за да го повредува тоа Божјо создание.
После тоа,  Исус ме преполни со љубов! Дури ми дозволи да почуствувам и дел од Неговото срце за да можам да ја почуствувам целата Негова Љубов кон човечкиот род. Никогаш не ќе можам со човечки зборови да ја опишам љубовта која произлегуваше од Неговото срце.  Неговата љубов е неспоредливо  поголема од нашата спрема нашите најблиски. Сега би сакал да посведочам и за тоа дека кога го допрев, Неговото срце ја почуствував и Неговата ОГРОМНА жалост спрема сите луѓе кои самоволно се динстанцираат од Него и кои самоволно си ја донесуваат одлуката за во пеколот!
Исус исто така ми рече: “Доаѓам многу, многу, многу, скоро!“ И повторно ми рече: „Кажи им! Ќе дојдам многу, многу, многу  СКОРО.
Како што се движевме нагоре стигнавме над Земјината топка.Погледот на Земјата оддалеку е прекрасен!    И додека ја гледав Земјата се прашував: Како може да стои толку стабилно а да не е обесена на ништо? (Јов 26:7)   Во тој момент сваќате дека Тој,  и само Тој со својата сила и моќ се’ одржува и контролира. Потоа, со голема брзина започнавме да се движиме надолу при што можев да ја видам целата Калифорнија, а набргу си ја видов и мојата куќа.  Кога се погледнав долу во мојата куќа можев да се видам себеси како лежам на подот.  Оваа мисла многу силно ме вознемири па си реков:   „Ова не е можно, ЈАС не сум тој таму,  јас сум ОВОЈ овде.“    Тогаш се сетив на зборовите од апостол Павле кој вели дека човечкото тело е како привремен шатор.   И додека така си го гледав своето неподвижно тело си замислив дека сум излегол од својот автомобил и дека таму долу,  си го гледам својот неподвижен автомобил. Во тие моменти ме опфати силна желба да Го замолам Исус да остане барем уште малку со мене но Тој си замина. Кога стасав НАД моето тело осетив како некоја сила да ме вовлече назад во телото. Напросто, почувствував дека таа сила ме вшмука назад во моето сопствено тело преку носот и устата.
Што се случи понатаму?
Во истиот момент кога сватив дека Исус не е повеќе до мене, повторно го почувствував големиот страв што го имав во пеколот. Мислев дека не ќе можам многу долго да живеам со толку голем страв и со спомените од пеколот. Знаев дека човечкото тело не е способно да преживее толкав страв и толку голем стрес. Првото нешто што ми падна на памет беше МОЛИТВАТА. Почнав да Му се молам на Господ за да ми ја отстрани огромната траума. Кога дојде до мене и мојата сопруга Анет и нејзе ја замолив да се моли. И навистина, Господ во истиот момент ми ги отстрани траумата и стравот, за кое нешто многу Му благодарам, но сеќавањата на стравот продолжија да ме придружуваат.
Во текот на наредната година имав одреден број контакти со Господ преку кои Тој ми вети дека искуството со пеколот никогаш повеќе нема да ми се повтори. Затоа Му благодарам со целото свое срце и со сиот свој разум.  
Јас, Бил Ваиз , ви тврдам дека сето ова што го доживеав е вистина!
Сега НА ТЕБЕ е ред да се запрашаш: „Дали треба да верувам во сето ова? Дали некој може да  ризикува и да каже НЕ јас не верувам дека сето ова е вистина! Демонските чудовишта ќе ви се потсмеваат кога ќе се најдете во пеколот бидејќи имавте прилика искрено, чесно и праведно да поверувате во Исус а вие таа прилика ја пропуштивте.
Немојте засекогаш да бидете изгубени.
Можеби ќе си помислите:„Јас сум добра личност. Јас не заслужувам да одам во пеколот!“  Можеби сте добра личност во споредба со многу други луѓе, но секогаш треба да се споредувате со Божјите стандарди кои се многу повисоки од нашите.
Во Светото Писмо Господ вели: Ако само еднаш сте излагале во животот, САМО ЕДНАШ - тоа ве прави лажго. Доколку сте украле една најмала ситница, едно парче хартија, или една минута од работното време на вашето работно место, една черешна или едно бадемче, тоа ве прави крадец.  А Светото Писмо вели дека  крадците ќе завршат во пеколот. Ако сте биле агресивни без причина, или,  доколку не сте му опростиле на некој што ве навредил (со причина или без  причина), или пак, ако сте погледнале во жена со желба,  и сте ја посакале во срцето, (или жените во маж), веќе сте извршиле прељуба во срцето, заради кое исто така ќе треба да одговарате за во пеколот. Светото Писмо јасно не' предупредува: „А на плашливците и неверниците, на поганите и убијците, на блудниците и магесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото, што гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.” Откровение: 21:8
Заради овие нешта НЕ  можеме со нашата самоправедност да влеземе во рајот. Колку и да се трудиме правејќи само добри дела, и колку да сме самоуверени дека сме добри и праведни, тоа е недоволно за да се влезе спасен во рајот.
Сепак, Господ обезбедил ЕДЕН - единствен и бесплатен пат за спасение на секоја душа. Тој пат е Исус Христос Кој на збор и дело покажа и докажа дека Тој е Спасителот на светот. Затоа Исус вели: „Јас сум ПАТОТ, Вистината и Животот, никој не може да дојде при Отецот освен преку Мене“. Јован 14 : 6
Библијата ни вели дека спасението доаѓа преку вера во Господ Исус, и дека на верата ќе и се придружат и добрите дела во истиот момент кога ИСКРЕНО ќе поверуваме. Затоа,  неминовно е да се знае дека прва е верата, а по неа следуваат и нашите добри дела кои се раѓаат како плод на верата. Преку вера стануваме угодни на Бога,  а не САМО,  и единствено преку правење добри дела. Во нашето поново историско минато маркантни се терористичките напади на Светскиот трговски центар (англ. World Trade Center) во Њу Јорк, САД, кои се случија во вторникот на 11 септември 2001 година. Тогаш можевме со свои очи да ги гледаме луѓето како скокаат од 110. спратните кули - близначки само за да можат барем уште  неколку мигови да ја избегнат високата температура која достигнуваше дури до 2.000 степени.
Температурата во пеколот е шест пати повисока, врз основа на фактот што научниците имаат утврдено дека температурата во центарот на Земјата изнесува 12.000 степени. Ако некој го одбива Божјиот дар за спасение преку Исус Христос тоа би значело лудост и безумие.
Ништо на овој свет не е поважно од фактот каде ќе ја минуваме вечноста. Животот на овој свет е толку многу краток што не смееме да си дозволиме да му го завртиме грбот на прашањето каде ќе ја минуваме вечноста.
 Библијата јасно ни нагласува: „Кој ќе го повика името Христово ќе биде спасен“ Библијата исто така вели: „Секој што ќе поверува и се крсти ќе биде спасен. А секој што ќе одбие да поверува – ќе биде осуден“. Марко 16 : 16 
Исус исто така рече: Секој што ќе ме признае Мене јавно пред луѓето, ќе го признаам и Јас јавно, пред Мојот небесен Татко“. Матеј 10:32
 Доколку се уште има некој што НЕ Го примил искрено Исус во свето срце како свој личен Спасител, може тоа да го направи сега. Денес е часот на спасение а не утре. Утре можеби ќе биде доцна! Никој не знае дали жив ќе го дочека утрешниот ден или можеби ќе почине и ќе се најде во тоа грозно место на страв и маки.
 Ако ја повторувате следната молитва од длабочината на вашето срце, Господ ќе ви ја спаси душата.  Обратете Му се со вистинска вера, со искрено и понизно срце:

Господе Исусе Христе, верувам во Тебе! Ти си мој Створител!
Јас сум грешник! Многу пати сум грешел намерно или ненамерно, во знаење или во незнаење. Исусе верувам во Тебе.
Ти си Вечниот Божји Син и Спасител Кој ги прикова моите гревови на крстот. Јас верувам дека Ти умре на крстот! Верувам дека ја пролеа Твојата света, невина и скапоцена крв заради мене.
Верувам дека беше погребан и дека воскресна на третиот ден!
Затоа те нарекувам мој Господ и мој Спасител. Во Твои раце го
препуштам мојот начин на живеење. Јас Тебе Ти припаѓам.
Се препуштам во Твоите свети раце. Ќе те славам и ќе ти
служам целиот мој живот.


Амин!