Thursday, October 31, 2013

АКО СЕ СЛУЧИ НЕНАДЕЈНО ДА УМРЕТЕ, ШТО МИСЛИТЕ ДАЛИ БИ ОТИШЛЕ ВО РАЈОТ ИЛИ ВО ПЕКОЛОТ?

АКО СЕ СМЕТАТЕ СЕБЕ СИ ЗА ХРИСТИЈАНИ, ДАЛИ СТЕ СИГУРНИ ДЕКА ЖИВОТОТ ШТО ГО ЖИВЕЕТЕ НАИДУВА НА ОДОБРУВАЊЕ КАЈ БОГ?

Во Библијата Христијаните се опишани како девици; Едните се разумни, а другите неразумни.
На едните „лампите им се полни со масло“, на некои „лампите им се до половина полни со масло“, а некои пак  имаат лампи, ама немаат масло... Ако некогаш сте се прашувале која е  разликата меѓу тие девици, т.е. Христијани за кои се зборува во Библијата, еве го објаснувањето:

Матеј 25:4 а мудрите зедоа масло, во садовите, со своите светилници.

Значи мудрите Христијани имаат „лампи полни со масло“, што би значело, тие го барале и го добиле ветеното присуството на Светиот Дух во нивните животи, односно станале наново родени, - што е услов да се биде во Божјата Волја и да се добие статус: Христова Невеста. 
Исус Рече:„Вистина, вистина ти велам, ако некој не се роди одозгора, тој  НЕ МОЖЕ ДА ГО ВИДИ БОЖЈОТО ЦАРСТВО“! (Јован 3:3)

Еве ги разликите меѓу тие девици, односно Христијани, заедно со референтните Библиски Стихови, кои нив ги објаснуваат;

Воедно можете да се тестирате, - во која група на Христијани ВИЕ СПАЃАТЕ:



Христијаните со празни лампи или со напола полни лампи  - млаки Христијани (Откровение 3:16)
Христијаните со полни лампи  - Христовата Невеста (Ефес. 5:27)

Христијаните со празни лампи - никогаш не го бараат крштевањето со Светиот Дух (Матеј 25:3)
Христијаните со полни лампи  - упорно бараат да бидат крстени во Светиот Дух и да добијат духовни дарови (Матеј 25:4)

Христијаните со празни лампи - тешко им е да ја читаат Библијата, која Самиот Исус ја споредува со злато (Откровение 3:18)
Христијаните со полни лампи  - живеат во склад со Библискиот Збор, преку Светиот Дух Кој им „дава очна маст“, односно им ги отвара очите (Откровение 3:18)

Христијаните со празни лампи - наизглед се побожни, но ја негираат Бoжјата Моќ (2 Тим 3:5).
Христијаните со полни лампи - имаат Доказ дека Духот е во нив: имаат духовни дарови (Дела 19:6)

Христијаните со празни лампи - ги следат човечките традиции (Галатјаните 1:14)
Христијаните со полни лампи - го следат учењето на Светиот Дух (1 Коринтјаните 2:13).

Христијаните со празни лампи - ја исполнуваат само својата волја (или волјата на непријателот) (Јован 8:44)
Христијаните со полни лампи - чекорат во потполност според Божјата Волја (Јован 5:30)

Христијаните со празни лампи - не се заинтересирани за Исусовото Враќање (2 Петрово 3:4)
Христијаните со полни лампи - гледаат, чекаат, возбудени се - заради Враќањето на Господ Исус Христос (2 Тим 4:8).

Христијаните со празни лампи - заинтересирани се преку делата да наидат на одобрување од другите (Матеј 23:5)
Христијаните со полни лампи - разбираат дека спасението е бесплатен Дар, кој не може да се заработи (Ефес. 2:8-9)

Христијаните со празни лампи - вршат добри дела, затоа што мислат дека така ќе си ја спасат душите (Матеј 7:22-23)
Христијаните со полни лампи - работат, затоа што се благодарни за своето спасение (Римјаните 7:4)

Христијаните со празни лампи - се борат против гревот безуспешно, надевајќи се на своите тела и со фрустрација (Галатјаните 6:8)
Христијаните со полни лампи - се спротиставуваат на секој  грев успешно со силата на Светиот Дух (Галатјаните 5:24)

Христијаните со празни лампи - одат во Цркви, кои се млаки (1 Кор 2:14).
Христијаните со полни лампи - одат во Цркви, каде што присуството на Светиот Дух е добредојдено (1 Кор 2:10).

Христијаните со празни лампи – сметаат дека Христијанството е религија (Исаија 29:13).
Христијаните со полни лампи - сметаат дека Христијанството е взаемен однос со Исус Христос (Матеј 7:23).

Христијаните со празни лампи - го бараат Бог еднаш или двапати неделно во црква (Матеј 7:23)
Христијаните со полни лампи – чекорат со Бог секојдневно; Тој е нивен постојан придружник (Јаков 4:8)

Христијаните со празни лампи - се молат само кога ќе наидат на криза (Псалм 78:42 )
Христијаните со полни лампи - се молат секој ден / повеќепати во текот на денот (1 Солунјаните 5:17).

Христијаните со празни лампи - се срамат да зборуваат за својата вера/ рамнодушни се дали другите луѓе ќе се спасат преку верата во Исус (Марко 8:38)
Христијаните со полни лампи - не можат да престанат да зборуваат за Бога пред другите (Псалм 34:2)

Христијаните со празни лампи - бараат световни одговори (Исаија 31:1)
Христијаните со полни лампи - бараaт од Бога одговори (Псалм 20:7)

Христијаните со празни лампи - мислат дека да се зборува за "пеколот" е премногу грубо (2 Тим 4:3).
Христијаните со полни лампи - мислат дека зборувањето  за "пеколот" е неопходно (Матеј 18:9)

Христијаните со празни лампи - прават бројни планови за иднината (Јаков 4:13-14 )
Христијаните со полни лампи - знаат дека само Бог ја Знае иднината (Откровение 1:8)

Христијаните со празни лампи - се одрекле од се што е "Божја Сила" (2 Тимотеј 3:5).
Христијаните со полни лампи - очекуваат Бог да прави "Божествени/ натприродни" работи (Дела 2:17)

Христијаните со празни лампи - уживаат во секуларната (световната) ТВ / музика / филмови (Откровение 3:17)
Христијаните со полни лампи - ја мразат секуларната ТВ / музика / филмови (1 Јован 2:15)

Христијаните со празни лампи - добиваат чувство на сигурност преку сумата на банкарските сметки (Откровение 3:17 )
Христијаните со полни лампи -  добиваат чувство на сигурност преку верата во Бог! Точка! (Јов 13:15)

Христијаните со празни лампи – загрижени се за иднината (Судии 6:10)
Христијаните со полни лампи - живеат во мир и смиреност, и покрај катастрофите околу нив (Филипјаните 4:7)

Христијаните со празни лампи - бараат световно знаење (2 Тимотеј 3:7).
Христијаните со полни лампи - ги разбираат работите со детска вера, онака како што пишува во Библијата (Матеј 18:4)

Христијаните со празни лампи - се грижат што мислат луѓето (1 Кор 2:13 ).
Христијаните со полни лампи - се грижат што Бог Мисли (1 Кор 2:12).

Христијаните со празни лампи - мислат дека ќе бидеме на овој свет уште многу години (1 Петрово 3:4)
Христијаните со полни лампи - свесни се за знаците од Библијата, кои го најавуваат Христовото Доаѓање и дека светот е дојден до својот крај (Матеј 24:33-34)

Христијаните со празни лампи - не внимаваат на знаците за Христовото Доаѓање, бидејќи сметаат дека никој не го знае ниту денот, ниту часот (Лука 12:39)
Христијаните со полни лампи - постојано внимаваат токму поради тоа, што никој не го знае ниту денот ниту часот! (Матеј 24:42)


 Ако не се пронајдовте меѓу Христијаните со полни лампи, вие сте во огромна опасност!!!
 Побарајте од Небесниот Отец, во Името на Исуса Христа да ви бидат простени сите гревови, простете и вие на другите кои вам ви згрешиле, прифатете Го Исус Христос за Свој Господ и Спасител и замолете Го да ве исполни со Светиот Дух, за да добиете духовни дарови и да бидете водени во сета мудрост и вистина.