Wednesday, July 31, 2013

ИСУС ИЛИ ЃАВОЛОТ? РАЈ ИЛИ ПЕКОЛ?


 


Кому му припаѓа вашата душа? Дали сте размислувале за тоа?



Сатаната нема никава власт над вас, кои сте во Христа Исуса (вистинските, наново родени Христијани), затоа што сте Праведноста Божја во Христа Исуса (2 Коринтјаните 5:21).

Сатаната има измамено многумина, со тоа што ги навел да веруваат дека тој и пеколот не постојат навистина, така што тие можат да продолжат да  живеат грешен живот, мислејќи дека не ќе мора да дадат објаснување за своите животи пред Семоќниот Бог и Господ Исус Христос, Кој ќе им суди на живите и мртвите при Неговото Второ Доаѓање и воспоставувањето на Неговото Царство (2 Тимотеј 4:1).

Апсурдно е да се поверува дека можете да Го исповедате Христос како свој Господ и Спасител и да му овозможите на сатаната, кој е господар на измамата и татко на лагата (Јован 8:44) да ве држи во ропството на гревот! Бидејќи тој кој вели: Го познав, а не ги пази Неговите заповеди, лажец е и вистината не е во него. А кој ги држи Неговото Слово, навистина љубовта Божја е усовршена во него. Преку ова ние знаеме дека сме на него, Оној кој вели дека останува во Него, тој треба да оди, како што Тој одеше (1 Јован 2:4-6) Ако не одиме со Бога, тогаш одиме со ѓаволот. Не можеме да му служиме на двајца господари (Лука 16:13)  Небото е резервирано само за вистинските Божји деца. Многумина веруваат дека секој е  Божјо дете. Иако сите сме Божји созданија, не сите се Негови деца, бидејќи Словото (Господ) Вели: „12 А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат (и живеат како што веруваат) во Неговото име“ (Јован 1:12) А пак, оние кои одат со ѓаволот, кој е Бог на ова време (на овој свет) (2 Коринтјаните 4:4) ќе бидат исфрлени во Огненото Езерото со него, затоа што тоа е неговата крајна дестинација. „10 А ѓаволот, кој ги заблудуваше (оние што не веруваа), беше фрлен во огненото и сулфурното езеро (пеколот), каде се и Ѕверот и лажниот пророк; и ќе бидат мачени дење и ноќе во веки веков.“ (Откровение 20:10)

Бог ни Вели: Денес одберете кому ќе му служите (Второзаконие 30:19), бидејќи вашиот избор има вечни реперкусии. А изборот е толку едноставен:

Ако го одберете Исус - имате вечен живот на небесата, т.е. Рајот!
Ако го одберете сатаната (светот) ја поминувате вечноста во огненото езеро!

Одговорот е очигледен, Исус! Нему нека му е слава, сега секогаш и во вечни векови! Амин!


Image result for Jesus or satan

Wednesday, July 17, 2013

ЗНАЦИ НА ВРЕМИЊАТА ВО КОИ ЖИВЕЕМЕ - ГОЛЕМАТА ВОЈНА КОЈА ПРЕДСТОИ




Знаци на времињата во кои живееме


  Лукa 21: 25-26
25 И ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите; а на земјата народите ќе бидат опфатени од страв и збунетост од бучењето и од морските бранови;
26 луѓето ќе примираат од страв, од исчекувањето на она, што ќе го најде светот, зашто небесните сили ќе се затресат.


Апостолот Петар напишал: 3 Знајте го пред сè ова: дека во последните дни ќе се јават подигрувачи, кои со своите подигрувања ќе одат по сопствените страсти и ќе велат:
  4 ”Каде е ветувањето за Неговото доаѓање? Зашто откако - умреа татковците сè стои така, како од почетокот на создавањето.”
 “ 2 Пет. 3: 3,4

Колку ли е само вистинито ова пророштво изречено од Петар, пред толку многу години! Денес, навистина, само малкумина го чекуваат Враќањето на Господ Исус Христос.
Навистина, мнозинството од луѓето го имаат усвоено овој став на темата за која зборуваме. Луѓето се потсмеваат на оваа тема и зборуваат дека нема доказ за да се поддржи верувањето дека враќањето на Исус би можело да биде набрзо.
Колку ли само грешат!  Библијата не само што ни кажува отворено за Второто Доаѓање на Исус, туку ни укажува и на многу знаци кои ќе бидат најава за  Неговото Доаѓање. Многу од тие знаци се случуваат денес! Знаци кои говорат дека  Неговото Враќање е иминентно. Евреите во времето на раѓањето на Исус ги игнорираа и погрешно ги протолкуваа знаците од нивното време,  а сегашниот свет го прави истото пред Неговото Второ Враќање. Тие знаци можеме да ги наречеме Знаци на времињата и намерата на оваа статија е да го привлече вниманието на читателите на некои од нив.

Основа за верување

Во Библијата може да прочитаме: „6 А без вера не е можно да Му се угоди, зашто кој Му пристапува на Бога треба да верува дека има Бог и дека ги наградува оние кои Го бараат. “ Евр. 11.6
Сепак, ова не значи дека Бог очекува да имаме слепа вера без никаква поткрепа за тоа. Бог знае дека на човечките суштества им е полесно да поверуваат во она што можат да го видат, па така, на многу начини ни помага да го надминеме нашето природно неверување.
Многу знаци и чуда биле извршени во минатото за им помогнат на пророците дека навистина зборуваат во името на Бог, за да можат луѓето да им поверуваат.
Го повикувале Бог да испрати оган од небото за да ја изгори жртвата, која претходно била потопена со многу вода, да го запре сонцето и да го врати назад неколку степени, додека да ги победат непријателите, итн.
Овие знаци и чуда биле извршувани за да можат луѓето да проценат, дали дадените пророштва биле навистина од Бог или не. Понекогаш пророштвата се однесувале на настани кои требало да се одиграат во иднината, и тогаш Бог дозволувал да се случат одредени чуда за да можат луѓето да поверуваат во пророштвото; Или пак, се случувало делумно да се реаллизира пророштвото уште истиот ден.
На овој начин, луѓето од минатото биле охрабрени да веруваат во постоењето на Бог, Неговата Сеопфатна Моќ и намера со планетата Земја, и со тоа, да ја разберат и прифатат како вистинита Неговата Одлука да го Исполни сето она што го Ветил.

Прво и Второ Христово Доаѓање

Во минатото на луѓето им биле дадени/најавени многу знаци со кои тие можеле да бидат уверени во, најпрвин, Првото Доаѓање на Исус Христос, и да поверуваат дека Бог ќе го Испрати Својот Син, кој ќе го избави човештвото од грев и од смрт. На ист начин, во Светото Писмо се дадени и многу знацио кои ќе се однесуваат и на Второто Исусово Доаѓање. Овие знаци се дадени за да се потврди уверувањето и верата во Божјиот Збор за Второто Доаѓање на Христос, за да го основа Божјото Царство на Земјата.
Целта на предстојното Доаѓање на Исус на Земјата е да го основа и да владее со Божјото Царство. Неговата работа ќе биде насочена на укинување на сите човечки влади и царства на Земјата, отстранување на сето зло и грев во светот и  исполнување на Земјата со Божјата слава. Човештвото е исполнето со очај, мизерија и безброј проблеми, за кои нема одговор, решение, ниту начин како да се справи со нив. Она што на овој свет му е потребно е мудра, силна и праведна влада, која само Исус може да ја обезбеди.
Навистина, надежта на сите искрени Христијани е да го очекуваат Денот кога Исус ќе се зацари и завладее над Земјата. Тие знааат дека:

31 зашто определил ден, кога ќе му суди праведно на целиот свет - преку Човекот Кого Го определил за тоа; давајќи им на сите уверување со тоа што Го воскресна од мртвите.” “ Дела на Апостолите, 17:31

Кога Бог ќе реши да направи нешто, Тој тоа го прави со исклучително совршена точност. Сепак, Бог не ни го открил точното време на она што во Писмото е именувано како Определениот Ден:
32 А за оној ден и час, никој не знае: ни ангелите на небото, ниту Синот, а само Таткото.” “ Марко 13:32

Затоа, Исус им порачал на Неговите следбеници да внимаваат! За да ги оспособи за ова, Тој им дал јасни индикатори за состојбите кои ќе го најават Неговото Враќање, како на пример оваа:
3 Кога седеше пак на Маслиновата Гора, Неговите ученици дојдоа при Него насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот на Твоето доаѓање и на свршетокот на векот?” “ Матеј 24:3

Сега да ги разгледаме накратко знаците кои Исус им ги дал на учениците, заедно со знаците наведени во други делови од Библијата:

Евреите како знак

Едно од најзначајните пророштва што ги дал Исус се однесуваат на Евреите и Ерусалим. Тој најпрвин зборува за градот кој мора да биде разрушен, неговите жители одведени во ропство и раселени помеѓу народите во светот. Тој Кажал вака:
24 Ќе паѓаат од сечилото на мечот, и ќе ги одведуваат во ропство меѓу сите народи; а народите ќе го газат Ерусалим, додека не се исполнат времињата на народите.” “  Лука 21:24

Како исполнување на ова пророштво, Римјаните го опколиле и зазеле градот Ерусалим во 70 год. од н.е. Преку милион Евреи ги изгубиле животите, а останатите биле раселени насекаде низ светот. Земјата Палестина, откога поминало времето на Римската власт, била окупирана од неколку други освојувачи; Најпрвин, Арапите од 637 - 1072, Селџуците од 1072 - 1096, Крстоносците од 1099 - 1291, Мармелуците од 1291 - 1517, и Турците Отоманци, од 1517 – 1917.
Потоа, најпосле, дошло време доминацијата на другите народи над Божјата Земја да заврши, како што тоа било најавено преку Божјата Реч.
Во Книгата Откровение, која ја открива последната порака од Исус до Неговите следбеници, преку користење на симболи и знаци, се зборува за „пресушување“ на реката Еуфрат, како подготовка на последната фаза од финалниот Божји План. (Откровение 16:16) Отоманската Империја која владеела со земјите од Блискиот Исток, вклучувајќи ја и Палестина 400 години и низ чија земја тече реката Еуфрат, требало да ослабне и да исчезне. Ова пророштво е историски факт. Откога Турција ја изгубила Империјата, ја изгубила и контролата над Божјата Земја во 1917 година, кога тие биле избркани оттаму за време на Првата Светска Војна и кога Британија го „подготвила“ националниот дом за Евреите.

Долина на сувите коски

Возобновувањето на Еврејската нација било претскажано преку пророкот Езекиел, кој живеел 600 год. пред Христа. Можеме да прочитаме во Езекиел, глава 37 како му била покажана долина со суви и раштркани човечки коски и му било кажано дека тие коски го претставуваат Израелскиот Дом. Езек. 37:11   „11 Ми рече: „Човечки сине, тие коски - тоа е сиот Израелев дом. Еве, тие велат: ‘Ни се осушија коските и ни пропадна надежта, загинавме!
Ваква била состојбата со Израел долги години, но на пророкот му било покажано дека состојбата нема да остане таква засекогаш.  На Езекиел му било кажано да им прорече на сувите коски:
Езек. 37: 4-6 „ 4 Тогаш ми рече: „Пророкувај им на овие коски и речи им: ‘О суви коски, чујте го Господовото слово!
  5 Господ Бог им зборува вака на овие коски: „Еве, ќе вдахнам дух во вас, и ќе оживеете!
  6 Ќе ве обложам со жили, ќе ве обложам со месо, ќе ве завиткам со кожа и ќе вдахнам дух во вас, и ќе оживеете - и ќе знаете дека Јас Сум Господ!”
 “ 
Пророкот го направил тоа што му било кажано и ситуацијата се изменила: Коските почнале да се составуваат, формирајќи скелет, потоа се појавиле мускули, месо и кожа, им бил вдахнат живот и сите тие оживеале, стоејќи на своите нозе.

Езек. 37:10 10 И почнав да пророкувам како што ми заповеда и духот влезе во нив и оживеаја и застанаа на нозе - многу, многу голема војска.   

Не ни е оставена дилема – што тоа значело. Еве го одговорот:

Езек. 37:21  21 И речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве, ќе ги соберам Израелевите синови од народите во кои што дојдовте, ќе ги соберам отсекаде и ќе ги одведам во нивната земја.

Каква врска има тоа со Христовото Враќање?  Одговорот е двоен.

Прво, како што е јасно објавено, По возобновувањето на Еврејската држава ќе настапи Божјото Царство на Земјата:

Езек. 37: 26,27 26 Ќе склучам со нив завет на мир; тоа ќе биде вечен Завет со нив. Ќе ги утврдам и ќе ги умножам, и ќе го поставам Своето Светилиште меѓу нив засекогаш.
27 Моето живеалиште ќе биде меѓу нив, и Јас ќе бидам нивен Бог, а тие Мој народ!

Второ, по возобновувањето на Еврејската држава, како што тоа е дадено во глава 38, ќе се случи серија од настани, кои значат буквално замешување на Бог, во човечките настани на земјата.

Смоквата, како знак

Ако се вратиме на Лука 21, ќе видиме како Исус, преку симболично изразување зборува за возобновувањето на Израел:
Лука 21: 29-31 29 Потоа им кажа парабола: „Погледајте ги смоквата и сите дрвја;
30 кога ќе видите дека развиваат, сами знаете дека летото е веќе близу.
31 Така и вие, кога ќе видите дека ова се збиднува, знајте дека Божјото Царство е близу!

Смоквата била и се уште е, симбол на Израелската нација. Пророкот Јоел напишал: Јоел 1:6,7   6 Зашто мојата земја ја прекри силен и безброен народ; забите му се како лавски заби, катниците како во лавица.
  7 Ми ја запусти виновата лоза и ги искрши моите смокви, ги олупи и ги расфрла, гранките им побелеа.

Пророкот Еремија ја споредил Еврејската нација како добро и лошо смоквино дрво, и во времето кога тие се однесувале многу лошо, Бог Рекол:
Еремија 24:9   9 Ќе направам да им бидат за ужас на сите земни царства, за срам и потсмев, за укор и за клетва насекаде каде што ќе ги изгонам.

Состојбата на „лоша смоква“ продолжила, но Бог ветил:
Еремија 24:6   6 И милостиво ќе ги насочам очите кон нив и ќе ги вратам во оваа земја. Повторно ќе ги подигнам и не ќе ги уништам веќе; пак ќе ги посадам и не ќе ги откорнам веќе.
Во 1917 година, кога Турците се повлекле, Луѓето, кои претходно немале свој дом, нацијата без земја, се вратила повторно во својата родна татковина. Така, ситуацијата на постојани конфликти помеѓу Евреите и Арапите, им ја правеле позицијата на „грижници“ на Британците многу тешка, така што мандатот на Палестина да имаат право над таа земја им бил одземен на 15 мај 1948 година, кога во Обединетите Нации државата Израел била прогласена во еден ден. Така, денес, милиони Израелциможат да посведочат за исполнувањето на Божјото Ветување за нивно враќање во родната земја.  „Смоквиното Дрво“ се разлистува, како што најавил Исус. Ова возобновување на Израелската држава е јасен знак дека ќе се исполни и ветувањето за Второто Враќање на Исус. Без никакви дилеми!
Ова возобновување на Израелската држава коинцидира со „разлистувањето“ и на останатите држави. Ова го симболизира националното ослободување и двежењата за независност на многу земји, кои долги години биле во сојуз со други земји. Овие настани, како и глобалниот немир меѓу народите во светот, кој е карактеристика на светот денес, неминовно ќе доведе до светска криза, во која на крајот ќе интервенира Бог и ќе го наведе светот да се покори на Неговите Заповеди.

Инвазија од север: Арапите и Израелците

Средниот Исток е срцевината или географскиот центар на светот. Така, појавата на Израел, не само како нација, туку и како светска сила, го предизвика интересот, но и непријателството на многу народи. Меѓу овие последниве предничат се разбира, Арапските земји, кои се спорат околу правото на сопственост над земјата. Вклучени се исто така и Британија, Америка и Русија, кои имаат стратешки интерес за присуство во таа земја. Непријателството на Арапите се искристализира во 1948 година, така што Израел беше окупиран од комбинирани армии од Египет, Јордан, Сирија, Либија, Ирак и саудиска Арабија, со намера да „предизвикаат војна на истребување и моментален масакр“ (Азан Паха, Генерален Секретар на Арапската Лига, ББЦ 155/48). Иако Израелците биле далеку послаби во поглед на војска и оружје, окупаторските сили биле совладани, а конфликтот завршил со потпишување на примирје и престанок на вооружените дејства.
Во периодот од 1950 – 1956, Израел доживеал многу воени провокации од Египет, така што како одговор на нив, Израелската армија го освоила Синајскиот Полуостров  на 29 октомври, 1956 год. Египќаните биле тешко поразени и да не била интервенцијата од Русија, воените операции можеби ќе се прошириле се до Каиро.
Следниот конфликт се случил во 1967 година, кога Израел бил изложен на постојани напади од соседите. Израел преминал на Синајскиот Полуостров и з авреме на „6-дневната Војна“ однел супериорна победа. Во тој период државата ги проширила и своите граници се до Јордан и Ерусалим, кој прв пат за период од 2000 години повторно се вратил во припадништво на Израелскиот народ. Арапите и Египќаните ја изгубиле сета своја армија и огромен дел од своето оружје во песочните дини на Синај. Сето ова укажува дека настаните во и околу Израел се насочени кон исполнување на Божјите цели.
И покрај неодамнешните напори за вклучување на сите страни на преговарачка маса и воспоставување на траен мир во регионот на Средниот Исток, изливот на насилство кој сега се случува во овој дел од светот се закана за светскиот мир.  Но, ваквата состојба беше очекувана од проучувачите на Божјиот Збор.

Развој на настаните кои ќе доведат до Армагедон

Библијата јасно укажува дека Бог има контрола над народите и светските настани, во склад со својата волја, кои ќе доведат до тнр. „Армагедонска Војна“ и воедно, време кога Бог отворено ќе се замеша во развојот на настаните на планетава.
  Во изминативе години се појави растечки сомнеж меѓу влијателните научници дека светот навистина се движи во правец на криза, која ќе ескалира до такви размери, што нема да биде возможно човек да има контрола над настаните. Човештвото се движи во насока кон точката, од која нема да има враќање, во поглед на штетата која се прави на животната средина; Насилството во општеството е во рапиден пораст, недовербата и омразата меѓу народите расте, се поголем е бројот на војни што избувнуваат насекаде во светот, разгорувани од изливите на фундаменталистите, а пак, разликите помеѓу богатите и сиромашните е се поголем. Само Божествена интервенција може да донесе спас на човештвото од сопственото уништување.
Се до 20 век, Русија била слаба земја. Работите се смениле кога се случила Револуцијата во 1917 година, кога се сменил изгледот на оваа земја, од слаба и сиромашна во светска суперсила. Во времето кога постоеше Советскиот Сојуз, Русија им даваше поддршка на Арапските земји, на начин што не им дозволуваше на Евреите да емигрираат во Израел. Тогаш, многумина од Руските Евреи се соочија со тешкотии и затвори. Советскиот Сојуз сега не постои, но повеќето од бившите Советски Републики, особено оние од југот се Муслимански по вероисповед, и фундаментално спротиставени на Израел.

Библијата зборува за Конфедерација од народи северно од Израел, кои ќе навлезат во земјата со намера да ја окупираат и уништат. Ваквиот развој на настаните бил проречен долго пред раѓањето на Христос. Имајќи го предвид сето она што досега се остварило а било претскажано стотици и илјадници години претходно, не треба да се сомневаме дека и она што преостанува да се оствари, ќе биде буквално остварено, во многу блиска иднина.
Во главата 38 од Книгата на пророкот Езекиел се вели:
Езекиел 38: 1, 2   1 И ми дојде Господовото слово:
  2 ”Човечки сине, сврти го лицето кон Гога, во земјата Магога, кон големиот кнез Рош на Месех и Тувал, пророкувај против него.

Многумина изучувачи на Библијата сметаат дека Рош, Месех и Тувал се однесуваат на Русија и делови од поранешниот Советски Сојуз, кои навистина се наоѓаат северно од Израел.
Еве извадок од Руската литература, во која е објаснето настанувањето на Рускиот народ:
„Во 6иот век н.е. различни племиња почнаа да формираат сојузи, предводени од моќни принцови. На таков начин се формирање првиот сојуз помеѓу Источните Словени. Централно меѓу овие сојузи на племиња  беше племето на Рос или Рус. Името на ова племе подоцна беше проширено на сите Источни Словени, кои започнаа да се нарекуваат Руси, а територијата на која живееја  Руска земја или Рус.“ (СССР – „Новости“, Новинска Агенција од Москва, стр. 12)
Древните мапи на светот го идентификуваат Месех и Тувал како територии кои се уште се наоѓаат помеѓу Русија и соседните земји.
Што се однесува до Магог, во Книгата Постанок (Генеза) читаме дека нациите кои ќе произлезат од Магог живееле на просторот на древната Ситија. Ова е грубо објаснето, територијата која лежи помеѓу реките Дон во Русија и Дунав во Германија.

Еве што читаме за големата конфедерација на нации која ќе дојде против Израел во последните денови:
Езекиел 38: 11,12 11 Ќе речеш: ‘Ајде да се кренам против небранетата земја, да нападнам на мирен народ што живее спокојно без ѕидови, и без лостови, и без врати:
12 па да се награбам плен и да се напљачкам пљачка - да ги ставам рацете на урнатините пак населени и на народот собран од народите, кој се занимава со стада и со имот и кој живее во средиштето на земјата.’

Добиваме престава и за некои од земјите кои  ќе ја сочинуваат таа федерација од Езекиел 38, стихови 5,6:

  5 Со нив е и Персија, Етиопија, и Пут - сите со штитови и шлемови;
  6 потоа Гомер и сите негови чети, домот Тогарма од крајниот север со сите негови чети - многу народ со тебе!

И ова:

Езекиел 38, 15 15 Ќе дојдеш од своето седиште, од крајниот север, ти и многу народи со тебе, сè сами коњаници, големо мноштво, голема војска.

Така, од цитираните Библиски стихови можеме да дознаеме за окупаторските сили кои ќе дојдата од северот на Израел, со намера да го освојат и уништат Израел и да ја присвојат Израелската земја.

На овие окупаторски сили ќе им бидат спротиставени други сили, стилски именувани како „Шиба, Дедан и трговците од Тарсис, со сите нивни млади лавови.
Езекиел 38, 13 13 Сава, Дедан и тарсиските трговци и сите нивни лавчиња ќе те прашаат: ‘Зар затоа доаѓаш да плениш? И зар заради грабеж собра толкав куп, за да го однесеш среброто и златото, за да го ограбиш добитокот и имотот и да плениш голем плен?“

Не е многу тешко да се погоди кои се овие народи. Древните бродови на Тарсис тргувале со Индија, Гибралтар, Кипар и Британија. Ова, како и описите на Тарсис како трговци и поморска сила, укажува на Британците и Комонвелтот. Британија е сеуште една од најголемите трговски нации во светот, а лавот долго време бил официјален амблем на оваа земја.  Британија е стара земја, а младите лавови ги претставуваат земјите, чиј официјален јазик е аглиски. Да ја земеме на пример Америка, - таа е „млада“ нација, која веќе созреа и е долго независна од својата „мајка“ нација. Америка е исто така и трговска и поморска сила. Шиба и Дедан се области кои се распрострирале во поголем дел на подрачјето кое сега припаѓа на Саудиска Арабија, па така, можеме да имаме претстава за нациите кои ќе бидат инволвирани, како две спротиставени групи кои ќе ја започнат Армагедонската војна (Откровение, 16:14-16)
Иако не можеме да бидеме сосема сигурни за точниот развој на настаните, сепак, знаеме дека:
-          Третата Светска Војна ќе се води во и околу Израел
-          ги знаеме дел од нациите кои ќе бидат инволвирани  и
-          особено можеме да бидеме сигурни во крајниот резултат од таа војна.

Како ќе интервенира Бог

Израел ќе биде окупиран, имено, пророкот Захарија зборува за градот Ерусалим во кој ќе навлезат окупаторските војски и за половината од жителите кои ќе бидат одведени во заробеништво:
Захарија 14:2   2 И ќе ги соберам сите народи во Ерусалим во борба. И ќе го заземат градот, и ќе ги ограбат куќите и ќе ги изнасилат жените. Половина од градот ќе отиде на заточение, но остатокот нема да биде истребен од градот.

Се ќе изгледа како дека е крај за Израел, окупаторот од северот ќе изгледа надмоќен и ќе се чини дека никој нема да може да помогне. Сепак, од Светото Писмо дознаваме дека Израел до овој момент сепак нема да биде уништен, што се однесува до народот; Ќе интервенира непозната сила. Бог најпосле ќе интервенира директно во настаните во светот, за да го спаси својот народ. Не толку заради нив, колку за да се исполнат ветувањата што Тој им ги дал на нивните предци и за да се воспостави Неговото Царство на земјата. Даниел ни кажува:

Даниел 12:1   1 Во она време ќе стане Михаел, големиот кнез кој ги штити синовите на твојот народ. Тоа ќе биде време на страдање какво немаше откако се луѓето па до тоа време. Во тоа време ќе се спаси твојот народ - сите кои ќе се најдат запишани во Книгата.

Никој нема да може да биде посилен од Божјата Сила, ниту ќе може да ги поремети Божјите планови, па така, спротиставувањето на Божјиот Син ќе биде залудно. Захарија продолжува, и вели:

Захарија 14: 3,4  3 Тогаш Господ ќе излезе и ќе се бори против тие народи како што Тој знае да војува во воен ден.
  4 Во оној ден, Неговите нозе ќе стојат на Маслиновата Гора што е спроти Ерусалим, на исток. И ќе се распука Маслиновата Гора по средина, меѓу исток и запад, во голема долина: едната половина ќе се измести кон север, другата кон југ.


Освојувачите ќе бидат сосема поразени од Божјата Сила, како што тоа го вели Езекиел:
Езекиел 38: 19 -23 19 Во Мојата ревност и во огнот на Мојот гнев, одлучив: Во оној ден ќе има силен потрес во Израел.
20 И ќе се тресат под мене морските риби и небесните птици, полските ѕверови и лазачите што ползат по земјата и сите луѓе што живеат на неа. Планините ќе се урнат, стрмнините ќе паднат и ќе се срушат сите ѕидови!
21 И по сите Свои гори ќе повикам меч против него - говори Господ Бог - со меч ќе се крене брат против брата!
22 Ќе му судам со помор и со крв. И ќе спуштам силен поројник и град од камења, оган и сулфур врз него, врз неговите чети и врз многуте народи што ќе бидат со него.
23 И ќе се возвеличам и ќе се објавам пред сите народи, и ќе познаат дека Јас Сум Господ.”‘

Она што изгледа како огромна воена и оружена сила ќе биде сосема безначајно наспроти силината на Божјата Моќ:
Захарија 12: 2-4   2 „Еве, ќе го направам Ерусалим опојна чаша за сите народи наоколу - за време на опсадата на Јуда и Ерусалим.
  3 Во оној ден ќе го направам Ерусалим тежок камен за сите народи: сите кои ќе го дигаат ќе се ранат тешко, а ќе се соберат против него сите народи на земјата.
  4 Во оној ден - говори Господ - ќе ги поразам сите коњи со страв, а нивните јавачи со безумност. Но над Јудиниот дом ќе ги отворам очите, а со слепило ќе ги поразам сите коњи и народите.

и

Захарија 14:12 12 А еве со која рана Господ ќе ги удри сите народи кои ќе завојуваат против Ерусалим: месото ќе им се распаѓа додека бидат на нозе; очите ќе им гнијат во очните дупки, јазикот ќе гние во устата.

Реакцијата на Евреите од нивниот нечекуван Спасител, Кого нивните татковци го презреле и отфрлиле е опишана во пророштвото на пророкот Захарија:
Захарија 12: 9,10  9 Во оној ден ќе барам да ги уништам сите народи кои го нападнаа Ерусалим.
10 А врз Давидовиот дом и врз Ерусалим ќе излеам милостив и молитвен дух. И ќе гледаат на Оној Кого го прободија; ќе тажат над Него како над единец; ќе го оплакуваат горко како првенец.

Супериорноста и семоќноста на Бог воопшто нема да биде доведена во прашање кога Исус ќе се врати на Земјата. Тоа нема да биде оној „Нежен Исус“, туку „Цар на Славата, Силен и Моќен во борбата. (Псалм 24: 7-10:   7 Поткренете ги врати своите надвратници, кренете се вечни порти, да влезе Царот на Славата!
  8 Кој е тој Цар на Славата? Mоќниот и силниот Господ, Господ силен во бој!
  9 Поткренете ги врати вашите надвратници, кренете се вечни порти, да влезе Царот на Славата!
10 Кој е тој Цар на Славата!? Господ над Воинствата - Тој е Цар на Славата!)

Во тој ден Исус ќе Дојде неочекувано:

Матеј 24:42-44  42 Затоа, бдејте, зашто не знаете кога ќе дојде вашиот Господ!
43 А знајте го ова: ако домаќинот би знаел во која ноќна стража ќе дојде крадецот, би бдеел и не би дозволил да му се поткопа куќата.
44 Затоа и вие бидете готови, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, кога не мислите.”

Исус ќе ги сомеле и претвори во прав народите кои Му се спротиставуваат и наместо нивното ќе го воспостави Божјот Царство овде на Земјата. Сигурно е дека се ќе биде онака како што ни опишал Даниел:

Даниел 2:34,35,44:  34 Ти набљудуваше: одненадеж се одвали камен а да не го допре рака, па удри во кипот, во стапалата од железо и глина, та го скрши.
35 Тогаш наеднаш се здроби железото и глината, бронзата, среброто и златото, и сè стана како плева на гумно лете, и ветерот го однесе сето без трага. А каменот што удри во кипот стана голема гора та ја наполни сета земја.
44 Во времето на овие цареви Небесниот Бог ќе подигне Царство кое никогаш нема да пропадне и не ќе помине врз некој друг народ. Тоа ќе ги разбие и ќе ги уништи сите оние царства, а самото ќе стои довека...“


Божјиот совет до сите народи е: Псалм 2:12:  12 Целувајте Го Синот, за да не се разгневи и да не загинете патем, зашто скоро ќе пламне Неговиот гнев. Блажени се сите кои се засолнуваат при Него!

Војна и мир

Војната со сите свои лоши последици е уште еден знак на „последните денови“. Светските лидери повикуваат на мир, што и навистина се случуваше во последниве месеци, особено во регионот на Средниот Исток, но безуспешно.
Мировните договори пропаѓаат, многу проблеми се уште постојат, тероризмот опстојува, а говорот на оружјето е оживеан. Нови горливи точки и воени жаришта секојдневно се појавуваат. Нема траен мир. Зошто? На многумина ќе им биде изненадување, но, Божјото откровение укажува дека така мора да биде, војната е неизбежна:
Јоел 3:9-10:   9 Разгласете го ова меѓу народите: „Пригответе се за војна! Подигајте јунаци! Напред, нападнете, сите војници!
10 Прековете ги ралата во мечеви, срповите во копја, слабиот нека рече: ‘Јунак сум!’”

После секоја од двете светски војни луѓето биле убедени дека човештвото ќе ја научи лекција и дека ќе еволуира во состојба на взаемна почит едни за други, доброто ќе превладее и дека ќе почнеме да живееме во еден идеален свет. Беа создадени Обединетите Нации и луѓето се надеваа на траен мир. Сепак, војните и подготовките за војна продолжија и ќе продолжат со уште поголема жестина, донесувајќи со тоа сиромаштија и тешкотии на милиони луѓе.

ОН се неспособни да ги решат проблемите со војните и тероризмот. Босна, Србија, Хрватска, Ирак, а сега со последните случувања, особено Израел, се сведоштво за тоа. Човештвото е неспособно да ги реши овие проблеми, бидејќи не може да ја надвладее својата природа. Човекот не е во состојба да да го обезбеди единственотот нешто, што е неопходно за мир. Праведноста! Тое е единствениот предуслов за мир, а е занемарена, изложена на подсмев, па така, не е за изненадување што историјата на човештвото го покажува токму спротивното од мир и смиреност. Божјата Реч објавува:
Исаија 26: 9-11:   9 Со својата душа копнеам по Тебе ноќе, и со својот дух Те барам во себе, во зори. Зашто кога Твоите судови се појавуваат на земјата, жителите на земниот круг се учат на правда.
10 Ако биде помилуван безбожникот тој не се учи на праведност. Во земјата на правдата тој прави беззаконие и не се обѕира на Господовото величие.
11 Господи, Твојата рака е подигната а тие не ја гледаат. Нека ја видат и нека се засрамат, нека ги проголта ревноста на народот, нека ги проголта огнот подготвен за Твоите непријатели.
  
Зборовите на Исаија ја сумираат добро целата ситуација:
Исаија 48:22: 22 „Нема мир за безбожниците,” вели Господ.

Кога Божјите судови ќе завладеат на земјата, човекот ќе научи да живее во праведност и мир. Ова објаснува зошто напорите на бројни политички и религиозни движења не успеваат да ја воспостават искрено посакуваната промена. Луѓето во светот ја ставаат нивната доверба во дипломатијата, светските самити и конференции, како и на идеите засновани на уверувањето за „универзално братство“ на сите луѓе. Мирот може да дојде и навистина ќе дојде, само во времето кое самиот Бог го определил. Тоа е времето кога Тој ќе го испрати Својот Син – Принцот на Мирот да го воспостави своето Царство на Земјата.

Исаија 9:6 - 6 Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот.


Немир во светот

Исус им кажал на своите ученици дека пред денот на Неговото враќање:

Лука 21:25-26 25 И ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите; а на земјата народите ќе бидат опфатени од страв и збунетост од бучењето и од морските бранови;
26 луѓето ќе примираат од страв, од исчекувањето на она, што ќе го најде светот, зашто небесните сили ќе се затресат.“

Грчкиот збор „збунетост“овде преведен буквално значи "безизлезност“. Ова е точен опис на ситуацијата во светот денес. Светските лидери се обидуваат да се справат со растечките и заплашувачки  проблеми, но не можат да најдат излез од ќор-сокакот.
Исус зборувал за "морето и страшните бранови" а Исаија пишува:
20 Но безбожниците се како разбранувано море, што не може да се смири, неговите бранови исфрлаат тиња и кал.“ Ова толку точно  ја опишува турбуленцијата и немирите во денешното општество, постојано растечкото насилство и непочитувањето на законот и редот. Мали групи на луѓе се борат нивниот став да биде слушнат, но не сакаат да слушнат алтернативни ставови. Секогаш имало судири и немири во минатото, но денес тие се во постојан пораст и претставуваат општо-присутна состојба во целиот свет. Секојдневната светска сцена изгледа вака: немири, насилство, верски и расни проблеми, зголемување на криминалот, тероризмот и војната. Ситуацијата во светот никогаш не била толку турбулентна.

Но, токму кога таквите услови ќе преовладуваат во светот - Исус ќе се врати, бидејќи Тој вели:

"
27 И тогаш ќе Го видат Човечкиот Син како доаѓа на облак со голема сила и слава.“ Лука 21:27

"Како и во деновите на Ное"

Исус исто така, ги споредил условите кои ќе преовладуваат во светот пред Неговото враќање, со условите во деновите на Ное. Исус рекол:


Матеј 24:37-39 „34 Вистина ви велам, ова поколение нема да помине додека не се збидне сè тоа.
35 Небото и земјата ќе поминат, но Моите Зборови нема да поминат.”
36 ”А за оној ден и час, никој не знае, ни небесните ангели, а само Мојот Татко.
37 Како во Ноевите денови, така ќе биде и при доаѓањето на Човечкиот Син.“

Читаме дека ова време ќе се карактеризира со зголемување на безбожништвото и насилството во општеството. Описот на светот во времето на Ное сосема добро се вклопува во нашиот свет. Потопот на античкиот свет се случил, бидејќи Бог не сакал да дозволи таа генерација да го продолжи своето беззаконие. На ист начин Бог поставил граници и за оваа генерација, поради зголеменото зло во човештвото, што се одвива пред Неговите Очи. Овој свет ќе биде уништен, но не со вода, но со враќањето на Исус Христос и "Големиот Ден на Семоќниот Бог." Ден кога еднаш за секогаш ќе се отстранат сите човечки царства и влади и истите ќе се заменат со Божјото Царство.

Занемарување на Божјиот Збор

Поголемиот дел од луѓето денес немаат вера и немаат респект кон Божјиот Збор. Јасно е дека живееме во време за кое,  Амос зборуваше дека ќе постои "глад на земјата, не глад за леб, ниту жед за вода, туку за слушање на Зборовите на Господа." Амос 8:11.

Отфрлањето на Божјото водство и Законите дадени од Христос, им дава за право на мажите и жените да ги следат своите желби без никакво ограничување или чувство за тоа, што е исправно или неисправно. Мажите и жените си ги бараат и наметнуваат нивните права, често на сметка на другите. Секој објавува свој стандард на морална исправност и неисправност, како резултат на што настанува хаос. Дури и оние кои тврдат дека веруваат во дел од она што е објавено во Библијата се обидуваат да го извртат Божјиот Збор, така што да е политички коректен или пак, отфрлаат Делови од Библијата, кои ги сметаат за "старомодни или несоодветни“ за денешно време. Со други зборови, тие се поставуваат  себе си како судија и порота над Божјиот Збор. Бог нема да го остави човека невин за ова, туку ќе му суди за богохулењето.

Исус јасно ни кажува:


Матеј 15:19
19 Зашто од срцето произлегуваат: зли мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули.
Светот е полн со овие работи денес, - невоздржаноста на човештвото доведува до толку многу нечовечност и тага, така што оваа неморална состојба е токму онаква како што Бог ја претскажал:

2 Тимотеј 3:1-5. „1 А ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња,
  2 зашто луѓето ќе бидат саможиви, среброљупци, самофалци, горделиви, хулители; непокорни на родителите, неблагодарни, несвети;
  3 без природна љубов, непомирливи, клеветници, невоздржани, жестоки, непријатели на доброто,
  4 предавници, избувливи, надуени, повеќе сластољубиви, а не богољубиви,
  5 кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила; отстранувај се и од нив!“

Колку точно овие зборови ја опишуваат состојбата во општеството денес. Тоа е  еден не многу ласкав опис на длабочините во кои човештвото се спуштило, со одбивањето на моралните вредности на Светото Писмо, во потрага по сопствен морал и патишта.. Овој опис објаснува зошто луѓето се толку рамнодушни и слепи кон фактот за Враќањето на Исус Христос. Луѓето немаат ниту време, ниту сенс за верата. Да се прифати фактот дека тие имаат свој Создател е крајно одбивен за нив. Боговите на современиот човек се материјалните добра и задоволства кои доминираат со нивните животи. Оваа дегенерација на човештвото ќе продолжи да се влошува се  додека Исус не се врати и притоа, го натера светот да го промени својот став.
Непогрешлив шаблон

Знаците на времето“ претставуваат непогрешлив шаблон на нештата што доаѓаат. Најавувачите на Божјата Интервенција се речиси завршени и Исус е пред вратата, подготвен да го фати светот „на спиење“. Кој ќе биде подготвен? Дали ти ќе бидеш подготвен/а?

Кој може да го издржи Неговото Доаѓање

Набљудувањето на знаците и знаејќи што тие значат, упатува на прашање, дали било кој од нас поединечно, може да остане незасегнат од нив и да си дозволи да ги игнорира? Ние може да се придружиме на поголемиот дел од човештвото, кој е очигледно втурнат во пропаст и самоуништување, со глупаво затворање на очите во однос на овие знаци, кои се толку јасни и присутни насекаде во светот околу нас. За таквите, Враќањето на Исус навистина ќе биде "како крадец во ноќта“.

Наспроти тоа, можеме да внимаваме на знаците и да се потсетиме на предупредувањата, пред да дојде крајот.

Исус Рекол:
"
28 А кога ќе почне да се случува тоа, исправете се и подигнете ги главите, зашто се приближи вашето избавување.”Лука 21:28
Наместо да бидеме обесхрабрени од состојбата во светот, треба да погледнеме горе и да ја согледаме големата потреба за спасување. Средствата за нашиот откуп се обезбедени од страна на Бог, преку Исус Христос, нашиот Спасител. Ние може да сме мудри и да побараме Засолниште во "Ковчегот кој Бог ни го Обезбедил“. Со други зборови: Исус Христос. Луѓето во времето на Ное биле уништени со поплава, но само Ное и неговото семејство преживеале безбедно во Ковчегот обезбеден од Бога. Да се засолниме во Христа сега, пред "Големиот Ден на Семоќниот Бог" да го зафати овој расипан свет.
Многу е важно да ја  третираме оваа тема со почит и го и
го дадеме значењето што го заслужува, бидејќи тоа го подразбира прашањето на живот и смрт, односно нашиот живот и судбина. Библијата дава надеж за вечен живот, но не каков што го знаеме и живееме сега, туку живот, во кој ќе му служиме на Бога во еден свет, каков што Тој од самиот почеток посакувал да биде. Царство, каде што Христос ќе владее во праведност и мир, во буквална Царство што ќе дојде на оваа земја.

Мудрите ќе дојдат до следниот заклучок дека:
·         Враќањето на Исус е  прашање од витална значајност.
·         Предупредувањата дадени преку Божјата Реч не треба да се игнорираат.
·         Овој живот не дава трајно задоволство.
·         Верувањето во евангелската порака за Царството Божјо и крштевањето во името на Исус се од витално значење за спасението на секој поединец.

Останува на секого од нас поединечно да одлучиме дали сакаме да:
"Останеме во Денот на Неговото [Христово] Доаѓање", - ден "кога Тој ќе Застане да суди на праведник и безбожник, меѓу оној кој служи на Бога и оној кој не служи".
Малахија 3:18 18 И тогаш пак ќе го разликувате праведникот од грешникот, оној, кој Му служи на Бога од оној, кој не Му служи.“ 

ОВА Е НАВИСТИНА ЕДИНСТВЕНИОТ ВИСТИНСКИ ИЗБОР ШТО ТРЕБА ДА ГО НАПРАВИМЕ:

Дела Апостолски 2:37,38,39

37А кога го чуја тоа, ги засегна во срцето и му рекоа на Петра, и на другите апостоли: „Мажи, браќа, што да правиме?”38А Петар им рече: „Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа за проштавање на вашите гревови; и ќе примите дар од Светиот Дух.39Зашто, ова ветување е за вас, и за вашите деца, и за сите далечни, колку што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.