Tuesday, July 2, 2013

ЗОШТО ЛУЃЕТО ОДБИВААТ ДА ЗБОРУВААТ ЗА ПОСЛЕДНИТЕ ВРЕМИЊА?


Се прашувам, зошто свештените лица и Христијаните од светот воопшто, одбиваат да им ја кажат на другите пораката дека Господ Исус Христос Доаѓа наскоро и дека треба да бидат подготвени? Зошто продолжуваат да ги мамат луѓето околу нив дека имаме многу години пред нас во иднината? Зошто веруваат дека итноста на пораката за "последните времиња" не е за денес?

Прво, мора да се погледне значењето на пораката која е во спротивност со "последните времиња", а тоа е дека имаме долга иднина пред себе. Тоа е еден вид на изјава која вели дека Библијата не е сосема точна. Сите пророштва за кои Библијата укажува дека ќе се случат, се случуваат, и тоа сите одеднаш- пророштва напишани од светите луѓе пред многу, многу години- со совршена прецизност.


Еве што навистина ме збунува, - какво лудило, зло, настани и однесувања спротивни на светото однесување треба да се случат, за да луѓето навистина почнат да мислат и да разберат дека сме всушност во "последните времиња"? Уште колку лоши работи треба да се случат пред овие луѓе,  да се освестат и да обрнат внимание? 


Токму во тоа е поентата: Библијата укажува дека при Исусовото Доаѓање, времето нема да биде премногу радикално... или катастрофално ... или ужасно, па луѓето навистина да се освестат и да признаат дека сме во "последните времиња". Имено, во Библијата е укажано дека Исусовото Враќање ќе биде ненадејно, како "крадец во ноќта" и во услови на негирање (на постоењето на Господ, на Христијанските вредности и морал), исто како и во времето на Ное. Луѓето ќе планираат да се мажат, женат, да основаат бизниси, - значи околности, кои во еден дел од светот ќе бидат навидум нормални, а во друг дел од светот - невообичаени, „ненормални“, односно ќе има војни, природни катастрофи, болести, масовен помор на живиот свет, итн. 
Кога ќе постојат такви околности во светот, тогаш ќе бидат исполнети критериумите за Исусовото Доаѓање.

 ТИЕ ОКОЛНОСТИ ПОСТОЈАТ СЕГА!!!

Значи, постои еден елемент кој е од клучно значење и кој треба да го препознаеме како индикатор, за да го очекуваме  "Враќањето на Господ Исус Христос по својата невеста", а тоа е кога ОДЕДНАШ И ИСТОВРЕМЕНО ЌЕ ПОЧНАТ ДА СЕ СЛУЧУВААТ МНОГУ, ОД ВЕЌЕ ПРЕТСКАЖАНИТЕ ЗНАЦИ  (што е неверојатен подвиг, со оглед дека ова било предвидено толку одамна). Но, тие нема да се случат на такво катастрофално ниво, за да биде очигледно за луѓето, бидејќи Библијата јасно истакнува дека поголемиот дел од луѓето ќе бидат фатени ВО ДРЕМКА кога Господ ќе се врати, -што значи, ангажирани во нивните вообичаени животни рутини и нема да внимаваат.

Сега многумина ќе кажат: добро ова се случувало и во минатото и оние кои живееја пред нас веруваа дека Господ ќе дојде, ама Тој не се Појави... Па да, тоа е точно - да го земеме на пример, времето на Втората Светска војна.

Да, на луѓето од тоа време можеби им изгледало како да живееле во Последните времиња, но:

1) во нивно време го немале интернетот и  можноста за таков пристап до информации, каков што сега имаме ние (пророштво дека знаењето ќе се умножи во последните денови),
2) во тоа време не се случувало вградување на микро-чиповите во луѓето,како што сега веќе се случува во Америка и во некои други земји (а е поврзано со контрола на движење, купување и продавање...) – (пророштвото за жигот на ѕверот)
3) немало толку масовно отпаѓање од верата и во исто време, таквото однесување да се прифаќа или толерира како нормално (пророштво дека времето ќе наликува како во деновите на Лот, со зголемена хомосексуалност, геј бракови, педофилија)
4) масовни катастрофални настани во природата, во разни делови од светот истовремено (поплави, торнада, променета клима, помор на животните на разни места...) итн.

Знаците од "последните времиња" се случуваат пред нашите очи, а тоа треба да е сигнал дека оваа генерација треба да внимава и да биде на „стража“.  Христијаните кои нема да ја  прифатат оваа реалност не се спремни да се соочат со предизвикот да ја споделат пораката дека живееме во „последните времиња“ со останатите драги луѓе од нивните животи.


Еве ја равенката, драги мои пријатели Христијани

Mасовен раст на светската популација 
Краток временски период кој преостанува (без оглед колку време преостанало, имајќи ги предвид масовниот и симултан прилив на знаци за времето во кое живееме)
+ 
Божјото Ветување дека ќе Дојде за да ја отстрани Црквата (подготвените Христијани)
+
Неопходност Христијаните да бидат усовршени во светост, чистота, без дамки / брчки/ точки на „облеката“, да имаат „масло во лампите“

Големо одвлекување на вниманието на луѓето, од страна на немилосрдниот непријател, сатаната  (живот во блуд, идолопоклонство, бунтовност, непокајаност)
--------------------------------------------------------------------------------------------
= рецепт за катастрофа

Тоа значи дека ќе има многу, многу слабо подготвени и неинформирани луѓе –фатени „на спиење“, во сомнеж и оставени во најстрашниот период на неволји, какви што не постоеле од создавањето на светот!

Па така, размислете темелно за оваа формула, вие пастори и Христијани кои живеете во негирање на времето во кое живееме, бидејќи немаме ниту еден момент за губење, поврзан со споделувањето на фактот дека ние навистина живееме во најпоследните од „последните времиња“!  Ве молам престанете да го игнорирате овој факт, како  да е табу тема.  

Ќе биде тоа - крајно нељубезно, некавалерски и нефер од ваша страна да ги доведете луѓето во верување дека ќе имаат долга, светла иднина, а да притоа не бидат подготвени за највеличествениот настан - Исусовото Доаѓање!
Можам со сигурност да ви кажам дека постојат некои луѓе кои веројатно сакале да слушнат за пораката за "последните времиња" пред да умрат, - тоа се луѓето кои ги изгубиле животите во катастрофалните настани во Јапонија, Хаити, градот Christ Church од Нов Зеланд, Шри Ланка ...

Затоа ве молам преиспитајте ги вашите ставови за "последните времиња", и започнете да разговарате за тоа со вашите изгубени (во духовна смисла) пријатели и членови на семејството. Еден ден, кога ќе бидете лице-в-лице со нашиот Спасител- ќе ви биде драго што сте го сториле тоа.


Јас тешко можам да Го замислам нашиот Господ како Вели: "Драго ми е што бевте воздржани во однос на споделување на пораката за "знаците на последните времиња“ и што ги чувавте тие информации во тајност од останатите луѓе!"

Да ја завршам оваа тема со следните стихови од Библијата, кои се наоѓаат во истиот дел од Библијата, каде што се доаѓа за Доаѓањето на Исус по Својата Невеста:

1 Коринтјаните 15:51-58
Еве! Ви кажувам тајна: не ќе - умреме сите, но сите ќе се изменимево еден миг, во миг на окото, при гласот на последната труба: имено трубата ќе затруби и мртвите ќе воскреснат нераспадливи а ние ќе се измениме, зашто треба ова распадливото да се облече во нераспадливо; и ова смртното да се облече во бесмртност.А кога, ова, распадливото ќе се облече во нераспадливост; и, ова, смртното ќе се облече во бесмртност, тогаш ќе се збидне напишаното слово: „Победата ја проголта смртта.  Смрт, каде ти е победата? Смрт, каде ти е осилото?” Осилото на смртта е гревот; а силата на гревот е законот.  Но, фала Му на Бога, Кој ни даде победа преку нашиот Господ Исус Христос. Затоа, мои возљубени браќа, бидете цврсти, непоколебливи, секогаш пребогати во господовото дело, знаејќи дека вашиот труд во господа не е напразен.

Треба да дадеме плод драги пријатели, а не да дремеме! Ако сме водени / крстени во Светиот Дух - треба да го слушнеме Неговото Водство.. Да чуеме и разбереме што Тој ни става на срце да го работиме. И да Го послушаме... За да не Го жалостиме и за да ни останат нашите имиња запишани во Книгата на Живите, која Му припаѓа на Совршеното Божјо Јагне - Господ Исус Христос!

АЛЕЛУЈА!







No comments:

Post a Comment