Friday, June 7, 2013

КОЈ НЕМА ДА БИДЕ ПОДГОТВЕН ЗА ДОАЃАЊЕТО НА ИСУС, КОГА ЌЕ ЈА ЗЕМЕ СВОЈАТА НЕВЕСТА - ЦРКВАТА?


Сите настани во природата и во општеството околу нас укажуваат дека Исусовото Доаѓање ни е „пред носот“. Кога Исус ќе Дојде - Тој ќе ги земе само оние верници, кои Него Го Ставиле на прво место во својот живот, а тие се претставени со параболата на Исус за 10те девици (Матеј 25:1-12).  Од нив, 5 се мудри и ќе бидат земени со Исус во Рајот, а 5 се неразумни и ќе бидат оставени со останатите луѓе, овде на земјата, за да се соочат со Божјиот Гнев!
Па кои се тие луѓе што ќе се соочат со Божјиот Гнев и ќе бидат осудени да бидат отфрлени од Божјото Присуство, т.е. испратени во пеколот?

Словото Божјо јасно кажува дека е тешко да се влезе во Царството Божјо. Исто така според Библијата многу повеќе ќе бидат луѓето кои ќе завршат во пеколот, отколку во Рајот!

Пеколот се споменува 167 пати во Библијата, понекогаш е наречен геена, ад, јама, бездна или вечна казна (Изреки 7:27; Лука 8:31; 10:15; 2 Солунјаните 1: 9). Исус зборуваше за рајот и пеколот, како вистински места (Матеј 13: 41-42; 23:33; Марко 9: 43-47; Лука 12: 5). Приказната што Исус ја кажа за богатиот човек и Лазар бил вистински настан што ја покажал реалноста на две вечни дестинации (Лука 16: 19-31). Небото, односно Рајот е живеалиште на Бога (2 Летописи 30:27), каде што Исус Отиде " за да ни приготви место" за оние што Го Љубат Него (Јован 14:2). Пеколот е создаден за "ѓаволот и неговите ангели" (Матеј 25:41). Но, бидејќи сите сме грешни, секој човек кој ја надминал возраста кога се смета за одговорен веќе е осуден за во пеколот (Римјаните 3:10; 5:12; Јован 3:18). Сите ние заслужуваме да сме казнети со испраќање во пеколот како праведна казна за нашиот бунт против Бога (Римјаните 6:23).
Исус јасно ни стави до знаење дека "никој не може да го види Божјото Царство ако не се роди повторно" (Јован 3:3). Тој, исто така, јасно ни стави до знаење дека пеколот е вечна казна за оние кои не го почитуваат (Матеј 25:46). Во 2 Солунјаните 1:8-9 се вели дека на крајот Бог "ќе ги казни оние кои не го познаваат Бог и не се покоруваат на Евангелието на Нашиот Господ Исус. Тие ќе бидат казнети со вечна погибел и отстранети од присуството на Господа и од славата на Неговата моќ.". Јован Крстител за Исус, рече " Лопатата е во Неговата рака, и ќе го очисти Своето гумно, и ќе го собере Своето жито во житницата; а плевата ќе ја изгори со неизгорлив оган" (Матеј 3:12).

Во Евангелието по Јован 3:18 во наједноставна смисла е објаснето кој ќе оди во Рајот, а кој во пеколот: " Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син." Значи, оние кои одат во пеколот се посочени како оние кои не поверувале во Името на Исус.

Името Исус (Jeshua) значи Бог Спасува (YAH IS SALVATION).

 Да се ​​"верува" значи да се оди подалеку од формално изјавување на вера. Да се ​​верува во Христос за спасение на душата значи да се направи трансфер на довербата. Престануваме да се обожаваме и да си веруваме на себе сѝ, се одвраќаме од своите гревови, и почнуваме да Му служиме на Бога со срце, душа, ум и сила (Матеј 22:36-37; Марко 12:30).

Бог сака секој човек ја помине вечноста со Него (Матеј 18:14; 2. Петрово 3:9), но јапочитува нашата слободна волја (Јован 4:14). Секој кој го посакува тоа, може да оди во Рајот, станувајќи Божјо дете преку вера во Исус (Јован 1:12). Исус веќе ја Плати цената за нашето спасение, но ние самите мора да Го прифатиме тој Дар и направиме трансфер на сопственоста на нашиот живот, со тоа што нема да си припаѓаме на самите себе сѝ, туку на Него (Лука 9:23). Рајот е место на совршенство, така што Бог не Може да ги  Земе таму оние, кои и понатаму вршат гревови. Мора да Му дозволиме на Бог да нè очисти од нашите гревови и да станеме праведни во Неговите Очи (2 Коринтјаните 5:21). Во Евангелието по Јован 1:10-12 ни е покажан проблемот и решението: "10Беше во светот, и светот стана преку Него, но светот не Го позна.11Дојде при Своите, но Неговите не Го примија.12А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име "

Па така, имаме право да избереме да поверуваме дека Исус Плати за нашите гревови, или да избереме самите да платиме за нашите гревови, но притоа да станеме свесни дека платата за нашиот грев е вечност во пеколот. 

Освен неверувањето во Исус Христос дека е Син Божји, Кој Дојде во тело на човек за да ги земе гревовите на човештвото, за секој што ќе поверува во Него да не биде осуден туку да има вечен живот, - Библијата укажува и на други гревови, кои ќе доведат до тоа, човечките души да завршат во пеколот:

Еве ги тие стихови:

ИДОЛОПОКЛОНСТВО, СЕКСУАЛНИ ПЕРВЕРЗИИ, ЗАНИМАВАЊЕ СО МАГИИ, ПА ДУРИ И СТРАШЛИВОСТ!
Откровение 21:8 А на страшливците и на неверните, и на гнасните и на убијците, и на блудниците и на вражалците, и на идолопоклониците и на сите лажци, нивниот дел им е во езерото, кое гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.

БРАЧНО НЕВЕРСТВО, КРАДЕЊЕ, ЛАЖЕЊЕ, ЗАВИСНОСТИ, КЛЕВЕТЕЊЕ!
1 Коринтјаните 6:9,10 Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјото Царство? Не измамувајте се! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци),10ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото Царство

БЕСРАМНОСТ, ЉУБОМОРА, НЕПРИЈАТЕЛСКИ ОДНОС СПРЕМА НЕКОГО, СЕБИЧНОСТ, ЛАЖНА ВЕРА ВО ДРУГИ „богови“, УБИСТВА, ОРГИИ!
Галатјаните 5:19-21, А делата на телото се познати; тоа се: блудство, нечистота, бесрамност,20идолопоклонство, вражање, непријателства, препирка, ревнување, гнев, себичност, раздори, кривоверства;21зависти, убиства, пијанства, срамни гозби, и слични на овие, за кои ви зборувам однапред, како што ви реков и порано: дека оние, кои прават такви работи, нема да го наследат Божјото Царство.

СЕКСУАЛНИ ГРЕВОВИ ОД БИЛО КОЈ ТИП, ЗАВИСНОСТ И ВАЛКАЊЕ НА ТЕЛОТО ПРЕКУ ВНЕСУВАЊЕ СУПСТАНЦИ ВО ОРГАНИЗМОТ, ЛАКОМОСТ ЗА БИЛО ШТО (ШТО Е ЕДНАКВО НА ИДОЛОПОКЛОНСТВО)
Ефесјаните 5:5, Зашто, знајте го ова добро: ниеден блудник, ниеден нечист, ниеден лакомец - кој е идолопоклоник - нема наследство во Христовото и Божјото Царство!

БУНТОВНИ ЛИЦА ПО ПРИРОДА, УБИЈЦИ НА СВОИТЕ РОДИТЕЛИ, КИДНАПЕРИ И ТРГОВЦИ СО ЛУЃЕ (РОБОВИ), НЕПОКОРНИ...
1 Тимотеј 1:9-10 9знаејќи го ова: дека законот не е воспоставен за праведникот, туку за беззакониците и непокорните, за безбожниците и грешниците, за несветите и нечистите, за убијците на татковци и убијците на мајки; за оние кои убиваат луѓе;10за блудниците - и за мажи кои се полово изопачени, за трговците со робови, за лажливците, за лажнозаколнувачите и за сè друго што и е противно на здравата наука

ХРИСТИЈАНИ, КОИ СЕ МЛАКИ ВО ВЕРАТА!
Откровение 3:15,16  ги знам твоите дела, дека не си ни студен ни врел. О, кога би бил студен или врел!16Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста

ОНИЕ, КОИ НЕ ПРОСТУВААТ НА ДРУГИТЕ ЗА НАНЕСЕНОТО ЗЛО!
Матеј 6:15 Ако вие не им ги простите на луѓето нивните престапи, ни вашиот Татко нема да ви ги прости вашите

Би било добро да знаете и во кои случаи луѓето се удрени од Бога со ПРОКЛЕТСТВО, наместо со БЛАГОСЛОВ!


ОНИЕ, КОИ НЕ ОДВОЈУВААТ ДЕСЕТОК ЗА БОГА И БОЖЈОТО ЦАРСТВО!
Малахија 3:8,9 Смее ли човек да Му задржува на Бога? А вие Ми задржувате Мене, и прашувате: ‘ Во што Ти задржуваме?’ Во десетокот и во приносот.9Удрени сте со проклетство, зашто Ми задржувате вие, сиот народ!
СКРЖАВИТЕ!
2 Коринтјаните 9:6 А ова го велам: кој сее скржаво, скржаво и ќе жнее; кој сее во благослов, во благослов и ќе жнее!


После сето ова кажано – добро ќе се вклопи да го цитирам Ц. С. Луис, кој  рекол:

„На крајот, ќе постојат само два вида на луѓе: Оние, кои на Бог навреме Му рекле: "Нека биде Волјата Твоја" и оние, на кои Бог на крајот ќе им рече: „Нека биде волјата твоја"!


Во кој тип на човек спаѓате?! 





Thursday, June 6, 2013

ЗА ЉУБОВТА МЕЃУ ХРИСТИЈАНИТЕ

ОВА Е МОЈАТА ЗАПОВЕД: ЉУБЕТЕ СЕ ЕДЕН СО ДРУГ, КАКО ШТО ЈАС ВЕ ЉУБЕВ“
(Јован 15:12)

Ова се зборовите на Исус, кои се многу погрешно разбрани, бидејќи Исус нè Сака нас луѓето на еден многу поинаков начин, од оној на кој луѓето се сакаат меѓусебно...
Љубовта на Исус се однесува на спасување на човештвото, а не љубов што значи наклоност, која прави човек да се чувствува физички посакуван, атрактивен во сензуална смисла. Исус исто така, воопшто не Поучувал ни Проповедал на начин, што би предизвикал сите да се чувствуваат пријатно. Напротив, Исус со Своите зборови ги изобличувал луѓето, со тонот на својот глас како да ги камшикувал, ги проколнувал, посочувајќи на нивното лицемерие... Па така, начинот на кој Исус ја Покажувал Љубовта кон луѓето на крајот довела до тоа, Тој да биде распнат и убиен.
Во денешно време има многу „волци во овчешка кожа“, кои го толкуваат тој стих, како дека Исус Сакал да каже дека никого не смееме да налутиме или навредиме, да бидеме постојано коректни и воздржани кон луѓето, не посочувајќи им на нивните грешки во однесувањето.  Токму ова води кон лажно учење. Ако ги сакаме луѓето како што Исус нас нè Сакаше, тогаш би биле загрижени за спасот на луѓето, па дури ако тоа значи и да ги налутиме. 
Значи, вие кои сте пастори, водачи на стадото Исусово – изобличувајте, кажувајте им ги гласно и јасно грешките на луѓето, затоа што тоа ќе ги доведе до покајание, пред Нозете на Исус.. Тоа е вистинското место од каде што почнува чекорењето по Тесниот пат, и кое продолжува со следење на Духот на Вистината...
А пак вие, кои одите во Црква и барате вистинско духовно водство - запрашајте се, дали вашата Црква ја води некој „фарисеј на денешнината“ или пак вистински Христов следбеник! 

Внимавајте, затоа што вашата душа е скапо платена со Светата Крв на Јагнето Исус Христос!

Матеј 23:13-28 13”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои го затворате Небесното царство пред луѓето; зашто самите не влегувате, ниту ги пуштате внатре оние, кои сакаат да влезат.”14”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги подјадувате домовите на вдовиците, и заради причина се молите долго. Затоа ќе добиете поголема осуда!”15”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои ги обиколувате морето и копното, за да придобиете еден прозелит, и кога ќе стане тоа, го правите син на пеколот, двапати полош од себе!”16”Горко вам, слепи водачи, кои велите: ‘Ако некој се заколне во Храмот, не е ништо; ако пак се заколне во црковното злато, тогаш е обврзан!’17Безумни и слепи! Што е поголемо: златото или Храмот, што го осветува златото?18И: ‘Ако некој се заколне во жртвеникот, не е ништо; а ако се заколне во дарот, што е врз него, тогаш е обврзан.’19Слепци! Што е поголемо: дарот или жртвеникот, што го осветува дарот?20И така, кој се колне во жртвеникот, се колне во него и во сè што е врз него.21И кој се колне во Храмот, се колне во него и во Оној, Кој живее во него.22И кој се колне во небото, се колне во Божјиот престол и во Оној, Кој седи на него.”23”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои давате десеток од нане, копра и кимин, а го оставивте поважното во Законот: правдата, милоста и верата. Ова требаше да се прави, а она да не се остава!24Слепи водачи! Вие го цедите комарецот, а ја проголтувате камилата.”25”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои ја чистите надворешноста на чашата и чинијата, а внатре сте полни со грабеж и лакомост!26Слепи фарисеју! Очисти ја најнапред внатрешноста на чашата, за да и биде чиста и надворешноста!”27”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти приличите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистота!28Така и вие однадвор им се покажувате праведни на луѓето, а внатре сте полни со лицемерство и беззаконие.” 


Матеј 6: 20 Зашто скапо сте купени. И така, прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји.

Матеј 7: 23 Скапо сте купени! Не бидете им робови на луѓето! 


1 Петар 5:2пасете го Божјото стадо, кое е меѓу вас, и надгледувајте го, не со сила, туку драговолно, како што Бог сака; не од желба за срамна печалба, туку од добро срце;