Monday, December 7, 2015

50 ЗНАЦИ НА ПОСЛЕДНИТЕ ВРЕМИЊА ВО КОИ ЖИВЕЕМЕ!


Ако имате 5 знаци, кои би можеле да укажуваат дека имате срцев напад, - сигурно би отишле на лекар.
Ако имате 5 знаци кои би можеле да укажуваат дека имате рак, - сигурно би отишле на лекар.
Ако имате 5 знаци кои би можеле да укажуваат дека надоаѓа катастрофална поплава, - би преземале соодветни мерки.

Ама, ако ви набројам не 5, туку 50 знаци на кои укажува Библијата дека живееме во време непосредно пред Доаѓањето на Исус Христос, дали би преземале соодветни мерки?

Прочитајте ги овие  50 ПРИЧИНИ, поради кои треба да верувате дека живееме во Библиските Последни Времиња:

1)     Зголемување на бројот на природни катастрофи (Матеј 24:7 и Лука 21:11)
2)     Зголемување на беззаконието и насилството (Mатеј 24:12)
3)     Зголемено неморално однесување, зголемен број на разводи, семејно насилство, бунтовништво и непослушност на децата кон родителите (Maтеј 24:37 и Tимотеј 3:2-4)
4)    Зголемена желба за поседување материјални добра, кариеризам (2 Tимотеј 3:2)
5)     Преовладување на хедонизмот, себичноста (2 Tимотеј 3:4)
6)     Зголемено влијание на хуманизмот (2 Тимотеј 3:2)
7)     Перверзијата се смета за забава (2 Тимотеј 3:4)
8)     Лошото се смета за добро, а доброто за лошо (2 Tимотеј 3:3  и  Исаија 5:20)
9)     Зголемена (зло)употреба на дроги (2 Тимотеј 3:3)
10)  Зголемено Богохулење во зборувањето (2 Тимотеј 3:2)
11)  Зголемен интерес кон паганството  (2 Tимотеј 3:1-4)
12)  Зголемен очај и депресии меѓу луѓето (2 Tимотеј 3:1)
13)  Има знаци на небото (опасност од удар на метеори, чадови оган од пожари, вулкани)  (Лука 21:11,25, Јоил 2:30)
14)  Зголемено е знаењето  (Даниел 12:4)
15)  Зголемено е патувањето (Даниел 12:4)
16)  Зголемен е бројот на култови (Maтеј 24:11)
17)  Зголемен е бројот на лажни христоси (Maтеј 24:5)
18)  Зголемено е отпаѓањето од верата во црквите - луѓето се само навидум верници (2 Tимотеј 4:3-5)
19)  Зголемени напади на Личноста на Исус Христос  (Римјаните 1:18-19)
20)  Зголемени напади на Библијата (Римјаните 1:18-19)
21)  Зголемен прогон  и убиства на Христијаните (Maтеј 24:9)
22)  Зголемен интерес кон окултизмот (1 Тимотеј 4:1)
23)  Има војни и се слушаат гласови за нови војни (Maтеј 24:6)
24)  Развиени оружја за масовно уништување (Лука 21:26)
25)  Зголемен е гладот во светот (Лука 21:11)
26)  Зголемен е поморот на птици, риби, во светот (Лука 21:11, Осија 4:3)
27)  Развиена компјутерска технологија (Откровение 13:7)
28)  Телевизија (Откровение 11:8-9)
29)  Сателитска технологија (Откровение 11:8-9)
30)  Виртуелна реалност  (Откровение 13:14-15)
31)  Обединета Европа  (Даниел 2:41,42 и 7:24,25)
32)  Силна воена моќ на земја /земји Далечниот Исток (Откровение 9:16  и 16:12)
33)  Придвижување на светот кон една глобална светска влада (Даниел 7:23-26)
34)  Повторно враќање на Евреите во својата држава (Исаија 11:10-12)
35)  Ревоспоставување на Израелската држава (Исаија 66:7-8)
36)  Рекултивација на Израелската земја (Езекиел 36:34-35)
37)  Остварување на Божјите ветувања за Евреите преку склучување на Нов Завет со нив (Еремија 31:23)
38)  Реокупација на Ерусалим (Лука 21:24)
39)  Зајакнување на Израелската воена сила (Софонија 12:6)
40)  Рефокусирање на светската политика на Израел
(
Захарија 12:3)
41)  Русија се заканува на Израел (Езекиел 38 и 39)
42)  Арапите се закануваат на Израел (Езекиел 35 и 36)
43)  Се негира Исусовото Второ Доаѓање  (2 Петар 3:3-4)
44)  Преовладува Дарвинизмот; Се негира дека светот е создаден од Бог  (Римјаните 1:18-22)
45)  Се случува излевање на Светиот Дух (Јоил 2:28-29)
46)  Библијата е преведена на многу јазици (Матеј 24:14)
47)  Евангелието се проповеда насекаде (Матеј 24:14)
48)  Заживување на Месијанските Евреи (Евреи, кои се обратени во Христијани). (Римјаните 9:27)
49)  Се зголемува бројот на верници, кои го обожаваат  Бог во дух и во вистина (Јован 4:23,24)
50)  Се открива значењето на бројните Библиски пророштва (Даниел 12:8-9)

Има уште многу за набројување, но ова би требало да ви биде доволно за да ја „извадите главата од песок“ и да се соочите со реалноста...ИСУС ЌЕ ДОЈДЕ!  ДАЛИ ГО ЧЕКАТЕ КАКО МУДРИТЕ И РАЗУМНИ ДЕВИЦИ, КОИ ИМААТ ЛАМПИ ПОЛНИ СО МАСЛО ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ, ИЛИ ЌЕ ГО ПРЕЧЕКАТЕ КАКО НЕРАЗУМНИТЕ ДЕВИЦИ СО НАПОЛА ПРАЗНИ ЛАМПИ, кои ќе бидат оставени?
Изборот е ваш...

Матеј 25:
1„Тогаш Небесното царство ќе биде како десет девици, кои ги зедоа своите светилници и му излегоа во пресрет на младоженецот.2Петте од нив беа неразумни, а петте мудри.3Зашто неразумните зедоа со себе светилки, но не зедоа масло;4а мудрите зедоа масло, во садовите, со своите светилници.5Бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа.6А на полноќ се чу викање: ‘Еве го младоженецот, излезете му во пресрет!’7Тогаш сите оние девици станаа и ги приготвија своите светилки.8А неразумните им рекоа на мудрите: ‘Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилници ни гаснат.’9Но мудрите им одговорија и рекоа: ‘За да не биде малку и за нас и за вас, отидете кај трговците и купете си!’10Кога отидоа да купат, младоженецот дојде и спремните влегоа со него на свадбата, и вратата се затвори.11А потоа дојдоа и другите девици и рекоа: ‘Господаре, господаре, отвори ни!’12Но тој им одговори и рече: ‘Вистина ви велам - не ве познавам!’13И така - бдејте, зашто не го знаете ни денот ни часот!