Wednesday, August 17, 2016

Дел 1. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН?

  Доктринарни сличности и разлики помеѓу Христијанството и Исламот


По ужасниот бран на тероризам кој минатата година започна во Франција, а оваа година продолжува и понатаму и во Франција и во Германија, во Шведска, Турција, а за Блискиот Исток и да не споменуваме - човек не може, а да не се запраша ЗОШТО?

Светот денес, како никогаш порано се соочува со зголемени самоубиствени напади на Муслимани, кои се разнесуваат сред трговски центри, ресторани, концертни сали, во хотели, туристички места преполни со луѓе дојдени на одмот... Притоа, носат смрт на огромен број на луѓе, - деца, жени, мажи, стари и млади подеднакво.
Која е причината за тоа? Зошто се случува тоа? Кој е мотивот зад сите тие терористички акти на Муслиманите, обично насочени кон немуслимани? Кои се тие? Милитантни исламисти? Терористи? Припадници на некои секти? Или нешто друго?

Ова е мој обид да осветлам некои од овие одговори, после бројните истражувања на оваа тема, што секако ги вклучува и светите книги на Христијаните - Библијата и Муслиманите -  Куранот и Хадисите.

Малку објаснување на значењата на овие книги:
-     Библија е збор со грчко потекло (Βίβλος) и означува збир на книги, вдахновени од Светиот Дух, пишувани низ вековите од 40, од Бога одбрани луѓе во период од 1600 години. Стариот Завет го сочинуваат 39 свети книги на Еврејскиот народ, особено избран од Бога да биде восприемач на Светите Божји Заповеди, Откровението и носител на верата во ветениот Спасител. Новиот Завет го сочинуваат 27 книги- запишани сведоштва за веќе дојдениот Спасител на светот, во Личноста на Исус Христос. Стариот и Новиот Завет претставуваат една целина, бидејќи централна Личност во нив е Едниот и Ист Господ Исус Христос, Кој е Алфа и Омега на Откровението.
Библијата содржи книги со поглавја и стихови.
-  Куран е збор со арапско потекло (арап. أَلْقُرآن, al-qurʾān [qurˈʔaːn])  и значи „читање“, „читанка“ и слично и е света книга за Муслиманите. Тој е збирка од верски, морални и општествено-правни прописи, кои Алах му ги објавил на неговиот пратеник Мухамед и кои се основата на исламското верско учење и правото. Куранот содржи поглавја и стихови, наречени сури и ајети. Хадисите (арап. الحديث‎)  претставуваат збирка на извештаи кои ги опишуваат зборовите, делата или навиките на Исламскиот пророк Мухамед. Терминот има арапско потекло и означува „извештај", "сметка" или "расказ". Хадисите се втори по значење, после Куранот и претставуваат важни алатки за разбирање на Куранот и коментарите (Тефсир) пишувани во врска со него.
Муслиманите ги почитуваат и Сунетите, кои буквално значат пат, метод, начин и  содржат Исламски практики, кои се основани од страна на пророкот Мухамед  и неговите другари.

Богот на Христијаните
Во Стариот Завет, Бог им се открил на Евреите под името Јахве. Јахве, односно YHWH (יהוה) , буквално значи; "Јас Сум Оној Кој Сум".)
Во Новиот Завет Бог се Открива преку Личноста на Исус Христос.  Исус (арамејски: ישוע Јешуа) бил еврејски пророк и рабин од Назарет, кој многу Евреи го сметале за голем учител. По неговата смрт станал централна фигура во Христијанството и важна фигура во другите религии. Муслиманите го сметаат за пророк, а Христијаните за Месија и Син Божји, односно второто лице (ипостас) на Светото Тројство. Исто така се нарекува уште и Бог Слово (Логос), Кој поради неопходноста од обезбедување спас за човечкото општество од неговите гревови се „отелотворил“ и станал човек – Исус Христос. Она што Исус претставувал за апостолите-Бог во Тело, сега за Новозаветните  Христијани е Светиот Дух, Третата Личност на Едниот Бог, Кој е Бог што се „вселува“ во верниците, преку верата во Исус Христос, правејќи ги „Божји Храмови“ (1 Коринтјаните 6:19)!
 Богот на Муслиманите
Алах (арап.  الل, ʔalˤːɑːh) е арапскиот збор за „Бог“.  Додека во Европа и на Западот поимот е познат по неговата употреба од Муслиманите кога зборуваат за Бога, истиот се користи од арапските говорници од сите Аврамски вери, во кои спаѓаат и Христијаните и Евреите. Овој збор се користел и од паганските Меканци во однос на богот-создател, веројатно врховниот бог во предисламска Арабија.

По овој краток вовед на клучните поими, термини и нивното значење, во неколку продолженија објавувам мои истражувања, а еве дел од темите на кои ќе се осврнам:

1)     Доктринарни сличности и разлики помеѓу Христијанството и Исламот
2)     Исламот и тероризмот - позадина зад терористичките напади
3)    Жената во Исламот
4)    Жената во Христијанството  
5)  Наместо заклучок  - Кој е вистински бог? Богот на Христијаните или богот на Муслиманите?

Верувам дека доколку внимателно ги прочитате сите овие продолжетоци, ќе имате јасна слика и одговор на последното прашање.

Во текстот користам цитати од Библијата и Куранот, со следните линкови на интернет:
Библија:
Куран:

Хадиси (линк на интернет, на Англиски, со пребарувач според зборови):


 Да започнеме...


 Доктринарни сличности и разлики помеѓу Христијанството и Исламот

Сличности
Јудаизмот, Христијанството и Исламот се сметаат за Аврамски религии. Причината за тоа е што сите три релгии го сметаат Аврам за прататко на нивната вера.

Христијанството се повикува на „Аврамовиот благослов“ преку верата во Исус (Постанок 12:3, 18:18, Дела Апостолски 3:25, Галатјаните 3:8). Евреите, го опишуваат Аврам како свој татко, додека Муслиманите се поврзуваат со Аврам преку неговиот син Исмаил. Тоа значи дека Христијаните, Евреите и Муслиманите, во прв ред, се сметаат себеси за божји чеда. Меѓутоа, првите разлики се појавуваат во претставата за Бога. Во Исламот, на пример, Бог е возвишен создател, кој управува со животот на луѓето. Тие не му се обраќаат со „Оче наш“, како Христијаните. За нив е особено значајно кога зборуваат за Господ, да не го вбројуваат во ниту една човечка категорија.
Сите три религии меѓусебно се испреплетуваат и од нивното создавање, секоја од нив е во конфликт со претставите што ги имаат останатите две. Кога во седмиот век настанал Исламот, Христијанството постоело веќе шест века.
Куранот отсликува дека Исламот се дистанцира од Христијанството. Затоа во светата книга на муслиманите има строфи, кои повикуваат на насилство против неверниците.


Христијани:
Христијаните се сложуваат дека Библијата е авторитет кој треба да се следи, но има разлика во начинот на кој тие го гледаат својот однос со Бог; Имено, за едните верата во Исус е лична и приватна работа, што би можело да се опише како блиска, интимна и постојана релација со Исус. Нивните погледи на свет се засновани на Библијата и Нејзините Свети доктрини,  и од тој аспект го градат својот комплетен поглед на свет. Тие се следбеници на Исус, кои буквално го следат Христос и начинот на кој Тој се однесувал кон Богот Отец и кон другите луѓе. Ваквите Христијани не припаѓаат на одредени Христијански деноминации и се помалку од останатите Христијани;
Од нив се разликуваат Христијаните, кои припаѓаат на некои Христијански деноминации и следат одредени религиозни традиции, догми и обичаи. Ова се следбеници на Христијанска религија. Нив ги има повеќе, - Католици, Православни, Протестанти, Баптисти, Евангелисти, Пентакосталци, итн.
(Догма -  од грчки δόγμα, δόγματα - востановува, утврдува претставува утврдена вера и доктрина од религија, идеологија или организација, изземена од дискусија или сомнеж и прифатена како безусловна вистина.)
Христијаните веруваат дека Бог е Едно Битие, кое има три различни Личности: Отецот, Синот Исус Христос и Светиот Дух. Тие веруваат во Истиот Бог, Кој во Стариот Завет им се открил на Евреите како Јахве -Богот на Авраам Исак и Јаков, а Кој во Новиот Завет е Отелотворен во Ликот на Исус Христос, во Кого живеела „сета полнота на Божјото Присуство“. (Јован 1:1, Колосјаните 2:9, Филипјаните 2:6,7,8)

Муслимани:
Муслиманите веруваат во Алах, а зборот Ислам значи „предаденост“, што во верска смисла значи предаденост на Бог и почитување на следните 5 столба на Исламот: 1) Шехадет – Изјава за вера во едниот Бог Алах и во неговиот пророк Мухамед, 2) Намаз – молитва 5 пати на ден, 3) Зекат – грижа за сиромашните, 4) Рамазански Пост – прочистување и 5) Хаџ - Аџилак во Мека.
Муслиманите веруваат дека имало многу пророци и гласници испратени од Алах низ вековите, како Авраам, Мојсеј и Исус, но и дека нивните пораки биле искорумпирани од страна на човекот. Тие веруваат дека Мухамед бил последниот Пратеник и дека Куранот е единствената неизвалкана Света Божја порака во светот. Огромното мнозинство на Муслимани веруваат дека Куранот е непогрешлив збор на Алах, така како што му е пренесен на пророкот Мухамед, а може и треба да биде дел од секој аспект во животот, дури и кога станува збор за прашања како што е банкарството, војувањето и политиката.
Муслиманите најчесто припаѓаат или на мнозинските Суни или на малцинските Шиити – две групи на кои Муслиманите се поделиле, по смртта на Мухамед, во зависност од нивните погледи за тоа, кој треба да го наследи Мухамед.
Суните ги почитуваат усните традиции и интерпретаци на Куранот, нешто што е слично на Еврејскиот Талмуд. Тие сметаат дека Калифот (религиозен водач на Калифатот – Исламско општество) треба да се избира од Исламските лидери во општеството, додека Шиитите сметаат дека Калифот треба да се избира од директните наследници на Мухамед, според сродство.


Богот од Библијата и Куранот – дали се исти или се разликуваат?

Во Библијата Бог "се приближува", "се спушта" и не’ бара со цел да стапи во интимна врска со нас. Целата Библија е приказна за Бога, Кој Го Бара човекот.

Во првото поглавје од Библијата за создавањето и падот на човештвото читаме дека по првиот грев / непослушноста на Адам и Ева, тие се соочени со својата совест и да се обидуваат да се сокријат од Бога. Бог доаѓа кај нив во градината и ги повикува со зборовите, "Каде сте?" (Битие 3: 9)

Човекот се крие од Бога, бидејќи знае дека е виновен пред Бога. Сепак, Бог Доаѓа и Сака повторно да воспостави однос на меѓусебна љубов со човекот. Тој е Бог, Кој ги презема сите неопходни чекори за да направи тој взаемен однос да се воспостави повторно. Тоа е приказната за Бог, која ја читаме од Библијата, и тоа од првата до последната книга, во која конечно може да прочитаме за Новото Небо и Новата Земја:
 " 3И чув силен глас од небото, велејќи: „Еве го Божјиот Шатор меѓу луѓето; и Тој ќе живее со нив, и тие ќе бидат Негов народ, и Самиот Бог ќе биде со нив " (Откровение 21: 3)

Конечно, желбата на Бог е исполнета - Бог и Неговите луѓе се засекогаш заедно! Прочитајте го цело поглавје 21 од Откровението, кое е едноставно прекрасно.

Навистина Богот од Библијата е Бог, Кој не’ Сака, Кој се Симнува од Небото за да биде поблиску до нас. Тој Го Открива Својот Карактер, Срце и Желба да воспостави врска со Неговите созданија, засновани на ЉУБОВ!
Ќе бидете ли и вие дел од Неговите луѓе, кои се споменати во Откровение 21:3?
Ова е тема од Библијата,  која треба да ја истражите, така што ќе може да одговорите на Неговото прашање и да станете дел од Неговиот народ.

Спротивно на тоа, Куранот го прикажува Бога како некој што е "далеку", кој е само трансцедентен. Како што еден Муслимански теолог вели: "Бог ни ја открива само својата волја, а не и себе. Тој останува засекогаш скриен". Иако е во близина, како што е вратната жила, како што самиот Куран наведува, сепак ова е "техничка" близина, бидејќи исто како што не сме "свесни" за нашата вратна жила поголемиот дел од времето и немаме личен однос со неа, така и ова тврдење само истакнува дека Бог е "насекаде" (блиску до нас и далеку), како и воздухот околу нас.
За разлика од Куранот, во Библијата, Бог не сака да биде со нас само врз основа на Неговата сеприсутност и сезнаење, бидејќи со самото тоа што е Бог, Тој е "насекаде" во секое време.  Не, Тој  Сака да биде во наша близина, како Некој Кого Го сакаме.

Во Исламот, значи, човекот се обидува да му угоди на Бога, преку обреди, правење добри дела и почитување на неговата волја. 
Богот од Библијата Презема иницијатива и Самиот се Симнува од Небото долу на Земјата. Па така, гледаме дека движењето на Богот од Куранот и Богот од Библијата е во спротивна насока.



 Исус Христос во Христијанството и Исламот


Исус Христос, Синот на Марија, се разбира, е најважната Фигура и Име во Христијанството. Христијаните веруваат дека Исус Бил Син на Бог, и дека заедно со Богот Отец и Светиот Дух, Тој е Дел од Едниот Бог, или Светото Тројство. Христијаните верувааат дека Исусовата мајка Марија била девица кога забременила со Исус, дека Исус Умрел кога бил распнат, и дека Воскреснал на третиот ден по Неговата смрт.


Сите пророци од Стариот Завет Го најавувале Раѓањето на Исус (Дела Апостолски 10:43), а со Неговото Доаѓање на свет и настаните потоа, се исполниле над 360 пророштва. Некои од Неговите Имиња се: Семе Аврамово, Семе Давидово, Пророкот од Назарет, Единороден Син Божји, Син Човечки, Првороден од сите суштества, Емануел (Бог со нас), Вечен Татко, Голем Бог, Кнез на Мирот, Слово Божјо, Словото Кое Дојде во Тело, Слика на Бог, Оној во Кој е Божјата полнота, Светлината во светот, Леб Небесен, Вистинската Лоза, Добриот Пастир, Единствениот Пат, Вистина, Живот, Единствен Посредник меѓу Бога и луѓето, Цар над царевите, Господар над господарите, Алфа и Омега, Почеток и Крај, Првиот и Последниот, Воскресение и Живот, Вечен Свештеник, Оној Кој ги има клучевите од пеколот и смртта, Оној Кој Дава Жива Вода, Помазаник, Жртвеното Јагне, Месијата наречен Исус, Спасител на светот, Праведен Судија и многу други...

Некои од Христијанските верувања за Исус се совпаѓаат со Исламот. И едните и другите веруваат:

• во девственото раѓање на Исус
• дека Исус Христос можел да прави и правел чуда
• дека Исус повторно ќе се врати за време на апокалипсата.

Клучните разлики во исламските верувања за Исус се однесуваат на тоа што:
  • Муслиманите веруваат дека Исус, не бил распнат, не умрел, туку се вознесол на небото.
  • На луѓето само им изгледало дека Исус е распнат на крстот, а всушност Алах дозволил некој друг човек  кој личел на Исус, тој да биде распнат.
  • Не веруваат дека Бог Го воскреснал.
  • Муслиманите не веруваат дека  Исус е Божји Син, туку го сметаат за голем Божји пророк.
  • Муслиманите Го очекуваат Исус, за кого веруваат дека воопшто не умрел да дојде по втор пат за време на Апокалипсата, и дури тогаш, откога ќе ја заврши својата мисија ќе умре како Муслиман.

Куранот има 114 глави и 6.666 стихови. Името на Мухамед ќе го пронајдете на 4 места во Куранот, а Името на Исус (Иса) на 25 места. Ниту едно име на жена не е споменато во Куранот, освен едно женско име – името на мајката на Исус-Марија (Мерјем). Во над 90 стихови од Куранот се зборува за Исус; Исус е наречен Син на Мерјем, бидејќи немал татко, туку само мајка.

Ова се титули на Исус во Куранот:
        ·     Слово на Бог
("Он и усмртува Он и оживува. И кога ќе реши за нешто, кога ќе му рече: „Биди!“ - и тоа, токму, ќе биде!" (Куран 40:68)
" Да, кај Аллах примерот на Иса е сличен на примерот на Адем: Он од земја го создаде, а потоа рече: „Биди!“ - и тој, токму, би. " (Куран 3:59)
Не само според Библијата, туку и според Куранот, Исус е Слово Божјо, бидејќи Тој Дојде на овој свет преку изговорениот Збор на Бог „Биди“, како што е тоа објаснето во овој стих:
Месих, Иса синот на Мерјем, е пејгамбер Аллахов, Зборот Негов, кој Он го фрли во Мерјем, Дух од Него. “  (Куран 4:171)
          ·      Дух од Господа
" И таа која ја сочува девственоста. И во неа тогаш Ние вдахнавме од духот, творот Наш, и одредивме да биде, таа и синот нејзин, знамение за световите. " (Куран 21:91)

(О следбеници на Книгата, не претерувајте во верата ваша, и за Аллах само вистина зборувајте! Месих, Иса синот на Мерјем, е пејгамбер Аллахов, Зборот Негов, кој Он го фрли во Мерјем, Дух од Него. Е па, верувајте во Аллах и во пејгамберите Негови, и не зборувајте „тројца“. Престанете, тоа е подобро за вас! Аллах, навистина, е еден Бог. Нека е славен Он! Зарем Он да има дете? Се што е на небесата и на Земјата е - Аллахово! А Аллах, секако, е Доволен Закрилник! Куран 4.171)
·      "Во Исус бил вдахнат Божјиот Дух." (Куран 66:12)
(И: Мерјем, ќерката на Имран, која ја сочува невиноста своја, и во која вдахнавме од Духот, од страна Наша, и која ги потврди зборовите на Господарот свој, и Книгите Негови, и која беше една меѓу потчинетите на Аллах!)
·           Свето (чисто) дете
Тој рече: „Јас сум, навистина, пратеник од Господарот твој. Да, ќе ти подарам чисто дете.“ (Во Англискиот превод стои: Holy Child - Свето дете)   (Куран 19:19)
Исус, според верувањето на Муслиманите и напишаното во Куранот Бил: дух или поточно душа создадена од Господа, донесена од ангелот Гавриел, моќен Божји ангел и вдахнат во Марија.
Сепак, Муслиманите не веруваат во Божествената природа на Исус:
"Е па, верувајте во Аллах и во пејгамберите Негови, и не зборувајте „тројца“. Престанете, тоа е подобро за вас! Аллах, навистина, е еден Бог. Нека е славен Он! Зарем Он да има дете?..." (Куран 4:171)

                                       Разлики помеѓу Исус и Мухамед

Исус и Мухамед се две клучни и репрезентативни фигури, на кои се угледуваат верниците од Христијанската или Муслиманската вера.

Затоа, да ги разгледаме разликите помеѓу овие две личности.


Пред да се родина овој свет, Мухамед бил... ништо... 
         Пред да се Роди на овој свет, ИСУС БИЛ СЛОВО БОЖЈО според Библијата и според Куранот!
Мухамед рекол, Алах ги мрази оние кои не го прифаќаат Исламот (30.45, 3:32, 22:38)
Исус Рекол дека Бог ги сака сите луѓе (Јован 3:16)
Мухамед рекол: „Наредено ми е да војувам против луѓето се додека не признаат дека нема друг Бог освен Алах, дека Мухамед е гласник на Алах (Kitab Al-Iman, Муслим, 1:33)
Исус Рекол: „Оној кој живее од нож, од нож и ќе умре“ (Матеј 26:52)
Мухамед ја каменувал жената која извршила прељуба (Kitab Al-Iman, Sahih Muslim 4206)
Исус Рекол: „Нека оној кој не направил грев, прв го фрли каменот“ Јован 8:7
Мухамед дозволил да се краде од неверниците (Bukhari 44:668, Ibn Ishaq 764)
Исус Рекол: „Не кради“ Матеј 19:18
Мухамед дозволил лажење (Sahih Muslim 6303, Bukhari 49:857)
Исус забранил лажење: „Нема да сведочиш лажно“ - Матеј 19:18
Мухамед поседувал и продавал робови (Sahih Muslim 3901)
Исус ниту имал, ниту тргувал со робови.
Мухамед им ги отсекол главите на 800 Евреи (мажи и деца) (Sahih Muslim 4390)
Исус никому не му ја отсекол главата.
Мухамед ги убивал оние кои го навредиле (Bukhari 56:369, 4:241)
Исус поучувал за простување (Матеј 18:21-22, 5:38)
Мухамед промовирал нетолеранција: „Ако некој ве нападне, нападнете го и вие“ Куран 2:194
Исус промовирал толеранција: „Ако некој ве удри по десниот образ, завртете му го и другиот“ Матеј 5:39
Мухамед охрабрувал агресиија: „Џихадот на патот на Алах му ги зголемува шансите за влез во рајот на тој што врши џихад, стократно“ (Sahih Muslim 4645)
Исус Поучувал за мир: Благословени се Миротворците, зашто ќе се наречат синови Божји“ (Матеј 5:9)
Мухамед имал 13 жени и чувал 6 секс-робинки (Bukhari 5:268, Куран 33:50)
Мухамед имал секс со 9 годишно девојче, што го прави педофил! (Sahih Muslim 3309 и Bukhari 58:236)
Исус живеел во целибат.
Мухамед наредил да се убијат жени (Ibn Ishaq 819, 995)
 Исус никогаш не повредил ниту една жена.
Мухамед: „О верници, борете се против неверниците кои се околу вас, и нека при вас најдат тврдост. (Куран 9:123)
Исус: „Благословени се кротките, бидејќи тие ќе ја наследат Земјата“ Матеј 5:5
Мухамед наредил спроведување на 65 воинствени (агресорски) напади во неговите 10  последни години (Ibn Ishaq)
Исус ниту дал наредба, ниту одобрил било каков напад или насилство.
Мухамед ги убивал воените заробеници (Ibn Ishaq 451)
Исус немал заробеници и никогаш никого не убил.
Мухамед ги охрабрувал своите луѓе да ги силуваат заробените жени (Abu Dawood 2150, Куран 4:24)
Исус никогаш ниту одобрил, ниту извршил поробување или силување на жени.
Мухамед земал робови од заробените и една петтина од запленетото во војна (Куран 8:41)
Исус за себе Изјавил: „Синот Човечки не Дојде да Му служат, туку да Служи“  (Матеј 20:28)
Мухамед никогаш не бил измачуван, а самиот тој измачувал други (Muslim 4131, Ibn Ishaq 436, 595, 734, 764)
Исус Бил Измачуван, а Самиот никого не мачел.
Мухамед рекол: „И борете се против нив се додека го снема сплеткарењето и додека верата Аллахова не биде присутна.“ (Куран 8:39)
Исус рекол: „Љубете ги вашите непријатели и молете се за оние кои ве прогонуваат“ Матеј 5:44
Мухамед го благословил убиството на полуслеп човек (Al-tabari 1440)
Исус исцелил слеп човек Марко 8:28 (Во Куранот Исус исто така: создал /оживеал птица од кал, исцелувал, воскреснувал мртви - Сура 5:110)
Мухамед наредил роб да му изгради подиум од каде што проповедал (Bukhari 47:743)
Исус им ги Измил нозете на Неговите ученици Јован 13:5
Мухамед го вршел и промовирал пред луѓето, она што Алах му заповедал: „Врши Џихад заради Алах“ (Куран 8:12, 8:67, 9:29,39,11)
Исус ја Вршел Волјата на Отецот, Кој Го Испратил и ги Учел леѓето да ги сакаат  своите ближни, како себе сѝ (Матеј 22:34-40)
Мухамед имал заштита од вооружени војници, дури и во верските објекти (Куран 4:102)
Исус го Укорувал секого, кој сакал да го одбрани со оружје или со примена на сила (Јован 18:10-11)
Мухамед умрел дебел и збогатен од она што го одземал од другите при војување или она што другите му го дале како знак на почит. (Куран 8:41)
Исус не Очекувал ништо за себе. Тој Умрел без никакви материјални богатства на овој свет и оставил само една трнлива круна и 3 крвави клинци.
Мухамед ги поттикнувал своите следбеници да распнуваат други луѓе (Куран 5:33, Sahih Muslim 16:4131)
Исус Самиот Бил Распнат.
Мухамед, според своите следбеници ги испраќал своите луѓе да умрат за него (Sahih Muslim 4413).
Исус Го Дал Својот Живот за другите. (Јован 18:11 и низ другите новозаветни книги.)
Мухамед умрел отруен со чувство дека аортата му е отсечена, што Алах го предвидел како казна за грев (за некој кој лаже / лажен пророк) (Куран 69:44-46, Sahih al-Bukhari 4428, Sunan Abu Dawud 4449)

Исус Умрел како Совршено Безгрешно Жртвено Јагне, земајќи ги на Себе гревовите на сите луѓе (Јован 1:29, Евреите 2:17)

Додека бил жив, Мухамед не направил никакво чудо и бил грешен човек како и сите други луѓе. Тој го молел Алах да му ги прости гревовите што ги направил свесно и несвесно.  (Хадис Sahih Al Bukhari - дел 8: 336, 379, 407 и 408) 

 Исус не Направил никаков грев,  Вршел секакви чуда и дела, својствени само на БОГ - Исцелувал болни, Создавал нешто од ништо, Оживувал умрени! Сведоштва за тоа има и во Библијата и во Куранот! Се родил како свет и умрел како свет, по што на третиот ден Воскреснал и сега е Жив - засекогаш, седнат десно од Отецот (1 Петар 3:22, Евреите 1:3, 10:12) и се застапува за оние кои веруваат во Него. (1 Јован 2:1)

Мухамед е одамна мртов... Прав и пепел...
И според Библијата и според Куранот - *ИСУС Е ЖИВ* И ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ВРАТИ!!!


Пријатели, дали ја согледувате разликата? Зарем е можно Бог, Кој е Свет - да дозволи да на грешникот му се простат гревовите со вршење други гревови, - односно со крвопролевање, како што тоа го бара Алах од верниците?! Како тогаш Алах може да го носи името „милостив“?  Вие кои ова го читате, а сте Муслимани - длабоко размислете за тоа, кој стои зад идентитетот на Алах... 
Пред да постои Куранот, Библијата дава сведоштво за тоа:
Кој е оној, кој успеа дури и една третина од небесните суштества да ги одврати од Обожавањето на Бог, иако тие биле во Божјо присуство (Исаија 14:12-14, Откровение 12:4,9) ...
Кој е оној - кој е измамник, лажго, човекоубиец од самиот почеток и кој е тука меѓу нас... (Јован 10:10)
И кој е тој, што може да се претвори во ангел на светлината и да ги измами луѓето (2 Коринтјаните 11:14). 

Тоа е сатаната!!!

Според ова што и досега го изнесов, иако ќе обезбедам и нови докази и сведоштва во следните делови, - секој оној, кој ја бара и сака да ја прими вистината - ќе прифати дека Исус е навистина Божји Син - и Самиот Бог - и на тој начин да се спаси!
Библијата сведочи дека секој што ќе поверува во Исус дека е Божјиот Син и со устата тоа го посведочи  - ќе биде оправдан пред Бога за своите гревови и ќе биде спасен!

Римјаните 10:9,10
 Зашто, ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен. Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение.

ДЕЛ 2. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН?

ИСЛАМОТ И ТЕРОРИЗМОТ – ПОЗАДИНА ЗАД ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ


http://saviorjesusfirst.blogspot.mk/2016/09/2.html

ДЕЛ 3. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН?
ШТО  КУРАНОТ ИМА ДА КАЖЕ ЗА СТАТУСОТ НА ЖЕНАТА ОД ВЕРСКИ АСПЕКТ?

http://saviorjesusfirst.blogspot.mk/2016/11/3.html


ДЕЛ 4. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН

ШТО  БИБЛИЈАТА ИМА ДА КАЖЕ ЗА СТАТУСОТ НА ЖЕНАТА ОД ВЕРСКИ АСПЕКТ?

ДЕЛ 5. ХРИСТИЈАНСТВО ИЛИ ИСЛАМ? ИСУС ИЛИ МУХАМЕД? БИБЛИЈА ИЛИ КУРАН  

НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК  - КОЈ Е ВИСТИНСКИ БОГ? БОГОТ НА ХРИСТИЈАНИТЕ ИЛИ БОГОТ НА МУСЛИМАНИТЕ?










Tags: Hristijanstvo ili Islam, Isus ili Muhamed, Biblija ili Kuran, Isus od Biblijata ili Isus od Kuranot, Apokalipsa, doktrinarni slicnosti I razliki pomegu Hristijanstvoto I Islamot, Islamot I terorizmot, pozadina zad teroristickite napadi, zenata vo Hristijanstvoto I Islamot, Koj e vistinski bog – Bogot na Hristijanite ili bogot na Muslimanite...

Линк до Куранот на Македонски јазик:  
http://kuran-na-makedonski.net/


Линк до Библијата на Македонски јазик: 
http://www.obohu.cz/bible/index.php?k=Mt&kap=1&styl=MAC