Wednesday, August 12, 2015

ЗА ПРВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ НА ХРИСТОВИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ - ВОСКРЕСЕНИЕ ЗА ЖИВОТ



Зборови, кои Исус му ги дал на Mark Chen, на 02.10.2014 година, преку кои ни е дадено Откровение за начинот на кој ќе се одвива Првото Воскресение на Христијаните!
Ова е моќно Откровение, кое Мене Исус претходно ми го најави во пророчки сон, кој можете да го прочитате во делот  МОИ СОНИШТА /  MY DREAMS!

"Запиши ги овие Зборови за Моите деца. Никој не треба да се обидува да го одреди денот и часот на Вознесувањето на Мојата Невеста, бидејќи само Отецот го знае датумот и времето. Ниту еден од вас, во било кој случај не би можел да го знае времето на Вознесението, бидејќи ниту на Мене, Вашиот Спасител, не Ми е тоа кажано од Мојот Татко. Јас Чекам команда од Мојот Отец за да ја Земам Мојата Невеста, иако истовремено и ќе се Растажи и Израдува Моето Срце кога тој момент ќе пристигне, со звукот на небесната труба. Се прашувате ли, зошто е тоа така, деца Мои? Тоа е затоа што Јас длабоко тагувам за оние, кои сега се рамнодушни кон Мене, зашто тие ќе бидат оставени да го доживеат периодот на најголеми неволји на земјата. Сепак, Јас истовремено и многу се Радувам, бидејќи конечно дојде времето за Мојата Свадба со саканата Невеста во Моето Живеалиште на Небесата!
Огромен број од Моите деца се расправаат и дебатираат меѓу себе во врска со Нејзиното Величествено Заминување. Вие, Мои Љубени, ќе знаете кога тој момент ќе дојде, само кога истиот ќе се случи, но не и порано. Да, знаците на Моето Доаѓање се насекаде околу вас, така што многу луѓе од целиот свет полека духовно почнуваат да се будат, во екот на бурните настани што ја тресат вашата планета Земја, во моментов. Продолжете да Ме чекате, да внимавате и да се молите, мили Мои, затоа што Денот на Моето Доаѓање секој ден е се’ поблиску. Останете во Мене, и немојте да заталкате во светот сега, зашто цената што ќе треба да ја платите е премногу голема. Токму кога мислите дека Вознесението е одложено за неодредено време, и ќе се свртите кон работите од овој свет, ќе затруби Небесната труба и мртвите во Христа ќе воскреснат први. Ова е Првото Вознесение при Првото воскресение на светиите.
Согласно откровението дадено на Мојот син, Марк, преку Светиот Дух, тој дојде до сознание дека терминот "мртви во Христа" за кои се зборува во Светото Писмо, се однесува не само на оние Мои свети луѓе кои го напуштиле својот земен живот, туку во оваа блажена група, исто така, сте вброени и сите вие, кои сте одбрале да ги умртвите желбите на вашето тело, секојдневно, заради Моето име. Ете зошто е неопходно да го распнете вашето тело секојдневно преку силата на Светиот Дух во вас, бидејќи така станувате живи садови на светоста, кои се испразнети од телесните желби на вашето гревовно тело. Само тогаш ќе бидете подготвени да го примите Огненото Крштевање, кое ќе ви се случи вам, кои ја сочинувате Мојата Невеста, и кои сте осветени целосно преку вера, љубов и послушност кон Мене. Ова комплетно спојување на Мојот Дух и Мојата Невеста ќе се случи во предстојниот период на голема темнина, како што пророкуваше Мојата ќерка, Бони, минатата година.

По Голема Жетва на Души, Мојот небесен трубач ќе се огласи да ја повика Мојата Невеста за да се сретне со Мене на Небото во Вознесението, и така засекогаш ќе бидеме заедно. Ете што значи тоа, кога Мојот апостол Павле, напиша дека "мртвите во Христа ќе воскреснат први“. Што тогаш, значи тоа, дека оние што ќе останат, сигурно нема да ги претекнат, туку ќе им се приклучат на првата група на прославени светци на небото? Зарем ова не зборува за второ земање на Мојот народ?  Ви Велам: Да, сакани Мои, бидејќи тајните од Последните времиња преку откровенија им се изобилно дадени на Моите помазани слуги, во овој доцен час. Слушајте внимателно, чеда мои, затоа што ви ја Кажувам вистината – предвидени се да се случат три одделни Вознесенија, во текот на три различни фази, како дел од Првото Воскресение.

Првото Вознесение е отстранувањето на Мојата скапоцена Невеста, непосредно пред почетокот на Големите Неволји. Зарем не е запишано во Светото Писмо дека Моите Сакани светии не се предопределени да настрадат од Божјиот гнев, што ќе се излее врз земјата за време на Периодот на големите неволји? Мојата Невеста ја сочинуваат оние од вас, кои Ме поставиле високо на Тронот во вашите срца. Јас сигурно ќе ве Избавам, Љубени Мои! Многумина се неподготвени да живеат во верна послушност кон Мојата Совршена Волја за нив, и со тоа се неподготвени, како дел од Мојата Невеста да учествуваат во големата спасувачка Мисија. Јас многу Тагувам за нив, бидејќи ќе мора да претрпат многу ужаси со цел доброволно и послушно да Ми ја предадат својата волја, во текот на тие најтешки денови на земјата. Посакувам сите Мои деца да бидат со Мене на Големата свадба, но неразумните девици нема да бидат подготвени за Моето Доаѓање, бидејќи ќе Дојдам како крадец во ноќта за нив.

Второто Вознесение ќе се случи околу средина на 7-годишната Голема Неволја, и таа група ќе ја сочинуваат Моите млаки деца, кои го пропуштиле Вознесението на Невестата. Тие нема да присуствуваат на Мојата Свадба на Небесата како Невеста, но сепак ќе останат  членови на Моето Тело на верници. Не правете грешка, Свадбата на небото ќе се случи само еднаш и оние Мои деца кои ја пропуштиле, нема да присуствуваат на Веселбата, како дел од Невестата. Ве Сакам сите вас, деца Мои, ова е вистина. Сепак, Мојата Невеста ќе биде бисер во круната на Моето Царство, зашто таа беше упорна и остана подготвена за Мене, Нејзиниот Младоженец, па затоа ќе ѝ биде дадена повискока позиција на чест. Ова е една посебна награда, која прави Мојата Невеста да се разликува од остатокот на Моите светци, бидејќи Мојата Невеста преку вера се издвои од светот, заради Мене. Јас ја Сакам многу и Сум Задоволен со Мојата Невеста.

Третото и последно Вознесение, како дел од Првото Воскресение ќе се случи на крајот на 7-годишните Големи Неволји. Ова ќе биде воскресението на Моите маченици од Периодот на Големите неволји, кои го отфрлиле жигот на ѕверот, заради Моето име. Ова се исто така, блудните синови и ќерки Божји, кои поверувале и го нашле спасението во Мене, во последните моменти од историјата на човештвото. Тие ќе оживеат во нивните воскреснати тела и ќе владеат со Мене за време на Моето Милениумско Царство, илјада години, како што е напишано во Моето Слово. Блажени се оние кои се дел од Првото Воскресение, бидејќи втората смрт нема да има моќ над нив.

За оние Мои деца кои се сомневаат дека ова е навистина Мое Слово, кое му е дадено на Мојот сакан син, ве Предупредам да не му се потсмевате ниту нему, ниту на оваа порака.
Паднати на колена и во молитва, побарајте го Моето Лице, бидејќи на тој начин ќе ви го Потврдам ова Слово - со масло за помазание на челото, од Мојот Отец. За оние од вас кои немаат разбирање, побарајте Ме во вашите молитвени катчиња и Јас ќе ве Поучам за овие прекрасни вистини преку Мојот Дух; Бидејќи Духот на пророштво дава сведоштво за Мене и Моите Зборови.

Јас го Помазав Мојот слуга, Марк, со дарови на пророштво, со знаење, разбирање и поучување; Заедно со другите Мои помазаници, Јас Одбрав да ги доверам овие божествени откровенија на Моите избрани деца од овие Последни Времиња, бидејќи нема да ги Оставам Моите деца слепи во врска со она што ќе се случи.

Ве Сакам деца Мои. Погледнете кон небото, бидејќи ЈАС СУМ Доаѓам по Мојата Невеста! Вашето спасение секој ден е се’ поблиску, мили Мои! Не се сомневајте во Мене, бидејќи Моите праведници ќе живеат преку верата во Мене! "

Со  Љубов,
Вашиот Младоженец, Исус Христос.

Референтни Библиски стихови од Светото писмо:

(Забелешка: дадените текстуални објаснувања во загради се од Марк Чен)

Еремија 23: 23-30  23. Ти, кој живееше на Ливан и си свил гнездо во кедрите, колку ли ќе офкаш, кога ќе те постигнат болки, како на жена која раѓа! 24. Жив сум Јас, вели Господ: да ми беше јудејскиот цар Јехониј, синот на Јоакома, прстен на десната рака Моја, и оттаму ќе те откинам, 25. и ќе те предадам во рацете на оние, кои ја бараат душата твоја, и во рацете на оние, од кои се плашиш, во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносор и во рацете на Халдејците. 26. Па ќе те исфрлам тебе и твојата мајка, која те родила, во туѓа земја, каде што не сте се родиле, а таму ќе умрете. 27. А во земјата, каде што душата нивна сака да се врати, таму нема да се вратат. 28. „Зар тој човек, Јехониј, презрено суштество, е отфрлен и негоден сад, бидејќи тој и племето негово беа фрлени во земја што не ја познавале?” 29. О, земјо, земјо, земјо, чуј го словото Господово! 30. Така вели Господ, запишете го овој човек како лишен од деца, како човек со злочести дни, зашто никој од племето негово веќе нема да седи на престолот Давидов и нема да владее во Јудеја.

Еремија 33:3 повикај кон Мене, и Јас Ќе ти одговорам, ќе ти покажам нешто големо и недостапно, нешто, што ти не го знаеш.

Авакум 2: 1-4
1. Застанав на стража, и стоејќи на кулата, набљудував за да разберам, што ќе ми каже Он, и што да одговорам на укорот од Него. 2. Ми одговори Господ и ми рече: Запиши го видението и одбележи го на плочи јасно, та оној, што ќе чита, да може да го прочита; 3. зашто видението се однесува до определеното време; тоа зборува за свршетокот и нема да излаже; па, и ако се забави, чекај го, оти ќе наиде и нема да забави. Оној што иде, ќе дојде. 4. И ете, гордата душа нема да се успокои, а праведникот преку варата ќе живее.

Јоил 3:14 (Големата жетва на души)  14. Групи, групи во долината на Судот! Оти близу е денот Господен во долината на Судот.

Матеј 10: 38 – 39
38. и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене. 39. Кој ќе ја запази душата своја, ќе ја загуби, а кој ќе ја загуби душата своја заради Мене, ќе ја зачува.

Матеј 25: 1-3
1. Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилници и излегоа да го пречекаат младоженецот. 2. Петте од нив беа мудри, а петте – неразумни. 3. Неразумните, како ги зедоа светилниците свои, не понесоа со себе елеј;

Лука 12: 35-48
35. Нека ви биде крстот стегнат и светилата – запалени!  36. Тогаш и вие ќе личите на оние луѓе, што го чекаат својот господар да се врати од свадба, за да му отворат веднаш, штом дојде и почука. 37. Блазе на оние слуги, што ќе ги затече господарот будни, кога ќе си дојде! Вистина ви велам, тој ќе се опаше и ќе им рече да седнат, па ќе пристапи и ќе им служи. 38. А ако дојде и на втора стража, и на трета дојде ли, и ги затече така, блазе на тие слуги! 39. Знајте го и тоа дека, ако домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би седел буден и не би дозволил да му ја поткопаат куќата. 40. И вие, значи, бидете готови: зашто, во кој час не мислите, ќе дојде Синот Човечки!” 
41А тогаш Петар рече: „Господи, нам ли ни ја кажуваш оваа приказна или на сите?
42. Тогаш Господ рече: „Кој е тој верен и мудар слуга, кого го поставил  Неговиот господар над своите слуги, за да им дава потребна храна на време?

43. Блазе на тој слуга, чиј господар, кога ќе дојде, го затече така да постапува!

44. Вистина ви велам, дека тој ќе го постави него над целиот свој имот. 45. Ако, пак, тој слуга рече во срцето свое: »Нема скоро да дојде мојот господар!« па почне да ги бие слугите и слугинките, да јаде и пие и да се опива, 46. господарот на тој слуга ќе дојде во ден, во кој не очекува, и во час што не го знае, па ќе го оддели и ќе го постави меѓу неверните. 47. А оној слуга, кој ја знае волјата на својот господар и не се приготвил и не постапил според волјата негова, ќе биде многу биен. 48. Кој, пак, не знаел и направил нешто достојно за казнување, ќе биде малку биен. Кому е многу дадено, многу и ќе се бара од него; и кому му е поверено повеќе, повеќе ќе се бара од него.


1 Коринтјаните 12: 4-8: 4. Постојат разни дарови, но Духот е еден и ист;
5. има разни служби, но Господ е еден и ист; 6. и разни сили постојат, но Бог е еден и ист, Кој врши сè во сè. 7. А на секого му се дава во него да се пројави Духот за полза; 8. оти, на еден му се дава преку Духот збор на мудрост, на друг – збор на знаење, преку истиот Дух; 9. на еден – вера, преку истиот Дух; на друг – дар за лекување, преку истиот Дух; 10. на еден – да чини чуда, на друг – да пророкува, на еден – да ги разликува духовите, на друг – разни јазици, на трет – да толкува јазици. 11. Сето ова го прави еден и ист Дух, распределувајќи секому поодделно, како што сака.


Галатјаните 2:20  и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме засака и Себеси се предаде за мене.

1 Солунјаните 4: 13-18
13. Браќа, не сакам да не знаете за умрените, за да не жалите како и другите, што немаат надеж. 14. Оти, ако веруваме дека Исус умре и воскресна, тоа и упокоените во Исуса Бог ќе ги приведе со Него. 15. Ова, пак, ви го велиме преку словото Господово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господа, нема да ги испревариме умрените, 16. бидејќи Сам Господ со заповед, при глас на архангел и при труба Божја, ќе слегне од небото, и  најнапред ќе воскреснат мртвите; 17. а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господа во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господа. 18. Па затоа, утешувајте се еден друг со тие зборови.

1 Солунјаните  5:9
9. зашто Бог нè определи не за гнев, туку да добиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос,

Откровение 7: 9-17 (Прво вознесение)
9. Потоа видов, и ете, големо мноштво народ, кое што никој не можеше да го преброи – од сите племиња и колена, народи и јазици; тие стоеја пред престолот и пред Агнецот, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете. 10. И воскликнуваа со висок глас, велејќи: „За спасението наше слава на нашиот Бог, Кој седи на престолот, и на Агнецот!” 11. А сите ангели стоеја околу престолот, Старците и четирите животни, и падна ничкум пред престолот и Му се поклонија на Бога, 12. велејќи: „Амин! Благослов и слава, премудрост и благодарност, чест и сила и моќ на нашиот Бог во сите векови. Амин!” 13. А еден од Старците прозборува и ме праша: „Оние, облеченине во бели облеки, кои се и од каде дошле?” 14. А јас му одговорив: „Ти знаеш, господине.” А тој ми рече: „Тие се што дојдоа од големи маки; тие ги испраа облеките свои и ги избелија со крвта на Агнецот. 15. Затоа се пред престолот на Бога, Кому Му служат во Неговиот храм и дење и ноќе; и Оној, Кој седи на престолот, ќе се всели во нив; 16. и нема веќе да огладнат, ниту, пак, да ожеднат; нив нема да ги пече сонцето, и никаква горештина; 17. бидејќи Агнецот, Кој е среде престолот, ќе ги пасе и води на живи извори водни, и Бог ќе им ја избрише секоја солза од очите нивни.”
Откровение 14: 14-16 (Второ вознесение)
14. И видов: ете, светол облак, и на облакот седеше сличен на Синот Човечки; на главата Своја Он имаше златен венец, а во раката – остар срп.

15. И друг ангел излезе од храмот и му извика со силен глас на оној, што седеше на облакот: „Замавни со српот и жнеј, зашто дојде твојот час за жетва: оти житото на земјата е зрело!” 16. И оној, што седеше на облакот, го фрли српот свој на земјата и земјата беше пожнеана.

Откровение 20:4-6 (Трето вознесение)
4И видов престоли; и на оние, кои седеа на нив, им беше дадено да судат; и душите, чии глави беа исечени заради сведоштвото за Исуса и за Божјото слово, кои не му се поклонија на Ѕверот ни на неговиот лик, и кои не ја примија ознаката на своето чело и на својата рака; тие оживеаја и царуваа со Христа илјада години.5А другите мртовци не оживеаја, додека не се навршија илјада години. Тоа е првото воскресение.6Блажен и свет е оној, кој има дел во првото воскресение; над овие втората смрт нема власт, туку ќе бидат Божји и Христови свештеници и ќе царуваат со Него илјада години.


Откровение 19: 10б:


зашто сведоштвото Исусово е Духот на пророштвото!”

Забелешка (на Марк Чен): Најважната работа што Бог ми ги Покажа тука е двојната примена на стиховите од 1 Солунјаните 4:15-17, а која се однесува на првото и второто вознесение на верниците што ќе се случи.
Првата очигледна примена се согласува со традиционалното сфаќање дека "мртвите во Христа" се однесува на оние кои спијат во Христа (т.е. еуфемизам за физичка смрт). Кога ќе се случи Вознесението на Невестата, починатите верни свети луѓе ќе се бидат земени први, по што ќе следат живите верници – светите луѓе на Исус Христос. Овие 2 групи на верници се вброени во Христовата Невеста. За да се квалификуваат како Невеста, верниците од минатото, сегашноста и иднината мора да ги исполнaт библиските критериумите поставени во Божјото Писмо, како што се: Матеј 10: 38-39, Галатјаните 2:20 и други (како на пример, Јован 15: 4).
Втората примена е помалку очигледна, и  таа е тесно поврзана со правилното толкување на Галатјаните 2:20. Кога нашето тело секојдневно го распнуваме преку верата во Христа, стануваме мртви за нашите телесни желби и желбите кон световното. Ова е суштинското значење на терминот "мртвите во Христа" споменат во 1 Солунјаните 4:16. Господ Исус Христос го Потврдува ова значење во Матеј 10: 38-39, што во суштина не учи дека оние кои сакаат да бидат сметани како Негови достојни Следбеници, мора секојдневно да го носат својот крст и да го распнат своето тело и неговите грешни желби. Со тоа, тие ќе го „умртват“ своето тело преку моќта на Христос во нив и ќе ја изгубат желбата да водат световен живот. Сепак, истовремено, тие стануваат живи во Христа, затоа што наоѓаат нов живот во Него, и го живеат овој нов живот со вера во Спасителот. (Галатјаните 2:20). Ова нè носи до Интересното Откровение од Господа за 3те одделни Вознесенија.
Лично, не ме изненади дека Бог предопределил повеќе вознесенија за верниците, зашто Тој ги Љуби Своите деца толку многу, што Сака да спаси што е можно повеќе од нив. Ова е вистинската природа на Бог, бидејќи Бог е Љубов и Неговата желба е за сите да дојдат до покајание, и никој да загине во своите гревови. (1 Јован 4: 7-8, 2 Петрово 3: 9)
Втората примена на 1 Сол. 4: 15-17 може да се разбере овој начин: "Мртвите во Христа" колективно се однесува на целата Христова Невеста од минатото, сегашноста и иднината (т.е. се до моментот кога ќе се затвори ковчегот на безбедноста). Ова ги вклучува живите светци денес, кои ги умртвиле своите грешни однесувања и секојдневно опстојуваат во Христа во светост, праведност и послушност. Во овој контекст, стихот од 1 Сол. 4:15, "ние, кои сме живи и остануваме до доаѓањето на Господ, нема да ги претекнеме оние кои спијат“ се однесува на оние, кои ќе го пропуштат Првото Вознесение, бидејќи тие не го распнале телото преку вера во Христа, и така тие нема да припаѓаат на првата група на светци кои се "мртви во Христа" и кои ќе бидат земени во Вознесението на Невестата. Оние "кои се живи и ќе останат" се однесува на групата верници од млаката Црква, кои си го сакаат својот световен живот. Како резултат на тоа, тие не се спремни да го умртват нивното тело преку верата во Христа, како неопходна подготвеност за да бидат Земени од Господа, како дел од Неговата Невеста. Овие световни Христијани ќе бидат земени во Второто Вознесение (Откровение 14: 14-16) и ќе се сретнат со Господ Исус Христос и Неговата Невеста на Небото (1 Сол. 4:17) во рамките на величественото небесно обединување.

Моја забелешка (на преведувачот): Немојте да помислите дека сите оние кои се сега млаки Христијани ќе бидат земени во Второто Вознесение!!! Библијата јасно укажува дека ќе има „НЕНАДЕЈНА ПОГИБЕЛ“! Многу од сега млаките Христијани ќе умрат и нема да имаат време да се покајат за својата млакост и световност! Затоа сите ние кои се сметаме за Христијани - да гледаме да бидеме вброени во Христовата Невеста, бидејќи само за неа е Божјото Ветување дека „не е определена за гнев“ и дека „ќе биде запазена од часот на искушението што ќе дојде врз целата земја“!



* * * * * * *
 Оригиналниот линк на англиски, на Facebook профилот на Марк Чен: 

Link to the original post of brother Mark Chen on his Facebook profile, in English:

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=324849777687231&id=100004866347262&__mref=message