Monday, December 30, 2013

ЗА ЗАБЛУДАТА НА МУСЛИМАНИТЕ!

Дали во Стариот Завет е најавено појавувањето на Мухамед, - последниот Божји Пророк, како што посакуваат Муслиманите?


Пред извесно време, додека коментирав на еден Христијански форум за Исус Христос, Кој е Единствениот Пат до Бога Отецот, - еден Муслиман ми испрати ваков предизвикувачки коментар:
...”Vo heberjskata Biblija, vo stihot od Song of Solomon 5:16 se uste stoi imeto na Muhammed s.a.w.s. , tie ne ja promenija nivnata Biblija, a vo hrstijanskata biblija e smeneto…”
Еве го стихот за кој Муслиманот коментираше:

Песна над песните 5:16
16 Говорот му е сладок и сиот Е ОД ЉУБЕЗНОСТ. Таков е мојот возљубен, таков е мојот пријател, ерусалимски ќерки!

Јас истражував на оваа тема и открив во колкава заблуда се Муслиманите. Тие веќе долго време, упорно бараат записи во Стариот Завет, во кои ќе најдат некое пророштво за доаѓањето на Мухамед, како последен и најголем Божји пророк, - но немаат успех. Тие го прифаќаат Стариот Завет како Божја Книга, која претходела на Куранот (Taurat, Zabuur и Injil). Па така, во сурите 7:157,158 и 61:6 стои дека Мухамед е предвиден во Стариот Завет (Taurat) и најавен во Новиот Завет (Injil)   и тоа од Самиот Исус.
Иронично е дека Муслиманите сега се принудени од страна на нивното Свето писмо да ја утврдат веродостојноста на нивниот пророк во Стариот Завет.



Муслиманите и Христијаните взаемно се согласуваат дека Христовото доаѓање било предвидувано често во Стариот Завет. Сепак, ако Бог имал намера да испрати друг пророк многу поголем од Исус, - природно, би требало да се најдат предвидувања во врска со него во Стариот Завет. НО, -НИКОЈ ДОСЕГА не мoжел да го најде. Затоа, без предвидувањата во Стариот Завет, - единствените критериуми за пронаоѓање некаков авторитет за личноста на Мухамед почива исклучиво и во целост – само во Куранот. 
Со ова, Куранот е себереферентен, т.е. самиот себе сѝ се потврдува.
Поради овие очигледни причини ваквиот аргумент е неодржлив.


Најдобар пример за да се илустрира тешкотијата во замена на еден збор со друг се наоѓа токму во песната на Соломон, глава 5, стих 16. Во овој пасус Муслиманите тврдат дека хебрејскиот збор machmad ("целосно прекрасен") може да се замени со Мухамед.
Еве го повторно Библискиот стих, за кој Муслиманите сметаат дека ја содржи, - за нив, толку посакуваната најава – на нивниот пророк Мухамед: 
Песната на Соломон 5:16: "Говорот му е сладок и сиот е од љубезност. Таков е мојот возљубен, таков е мојот пријател, ерусалимски ќерки!".


Песната на Соломон е поетска љубовна приказна меѓу Возљубената (Христовата Невеста) и Нејзиниот Љубовник (Исус Христос).

Муслиманите веруваат дека придавската клаузула "целосно прекрасен" може да се промени со соодветната именка, "Мухамед". 
Според тоа, текстот, тогаш треба да изгледа вака:
"16 Говорот му е сладок и тој е Мухамед. Таков е мојот возљубен, таков е мојот пријател, ерусалимски ќерки!".
Оваа претпоставка, би отворила голем број на тешки прашања, ако се земе контекстот на поставената теза од страна на Муслиманите.

Имено:

1. Кои се ќерките на Ерусалим? Дали Мухамед некогаш придружувал некоја од неговите многу жени во Ерусалим?
2. Ако станува збор за Мухамед, која од неговите бројни сопруги е таа, која зборува во песната? Дали Мухамед некогаш бил во брак со „црна“ жена од Либан (како што таа се опишува во глава 1)? 
3. Дали Мухамед некогаш тврдел дека е крал?



Значи, за што станува збор овде? Болдираните зборови во оригиналниот текст од Библијата (погоре) се преведени зборови на хебрејскиот збор, machmad. Најсоодветна дефиниција на machmad би било: желба, посакувано нешто, пријатно нешто.



Значи, може ли machmad да значи Мухамед? Мудрите истражувачи на Библијата утврдиле дека кога еден стих е доведен во прашање, оправдано е и можно да се објасни еден пасус од Библијата со помош на некој друг пасус. Зборот machmad се појавува дури дванаесет пати во Стариот Завет. Штом Муслиманите имаат толку силна намера за изнаоѓање на името Мухамед во хебрејскиот збор machmad, важно е тие и понатаму да си останат доследни.

Затоа, еве само три од дванаесетте пророчки Библиски стихови подолу, па вие утврдете дали тие се вклопуваат во тезата machmad= Мухамед.

(Забелешка: Оригиналните Библиски стихови се заменети со Муслиманската теза за изедначувањето на хебрејскиот збор machmad со Мухамед, па самите проценете колку сето тоа има смисла:



1 Цареви 20:06
"6 Биди уверен дека утре во ова време ќе ги испратам своите слуги, и тие ќе ги пребараат твојата куќа и куќите на твоите слуги, и ќе ја стават својата рака на сè што им е Мухамед, и ќе го однесат тоа.’”



Плач Еремиин 1:11
" 11Сиот Негов народ воздивнува барајќи леб; сите даваат Мухамед за храна, за да живнат повторно. Ете, Господи, погледај, зашто сум презрен!".



Езекиел 24:21

"21’Кажи му на Израелевиот дом: „Господ Бог зборува вака: Еве, ќе го предадам на онечистување Моето Светилиште, гордоста на вашата сила, Мухамед на вашите очи и копнежот на вашата душа! И синовите и ќерките што ги оставивте, ќе паднат од меч."



Ако ова „осакатување“ на Светото Писмо ви се чини смешно, тоа е така за да се отфрли теоријата или тезата зад која стојат Муслиманите. Но, - еве, побарајте ги сами останатите девет референци кои го употребуваат зборот machmad и проверете дали ќе соодветствува зборот Мухамед.
Тие стихови во Библијата (според оригиналниот Хебрејски јазик) се: 2 Летописи 36:19, Исаија 64:11, Плач Еремиин 1:10, Плач Еремиин 2:4, Езекиел 24:16, Езекиел 24:25, Осија 09:06, Осија 9:16 и Јоел 03:05.

Драги Христијани, ајде се молиме Бог да им ги отвори очите на овие луѓе и да им даде спас на нивните души преку верата во Исус Христос – Божјиот Син!


Татко наш Кој си на Небесата, свесни за нашиот статус кој го имаме преку верата во Исус Христос, Твојот Сакан Син, дека сме твои деца и сонаследници, заедно со Исус на сите блаженства и богатства кои си ги Создал за Него и преку Него, измиени од гревовите со Неговата Света и иста Крв, неизмерно благодарни за авторитетот, кој си ни го Дал да газиме на „змии и скорпиони“, односно да ги победуваме духовните сили на злото, стоејќи цврсто во Христа ти пристапуваме со вера до Твојот Небесен Престол на Благодатта и те молиме Тато да ја излееш Твојата милост над овие луѓе, кои се заблудени преку верата во Алах, заради измамата на Мухамед, кој е лажен пророк и да им го Тргнеш превезот од нивните очи, за да можат да согледаат дека единствениот спас и избегнување од казната за нивните (и сечии) гревови, е ЕДИНСТВЕНО преку прифаќање на Исус Христос како нивен Господ и Спасител, со свесност дека измивањето од нивните (и сечии) гревови е можно само преку Неговата Крв, Која е единственото и најмоќно средство во универзумот за измивање на флеките и дамките од гревовите!

Тато наш Небесен, знаеме дека кога молиме да се спасат оние кои не те познаваат, ние всушност молиме согласно на Твојата Волја, бидејќи Ти Тато, сакаш сите луѓе да се спасат, бидејќи токму заради тоа, Ти Дозволи Твојот Син да биде Жртвуван са СИТЕ ЛУЃе!  Тато, Те молиме  во Името на Исус Христос да им Овозможиш на Муслиманите да Те Пронајдат и да разберат дека нема Друг Бог освен Тебе и бидејќи сме свесни дека се што ќе побараме од Тебе, во Името на Исус Христос ќе ни биде дадено, истовремено Ти упатуваме и благодарност, бидејќи веруваме дека ќе ни биде Чуена и Исполнета нашата молитва!

Тато, Ти благодариме и Те благословуваме за Твојата огромна Милост, Љубов, Добрина и Долготрпеливост, бидејќи ако не казнуваше за секој наш сторен грев додека се уште бевме непокајани и не-наново родени преку верата во Исус, како прекрасен дар од Светиот Дух, Кого го испрати за да ни биде наш Утешител и Поучувач во сета Вистина и Слобода,  - немаше да постои ниту еден човек на оваа земја!

Те сакаме Тато и веруваме во Твојата Сила и Моќ да ги Доведеш „залутаните овци“ во Твоето Трло;  Со вера во Исуса и благодарност го примаме исполнувањето на нашата молитва!



Амин!

Image result for song of solomon



Friday, December 20, 2013

ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС НИ ПОРАЧУВА: ОДБЕРЕТЕ СВЕТОСТ!

Зборови на Господа:

"ОДБЕРЕТЕ ГИ СВЕТОСТА И МОИТЕ ПАТИШТА, ПРЕКУ ПОТПОЛНА ПРЕДАДЕНОСТ"

(Зборови добиени од Нашиот Господ преку Сузан, на 25 ноември 2012)



Светот се распаѓа. Дел по дел, тој се распаѓа. Светот не може да го одржуваат зли срца: срца кои го отфрлаат Бога. Само Јас-Бог, Можам да го преобратам овој свет - само Мојата Љубов и Мојата Сеопфатна Моќ можат да го вратат овој свет повторно во беспрекорната состојба, во која некогаш беше.

Мојата Заштитничка Рака е подигната, така што злото може да дојде до израз, со злите, расипани луѓе, - луѓе кои веруваат дека Бог не е реален и кои сакаат да се бунтуваат против Моите Свети Стандарди на живеење во светот. Без Бога, пред Кого еден ден ќе одговараат, луѓето мислат дека можат да прават што сакаат, надвор од Мојата Насочувачка Рака. Наскоро, многумина ќе видат дека ова не е ништо друго, освен голема заблуда, поттикната од нивните лоши лидери, кои тие ги следат до јамата на вечниот пекол, смрт и уништување, - казната за непослушност и побуна.

Сакам да ви Зборувам за Светоста на Вашиот Бог-Јас Сум Свет и Чист. Мојата Светост е живот, вечен живот: Основата за вечноста со Бога. Вашиот  дух не може да дојде во Моето Чисто Присуство, без целосната сила на Мојот Свет Дух, Кој треба да престојува во вашиот дух, за да го претвори вашиот дух во Мојата Слика, и на тој начин да ви даде можност да се појавите во Моето Вечно Присуство.

За  да ја примите полнотата од присуството на Мојот Дух, ќе мора да Ми предадете се
што е ваше, за да се направи простор за Мојот Дух.  Мора да го елиминирате "Селфот“, за да направите простор за Мојата Сеопфатна Моќ и Волја. Без Мојата Волја во вашиот живот, вие не сте Мои, туку работите според волјата на Мојот непријател, што ве доведува до расипаност, бунт против вашиот Свет Бог. Вашиот дух и душа го расипуваат вашето тело, такашто, да правите злодела против Светиот Бог, Вашиот Создател.

Вашиот Дух може да стане совршен, само кога ќе биде Моја Совршена Слика, и тогаш и само тогаш, ќе добиете спас на вашата душа, и ќе ви биде дадена можност за присуство и живот со Светиот Бог.

Покајание, предавање на вашиот живот и смирено срце, - тоа е она што Јас го Барам, за да го Испратам Мојот  Дух во вашиот дух, во целосна полнота; Лампа полна со масло, која ќе го осветлува вашиот пат кон слободно и безбедно чекорење со Вашиот Бог.

Доаѓам да ја Отстранам Мојата Невеста: оние чии духови се Мојата Совршена Слика и Образ. Било што друго е делумно и нецелосно предавање, млак придонес, кој Јас ќе го Одбијам, во корист на оние, кои решиле да дадат СЕ
СВОЕ, во замена за љубовта кон световното и светот.  Фокусирањето кон светот, во замена за спасението на душата,-тоа е многу лоша размена; Луѓето го трампаат Нивниот Бог, за да водат љубов со злото. Јас Дадов СЕ, за да ги Спасам Моите деца, но сепак тие се спогодуваат за помалку, - за танц со злото, кое им е размена за убавината и вечниот  живот.

Деца, изберете ја Светоста и Моите Патишта, преку потполно предавање. Времето ви изминува. Светот пропаѓа надолу во спиралата на темнината, - свет, кој е надвор од Својот Бог. Дојдете, излезете и издвојте се од сето она што е зло. Бидете дел од ретките, кои сакаат вистински да се спасат. Малкумина ќе бидат изведени на безбедно. Јас ќе ве Донесам во Мојот Свет на вечниот мир, но вие мора да го посакувате тоа. Изберете го тоа.
На вас останува да го направите изборот.

Изберете Светост,

ЈАС СУМ СВЕТ- И ВИЕ БИДЕТЕ СВЕТИ!



* * *
Референтни стихови во Библијата:

Псалм 29:2 Дајте Му ја на Господа славата на Неговото име, поклонете Му се на Господа во светата убавина!

Левит 11: 45 Да, Јас Сум Господ; ве изведов од Египетската Земја за да ви бидам Бог. И така бидете свети, зашто Јас Сум свет!’

Ефесјаните 4: 24 и да се облечете во новиот човек, кој е создаден според Бога во правдата и светоста на вистината.

Евреите 12:14 Стремете се кон мирот со сите и кон светоста, без која никој не може да Го види Господа.

Колосјаните 3: 10 и облековте нов, кој се обновува во полно познавање по образот на Оној, Кој го создал,

Псалм 4: 3 Но знајте: Господ го одделил за себе Својот пријател; Господ слуша кога викам кон Него.

1 Петрово 1: 16 зашто е напишано: „Бидете свети, зашто Јас Сум свет.” 





ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА ЗА ФЕМИНИЗМОТ!



 Дали треба Христијанките да бидат феминистки?

Почитувани Христијани и Христијанки, согласно на она што си го зацртав како цел, со отворањето на овој мој блог, - да ви пишувам за знаците на последните времиња во кои живееме, - во оваа статија давам осврт на една појава која е во неверојатно голем подем на почетокот од овој 21 век. Станува збор за феминизмот.

Современиот концепт на феминизмот не бил присутен во времето кога Библијата била пишувана, но тоа не значи дека Библијата нема што да каже за основните прашања со кои се занимава феминизмот. 


Кои се темите и актуелните прашања на феминизмот? Феминизмот е лажно решение за вистинскиот проблем на нееднаквост на жените во едно грешно општество. Феминизмот бара еднаквост на жените со мажите во секој аспект на животот. Феминизмот е заснован на ароганција, што а  спротивно на природата на еден наново роден / преобратен верник, а тоа е да биде слуга. Однесувањата на модерните, милитантни феминистки се насочени кон тоа, да предизвикаат жените да се бунтуваат против редот кој Бог Му го Дал на човештвото. Ваквиот бренд на феминизмот се обидува да наметне хуманистички решенија, кои се во директна спротивност со Божјото Слово.


Феминизмот првично било позитивно движење, кое се фокусирало на обезбедување на основните права на жените, кои  Бог ги предвидел за секое човечко суштество. Трагично, но феминизмот ги надминал овие свои корени, така што сега е фокусиран на уништување на каква било разлика во улогите помеѓу мажите и жените.


Што тогаш треба да биде христијански поглед на феминизмот? Жена, која е вистински верник и се  обидува да Го почитува Бога и чекори во мир и благодат, треба да запамети дека таа има еднаков пристап на сите духовни благослови во Христа. "8 Нема веќе ни Јудеец ни Грк, нема веќе ни роб ни слободен, нема веќе ни машко ни женско, зашто вие сите сте едно во Христа Исуса." ( Галатјаните 3:28 ).

Жената, која е вистински верник не треба да си дозволи себе си' да биде пион во световната агендата на феминистичкото движење. Мажите и жените имаат од Бога дадена привилегија да го исполнат планот, кој Тој го има поставено за нас. Бунтот против тој план и ароганцијата, која има за цел да се стави  себе над Божјото Слово, може да  резултира со многу тешки последици. Сега веќе и ги гледаме тие последици, како што се: уништување на бракот, како света заедница помеѓу маж и жена, уништување на семејството и губење на почит кон човечкиот живот, со промовирање на правото на жените слободно и без грижа на совеста, да се одлучат за абортус.
" 16 зашто сè што е во светот: - похотта на телото, похотта на очите и гордоста на животот, не е од Таткото, туку од светот. " (1 Јован 2:16 ).


Во овој стих се присутни принципите на падот на човештвото... Ева поверувала на лагата на сатаната (змијата) дека јадењето на забранетиот плод ќе и’ овозможи зголемување на мудроста. Таа била похотна и земала нешто што и’ било забрането. Ова е основата на феминистичкото движење . Жените „паднале“ на лагата дека феминизмот ќе им го донесе она што го сакале, она што тие мислат дека го "заслужуваат". Сепак, ова ветување е „ветер и магла“  и има своја престолнина во гордоста, која пак води кон пад.
18 Гордоста врви пред гибелта, и високоумноста пред паѓањето. (Изреки 16:18 ).

Во последните децении, една тенденција бележи пораст во општество, а тоа е да се биде политички коректен и да се внимава некого да не навредиме  со своите ставови, доколку имаат свои корени во Христијанската вера (спрема оние кои имаат спротивно гледиште/ мислење/ вера). Сепак, ова навистина не е ништо ново, бидејќи во светот секогаш имало нееднаквости и разлики.


Жално е, но вистинито тоа што вештачките бариери, кои немаат никаква основа во Божјото Слово отсекогаш го поделувале човештвото.

Постои само една раса - човечката раса! Во таа раса има лица од машки и женски пол, различни етнички групи, различни бои и различни национално потекло. Гревот е тој, кој во човечките срца предизвикува нееднаквост. Гревот во срцата е тој, кој предизвикува мажите да ги третираат жените на понижувачки начин. Гревот е тој, кој прави едно лице да се издигнува над друго лице. И гревот е тој, кој што се обидува да користи фалсификувани решенија за отстранување на овие нееднаквости. Единствениот вистински лек за нееднаквоста е послушност кон Божјото Слово.


Ако мажите и жените одат во послушност кон Божјото Слово, феминизмот ќе биде разобличен во она што тој навистина е - ГРЕВ, што понатаму ќе резултира со хармонија, што Бог ја одредил како единствен квалитетен однос меѓу мажите и жените.


Wednesday, December 11, 2013

ГОРДОСТА УБИВА!



ПРИКАЗНА ЗА 50 ЕВРА



Од една драга пријателка го добив следниот емаил, кој во оригинал гласи вака:



   Еден познат говорник го започнал својот семинар така што подигнал банкнота од 50 евра во воздух. Во  просторијата имало вкупно 200 луѓе. Тој запрашал:"Кој ја сака оваа банкнота?" Сите раце се подигнале.  Продолжил"Овие 50 евра ќе ги дадам на некој од вас, но пред тоа морам да направам нешто."

 Ја изгужвал парата. Потоа запрашал. "Дали се уште ја сакате?" Сите раце и понатаму биле кренати. Продолжил. "А, ако и направам вака?" Ја фрлил банкнотата на под и ја изгазил со чевлите.
 "Добро, кој ја сака се уште?" Рацете уште биле кренати.
"Драги пријатели, штотуку научивме една многу важна лекција. Што и да направев со банкнотата вие и понатаму ја сакавте, бидејќи во ниту еден момент не изгуби на вредноста. Цело време вредеше 50 евра."

"Во животот често ни се случува некој да не оттурне од себе, да паднеме ниско, да се чувствуваме како згужвани и фрлени на земја во кал."
Тоа се факти од секојдневниот живот.  "Понекогаш се чувствуваме како да не вредиме ништо."

Без оглед што ти се случило во животот, или што допрва ќе се случи, ти никогаш нема да ја изгубиш вредноста. Дали си бил валкан или чист, згужван или испеглан, ти и  понатаму си непроценлив за сите оние кои те сакаат повеќе од се на светот. Нашите животи не се вреднуваат според она што го правиме или кого познаваме, туку според ОНА ШТО СМЕ.  Ти си нешто посебно и не го заборавај тоа никогаш. Број ги своите успеси, а не грижи и проблеми. Немој никогаш да се плашиш да пробаш нешто ново.  И секогаш имај на ум: Едноставни луѓе ја изградиле арката на Ное, а експертите - Титаник.



Проблемот со оваа интересна приказна е што е погрешна, затоа што го става СЕЛФОТ или ЕГОТО  на човекот на прво место. Еве како точно како треба да гласи за да биде вистинита:



Еден познат говорник го започнал својот семинар така што подигнал
банкнота од 50 евра во воздух. Во просторијата имало вкупно 200 луѓе.  Тој запрашал: "Кој ја сака оваа банкнота?" Сите раце се подигнале.  Продолжил" Овие 50 евра ќе ги дадам на некој од вас, но пред тоа морам да направам нешто."

Ја изгужвал парата. Потоа запрашал. "Дали се уште ја сакате?" Сите раце и понатаму биле кренати. Продолжил. "А, ако и направам вака?" Ја фрлил банкнотата на под и ја изгазил со чевлите. "Добро, кој ја сака се уште?" Рацете уште биле кренати. "Драги пријатели, штотуку научивме една многу важна лекција. Што и да направев со банкнотата вие и понатаму ја сакавте, бидејќи во ниту еден момент не изгуби на вредноста. Цело време вредеше 50 евра." "Во животот често ни се случува некој да не оттурне од себе, да паднеме ниско, да се чувствуваме како згужвани и фрлени на земја во кал. Тоа се факти од секојдневниот живот.  Понекогаш се чувствуваме како да не вредиме ништо." 
Без оглед што ти се случило во животот, или што  допрва ќе се случи, ти никогаш нема да ја изгубиш вредноста во очите на Бога.*

 Дали си бил валкан или чист, згужван или испеглан, ти и понатаму си непроценлив за ОНОЈ, КОЈ толку те сака, што го даде дури и Својот Скапоцен Живот за тебе. Нашите животи не се вреднуваат според она што го носиме врз себе, колку пари имаме во џебот или на сметка, кого од оние што се на власт познаваме, туку според НАШИОТ ОДНОС СПРЕМА БОГА И ДАЛИ ГО НОСИМЕ ВО СВОЕТО СРЦЕ.*


Ти си нешто посебно и
СКАПОЦЕНО, АКО ГО НОСИШ БОГА ВО СВОЕТО СРЦЕ и не го заборавај тоа никогаш. ЗАБЛАГОДАРИ МУ се за своите успеси, а потоа префрли МУ ги своите грижи и проблеми, за ТОЈ да се погрижи за нив. Немој никогаш да се плашиш и сомневаш дека ТОЈ ќе те отфрли, нема да те чуе или нема да Погледне од Небото токму на Тебе. Затоа што, - токму за таквите обични луѓе како ТЕБЕ, ИСУС дојде на овој свет, зеде облик на човек, кој по ништо не се разликуваше од своите сонародници, освен во тоа што не направи никогаш, никаков грев и го даде својот скапоцен живот, за да може секој оној кој ќе поверува дека ТОЈ  е Синот Божји да има вечен живот.



И секогаш имај на ум: Едноставниот човек Ное, кој имаше потполна доверба во Бога ја изгради Ноевата арка, во која се спаси тој и сите членови на неговото семејство, заедно со по еден пар од останатите живи суштества, а конструкторот на Титаник, Томас Ендрјуз, кој рече дека „Овој брод не може ниту Господ да го потопи“ – доживеа истиот тој брод да биде уништен токму на својата прва пловидба.



Погледнете овде што им се има случено на луѓето кои Го исмевале Господ:






Јован 20:31а овие (чуда) се запишани, за да верувате дека Исус е Христос, Божји Син, и верувајќи да имате живот во Негово име.“ 

Јован 3:16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“

Tuesday, December 10, 2013

ВНИМАВАЈТЕ, БДЕЈТЕ! ЗАШТО НЕ ЗНАЕТЕ, КОГА ЌЕ БИДЕ ВРЕМЕТО!



ИСУС НИ ПОРАЧА ДА ВНИМАВАМЕ!

Библијата постојано ги потсетува Христијаните да внимаваат на Христовото Враќање. Ние сме должни да внимаваме, бидејќи не го знаеме часот на Неговото Доаѓање, – но ги знаеме знаците на кои треба да внимаваме (со што ќе го препознаеме времето). 
Бидејќи сите знаци се случуваат овде и сега, свесни ли сте колку овие Библиски стихови се однесуваат на нас сега?

1 Петар 4:7
7 А крајот на сè е близу. И така, бидете разумни и бдејте во молитвите.

Марко 13: 32-37
32 А за оној ден и час, никој не знае: ни ангелите на небото, ниту Синот, а само Таткото.”
33 ”Внимавајте, бдејте! Зашто не знаете, кога ќе биде времето!
34 Како човек, кој - тргнувајќи на пат - ја остави својата куќа и ги овласти своите слуги, секому му ја одреди неговата работа, а на вратарот му нареди да бдее.
35 И така: бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде господарот на куќата: навечер ли, или на полноќ, или кога петлите ќе пропеат, или наутро,
36 за да не дојде одненадеж и да ве најде заспани.
37 А што ви зборувам вам, на сите им зборувам: бдејте!”

1 Солуњаните 5:4-7
4 Но вие, браќа, не сте во темнина - та Денот да ве затече како крадец;
  5 зашто вие сите сте синови на светлината и синови на денот. Не и припаѓаме на ноќта, ниту на темнината;
  6 и така, да не спиеме како другите, туку да бдееме и да бидеме трезвени;
  7 зашто оние кои спијат, спијат ноќе и кои се опиваат, ноќе се опиваат.

Лука 12: 36-40
36 А вие бидете слични на луѓе, кои го чекаат својот господар, кога се враќа од свадба, за да му отворат веднаш, штом дојде и почука.
37 Блажени се оние слуги, кои господарот ќе ги најде будни, кога ќе си дојде! Вистина ви велам, дека ќе се препаше, ќе ги прилегне до трпезата и ќе дојде да им служи.
38 И ако дојде во втората или третата стража и ги најде така, блазе им ним.
39 Но, знајте го ова: кога домаќинот би знаел во кој час ќе дојде крадецот, не би дозволил да му ја поткопа куќата.
40 Затоа и вие бидете готови, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, во кој не мислите!”

Лука 12: 43-47
43 Блажен е оној слуга, кога господарот - кога дојде - ќе го најде да работи така!
44 Вистина ви велам, ќе го постави над целиот свој имот.
45 Но ако оној слуга рече во своето срце: ‘Мојот господар нема да дојде скоро,’ па почне да ги бие момчињата и момичињата, да јаде, да пие и да се пијани;
46 господарот на тој слуга ќе дојде во ден, кога не го очекува, и во час, што не го знае, и ќе го расече и ќе ја одреди неговата судбина со неверните.
47 А оној слуга, кој ја знаел волјата на својот господар, и не приготвил и не постапил според неговата волја, ќе биде многу биен.

Откровение 3:3
  3 И така, спомни си, како си примил и чул, и пази и покај се. И така, ако не се разбудиш, ќе дојдам како крадец; и нема да знаеш во кој час ќе дојдам врз тебе.

2 Тимотеј 4:8
8 Отсега натаму ми е подготвен венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној Ден Господ, Праведниот Судија, и не само мене, туку и на сите, кои го возљубија Неговото јавување.

Конечно, во Евреите 12:2 е потенцирано дека следбениците на Исус Христос се должни да ги фиксираат своите очи на Исус! Како ќе го направите тоа, кога во исто време ги игнорирате, т.е. не ги почитувате знаците наведени во Библијата, на кои треба да внимавате, а кои го сигнализираат Враќањето на Исус? Зарем се сложувате со еден дел од Библијата, а не се сложувате со друг дел?
Ве уверувам, НЕ МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИТЕ ТАКА И ИСТОВРЕМЕНО ДА СИ МИСЛИТЕ ДЕКА СТЕ ВО БОЖЈАТА ВОЛЈА!

 Евреите 12:2
2 гледајќи во Исуса, Почетникот и Исполнителот на нашата вера, Кој, поради радоста што беше пред Него, го претрпе крстот, презирајќи го срамот, и седна оддесно на Божјиот престол.



http://rareles.wordpress.com/category/visions-and-dreams/


Во контекст на овој пост објавувам порака дадена од Бог на Рејмонд Агилера- еден од големите пророци на денешнината, на истава тема:

7 ноември, 2009

Шпански:
Јамата ве чека ако не ме послушате. Ви кажувам јасно и до точка. Јамата ве чека, ако не ме послушате. Еве, доаѓа Денот на Крајот, Денот на Христа. Отворете ги очите, отворете ги ушите, доаѓа Денот на Господа, до точка. Запамтете, ако не ги отворите очите и ушите, ќе одите во јамата. Со најголема јаснотија, ви ја кажувам вистината. Ова е Вашиот Татко, заедно со Синот, заедно со Светиот Дух. Не велете дека не Сум Ви  кажал, бидејќи ви кажав се до точка. Еве доаѓа Денот на Мојот Син!

Англиски:

Разбудете се, слушнете ја Музиката на Господа. Господ доаѓа во точно означеното време, на точно определеното место. Кога луѓето ја градеа Вавилонската кула, се исплашија кога таа почна да се руши. Запамтете, се’ ќе се сруши кога ќе дојде Господовиот Ден, до Точка!
Моќта на Господа е се’. Моќта на Господа е Љубовта, но мора да се покорите на Господа од најголемите до најмалите работи. Ако Господ Ви каже да одите ваму, вие треба да одите таму! Ако Господ ви каже да направите нешто, вие треба да го направите тоа! Не прашувајте дали е тоа исправно или неисправно, ГОСПОД Е СЕКОГАШ ВО ПРАВО! Запамтете, Моќта на Господа е бескрајна. Моќта на Господа е секогаш во ПРАВО! Работите кои не ги разбирате, ќе ги разберете подоцна. Мора да имате Вера, мора да имате способност да му Верувате на вашиот Отец Јехова, Исус Христос и Светиот Дух.
Бидејќи кога ќе се срушат ѕидовите на вашата лична Вавилонска кула, кога вашето соседство веќе нема да постои, и кога вашите влади нема веќе да постојат, и кога ќе се води битката помеѓу вас и Сатаната, - Единствениот што ќе може да ве заштити е Јехова, Исус Христос и Светиот Дух. Запамтете ги Моите Зборови; Тие се точни до Крајност. Јас нема да ја заборавам вашата покорност, ако Ме Сакате, ако правите како што Јас Велам. Ако не ви е гајле, е па тогаш, проблемот е ваш, исто како и јамата (пеколот) што ве чека. Запамтете ја јамата, таа ве чека. Ако не ви е гајле за Божјите патишта таа (јамата) ќе ве чека. Таа ќе ви звучи примамливо, ќе ви звучи симпатично. Ќе ви каже се што сакате да чуете, но ќе ја најдете јамата ако не се Му се покорите на Господа, ако не Му Верувате на Господа, ако не Го Сакате Господа.

Зборовите што ви ги кажувам се лоши и тешки за некои луѓе, но ако Му верувате на Бога, ако имате Доверба во Бога, тие се вашиот спас. Господ не сака никого да повреди, но мора да се покорите на Божјите работи. Читајте Библија, проучувајте ја, земете причест, молете се. Молете се од срце, бидејќи Господовиот Ден доаѓа. Никој нема да го знае денот или часот, ама бидете сигурни оти ќе дојде кога најмалку ќе се надевате и ќе бидете оставени сами да се соочите со ѓаволот, ако не верувате во Господ Јехова, Исус Христот и Светиот Дух. 

Ќе му кажам на Мојот син Рејмонд да ги испрати овие пораки низ светот. Запомнете, сте биле предупредени, ви беше кажано, бевте Сакани. Одговорноста е лична работа. Запомнете, ви беше кажано, бевте предупредени, бевте Сакани. (крај)


http://wittywonderful.com/prorostvo.com/index.php?option=com_content&view=category&layout=blog&id=16&Itemid=100003



Monday, November 25, 2013

РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ВОЗНЕСУВАЊЕТО И ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ


ИСУС ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ВРАТИ! ЕДНАШ ЗА ДА ГИ ОТСТРАНИ И ЗАШТИТИ  ВЕРНИЦИТЕ ОД ГОЛЕМИТЕ НЕВОЛЈИ  КОИ ПРЕДСТОЈАТ (ВОЗНЕСУВАЊЕ) И УШТЕ ЕДНАШ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ГОЛЕМИТЕ НЕВОЛЈИ ЗА ДА СЕ ПРЕСМЕТА СО САТАНАТА, АНТИХРИСТОТ И ЛАЖНИОТ ПРОРОК КАЈ АРМАГЕДОН! 

                                           ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ РАЗЛИКИТЕ!


1 . Вознесување: Црквата ќе се сретне со Христос во воздухот: 1 Солунјаните 4:17
17 Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа.

Второ Христово Доаѓање: Христос ќе застане со Своите Нозе на Земјата: Захарија 14:4
4 Во оној ден, Неговите нозе ќе стојат на Маслиновата Гора што е спроти Ерусалим, на исток. И ќе се распука Маслиновата Гора по средина, меѓу исток и запад, во голема долина: едната половина ќе се измести кон север, другата кон југ.

2. Вознесување: Црквата ќе биде однесена на Небото: 1 Солунјаните 4:17, Јован 14:1-3

17 Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа.

Во Јован 14, Исус вака ги утешува своите ученици:
1 „Да не се вознемирува вашето срце; вие верувате во Бога, верувајте и во Мене!
  2 Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ако не беше така, Јас ќе ви кажев, зашто одам да ви приготвам место.
 3 И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас
Второ Христово Доаѓање: Црквата ќе се врати на земјата од небото: Јуда 1:14,15
14 А и за овие пророкуваше Енох, седмиот по Адама, велејќи: „Ете, Господ дојде со десет илјадници Свои свети,
15 за да им суди на сите и за да ги изобличи сите безбожници, за сите нивни безбожни дела, што безбожно ги направиле, и за сите навредливи зборови, што безбожните грешници ги изговориле против Него.”
3 . Вознесување: Христос ќе дојде по Своите светии: 2 Солунјаните 2:1

1 Ве молиме, браќа, во однос на доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и за нашето собирање заедно при Него,

Второ Христово Доаѓање: Христос ќе дојде со Своите светии: Откровение 19:14
14 А небесните војски на бели коњи, облечени во бел, чист лен, го следеа.

4. Вознесување: Самиот Христос ќе ги собере Неговите светии: 1 Солунјаните 4:16

16 зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво

Второ Христово Доаѓање: Ангелите ќе ги соберат избраните:
Матеј 24:31
31 И Тој ќе ги испрати Своите ангели со силен глас на труба и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот крај на небото до другиот.”

5. Вознесување: Верниците ќе бидат издвоени од неверниците: 1 Солунјаните 4:16-17
16 зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво.
17 Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа.
Второ Христово Доаѓање: Неверниците (плевелите) ќе бидат собрани први: Матеј 13:41-43
41 Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели, кои ќе ги соберат од Неговото царство сите соблазни, и оние, кои вршат беззаконие,
42 и ќе ги фрлат во огнена печка; таму ќе биде плач и чкртање со заби.
43 Тогаш праведниците ќе светнат како сонце во Царството на својот Татко. Кој има уши да слуша, нека слуша!”
6. Вознесување: Сатаната нема да биде врзан: Откровение 13:2

Видение за Ѕверот кој излегува од морето
1 А јас застанав на песокта од морскиот брег. И видов Ѕвер, како излегува од морето, кој имаше десет рогови и седум глави, а на неговите рогови десет круни и на неговите глави богохулни имиња.
2 И Ѕверот, што го видов, беше како леопард, и нозете му беа како на мечка, а устата како на лав. И змевот му ја даде својата сила, и својот престол, и голема власт

Второ Христово Доаѓање: Сатаната ќе биде врзан: Откровение 20:03

  3 и го фрли во Бездната и го заклучи, ја запечати над него, за да не ги заведува народите, додека не се навршат илјада години; потоа треба да биде одврзан за малку време.

7. Вознесување: Праведните ќе бидат отстранети: 1 Солунјаните 4:17
17 Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа.
Второ Христово Доаѓање: Злите ќе бидат отстранети: Матеј 25: 40-41
40 А Царот ќе им одговори: ‘Вистина ви велам, доколку му направивте на еден од овие Мои најмали браќа, Мене Ми направивте.’
41 Тогаш ќе им рече и на оние од левата страна: ‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!