Friday, December 20, 2013

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА ЗА ФЕМИНИЗМОТ!



 Дали треба Христијанките да бидат феминистки?

Почитувани Христијани и Христијанки, согласно на она што си го зацртав како цел, со отворањето на овој мој блог, - да ви пишувам за знаците на последните времиња во кои живееме, - во оваа статија давам осврт на една појава која е во неверојатно голем подем на почетокот од овој 21 век. Станува збор за феминизмот.

Современиот концепт на феминизмот не бил присутен во времето кога Библијата била пишувана, но тоа не значи дека Библијата нема што да каже за основните прашања со кои се занимава феминизмот. 


Кои се темите и актуелните прашања на феминизмот? Феминизмот е лажно решение за вистинскиот проблем на нееднаквост на жените во едно грешно општество. Феминизмот бара еднаквост на жените со мажите во секој аспект на животот. Феминизмот е заснован на ароганција, што а  спротивно на природата на еден наново роден / преобратен верник, а тоа е да биде слуга. Однесувањата на модерните, милитантни феминистки се насочени кон тоа, да предизвикаат жените да се бунтуваат против редот кој Бог Му го Дал на човештвото. Ваквиот бренд на феминизмот се обидува да наметне хуманистички решенија, кои се во директна спротивност со Божјото Слово.


Феминизмот првично било позитивно движење, кое се фокусирало на обезбедување на основните права на жените, кои  Бог ги предвидел за секое човечко суштество. Трагично, но феминизмот ги надминал овие свои корени, така што сега е фокусиран на уништување на каква било разлика во улогите помеѓу мажите и жените.


Што тогаш треба да биде христијански поглед на феминизмот? Жена, која е вистински верник и се  обидува да Го почитува Бога и чекори во мир и благодат, треба да запамети дека таа има еднаков пристап на сите духовни благослови во Христа. "8 Нема веќе ни Јудеец ни Грк, нема веќе ни роб ни слободен, нема веќе ни машко ни женско, зашто вие сите сте едно во Христа Исуса." ( Галатјаните 3:28 ).

Жената, која е вистински верник не треба да си дозволи себе си' да биде пион во световната агендата на феминистичкото движење. Мажите и жените имаат од Бога дадена привилегија да го исполнат планот, кој Тој го има поставено за нас. Бунтот против тој план и ароганцијата, која има за цел да се стави  себе над Божјото Слово, може да  резултира со многу тешки последици. Сега веќе и ги гледаме тие последици, како што се: уништување на бракот, како света заедница помеѓу маж и жена, уништување на семејството и губење на почит кон човечкиот живот, со промовирање на правото на жените слободно и без грижа на совеста, да се одлучат за абортус.
" 16 зашто сè што е во светот: - похотта на телото, похотта на очите и гордоста на животот, не е од Таткото, туку од светот. " (1 Јован 2:16 ).


Во овој стих се присутни принципите на падот на човештвото... Ева поверувала на лагата на сатаната (змијата) дека јадењето на забранетиот плод ќе и’ овозможи зголемување на мудроста. Таа била похотна и земала нешто што и’ било забрането. Ова е основата на феминистичкото движење . Жените „паднале“ на лагата дека феминизмот ќе им го донесе она што го сакале, она што тие мислат дека го "заслужуваат". Сепак, ова ветување е „ветер и магла“  и има своја престолнина во гордоста, која пак води кон пад.
18 Гордоста врви пред гибелта, и високоумноста пред паѓањето. (Изреки 16:18 ).

Во последните децении, една тенденција бележи пораст во општество, а тоа е да се биде политички коректен и да се внимава некого да не навредиме  со своите ставови, доколку имаат свои корени во Христијанската вера (спрема оние кои имаат спротивно гледиште/ мислење/ вера). Сепак, ова навистина не е ништо ново, бидејќи во светот секогаш имало нееднаквости и разлики.


Жално е, но вистинито тоа што вештачките бариери, кои немаат никаква основа во Божјото Слово отсекогаш го поделувале човештвото.

Постои само една раса - човечката раса! Во таа раса има лица од машки и женски пол, различни етнички групи, различни бои и различни национално потекло. Гревот е тој, кој во човечките срца предизвикува нееднаквост. Гревот во срцата е тој, кој предизвикува мажите да ги третираат жените на понижувачки начин. Гревот е тој, кој прави едно лице да се издигнува над друго лице. И гревот е тој, кој што се обидува да користи фалсификувани решенија за отстранување на овие нееднаквости. Единствениот вистински лек за нееднаквоста е послушност кон Божјото Слово.


Ако мажите и жените одат во послушност кон Божјото Слово, феминизмот ќе биде разобличен во она што тој навистина е - ГРЕВ, што понатаму ќе резултира со хармонија, што Бог ја одредил како единствен квалитетен однос меѓу мажите и жените.


No comments:

Post a Comment