Friday, December 20, 2013

ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС НИ ПОРАЧУВА: ОДБЕРЕТЕ СВЕТОСТ!

Зборови на Господа:

"ОДБЕРЕТЕ ГИ СВЕТОСТА И МОИТЕ ПАТИШТА, ПРЕКУ ПОТПОЛНА ПРЕДАДЕНОСТ"

(Зборови добиени од Нашиот Господ преку Сузан, на 25 ноември 2012)



Светот се распаѓа. Дел по дел, тој се распаѓа. Светот не може да го одржуваат зли срца: срца кои го отфрлаат Бога. Само Јас-Бог, Можам да го преобратам овој свет - само Мојата Љубов и Мојата Сеопфатна Моќ можат да го вратат овој свет повторно во беспрекорната состојба, во која некогаш беше.

Мојата Заштитничка Рака е подигната, така што злото може да дојде до израз, со злите, расипани луѓе, - луѓе кои веруваат дека Бог не е реален и кои сакаат да се бунтуваат против Моите Свети Стандарди на живеење во светот. Без Бога, пред Кого еден ден ќе одговараат, луѓето мислат дека можат да прават што сакаат, надвор од Мојата Насочувачка Рака. Наскоро, многумина ќе видат дека ова не е ништо друго, освен голема заблуда, поттикната од нивните лоши лидери, кои тие ги следат до јамата на вечниот пекол, смрт и уништување, - казната за непослушност и побуна.

Сакам да ви Зборувам за Светоста на Вашиот Бог-Јас Сум Свет и Чист. Мојата Светост е живот, вечен живот: Основата за вечноста со Бога. Вашиот  дух не може да дојде во Моето Чисто Присуство, без целосната сила на Мојот Свет Дух, Кој треба да престојува во вашиот дух, за да го претвори вашиот дух во Мојата Слика, и на тој начин да ви даде можност да се појавите во Моето Вечно Присуство.

За  да ја примите полнотата од присуството на Мојот Дух, ќе мора да Ми предадете се
што е ваше, за да се направи простор за Мојот Дух.  Мора да го елиминирате "Селфот“, за да направите простор за Мојата Сеопфатна Моќ и Волја. Без Мојата Волја во вашиот живот, вие не сте Мои, туку работите според волјата на Мојот непријател, што ве доведува до расипаност, бунт против вашиот Свет Бог. Вашиот дух и душа го расипуваат вашето тело, такашто, да правите злодела против Светиот Бог, Вашиот Создател.

Вашиот Дух може да стане совршен, само кога ќе биде Моја Совршена Слика, и тогаш и само тогаш, ќе добиете спас на вашата душа, и ќе ви биде дадена можност за присуство и живот со Светиот Бог.

Покајание, предавање на вашиот живот и смирено срце, - тоа е она што Јас го Барам, за да го Испратам Мојот  Дух во вашиот дух, во целосна полнота; Лампа полна со масло, која ќе го осветлува вашиот пат кон слободно и безбедно чекорење со Вашиот Бог.

Доаѓам да ја Отстранам Мојата Невеста: оние чии духови се Мојата Совршена Слика и Образ. Било што друго е делумно и нецелосно предавање, млак придонес, кој Јас ќе го Одбијам, во корист на оние, кои решиле да дадат СЕ
СВОЕ, во замена за љубовта кон световното и светот.  Фокусирањето кон светот, во замена за спасението на душата,-тоа е многу лоша размена; Луѓето го трампаат Нивниот Бог, за да водат љубов со злото. Јас Дадов СЕ, за да ги Спасам Моите деца, но сепак тие се спогодуваат за помалку, - за танц со злото, кое им е размена за убавината и вечниот  живот.

Деца, изберете ја Светоста и Моите Патишта, преку потполно предавање. Времето ви изминува. Светот пропаѓа надолу во спиралата на темнината, - свет, кој е надвор од Својот Бог. Дојдете, излезете и издвојте се од сето она што е зло. Бидете дел од ретките, кои сакаат вистински да се спасат. Малкумина ќе бидат изведени на безбедно. Јас ќе ве Донесам во Мојот Свет на вечниот мир, но вие мора да го посакувате тоа. Изберете го тоа.
На вас останува да го направите изборот.

Изберете Светост,

ЈАС СУМ СВЕТ- И ВИЕ БИДЕТЕ СВЕТИ!



* * *
Референтни стихови во Библијата:

Псалм 29:2 Дајте Му ја на Господа славата на Неговото име, поклонете Му се на Господа во светата убавина!

Левит 11: 45 Да, Јас Сум Господ; ве изведов од Египетската Земја за да ви бидам Бог. И така бидете свети, зашто Јас Сум свет!’

Ефесјаните 4: 24 и да се облечете во новиот човек, кој е создаден според Бога во правдата и светоста на вистината.

Евреите 12:14 Стремете се кон мирот со сите и кон светоста, без која никој не може да Го види Господа.

Колосјаните 3: 10 и облековте нов, кој се обновува во полно познавање по образот на Оној, Кој го создал,

Псалм 4: 3 Но знајте: Господ го одделил за себе Својот пријател; Господ слуша кога викам кон Него.

1 Петрово 1: 16 зашто е напишано: „Бидете свети, зашто Јас Сум свет.” 





No comments:

Post a Comment