Monday, December 30, 2013

ЗА ЗАБЛУДАТА НА МУСЛИМАНИТЕ!

Дали во Стариот Завет е најавено појавувањето на Мухамед, - последниот Божји Пророк, како што посакуваат Муслиманите?


Пред извесно време, додека коментирав на еден Христијански форум за Исус Христос, Кој е Единствениот Пат до Бога Отецот, - еден Муслиман ми испрати ваков предизвикувачки коментар:
...”Vo heberjskata Biblija, vo stihot od Song of Solomon 5:16 se uste stoi imeto na Muhammed s.a.w.s. , tie ne ja promenija nivnata Biblija, a vo hrstijanskata biblija e smeneto…”
Еве го стихот за кој Муслиманот коментираше:

Песна над песните 5:16
16 Говорот му е сладок и сиот Е ОД ЉУБЕЗНОСТ. Таков е мојот возљубен, таков е мојот пријател, ерусалимски ќерки!

Јас истражував на оваа тема и открив во колкава заблуда се Муслиманите. Тие веќе долго време, упорно бараат записи во Стариот Завет, во кои ќе најдат некое пророштво за доаѓањето на Мухамед, како последен и најголем Божји пророк, - но немаат успех. Тие го прифаќаат Стариот Завет како Божја Книга, која претходела на Куранот (Taurat, Zabuur и Injil). Па така, во сурите 7:157,158 и 61:6 стои дека Мухамед е предвиден во Стариот Завет (Taurat) и најавен во Новиот Завет (Injil)   и тоа од Самиот Исус.
Иронично е дека Муслиманите сега се принудени од страна на нивното Свето писмо да ја утврдат веродостојноста на нивниот пророк во Стариот Завет.



Муслиманите и Христијаните взаемно се согласуваат дека Христовото доаѓање било предвидувано често во Стариот Завет. Сепак, ако Бог имал намера да испрати друг пророк многу поголем од Исус, - природно, би требало да се најдат предвидувања во врска со него во Стариот Завет. НО, -НИКОЈ ДОСЕГА не мoжел да го најде. Затоа, без предвидувањата во Стариот Завет, - единствените критериуми за пронаоѓање некаков авторитет за личноста на Мухамед почива исклучиво и во целост – само во Куранот. 
Со ова, Куранот е себереферентен, т.е. самиот себе сѝ се потврдува.
Поради овие очигледни причини ваквиот аргумент е неодржлив.


Најдобар пример за да се илустрира тешкотијата во замена на еден збор со друг се наоѓа токму во песната на Соломон, глава 5, стих 16. Во овој пасус Муслиманите тврдат дека хебрејскиот збор machmad ("целосно прекрасен") може да се замени со Мухамед.
Еве го повторно Библискиот стих, за кој Муслиманите сметаат дека ја содржи, - за нив, толку посакуваната најава – на нивниот пророк Мухамед: 
Песната на Соломон 5:16: "Говорот му е сладок и сиот е од љубезност. Таков е мојот возљубен, таков е мојот пријател, ерусалимски ќерки!".


Песната на Соломон е поетска љубовна приказна меѓу Возљубената (Христовата Невеста) и Нејзиниот Љубовник (Исус Христос).

Муслиманите веруваат дека придавската клаузула "целосно прекрасен" може да се промени со соодветната именка, "Мухамед". 
Според тоа, текстот, тогаш треба да изгледа вака:
"16 Говорот му е сладок и тој е Мухамед. Таков е мојот возљубен, таков е мојот пријател, ерусалимски ќерки!".
Оваа претпоставка, би отворила голем број на тешки прашања, ако се земе контекстот на поставената теза од страна на Муслиманите.

Имено:

1. Кои се ќерките на Ерусалим? Дали Мухамед некогаш придружувал некоја од неговите многу жени во Ерусалим?
2. Ако станува збор за Мухамед, која од неговите бројни сопруги е таа, која зборува во песната? Дали Мухамед некогаш бил во брак со „црна“ жена од Либан (како што таа се опишува во глава 1)? 
3. Дали Мухамед некогаш тврдел дека е крал?



Значи, за што станува збор овде? Болдираните зборови во оригиналниот текст од Библијата (погоре) се преведени зборови на хебрејскиот збор, machmad. Најсоодветна дефиниција на machmad би било: желба, посакувано нешто, пријатно нешто.



Значи, може ли machmad да значи Мухамед? Мудрите истражувачи на Библијата утврдиле дека кога еден стих е доведен во прашање, оправдано е и можно да се објасни еден пасус од Библијата со помош на некој друг пасус. Зборот machmad се појавува дури дванаесет пати во Стариот Завет. Штом Муслиманите имаат толку силна намера за изнаоѓање на името Мухамед во хебрејскиот збор machmad, важно е тие и понатаму да си останат доследни.

Затоа, еве само три од дванаесетте пророчки Библиски стихови подолу, па вие утврдете дали тие се вклопуваат во тезата machmad= Мухамед.

(Забелешка: Оригиналните Библиски стихови се заменети со Муслиманската теза за изедначувањето на хебрејскиот збор machmad со Мухамед, па самите проценете колку сето тоа има смисла:



1 Цареви 20:06
"6 Биди уверен дека утре во ова време ќе ги испратам своите слуги, и тие ќе ги пребараат твојата куќа и куќите на твоите слуги, и ќе ја стават својата рака на сè што им е Мухамед, и ќе го однесат тоа.’”



Плач Еремиин 1:11
" 11Сиот Негов народ воздивнува барајќи леб; сите даваат Мухамед за храна, за да живнат повторно. Ете, Господи, погледај, зашто сум презрен!".



Езекиел 24:21

"21’Кажи му на Израелевиот дом: „Господ Бог зборува вака: Еве, ќе го предадам на онечистување Моето Светилиште, гордоста на вашата сила, Мухамед на вашите очи и копнежот на вашата душа! И синовите и ќерките што ги оставивте, ќе паднат од меч."



Ако ова „осакатување“ на Светото Писмо ви се чини смешно, тоа е така за да се отфрли теоријата или тезата зад која стојат Муслиманите. Но, - еве, побарајте ги сами останатите девет референци кои го употребуваат зборот machmad и проверете дали ќе соодветствува зборот Мухамед.
Тие стихови во Библијата (според оригиналниот Хебрејски јазик) се: 2 Летописи 36:19, Исаија 64:11, Плач Еремиин 1:10, Плач Еремиин 2:4, Езекиел 24:16, Езекиел 24:25, Осија 09:06, Осија 9:16 и Јоел 03:05.

Драги Христијани, ајде се молиме Бог да им ги отвори очите на овие луѓе и да им даде спас на нивните души преку верата во Исус Христос – Божјиот Син!


Татко наш Кој си на Небесата, свесни за нашиот статус кој го имаме преку верата во Исус Христос, Твојот Сакан Син, дека сме твои деца и сонаследници, заедно со Исус на сите блаженства и богатства кои си ги Создал за Него и преку Него, измиени од гревовите со Неговата Света и иста Крв, неизмерно благодарни за авторитетот, кој си ни го Дал да газиме на „змии и скорпиони“, односно да ги победуваме духовните сили на злото, стоејќи цврсто во Христа ти пристапуваме со вера до Твојот Небесен Престол на Благодатта и те молиме Тато да ја излееш Твојата милост над овие луѓе, кои се заблудени преку верата во Алах, заради измамата на Мухамед, кој е лажен пророк и да им го Тргнеш превезот од нивните очи, за да можат да согледаат дека единствениот спас и избегнување од казната за нивните (и сечии) гревови, е ЕДИНСТВЕНО преку прифаќање на Исус Христос како нивен Господ и Спасител, со свесност дека измивањето од нивните (и сечии) гревови е можно само преку Неговата Крв, Која е единственото и најмоќно средство во универзумот за измивање на флеките и дамките од гревовите!

Тато наш Небесен, знаеме дека кога молиме да се спасат оние кои не те познаваат, ние всушност молиме согласно на Твојата Волја, бидејќи Ти Тато, сакаш сите луѓе да се спасат, бидејќи токму заради тоа, Ти Дозволи Твојот Син да биде Жртвуван са СИТЕ ЛУЃе!  Тато, Те молиме  во Името на Исус Христос да им Овозможиш на Муслиманите да Те Пронајдат и да разберат дека нема Друг Бог освен Тебе и бидејќи сме свесни дека се што ќе побараме од Тебе, во Името на Исус Христос ќе ни биде дадено, истовремено Ти упатуваме и благодарност, бидејќи веруваме дека ќе ни биде Чуена и Исполнета нашата молитва!

Тато, Ти благодариме и Те благословуваме за Твојата огромна Милост, Љубов, Добрина и Долготрпеливост, бидејќи ако не казнуваше за секој наш сторен грев додека се уште бевме непокајани и не-наново родени преку верата во Исус, како прекрасен дар од Светиот Дух, Кого го испрати за да ни биде наш Утешител и Поучувач во сета Вистина и Слобода,  - немаше да постои ниту еден човек на оваа земја!

Те сакаме Тато и веруваме во Твојата Сила и Моќ да ги Доведеш „залутаните овци“ во Твоето Трло;  Со вера во Исуса и благодарност го примаме исполнувањето на нашата молитва!



Амин!

Image result for song of solomon



No comments:

Post a Comment