Thursday, June 6, 2013

ЗА ЉУБОВТА МЕЃУ ХРИСТИЈАНИТЕ

ОВА Е МОЈАТА ЗАПОВЕД: ЉУБЕТЕ СЕ ЕДЕН СО ДРУГ, КАКО ШТО ЈАС ВЕ ЉУБЕВ“
(Јован 15:12)

Ова се зборовите на Исус, кои се многу погрешно разбрани, бидејќи Исус нè Сака нас луѓето на еден многу поинаков начин, од оној на кој луѓето се сакаат меѓусебно...
Љубовта на Исус се однесува на спасување на човештвото, а не љубов што значи наклоност, која прави човек да се чувствува физички посакуван, атрактивен во сензуална смисла. Исус исто така, воопшто не Поучувал ни Проповедал на начин, што би предизвикал сите да се чувствуваат пријатно. Напротив, Исус со Своите зборови ги изобличувал луѓето, со тонот на својот глас како да ги камшикувал, ги проколнувал, посочувајќи на нивното лицемерие... Па така, начинот на кој Исус ја Покажувал Љубовта кон луѓето на крајот довела до тоа, Тој да биде распнат и убиен.
Во денешно време има многу „волци во овчешка кожа“, кои го толкуваат тој стих, како дека Исус Сакал да каже дека никого не смееме да налутиме или навредиме, да бидеме постојано коректни и воздржани кон луѓето, не посочувајќи им на нивните грешки во однесувањето.  Токму ова води кон лажно учење. Ако ги сакаме луѓето како што Исус нас нè Сакаше, тогаш би биле загрижени за спасот на луѓето, па дури ако тоа значи и да ги налутиме. 
Значи, вие кои сте пастори, водачи на стадото Исусово – изобличувајте, кажувајте им ги гласно и јасно грешките на луѓето, затоа што тоа ќе ги доведе до покајание, пред Нозете на Исус.. Тоа е вистинското место од каде што почнува чекорењето по Тесниот пат, и кое продолжува со следење на Духот на Вистината...
А пак вие, кои одите во Црква и барате вистинско духовно водство - запрашајте се, дали вашата Црква ја води некој „фарисеј на денешнината“ или пак вистински Христов следбеник! 

Внимавајте, затоа што вашата душа е скапо платена со Светата Крв на Јагнето Исус Христос!

Матеј 23:13-28 13”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои го затворате Небесното царство пред луѓето; зашто самите не влегувате, ниту ги пуштате внатре оние, кои сакаат да влезат.”14”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги подјадувате домовите на вдовиците, и заради причина се молите долго. Затоа ќе добиете поголема осуда!”15”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои ги обиколувате морето и копното, за да придобиете еден прозелит, и кога ќе стане тоа, го правите син на пеколот, двапати полош од себе!”16”Горко вам, слепи водачи, кои велите: ‘Ако некој се заколне во Храмот, не е ништо; ако пак се заколне во црковното злато, тогаш е обврзан!’17Безумни и слепи! Што е поголемо: златото или Храмот, што го осветува златото?18И: ‘Ако некој се заколне во жртвеникот, не е ништо; а ако се заколне во дарот, што е врз него, тогаш е обврзан.’19Слепци! Што е поголемо: дарот или жртвеникот, што го осветува дарот?20И така, кој се колне во жртвеникот, се колне во него и во сè што е врз него.21И кој се колне во Храмот, се колне во него и во Оној, Кој живее во него.22И кој се колне во небото, се колне во Божјиот престол и во Оној, Кој седи на него.”23”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои давате десеток од нане, копра и кимин, а го оставивте поважното во Законот: правдата, милоста и верата. Ова требаше да се прави, а она да не се остава!24Слепи водачи! Вие го цедите комарецот, а ја проголтувате камилата.”25”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои ја чистите надворешноста на чашата и чинијата, а внатре сте полни со грабеж и лакомост!26Слепи фарисеју! Очисти ја најнапред внатрешноста на чашата, за да и биде чиста и надворешноста!”27”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти приличите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистота!28Така и вие однадвор им се покажувате праведни на луѓето, а внатре сте полни со лицемерство и беззаконие.” 


Матеј 6: 20 Зашто скапо сте купени. И така, прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји.

Матеј 7: 23 Скапо сте купени! Не бидете им робови на луѓето! 


1 Петар 5:2пасете го Божјото стадо, кое е меѓу вас, и надгледувајте го, не со сила, туку драговолно, како што Бог сака; не од желба за срамна печалба, туку од добро срце;





No comments:

Post a Comment