Tuesday, April 25, 2017

ИСЛАМОТ И САКАТЕЊЕТО НА ЖЕНСКИТЕ ГЕНИТАЛИИ

Темата е многу тешка, но ако сме свесни дека живееме во 21 век, а нешто толку варварско постои и во денешно време - не можеме да ја прескокнеме.
FGM (Female Genital Mutilation) е распространета пред сé кај многу племиња во Африка. Во Египет, Етиопија, Судан или Џибути погодени се речиси 100% од жените. Во други земји, се обрежуваат членовите само на некои племиња, така на пример: во Нигерија, Мали, Буркина Фасо, Сенегал, Кенија итн. Но, FGM се појавува и на Арапскиот полуостров (на пр. Обединетите арапски емирати, Јужен Јемен) и во други делови од Азија.​
Според проценките, во целиот свет, помеѓу 100 и 157 милиони жени и девојчиња се погодени од женско обрежување. Секоја година се придодаваат околу два милиона девојки. Значи, дневно се обрежуваат околу 6000 девојчиња. Обрежувањето кај девојчињата не може да се спореди со она кај момчињата, бидејќи причинува огромно оштетување на сексуалните органи и многу често има долгорочни и штетни влијанија врз здравјето.
Процедурата вклучува брутално хируршко отстранување на сите надворешни делови на женските гениталии за да се уништи женското либидо.

Има многу различни форми: 

· Мека суна (sunna = арап. "традиција"): Бодење, засекување или отстранување на кожичката на клиторисот;
·     Модифицирана суна: делумно или целосно отстранување на клиторисот;
·      Клиторидектомија/обрежување: отстранување на делови или на целиот клиторис како и на дел или целите внатрешни срамни усни. Оваа операција најчесто создава лузна на ткивото што е толку голема, што го прикрива вагиналниот отвор;
·     Инфибулација/фараонско обрежување: отстранување на клиторисот и на внатрешните срамни усни како и на внатрешниот слој на надворешните срамни усни. Преостанатите надворешни срамни усни се сошиваат со црево од мачка или се прицврстуваат една со друга со шилци. Во раната се става едно мало парче од цевка, за да остави отвор за урината и менструалната крв.

Зафатот се изведува со најразлични инструменти како жилет, ножици, ножеви и срчи. Се извршува најчесто без каква било анестезија и дезинфекција, понекогаш се користат природни лековити средства. Осакатувањето го вршат бабици или стари жени, поретко машки свештеници или бербери. Возраста на девојчето, по правило, е меѓу 4 и 8 години.
Откога на 21 април, 2017 година во Мичиген била уапсена една банда која спроведувала осакатување на женските гениталии, Линда Сарсор (Linda Sarsour), извршна директорка на Арапско-Американската Асоцијација изјавила: „Гениталното осакатување на жените не е Исламска практика и нема место во ниту една земја на светот“.
Но, што за тоа велат Муслиманските извори?
Во самиот Куран, нема јасно дадени насоки околу обрежувањето на жените. Затоа пак, дознаваме дека пророкот Мухамед и неговата дружина, автори на Исламските религиозни книги многу јасно го практикувале и поддржувале обрежувањето на жените.
Самите Исламски вероучители се сложуваат дека обрежувањето не е „некаков наследен обичај“, како што некои луѓе тврдат, туку е пропишано во Исламот. Доказите за тоа се наоѓаат во Хадисите. Еве примери:
Во Хадисот на Ал Букхари (5889) и Муслим (257) од Абу Хураира (Abu Hurayirah) е запишано дека пророкот (Мухамед ) рекол: „Фитра (тоа е нормална практика за еден човек создаден од Алах) се состои од 5 работи: обрежување, бричење на срамните влакна, сечење на ноктите, корнење (депилација) на потпазувните влакна и поткастрување на мустаќите“.
Овој Хадис појаснува дека обрежувањето е нормална работа и е задолжително – како за мажите, така и за жените.
Некои Исламски верски групи се на мислење дека обрежувањето, кое го сметаат за  задолжително, кај мажите се состои од отстранување на препуциумот од пенисот, а кај жените се отстранува препуциумот (кожичката) од клиторисот (но не и на самиот клиторис); Други сметаат дека обрежувањето кај жените не е задолжително, туку препорачливо, а пак трети сметаат дека тоа зависи од одлуката на мажот.
Во книгата „Потпората на патникот“ (Reliance of the Traveler)– напишана од Ahmad Ibn Nagib al-Misri, која е класичен прирачник за начинот на кој треба да се практикува шеријатското право, пишува:
„Обрежувањето е задолжително (за секој маж и жена) со засекување на дел од кожата на врвот од пенисот за мажот, додека обрежувањето кај жената се врши со отстранување на клиторисот“.
Значи различни извори од Муслиманските свети книги имаат разлики само во тоа, колку далеку да се оди со обрежувањето на жените, но нема никаков сомнеж дека треба да се спроведува обрежување на женските гениталии!
Па така, еве ги накратко трите најзастапени гледишта во поглед на обрежувањето на жените, според различните Муслимански религиозни групи:
1. Обрежувањето е задолжително за мажите и жените
2. Обрежувањето е суна (традиција) и е препорачливо за мажите и жените.
3. Обрежувањето е задолжително за мажите и е добро и препорачливо (mustahabb) за жените
Значи, според Муслиманските извори јасно е дека обрежувањето во Исламот е пропишано и за мажите и за жените, а  повеќето дури и сметаат дека е задолжителни и за едните и за другите. Никој не кажува дека е забрането.
Светската здравствена организација и лидерите ширум светот се обидуваат да ја спречат оваа традиција, со аргументот дека не постојат здравствени предности при ваква интервенција, која само може да предизвика долгорочни компликации. Сепак, Муслиманите, кои цврсто стојат на оваа Исламска практика, отворено се спротиставуваат на медицинските лица, кои го застапуваат овој став!
Каков е Христијанскиот став по ова прашање?
Во Библијата нема стихови кои се однесуваат на обрежување на женските гениталии. Во Новиот Завет е даден генерален став околу начинот на кој  Христијанинот треба да се однесува кон своето или туѓото тело.
1 Коринтјаните 6:19-20  Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси? Зашто скапо сте купени. И така, прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји.
Лука 6:31 И како што сакате да ви прават луѓето вам, така правете им и вие ним!

Што би можеле да извлечеме како заклучок после сето ова? Јас мислам дека може да се сложиме со некоја од следниве 3 премиси:
1)   Гениталното осакатување / обрежување  на жените нема место во Исламот,
2)   Гениталното осакатување/ обрежување  на жените нема место во светот, или
3)   Исламот нема место во светот.

Ако се уште имате дилеми, која од овие три премиси е точна – погледнете го овој текст за Муслиманското гледиште за жената:

Еве ги вестите од некои електронски медиуми, кои известуваат за темата која ја изнесов погоре:


Резултат слика за female genital mutilation

Резултат слика за female genital mutilation



No comments:

Post a Comment