Monday, November 4, 2013

ЗА БОЖЈИОТ ГНЕВ КОЈ НАСКОРО ЌЕ СЕ ИСТУРИ ВРЗ ЗЕМЈАТА





Последната Библиска книга во Новиот Завет (Откровение), во глава 16:1-21 ни кажува за 7те страшни зла што ќе се излеат врз земјата по Вознесувањето на Црквата.
Многу тага и мака ги чека оние кои не се заштитени од Божјиот Суд. Во тоа време се уште ќе има многумина, кои ќе го проколнуваат Бога, наместо да Му оддадат слава. Браќа мои,  пред да започне Последниот Суд ние мора да им сведочиме на блиските пријатели и на соседите за Божјата понуда за вечен живот. Без оглед на тоа, како различните Христијански деноминации / цркви гледаат на Крајот на Светот, страшниот Божји Гнев ќе ја исчисти земјата на злото.
Не можам да ве натерам да верувате во она што го кажувам, но Божјиот Збор не лаже! Затоа што Тој не е човек па да лаже! (Броеви 23:19). Ниту пак Божјите Зборови ќе Му се вратат на Бога празни (Исаија 55:11).  Исус Рекол: Небото и земјата ќе поминат, но Моите Зборови во никој случај нема да поминат (Марко 13:31).
Многу Христијани мислат дека Стариот Завет е застарен. Апсурдно е да се верува во тоа.  Бидејќи (Господ) Исус Христос е ист вчера, денес и во вечни векови (Евреите 13:8 и Малахија 3:6)!  За Денот на Божјиот Гнев, Бог Вели: Ќе им ги препуштам луѓето на неволјите и ќе одат како слепци зашто згрешија против Господа, нивната крв ќе се разлее како прав, нивните трупови ќе бидат фрлени како смет. (Софонија 1:17).  
Време е да почнеме да го слушаме Словото Божјо сериозно, и да не ни претставува навреда кога ни се кажува вистината! Сите ние мора да ја зборуваме вистината: во скромност да ги корегираме оние кои се спротиставуваат на Божјото Слово, затоа што можеби Бог ќе им даде покајание, така што да можат да ја знаат вистината, да си дојдат при здрав разум и да ги избегнат замките на ѓаволот, кој нив ги заробил, за да ја исполнуваат неговата волја (2 Тимотеј 2:25-26).
Бог многу не’ сака браќа, но Тој нема да Дозволи да Го газиме Неговиот Син Исус, сметајќи ја крвта на Заветот, со која Тој Бил осветен обична работа, ниту пак ќе Дозволи да Го навредиме Духот на Благодатта (Евреите 10:29).
Примете го на срце овој повик на будење, бидејќи Господ ќе дојде како Крадец (Откровение 16:15) и ќе ги затекне изненадени и неподготвени оние кои не го очекуваат Неговото Доаѓање!

Слава на Господа!!!

- ANGELO SANCHEZ  -




No comments:

Post a Comment