Friday, February 21, 2014

Е-КНИГА: „СВАДБЕНАТА ВЕЧЕРА НА ЈАГНЕТО“










СВАДБЕНАТА ВЕЧЕРА НА ЈАГНЕТО

И НАСТАНИТЕ ОД

ПОСЛЕДНИТЕ ВРЕМИЊА


ПОРАКИ ЗА ОВАА ПОСЛЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА,
диктирани на Сузан Дејвис

од Срцето на БОГ

Copyright © 2012 Susan Davis
All rights reserved.
ISBN-13:  978-1477478332
ISBN-10:  1477478337

ЗАБЕЛЕШКА: Ве ​​охрабрувам да дистрибуирате што повеќе копии од овој документ, на било кој начин, електронски или во печатена форма. Вие може да го поставите овој материјал во целост или делумно, на вашиот сајт или на друго место. Но, бараме да ја ставите оваа забелешка за и другите да знаат дека можат да ја умножуваат и дистрибуираат, како и вие. Оваа книга е достапна и како бесплатна e-книга и во MP3 формат на веб страниците:
http://end-times-prophecy.com

https://www.smashwords.com/books/view/162979


© 2012 by Susan Davis




ЗАБЕЛЕШКА од авторот

Оваа книга не е создадена заради профит, туку со цел да допре до што поголем број на луѓе преку овој медиум. Но сигурно не за да профитира финансиски преку употреба на овие пророчки зборови од Господа. Симболичната цена на оваа книга е поставена за да се покријат само трошоците за печатење и хонорарот што оди на сметка на авторот е речиси нула. (Може да има неколку центи по книга поради флуктуирачки трошоци за печатење. Се што евентуално останува, се користи за да се купат книги кои потоа се раздавани бесплатно). Овие пораки се толку итни и значајни што сакаме да се осигураме дека цената на книгата нема да биде пречка за луѓето да ја купат.

За овие пророштва

Сузан има дар на пророштвото.
Во 1 Коринтјаните 14:01 се вели:
"1 Стремете се кон љубовта! Ревнувајте за духовните нешта, а особено да можете да пророкувате!"
Сега живееме во времето на Новиот Завет и треба да ги почитуваме инструкциите од Бога дадени во него. Иако некои веруваат дека духовните дарови, како што се пророштва, во денешно време не постојат, ова е размислување на човекот, а не на Бога. Бог не го промени Својот Завет. Ние се уште живееме во ерата на Новиот Завет - кој исто така, се повикува на вториот дел од Библијата наречен Нов Завет. Ве молам разберете дека примарна посветеност треба да биде Господ Исус Христос и Неговото Слово како што е напишано во Библијата - особено Новиот Завет.
Како и секогаш, сите пророштва треба да се тестираат преку Библијата. Како и да е, ако пророштвото се вклопува со Библијата тогаш се очекува да биде почитувано. Во моментов Бог не дава пророштвата кои треба да воведат нови доктрини. Тие се дадени за да се зајакне она што Бог веќе ни  го има дадено во Библијата. Бог ги користи за да ни даде предупредувања за идните настани за кои ќе влијаат на нас.
Исто како и во Стариот Завет, Бог користи пророци и сега, во времето на Новиот Завет во кој се наоѓаме. Книгата Дела на апостолите, која е во Новиот Завет, споменува некои од пророците како Јуда и Сила (Дела 15:32) и Агав (Дела 11:28) и други. Службата на пророците се споменува во времето на Новиот Завет во 1 Коринтјаните 12:28, 14:1,29,32,37 како и во Ефесјаните 2:20,3:5,4:11.

Исус избира пророци да работат за него на земјата. Меѓу другото, Исус ги користи пророштвата и пророците да ги пренесат Неговите Желби до Неговите деца. И самата Библија е напишана пророчки, преку вдахновението од Светиот Дух.

Некои луѓе велат дека зборовите дадени во пророштвата предизвикуваат опасност нешто да се додаде или одземе од Библијата - но Библијата зборува за пророштвото како Дар од Светиот Дух. Начинот на кој нешто се додава или одзема од Библијата не се случува преку дополнителни зборови на пророштво добиени од страна на луѓе на кои Светиот Дух им дава зборови, туку преку менување на концептите дадени од Бог, за наместо нив се додадат нови небиблиски концепти, преземени на пример од други пагански верувања. Сепак, примарната работа на пророците во Библијата секогаш била да ги натераат луѓето да се фокусираат кон Божјиот Збор, Библијата.

Како што се вели во 1 Солунјаните 5:19-21,
 "19 Не гаснете го Духот!
20 Не презирајте ги пророштвата, 21 испитувајте сè, задржувајте го доброто.
..". А начинот да се тестираат тие пораки од пророците е да ги споредат со содржината на Библијата.

Во сите пророштва подолу, јас (Мајк Пералта, лично – Подготвувачот на оваа книга за печатење на Англиски) ги тестирав овие пораки и сите тие се во согласност со она што вели Библијата. Но, и вие читателите исто така, мора да ги тестирате овие пораки, да се тестирате и себе си, во согласност со Библијата. И ако тие се во согласност со Библијата, тогаш Бог очекува да ви допрат до срцето и да сте послушни на Неговите инструкции.




СОДРЖИНА

Вовед од Господа

Сведоштва

Смиреност
Не верувајте во себе или другите
Како да се биде обучен во покорност
Вера во Бога
Простување
Живејте во светот, но да не сте  „од светот"
Вознесувањето и Свадбената Вечера на Јагнето
Подгответе се за Вознесувањето (Земањето)
За Изгубената Црква
Страст за светот
Светот само што не се соочол со неволјите
За Моето Скоро Доаѓање
Часот забрзано доаѓа, Деца Мои
Светот се сврти против Мене
Лидерите не Ме следат
Настапи Часот на Моето Враќање
За Антихристот
Се наближува времето за Моето Симнување на Земјата
Подгответе се
Вашето време е речиси истечено
Надвор од Мојата Волја, вие работите против Мене
Злото доаѓа да го уништи светот
Часот набрзо ќе отчука полноќ
Престанете да се расправате едни со други
Нема да ве Земам, ако имате непокајан грев
Останете фокусирани на Мене
Мора да се подгответе, ако сакате да дојдете со Мене
Вашата вечност е ставена под знак прашалник
Мора да потрчате, а не да чекорите кон Мене, и тоа веднаш!
Мојата Невеста е прекрасна во секој поглед
Малкумина ми се Поклонуваат и се покајуваат пред Мене
Само што не Сум ја Отстранил Мојата Невеста на безбедно место
Сакам да ви Бидам на Прво или на ниедно друго место
Ви предстои мака - голема мака
Нема апсолутно никаква корист во трчањето по овој свет, кој умира
Многумина кои мислат дека се подготвени – се лажат
Имате малку од скапоценото преостанато време
Моите вистински следбеници бдеат - тие постојано внимаваат

Susan Davis: Моето сведоштво: За овој документ и за мојот Пост








ВОВЕД ОД ГОСПОДА



Деца мои, ова е Вашиот Господ, Кој ви зборува. Доаѓам многу наскоро. Моето Доаѓање е близу, пред вратата. Доаѓам! Вие треба да бидете подготвени.
Овој документ беше завршен во текот на 40-дневниот пост, од страна на Мојата ќерка Сузан. Таа го направи овој пост на Мое Барање. Ја Однесов на едно зафрлено место, за да може да умре за себе (да ги умртви желбите на телото- забелешка на преведувачот). Во тоа време, Јас и’ Дадов многу Зборови, што сакав да допрат до Моите Деца. Таа ги напиша Моите Зборови како што јас ја Водев. Сите овие писма имаат важни информации што вие треба да ги читаат и на кои треба да обратете внимание, како што забележувате дека Моето Доаѓање се наближува.

Ова е Вашиот Господ и Спасител, YAHUSHUA (Исус Христос).

* Забелешка на преведувачот: Сите цитирани Библиски Стихови се од Библијата (издание од 1999 година) и во најголем дел се копирани од следната интернет страна:

Овие зборови беа Диктирани од Бога Отецот и Синот YAHUSHUA HА MASHIACH (Исус Христос или Исус Помазаникот или Исус Месијата) на Сузан за време на четириесетдневен пост во временскиот период помеѓу 27 Јануари и 6 март 2012 година.





СВЕДОШТВА ЗА ОВОЈ ДОКУМЕНТ:

Ви благодарам многу за вашите е-пораки и споделувањето на Божјите Зборови, кои ме благословија толку многу. Се молев и Го молев Светиот Дух да ме води да разберам многу работи и да одам по Неговиот Пат. Молете се за мене, исто така. Уште еднаш, многу ви благодарам и Господ Бог да ве благослови вас и вашата служба. - Читател 1

******
Почитувана, мила сестро Сузан, ти благодарам, Ти Благодарам YAHUSHUA за овие Писма и она што Ти Побара од Твојата ќерка / невеста да го доживее, за да може оваа Книга да биде напишана! Почнав да ја читам следниот ден откога беше објавена и читав по десет страници, на секое читање. Се чувствувам благословен. - Читател 2

  ******
Сузан, ти благодарам многу за линкот што го сподели. Оваа Книга апсолутно ме благослови и чувствувам како мојот дух е гладен за Господа YAHUSHUA. - Читател 3
   ******
Здраво драга моја сестро Сузан, јас сум скоро готова со читање на Божјите Пораки / Писма што Ти ги Даде, за време на твојот пост. Тие се навистина Негови Зборови ... Мислам, јас едноставно не би можел да измислам Документ од 100 и повеќе страници!  Неговата Вистина, Мудрост и Молитвите упатени кон нас се неверојатни ... Тој е толку Смирен и Полн со Љубов за да може да ги Охрабри, Предупреди народите. Јас сум Му многу Благодарна за тоа, и биди благословена што ова го сподели со мене - Читател 4

   ******
Почитувана Сузан, ти благодарам, драга сестро, за испраќање на оваа книга! Јас го објавив линкот за оваа книга, а веќе до половина и ја прочитав. Таа ме доведе на колена пред Господа. Јас се молам милиони луѓе да го направат истото. Бог да те благослови за твојата послушност и верност кон Него. Засекогаш со Љубов, во Нашиот Месија! - Читател 5

   ******
Сузан, ова е исклучително Пророштво од Господа, кое е толку силно  Помазано од Него. Имам слушано пророштва уште од најраната возраст, како мал Христијанин, во 1979 година. Имам слушнато и прочитано многу пророштва во текот на изминатите 33 години, за кои се просведочив дека се од Бога Помазани, но пораките во оваа книга се едни опд најмоќните и најпомазани пророштва, кои ги имам слушнато и прочитано во целиот мој живот. - Мајк Пералта (Подготвувач на оваа книга)
*Забелешка на преведувачот: Помазание: Црковен обред во кој се мачка со миро (мирисливо масло) при крштевање, крунисување на цар, пред смрт, итн





ГЛАВА 1

СМИРЕНОСТ

Смиреноста е скромно покорување. Тоа е подготвеност да им помагаат на другите без приговор, да ја надминеш злобата на другите со насмевка и простување. Тоа е желбата да им служи на другите и да се молам Бог. Тоа е желба да Му служите на Бога во секое време со надежно очекувања, да бидете исполнителни, со дух секогаш подготвен да Му служите на Бога и другите. Смиреноста е исто така подготвеност да седнете на задното седиште – на последното столче, на најниската позиција, да бидете во позадина, да сте незабележливи.

Лука 14:7-12.   7 А на гостите им кажа парабола, кога забележа како ги избраа првите места и им рече:
  8 ”Кога ќе те повика некој на свадба, не седнувај на прво место, за да не повика случајно некој, кој е поугледен од тебе,
  9 и за да не ти рече - кога ќе дојде - оној, кој те повикал тебе, и него: ‘Отстапи му го местото на овој!’ И тогаш ќе треба засрамен да го заземеш последното место.
10 Но, кога ќе те повикаат, оди и седни на последното место, за да ти рече - кога ќе дојде - оној, кој те повикал: ‘Пријателе, премести се погоре!’ Тогаш ќе имаш чест пред сите, кои се со тебе покрај трпезата.
11 Зашто, секој кој се возвишува, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде возвишен.”
12 Му рече и на оној, кој Го повика: „Кога даваш ручек или вечера, не повикувај ги своите пријатели, ни твоите браќа, ни своите роднини, ниту богатите соседи, за да не те повикаат и тие и да ти биде вратено.

Матеј 19:30. Но мнозина први ќе бидат последни, а последните први.”

Тоа се оние кои се заборавени, бидејќи се толку смирени, што едноставно се претопуваат во ситуацијата. Тие не сакаат да се во центарот на вниманието. Тие сакаат да бидат скриени, тивки, скромни, покорни на Бога. Ова е смиреност, ќерко и ова е Мојата Невеста.
Таа ги претставува сите овие работи. Дали сега ги согледуваш твоите грешки ќерко?

 Да продолжеме ... Што е смиреност? Тоа е да работиш зад сцената и да не сакаш да си осветлен со рефлекторот. Тоа е целосна потчинетост кон Господа. Тоа е да се обидуваш да Го почитуваш Бога во сите нешта.
Смиреноста е да не се загрижуваш за тоа, што мислат другите луѓе за тебе. Тоа е да правиш, без да очекуваш нешто за возврат. Тоа е да очекуваш да си награден од Бога, а не од луѓето. Тоа е да раснеш во вршењето на Божјата Волја и да Му удоволуваш на Бог.
Тоа е да си тивок и скромен.
Тоа е да раснеш во Бога. Тоа е секој ден да стануваш се повеќе "Христолик" . Смиреноста Му е најубава на Бога. А смирениот, богобојазлив човек блеска во очите на Господа.

Смиреноста е да сакаш да Му угодиш на Бога и да чекориш по Неговиот Пат. Да ​​бидеш смирен значи да не мислиш на сопствената корист и да не се сметаш себе си за подобар, туку за подолен од другите, и да не им судиш на оние околу тебе. Јас Сум Единствениот кој Може да суди. Тоа не значи дека треба да се понижуваш. Тоа значи дека треба да ги почитуваш чувствата на другите, дури и кога „се сопнуваат“, да не ги омаловажуваш во твоето срце, да имаат сочувство за нив затоа што и ти самиот не си безгрешен пред Светиот Бог.

Ете, тоа е тоа што се случува кога некој е смирен. Таквата личност создава прекрасна сведоштво. Таа блеска во Моето Царство, во Моите Очи. Тие добиваат Божјо Уво. Јас ги Слушам Моите скромни слуги, кога извикуваат кон Мене. Јас Би Бил крајно Екстремен, за да ги Спасам Моите скромни слуги. Ќе ги Превртам Небото и Земјата за Моите скромни слуги. Дали ти е јасно ова, ќерка Моја? Моите скромни слуги Ми се лојални исклучиво на Мене. Тие разбираат дека не можат да сторат ништо без Мене. Тие секогаш Ме бараат Мене во сите свои патишта, како што детето го бара својот родител. Таков е Мојот смирен слуга. Тие немаат сопствена волја. Тие Ми Веруваат само на Мене во нивното секојдневно чекорење. Тие Ме бараат Мене, за да добијат некакви одговори. Тие Ми веруваат со сето срце и Јас им Одговарам. Јас им го Давам најдоброто од Мене, бидејќи Ме бараат Мене за да им Одговорам, наместо да бараат одговор од друг извор. Тие се скромни и величествени во Моите Очи. Тие имаат внатрешна убавина. Не се како светот околу нив.

Тие се издвојуваат од толпата. Нивната убавина е Божествена и Небесна. Ете како изгледа Рајот, полн е со луѓе сигурни во својот Бог, затоа што Јас ги Исполнувам сите нивни потреби.

Немаат потреба да се дрски или груби, арогантни или горделиви. Сите нивни потреби се задоволени преку Мене. Тие се задоволни, Подготвен Сум да им Служам, и Среќен Сум да им Служам, бидејќи Јас им ги Исполнувам сите нивни потреби, сето време. Никој не се бори за внимание во Моето Царство.

Секој е задоволен. Тоа е Место на чистота, мир, смиреност, љубов, смеа, радост.

Да се има вера како дете е важно, бидејќи детето не се става себе си’ над другите. Детето е веднаш зад својот родител, поради тоа што му верува на родителот. Тоа се држи за родителот, со надежно очекување, чекајќи поучување, насочување и водство. Детето не ја преземе улогата на родител. Тоа знае подобро. Тоа не може да води, туку му верува само на родителот, за  да ги задоволи сите негови потреби. Кога детето ќе се оддалечи од очите на родителот, го фаќа паника, бидејќи е свесно дека сите негови потреби се задоволени само во присуство на родителот, покрај кого израснало во љубов и доверба. Ова е односот помеѓу вистински покорна личност и Бог. Покорната личност го следи Бог со слепа доверба и послушност и Бог ги испорачува.

Нема одговори на ниедно друго место. Бог е Врховниот и Единствениот, Кој Дава вистинска Надеж, сигурна Надеж.

Децата ги бараат своите родители за сите нивни потреби. Тие плачат по нив, бидејќи нивните родители можат да ги избават, исто како што Бог ги избавува смирените, кои го следат од скромност и со чисто срце.

Дали има смисла ова што ти го каживам ќерко?  Може ли личност полна со гордост да ги промени своите начини на однесување и да стане смирена? Ќерко, одговорот е "ДА"  преку Водство и Избавување од Мене, Вашиот Бог.
Па така, дали со Бога сите нешта се возможни? Да, сите нешта се возможни со Мене!

Изреки 15:33 Стравот од Господа е училиште на мудроста, зашто смиреноста оди пред славата.

Да започнеме. Смиреноста е поврзана со љубовта. Љубовта доаѓа од смирено срце. Љубов не доаѓа од гордоста. Гордоста ја уништува љубовта. Гордоста вели: "Јас сум подобра личност од тебе;" "Знам повеќе од тебе," "Ти вредиш помалку од мене;" "Ти немаш никаква вредност според мене," "Јас сум доволна на самата себе си’;" и "Јас немам потреба од тебе." Ете што всушност говори гордоста, дете Мое.
Гордоста е грда преку сите свои форми. Таа е себична, егоцентрична, себедоволна, а нејзините корени се лоши.
Суетната слава се крева против Бога и вели: „Јас сум си самата на себе бог - јас владеам. Немам потреба од Бога.“ Тоа е грда и одвратна. Нема убавина во тоа. Нема ништо корисно во неа. Таа ги исклучува другите. Таа предизвикува луѓето да се чувствуваат инфериорни, одбиени, несакани, навредени, повредени. Не постои ништо, ни оддалеку слично на Господа - во гордоста,  таа е спротивна на карактеристиките на Христос. Нема ништо христолико во гордоста. Ниту пак нешто добро произлегува од гордоста - само зло. Дали ти е јасно, дете Мое?

- Како можеме да ја избегнеме појавата на гордоста, Господе?

Ќерко, мора да побегнете што подалеку од гордоста, што подалеку од неа.  Барајте  смиреност во секое време.
Ќерко, нема потреба да се издигнувате и да барате внимание од другите, ако ја имате Мојата Љубов и Наклоност.
Барајте ја Мојата Љубов и Наклоност и бидете задоволни само со тоа, и тогаш сите ваши желби да барате љубов од оние околу вас ќе бидат засенети од Мојата Сеопфатна Љубов. Луѓето околу вас не можат да ви  ги задоволат вашите најдлабоки потреби – само Јас Можам да го Направам тоа за вас. Само Јас Можам да го Задоволам гладното, копнежливо, празно срце.

Јас ги Имам сите одговори за копнежливото, празно срце. Јас Можам да ги осполнам сите копнежи. Луѓето не можат. Тие не се способни иако изгледа како да се способни. Постои само краткотрајно задоволство од одобрувањето од другите. Јас Сум Извор, Кој ве Исполнува до потполност. Јас ги Пополнувам и Задоволувам сите желби на човечкото срце. Дојдете Кај Мене за да ги задоволите вашите потреби за љубов и наклоност. Отфрлете ја гордоста. Тоа е деструктивна сила, во која нема љубов. Таа работи надвор од љубовта и единствено им  носи уништување на луѓето. Гордоста е првото зло. Сепак таа владее и царува во срцата на луѓето. Гордоста предизвикува луѓето да го бараат сето она што е спротивно на Бога.

Луѓето се надградуваат според позицијата на  нивното работно место, талентите, богатството, имотите, како и во односите со другите луѓе. Сето ова се идоли, така што тие не ги фокусираат своите погледи кон Бога за да добијат одговори, туку гледаат само да се изградат себеси’ преку начини, кои Јас не Сум ги Востановил, само за да изгледаат успешно  за луѓето околу нив. Само оние со скромно срце Го Бараат Бога за своите одговори и потреби, и ги стават настрана сите нивни желби да ги импресионираат луѓето околу нив.

Кога ќе се обидеш да собераш богатство или да направи имиџ за себе пред светот - дури и преку свештеничка служба, тоа е стремеж да бидеш прифатен од страна на другите, да бараш одобрување од оние околу тебе. Тоа не е Моја Волја! Ниту пак може да биде! Моите скромни деца Ме Бараат да им ги Задоволам нивните потреби секој ден и Јас ги Избавувам. Ете како Јас ги Учам на доверба кон Бога.

Кога Моите деца се стремат со своја сила да успеат, тие не успеваат бидејќи Јас нема да ги Наградам оние кои се надвор од Мојата Волја; Иако работите изгледаат добро и фино, тоа е лажна сигурност.
Јас, исто така Дозволувам Моите деца да не успеат во нивните стремежи, за да дојдат до сознание дека Јас Сум Тој, којшто им е Потребен. Јас треба да Сум желбата на срцето и Одговорот на сè. Сè друго е лажна надеж, што доведува до тоа, Моите деца да бидат надвор од Мојата Волја.

Да, тие се горделиви деца, кои бараат свои начини, без да Ме Консултираат Мене,  и без да Ме Знаат и да Ми веруваат. Ова води кон инфериорни задоволство. Бараат постојано повеќе, Моите деца само бараат повеќе и доаѓаат до празен копнеж за повеќе, никогаш не станувајќи сити - секогаш сакаат повеќе, но не знаејќи што. Јас сум Тој "ШТО!" Јас Сум Единствениот начин за вистинско задоволство, за целото срце, целиот ваш дух, целата душа.

Јас Задоволувам, Јас Исполнувам, Јас Создавам Цело, Јас ги Пополнувам празнините на копнежливото човечкото срце, само Јас и никој друг. Ова е основата на гордоста и гревот што произлегува од него, - срце кое постојано бара задоволување и одобрување од сите, освен од Бог. Празнина, осаменост и неисполнетост е крајниот исход, тажно постоење што никогаш не го Посакував за луѓето кои ги Создадов.

Гордоста е тој грд грев, што е сосема лишен од љубов во која било форма; Тоа е една состојба на отсуство на Љубов спрема било кого.

Спротивно на неа, смиреноста љуби. Таа не е себична. Таа не ги исклучува другите. Чека прво другите да бидат послужини. Ги смета другите за повредни од себе. Таа не бара предност, не е груба или арогантна.

Таа не е горделива. Таа не е „надувана“ и не се прави важна. Таа е убава, слаткоречива, со благ карактер; Љуби, се грижи, слична е на Господа, слична е на Христос, го бара Господа.

Таа не владее над другите, ниту ја злоупотребува нејзината позиција. Таа е заинтересирана само за состојбата на другите. Ете, тоа е значењето на смиреноста, секогаш во позадина, никогаш не се бори за да седне во првиот ред. Тоа е Мојот начин на однесување - трпеливост и истрајност.

Смиреноста е еден вид на љубов. Тоа не се наметнува на другите. Го чека својот ред. Повеќе од се друго, - таа љуби. Таа не се обидува да ги понижи другите, за самата да се издигне. Таа единствено го бара доброто за оние околу себе.

Зошто е смиреноста убава работа за Мене, Бог? Јас Сум Задоволен кога Моите деца се покоруваат себе си пред Мене. Тоа е знак на чест, почит и доверба во Мене, нивниот Бог. Тие ги полагаат сите свои надежи и очекувања на Мене за Јас да ги Исполнам сите нивни потреби. Тие ги отстрануваат желбите да бараат одговори преку сопствените достигнувања, според сопствената сила и според нивната волја за самопотврдување. Тие не се склони да ги следат сопствените срца, да се откажат од Мене, Својот Бог, за да се фокусираат на своите себични определби, кои ќе ги одведат далеку од единстевниот Вистински Пат, Мене, Нивниот Бог. Јас Сум Единствениот Пат, Вистина, Патека.

Многу од нив се измамени, вршејќи ја својата волја, одбегнувајќи да дојдат блиску до Мене и да ја бараат Мојата Волја, Мојата Вистина и насоката, која Јас би им ја Дал во нивниот живот.
Тие го прават она што светот го има прифатено како добро: бараат пари, позиција, слава и задоволство на безброј начини, се’ - освен  да Ме бараат Мене, Бог. Ова е измама од висока класа.

Не Велам дека не треба да работите или да го живеете животот, туку Велам да Ме барате Мене најнапред, за да Можам да ве Насочам на вистинскиот пат, додека живеете во овој свет. Ако продолжите да ги барате вашите планови и соништа надвор од Мојата интервенција, тогаш вие работите надвор од Мојата Волја, со што се ставате себе си’ во позиција да бидете отворени за мојот непријател, и така живеете во грев, затоа што не сте во Мојата Волја. Ова е гордост и бунт. Многумина живеат во ваква состојба.

Изреки 18:12. Пред загинувањето се гордее човековото срце, а пред славата оди смиреноста.
Пословици 29:23.  Гордоста го понижува човекот, а смирениот во дух придобива чест.
Матеј 23:12. Кој се воздига себеси - ќе биде понизен; а кој се понизува себеси - ќе биде возвишен.”
Јаков 4:6. Но дава поголема благодат. Затоа вели: „Бог им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат.”
Пословици 8:13.  Стравот од Господа е омраза кон злото. Јас ги мразам: гордоста, самодостатноста, патот на лошото и уста полна со лаги.

 - Како да се остане во Твојата Волја, Господе?  

Еве како да останете во Мојата Волја: покорете ми се на Мене -  со потполно предавање. Тогаш Јас ќе ги Насочам вашите чекори. Ова треба да биде ваше секојдневие. Да доаѓате кај Мене секој ден и да Ме прашувате за правец, насока, како дете. Ова е значењето на зборовите „да се има вера како дете“. Во светот е широко-прифатено однесувањето на само-доволност, како начин  да се дојде до успешен живот.

Тоа е добро смислен план за измама од мојот непријател. Тој го мами светот со оваа лага. Моите деца го живеат животот преку од нив смислени планирање и шеми, без ниту еднаш да Ме Консултираат Мене, Нивниот Создател и уште веруваат дека се е во ред. Ако изгледа добро, тогаш мора да е добро. Но, тоа е зло смислено за да ги отфрли Моите деца за да не чекорат по тесниот пат. Само Јас го Имам вистинскиот правец, вистинскиот пат по кој треба да одат Моите деца, и по овој правец Јас секојдневно ги насочувам.

Јован 5:30.  Јас ништо не можам да правам Сам од Себе; како што слушам, така судам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Оној, Кој Ме прати.

- Штом луѓето треба да живеат во овој свет извесно време, тие се принудени да планираат однапред, нели?

Дете Мое, Да! Моите деца живеат во светот, но единствено Јас Можам да им ја Дадам насоката да направат избор за својата иднината. Ако Моите деца Ме бараат, понекогаш одговорот е: "Стрпете се и почекајте". Само Моите деца, кои своеволно се блиску до Мене, чекорат со Mене дневно, ќе го разберат ова. Кога Моите деца се далеку од Мене и само повремено доаѓаат кај Мене, таквото однесување нема да го Благословам. Јас не Сум Бог, Кај Кого можете да пристапувате одвреме-навреме, како што многумина веруваат. Многумина ми пристапуваат во моменти на криза, а потоа Ме забораваат. Овие деца не Ме познаваат. Јас Сум Бог, Кој сака интимност, блискост со Своите деца. Останатите ги Сметам за зли ... млаки, кои што ќе ги изблујам.

Лука 7:21-23.
21 Во тој час исцели мнозина од болести, маки и зли духови, и на мнозина слепци им подари вид.22 Тогаш ним им одговори: „Одете и раскажете му на Јована што видовте и чувте: слепи прогледуваат, хроми проодуваат, лепрозните се очистуваат, глувите прослушуваат, мртвите стануваат и на бедните им се проповеда Евангелието; 
23 и блажен е оној, кој не ќе се соблазни во Мене!”


ГЛАВА 2
НЕ ВЕРУВАЈТЕ ВО СЕБЕ ИЛИ ВО ДРУГИТЕ

Ќерко, да започнеме. Денес, Сакам да Разговарам со тебе за проблемот со верувањето во "себе." Да се ​​биде самоуверен, независен и себичен е зол порок. Тоа е промовирано од светскиот систем и поттикнато од Мојот непријател.
Да се ​​биде независен не е ништо друго освен да се ставиш себе си’ пред Бога. Тоа е одење според вашата сопствена волја, надвор од Мојата Волја. Како што овој 40-дневен пост е Моја Волја, така, кога луѓето го прават она што сами го избираат без да Ме Бараат Мене на интимен начин, тоа значи дека се надвор од Мојата Волја и живеат во грев - тоа е бунт за Мене. Сакам Моите деца да чекорат во Мојата Волја. Понекогаш, Мојата Волја не изгледа добро според стандардите на светот. Светот ви вели: трчајте по пари, имот, безбедност, човечка љубов. Мојата Волја не соодветствува со она што светот го нарекува нормално. Таа изгледа поинаку. Но Мојата Волја е Исправна.

Јас го Создадов човекот и Јас исто така, ги Создадов за да Ми веруваат и да живеат според Мојата Волја; За да ја знаете Мојата Волја, мора да си го уредите вашиот живот пред Мене во смирена покорност и секојдневно да Ме барате. Оние кои навистина Ме Бараат, со тоа што одвојуваат време за Мене, време за интимност со Мене на тајно место и со читање на Моето Слово - ќе Ме Најдат Мене и Мојата Волја. Ова подразбира да направите избори. Мора да изберете, бидејќи доколку дозволите светот да ви го одвлече вниманието, тоа може да ве исфрли од чекорењето по Мојот прав и тесен пат. Навистина, постојат многу други патеки по кои можете да одите, но сето тоа ќе ве одведе до уништување, бидејќи патот до пеколот е широк пат, по кој многумина одат. Само малкумина го наоѓаат и чекорат по овој важен тесен пат, кој води до Мене и вечниот живот. Многумина мислат дека чекорат по тесниот пат, но се измамени. Тие ги слушаат другите, кои исто така се измамени.

Многу од моите лидери се измамени и ги залажуваат другите, затоа што веруваат дека прават многу работи и се зафатени во Моите Цркви, па така сметаат дека тоа е начинот да се има вечна безбедност, но тоа е измама. Единствено преку интимност, преку вистинско запознавање на Мојата Личност, преку поминување и посветување време за да Ме запознаат Мене, - тоа е клучот за вечна безбедност и сигурност.

Псалм 90:1. Кој живее пок закрилата на Севишниот, тој престојува во домот на небескиот Бог.

Телото се храни во црквите, но ова тело не може да функционира правилно, освен преку добивање на храната, која Јас ја Давам, на тајното место и преку времето поминато за да Ме Запознаете Мене на еден длабок начин. Тоа е местото каде што телото навистина се гради. Тоа е местото каде што Јас ја Покажувам Мојата Волја и Давам Зборови на Моите овци и ги Одржувам да преживеат, кога непријателот се обидува да направи нешто за да им предизвика проблеми. Единствено преку интимност со Мене ќе можете да се одржите и да ги избегнете  стапиците и предизвиците во животот. Ако одите низ сето тоа сами, ќе се борите и на крајот ќе пропаднете. Тоа е поради тоа што, не знаете што Јас Очекувам од вас и поради тоа што Јас Сум Последниот Судија на сите луѓе, на крајот.

Како може да сте подготвени за соочување со Мене на Судот, ако никогаш не сте се доближиле до Мене и не сте научиле што Сакам и што Барам од вас? Кога ќе се соочите со Мене без ваква интимност ќе бидете со празни раце, бидејќи сте се потпирале на своите верувања, сопственото размислување, сопствената волја, така што набрзо ќе паднете, и вашето паѓање ќе биде големо.

Римјаните 14:12. И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе.

Не дозволувајте да бидете измамени. Многу од моите т.н. лидери никогаш не поминуваат време со Мене, и тие исто така не работат според Мојата Волја, и тие се како слепци кои водат слепци по патот што води до уништување. Многумина ќе бидат изненадени колку биле заведени, бидејќи имале доверба во оние кои не Ме Познаваат Мене и таквите се многу силно измамени.

Не треба да верувате во она што изгледа прифатливо во светот. Мора да сте Ми покорни на Мене.

Предадете Ми сè свое и барајте Ме од сè срце. Ова е тоа што Јас го Барам.

Моето Слово ја Говори оваа Вистина. Читајте го правилно и уверете се самите. Моите лидери, од кои многумина се како светот и неговите патишта, го менуваат значењето на Моите Зборови, за да може да се чувствуваат добро кога се мешаат со светот. Светот е непријателство за мене. Читајте го Моето Слово. Оваа вистина не е скриена. Вие не може да го љубите и светот и Mене. Јас Бев Јасен околу ова. О 'да, вие сте во светот, но мора да Ме Следите Мене и Моите Патишта, додека сте во светот.
Јаков 4:4. Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли, дека пријателството од овој свет е непријателство на Бога? Оти, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога.

Има одвлекувања на вашето внимание на секој чекор, и тие ќе ве одведат далеку од Мене и барањето интимност со Мене. Мора да сакате да поминувате повеќе време со Мене, одколку со разните световни активности, кои ви го одвлекуваат вниманието. Нека ви биде јасно дека сте избрале да се задоволите со инфериорни, празни активности, доколку сте се решиле за работите од светот, а не за продлабочување на вашата врска  со Создателот на сè што е живо - Вашиот Творец, Творецот на ѕвездите и на небесата.

Евреите 10:38-39. „а праведниот преку верата ќе биде жив; а ако отстапи, нема да Ми биде по волјата Моја”. 39. Ние, пак, не сме од оние, што се отстрануваат за погибел, туку од оние, кои веруваат за спасение на душата.

Не ја менувајте славната вечна прошетка со Мене, Создателот и Одржувачот на целиот живот за евтини возбудувања што ви ги нуди светот. Она што светот ви го нуди е празно задоволство и на крајот смрт. Сами си ја избирате вашата сопствената судбина, сами си го избирате својот пат, и уште верувате дека ќе ги Благословам вашите одлуки?! Воопшто не сте дошле да Ме Запознаете на интимен начин. Ако дојдевте, ќе научевте дека сте требале да постапите поинаку.
Вие сте измамени од патиштата на светот и Мојот лукав непријател. Тој ќе ве наведе да го направите она што мислите дека е најдобро за вас, надвор од Мене. Ова не Можам да го Благословам. И потоа, Моите деца се прашуваат зошто влетуваат во толку многу проблеми. Најстрашната измама на Мојот непријател е верувањето дека сè ќе биде добро, доколку си терате по свое, без да имате интимност со Мене. Ова е најголемата од сите измами. Сè ви се чини добро, но кога ќе Ме сретнете лице в лице, Јас ќе ви Кажам да се тргнете од Мене, вие кои вршите беззаконие, Јас никогаш не Сум ве Познавал ...

Матеј 7:21-23. Не секој што Ми вели: »Господи, Господи«, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен. Мнозина ќе ми речат во оној ден: »Господи, Господи, не во Твое ли име пророкувавме? И зар во Твое име бесови не изгонувавме? И не во Твое ли име многу чуда правевме?
И тогаш Јас ќе им кажам: »Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!«


Да, тоа е Мојот Збор. Јас не ве Создадов вас за да чекорите надвор од Мене и да си терате по свое, без воопшто да Ме Консултирате. Да, вие можете да ги правите овие работи, затоа што имате слободна волја, но на тој начин, не сте во Мојата Волја и така, грешите против Мене.

Ја им Давам на Моите деца слободна волја и тие можат да изберат да Ме бараат во интимност и да веруваат во Моето Водство или пак,  можат да одберат да чекорат во животот надвор од Мене. Кога Моите деца одбираат да се надвор од Мене и Мојата Волја, правејќи си свои планови, тие работат против Плановите на Моето Царство, а тоа е зло. Тие предизвикуваат уништување, за кое дури и не се свесни, бидејќи себично веруваат дека можат да го живеат нивниот живот надвор од Мојата Совршена Волја и Планови.

Тие  си создаваат проблеми на себе и на другите. Самите си оставаат подотворена врата за каприците и стапиците на непријателот. Деца, надвор  од Мене, не можете да се справите со лукавството и подмолноста на Мојот непријател. Немојте да си мислите дека сте толку мудри. Вие сте неспособни без Мене.

Зошто зборувам така за оние со детска вера, како за оние кои ќе го наследат Моето Царство? Бидејќи овие деца ја признаваат нивната потреба за Мене при секој нивен чекор, како што детето се врти кон својот родител во секој момент. Детето знае дека ако се оддалечи од својот родителот е во опасност, па исто така и Моите деца препознаваат дека надвор од Мене, тие се во голема опасност, така што имаат доверба во секој Мој Збор. Ова е причината зошто Јас им Наложувам на Моите деца да поминат извесно време со Моето Слово, каде што им давам многу информации. Сите одговори за тоа, како да го живеете вашиот живот ви се дадени во Мојата Книга. Јас ја Дадов оваа Книга како водич за целото човештво.
Мојот Дух ја открива вистината на страниците. Само преку ваше потполно предавање и примање на Мојот Дух во полна мерка ќе добиете просветлување, кое ви е потребно за вистински да ги разбере Моите Зборови. Не преку поучување од луѓе, туку преку Мојот Дух, Словото ќе расте во вашето срце. Само со Мојот Дух ќе може да ја добиете светлината, која ја дава Моето Слово.
Матеј 18:04. „кој, пак, ќе се смири како ова дете, тој е поголем во царството небесно.

1 Коринтјаните 2:11-14. Бидејќи, кој човек знае, што има во човекот, освен човечкиот дух, кој живее во него? Па така, и Божјото не го знае никој, освен Божјиот Дух. Но ние не го примивме духот од овој свет, туку Духот, Кој иде од Бога, за да го знаеме она, што ни е дарувано од Бога;  па тоа и го проповедаме не со зборови, научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух: толкувајќи го она што е духовно на духовни луѓе. Душевниот човек не го прима она, што е од Божјиот Дух; за него тоа е безумство; и не може да го разбере, оти треба духовно да се испита.


Светот сега е полн со измама. Не дозволувајте да бидете измамени од злото пропагирано од Мојот непријател. Тој ќе ве наведе да им верувате на пораките што ги примате секојдневно, за да помислите дека може да им верувате на работите од овој свет. Вие верувате во секого, освен на Мене, ОНОЈ КОЈ ГО ДАВА животот. Имате доверба во парите, образованието, безбедноста која ви ја дава светот, владите – сето тоа е лажна помош и безбедност. Ова е измама од висока класа и тоа ги одведува Моите деца подалеку од Мене. Моите деца тогаш се двоумат дали да Ми Веруваат.
Тие се свртуваат кон Мене сосема малку, а потоа се потпираат на сè друго. Ова не е интимност.
Да, вие сте интимни со светот и со вашите сопствени желби, но не и со Мене. Треба да дојдете кај Мене и сè ваше да ставите пред Мене. Не можете вистински да Ме Запознаете се додека не ја ставите настрана својата световна безбедност и не дојдете кај Мене, за да побарате интимност. Сè друго освен ваков однос е млакост, а Јас нема да Оддадам чест на млак однос кон Мене. Ете затоа многумина ќе бидат изненадени, кога ќе се  соочат со Мене и ќе откријат дека тоа што истовремено кокетирале со светот и поминувале малку време со Мене ќе ги спречи да влезат во Моето Царство. Ќе има многу изненадени.

Откровение 3:16.  Така, бидејќи си млак, и не жежок, ниту студен, ќе те изблуам од устата Своја.

Што Сакам и што Очекувам од Моите деца? Го Сакам нивниот живот. Го Сакам сиот нивен живот, во целосна предаденост. Танцувањето со светот и танцувањето со Мене е зло. Прочитајте го тоа во Моето Слово.  О ' многумина ја читаат Мојата Книга и земаат од Неа она што си сакаат, за да можат да се чувствуваат смирени, за да уживаат во светот и световното, а притоа, се уште да мислат дека можат да влезат во Моето Царство, кога ќе им заврши животот. Каков ли само шок ќе доживеат, кога ќе откријат дека Јас ќе им Дозволам влез само на оние што Ми дале сè свое, - кои жртвувале сè свое. Нивната потрага по богатство, слава, имот ќе им биде залудна и на крајот ќе ги одведе надвор  од Моето Царство. Нивната сопствена волја и планови за иднината ќе ги одведат надвор од Мојата Волја и надвор од Моите Искрени Планови за нивниот живот - живот кој Јас го Создадов. Живот, кој Јас им го Дадов и го Одржував. 
О 'Да! Никој не живее, ниту дише од ден на ден, освен ако Јас тоа не го Дозволам. Ете тоа е причината, зошто Моите деца не треба да бидат толку сигурни во своите себични планирања надвор од Мојата волја и искрените намери за нивниот живот. Јас Можам да одземам било чиј живот, како што Самиот ќе Си Изберам. Никој не живее надвор од Моите Одлуки за нивниот живот. Јас Давам, Јас Одземам како што Мене Ми Одговара, како што Јас ќе Посакам. Затоа е чиста глупост, кога луѓето си креираат свои сопствени планови и сè прават на свој начин, ако тоа не е Мојата Волја за нивниот живот. Тоа е висината на гордоста и глупоста, и тоа е зло. Тоа е начинот на кој Мојот непријател ги заведува Моите овци и ги води надолу по патеките на уништувањето, - преку она што изгледа толку нормално и коректно. Тоа е измамничкиот план на непријателот, со кој измамува многумина.

Јов 12:10. Во чија Рака е душата на секое живо суштество, и здивот на целото човештво.
Псалм 104:29. „го одвратиш ли лицето Свое – се збунуваат, им го одземеш ли духот нивни – умираат и во земјата своја се враќаат“.



ГЛАВА 3

КАКО ДА СЕ БИДЕ ОБУЧЕН ВО ПОКОРНОСТ


Ќерко, Подготвен Сум да ти Дадам Зборови. Слушај Ме внимателно додека Ти Зборувам. Сега Сакам да Говорам за една нова информација. Сакам да Говорам за начинот на кој треба да се биде обучен во покорност.

Ова е Патот на покорните. Моите покорни слуги имаат тивко, одлучно срце. Тие чекорат тивко, без да бараат позиција или привилегија. Тие Ме бараат Мене во сите свои патишта. Тие се постојано во потрага по Нивниот Бог. Тие не сакаат да се фокусирани на себе. Не сакаат да бараат внимание за себе или некаква заслуга.

Тие единствено сакаат да бидат сакани од Мене, и Јас, Нивниот Бог да се Грижам за нив. Јас им Излегувам во пресрет на нивните очекувања. Јас им ги Задоволувам потребите. Јас им ги Обезбедувам сите работи неопходни за да живеат. Јас Сум  Нивната Стена.

Јас Сум вечно Верен на Моите покорни слуги.  Јас им Носам мир и смиреност во секоја бура. Јас Сум секогаш покрај нив, постојано Присутен,  секогаш Подготвен да им Служам. Јас ги Сакам Моите покорни слуги. Тие се прекрасен мирис за Мене. Јас ги Сакам нив и тие Ме сакаат Мене. Јас Сум нивниот Воздух. Тие светат силно како ѕвезди. Тие не ги бараат патиштата по кои оди овој свет. Јас ги Одржувам задоволни. Светот нема никаква власт над нив. Тие Ме бараат Мене за да им Обезбедам задоволство и Јас им го Давам тоа што им е потребно. 


Тие никогаш не се разочарани. Малкумина чекорат по овој пат. Малкумина го наоѓаат. Оние кои го наоѓаат тој пат, го наоѓаат и патот до Моето Вечно Царство.

1 Петар 5:6  И така, понизете се под силната Божја Рака, за да ве возвиши во право време.

Моите покорни слуги секогаш го слушаат Мојот Глас. Тие се движат кога Јас тоа ќе го Побарам од нив и Ми служат, која Јас имам Потреба за тоа - со радосно срце.  Тие сакаат да служат во Моето Царство. Тие се задоволни што Му  служат на Својот Цар, а Јас им Носам радост и мир. Мојата Љубов ги преплавува. Никогаш ништо не им недостасува.
За да бидеш покорен, мора да се ставиш себе си’ на последно место, а не на прво.

Мудрост е да се биде последен, а не прв. Неразумните бараат да се на прво место. Мите покорни слуги се разумни, и тие знаат што Мене, Нивниот Бог, Ме Задоволува. Моите слуги се оние скромните, оние кои светот никогаш не ги забележува или гледа, скриени од погледот на световните луѓе.

Нив никој не ги цени на овој свет, но во Моето Царство, тие се водачи и владетели. Тие се поставени на високи места во Мојата Небесна Реалност. Јас ги Почитувам Моите скромни слуги. Тие седат со Мене на Мојот Небесен Трон и уживаат во Моето Присуство. Понизните, кои себе си’ се ставаат на последно место во овој свет, уживат високи позиции во Моето Царство. Тие се издигнати и високот ценети заради нивниот живот во понизност на земјата. Тие Ми носат радост, а Јас на нив им Давам вечен мир.

Марко 10:31  Но мнозина први, ќе бидат последни, а последните - први.

Јас  Чекорам со скромните и им се Откривам ним. Ова е Мојот Подарок за нивната жртва. Колку слатко мириса нивната љубов кон Мене, и Јас за тоа ќе ги Наградам.

Смиреноста е патот до Божјото Царство. Секој во Моето  Царство е исполнет со понизност. Гордоста не може да влезе тука. Таа  нема место во Моето Царство, само оние со смирена покорност кон Мене, Нивниот Бог.

Ете такво е Моето Царство, полно со смирена покорност, каде што секој е задоволен со љубовта и убавината кои ги преплавуваат.  Не постои ниту еден, кој е незадоволен со својот живот во Рајот. Само надежта и мирот преовладуваат. Овој свет е исполнет со љубов.

 1 Јован 2:16  Бидејќи се’ што е во светот, желбите на телото, желбите на очите и гордоста на животот не се од Отецот, туку од овој свет.

ГЛАВА 4

ВЕРА ВО БОГ
(7.02.2012)
Да почнеме ќерко Моја. Денес, дете Мое, ќе покриеме нова тема. Сакам да Зборувам за верата во Бог. Моите деца не Ми веруваат. Велат дека Ми веруваат, но нивните срца се далеку од Мене. Тие веруваат во себе си’. Тоа е зло.  Тие му веруваат на светот и на работите во светот.

Тие не чекорат по Мојот пат, бидејќи не веруваат во тој пат. Се движат во друга насока. Го бараат светот за сите нивни прашања, преку пари, слава, имоти, безбедност, романса, забава...за се’ – освен преку Мене, Нивниот Бог! Тие живеат во лага, кога велат дека Ми веруваат, а бараат одговори од светот. Лаги, сето тоа се лаги! „Верувај во Бог“ велат, а никогаш не Ми ги предаваат во потполност своите животи на Мене и продолжуваат да се потпираат на светот за одговорите, кои ги бараат; Живеат во лага, а дури не се ни свесни за тоа.

Да, Јас ги Благословувам Моите деца со изобилство. Јас Правам да врне и да грее сонце на праведните и неправедните, подеднакво. Но, Моите деца не можат да речат дека Ми веруваат и да продолжат да ме изневеруваат со светот. Тоа е одвратност. Јас Сакам Моите деца да ги положат своите животи пред Мене, со потполно предавање и да Ми ја доверат сета нивна доверба, ставајќи ги настрана сите свои планови за иднината и верувајќи потполно во Мојата Совршена Волја за нивните животи. Немаат никаква потреба за загриженост за утрешнината, доколку  се во Мојата Волја. Зарем не се грижам и за врапчињата? Колку повеќе се грижам за Моите деца, кои Ми предаваат се’ свое и искрено Ми веруваат?

Матеј 5: 44-45  44 А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат; 45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.

 Псалм 4:5 Принесете жртви на правда и надевајте се на Господа!

Јас Сум Бог, во Кој може да имате доверба. Нема друга Стена. Се’ друго е песок кој тоне.
Јас Сум Бог отсекогаш: Алфа и Омега, Почеток и Крај. Мене можете да Ми верувате.  Зошто губите време и се грижите за своите сопствени планови? Никој од вас не ни знае што следно го чека. Вашите планови може да се променат за миг. Зошто толку им верувате на нив, како да тие можат да ве спасат, како да можете да се потпрете на нив. Ви велам со сигурност, тоа е идолопоклонство!

Матеј 7: 26 И секој, кој ги слуша овие Мои зборови, а не ги исполнува, ќе биде спореден со безумен човек, кој ја изградил својата куќа на песок.

Престанете да се потпирате на вашите несовршени планови. Дајте Ми го вашиот живот со целосно предавање. Само Јас ја Знам иднината, вашата иднина. Само Јас Знам што ќе правите утре.
Вашите сопствени надежи и соништа надвор од Мојата Волја за вашиот живот ќе ве доведат до уништување, бидејќи само оние кои се во Моја Волја, преку потполно предавање - се безбедни, вистински безбедни. Сите останати чекорат надвор од Мојата Волја, преку својата бунтовна волја, па затоа не можат да чекорат напред во безбедност или сигурност. Ова е многу сериозно, деца Мои.

Разбудете се и престанете да верувате во вашите бунтовни патишта и верувајте Му на Вашиот Бог!

Само Јас го Знам патот до Тесниот пат. Не залажувајте се, мислејќи дека можете да го најдете тој пат без Мене... Тоа е безумие. Малкумина го наоѓаат овој пат, бидејќи малкумина престануваат да се потпираат на своите сопствени патишта. Тие мислат дека нивните патишта се најдобри, бидејќи сите околу нив го следат тој пат, но патот до пеколот е широк. Не им верувајте на мнозината околу вас, кои се заведени. Зарем не го гледате ова? Што тука не ви е јасно, деца Мои?

Матеј 7 13-14  ”Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа.
Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.”

Затоа, Верувајте Ми. Мене може да Ми се Верува. Моите Зборови никогаш нема да престанат да важат. Читајте ја Мојата Книга. Јас ги Избавувам оние, кои Навистина сакаат да бидат избавени. Јас Сум Бог, Кој ги Избавува оние, кои Мене Ми се покоруваат, во понизност и скршеност. Па затоа, - дојдете и бидете избавени; И научете да Му верувате на Вашиот Бог.



ГЛАВА 5
ПРОСТУВАЊЕ
7 Февруари, 2012
Да Почнеме повторно ќерко. Сега Сакам да Зборувам за простувањето. Деца, Сакам да ви Зборувам за оваа тема, која се однесува на простувањето. Моите деца задржуваат непростување во нивните срца и си натрупуваат поплаки едни против други. Јас не Можам да им Простам на оние кои не простуваат. Дали ви е ова јасно? Како Можам да ви Простам, ако вие самите не можете да им простите на оние околу вас? Зарем Моето Слово не ви зборува за тоа? Простувањето е Љубов. Непростувањето ве води кон сите видови на грев: горчина, одмазда, неправедно осудување, итн ... Тоа му дава основа на непријателот да дојде и да ве уништи. Ова ве попречува да имате блискост, интимност со Мене, Вашиот Бог и ви оневозможува да го добиете Мојот Свет Дух. Ова е сериозно.

Матеј 6:14. ”Зашто, ако вие им ги простите на луѓето нивните престапи, вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вам.

Ако не простувате, нема да сте подготвени за Моето Скоро Доаѓање. Непростувањето ќе ви попречи. Тоа  нè одделува.

Оставете го непростувањето. Простете си едни со други. Стивнете си ја својата лутина еден спрема друг. Што добивате кога ќе си натрупате гнев еден кон друг? Ќе страдате повеќе од лицето на кое сте налутени, зарем не разбирате? Зарем жртвувањето на вашиот вечен спас вреди да задржувате лутина во себе спрема другите?

Марко 11:25. И кога стоите на молитва, проштавајте ако имате нешто против некого, за да ви ги прости и вашиот Татко, Кој е на небесата, вашите гревови.

Мора да си го пребарате срцето и да си го поставите ова прашање:
- Што е тоа, што е толку вредно за да ја изгубам вечноста на мојата душа? Зарем еден ситен спор?

Простете си едни на други, оставете ја лутината и почуствувајте како темниот облак во душата ви исчезнува. Дури и ако другата личност не ви прости, молете се за неа (нив); Да, молете се за вашите непријатели. Молете се за нив со искрено срце и Јас ќе го Загреам срцето на оние кои сакаат да ви наштетат. Јас ќе ви Дадам срце од месо.

Како можете да очекувате од оние кои не одат по Мојот Пат и Го Немаат Мојот Свет Дух да ве третираат како да Го имаат? Мора да покажете долготрпеливост, добрина, милозливост кон оние кои не Ме знаат. Невозможно е за оние кои не Ме знаат, навистина да Ме познаваат и да се однесуваат како да Ме знаат. Зарем не го гледате ова? Не можете да го очекувате тоа од оние, кои не се во Мене.

Матеј 5:44-45.
А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат; за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.


Луѓето од светот мислат дека можат да функционираат надвор од својот Бог. Тие  се залажуваат. Само Јас Држам сè заедно. Само Јас го Покажувам вистинскиот начин според кој, луѓето можат да живеат. Овој свет, што Ме избегнува, живее според лажни насоки и зла измама. Сè стана толку лошо.

Нема вистина, само компромис и измама. Надвор од Моите Совршени Патишта, човештвото живее во измама и расипаност. На никого и на ништо не може да му се верува.

Само Мојата невеста, која е останата на земјата и чекори според Мојата совршена волја е на вистинскиот пат. Само таа е стабилна и вистинска. Сите други одат по лажниот пат на злото и се нестабилни во сите свои однесувања.

Наскоро невестата ќе биде отстранета и светот ќе ја загуби сета своја светлина. Темнината ќе надвладее над сè. Овој ден се приближува.
Простувањето: Тоа е клучот за повторно да го најдете изгубениот пат до Мене. Простете секому. Не постои непростување, заради кое вреди да си ја изгубите својата душа ...
  
Лука 6:37. 37 И не судете и нема да бидете судени; и не осудувајте и нема да бидете осудувани. Проштавајте и ќе ви биде простено!

Ќерко, ова е Твојот Господ, Kој ти Зборува.
Да Започнеме: Сега Сакам да ти Дадам инструкции за тоа, како да живеете едни со други.
Премногу е голем бројот на оние меѓу вас, кои не се почитуваат еден со друг- малку трпение, малку почит. Сето ова доведува до судири. Тоа доведува до незадоволство, повредени чувства. Моите деца се себични. Тие сакаат да бидат први во сите нешта. Тие се многу нечувствителни на потребите на другите, тие не успеваат да покажат грижа за другите. Ова води до расправи и лутина.
Деца, ова Ме Растажува, но суштината на проблемот произлегува од вашата егоцентричност. Ова доведува до недостаток на смиреност.

Изреки 15:33. Стравот од Господа е училиште на мудроста, зашто смиреноста оди пред славата.

Само со скромно срце ќе бидете во можност да живеете успешно меѓусебно.
Мора да ги оставите вашите желби, да им дадете дар на оние околу вас, за да бидат задоволни.
Ова подразбира да се повлечете „на задното седиште“ и да им ја препуштите предноста на другите околу вас. Ова значи да сте скромни во однесувањето. Ова ги произведува следните плодови: мир, задоволство, пријатно опкружување.
Малкумина имаат научено да живеат вака. Малкумина доаѓаат до оваа вистина. Но, тоа е патот на мирот, Мојот Пат.
Ги Давам овие правила за живот, така што моите деца да можат да живеат во мир и задоволство; Сепак, тие избераат свој пат и на крајот имаат расправии и големо незадоволство.
Кога ќе научите дека Мојот Пат е најдобриот пат по кој треба да патувате? Јас Знам сè. Знам како Моите деца можат најдобро да живеат заедно. Јас Давам правила и прописи за да ги Водам Моите деца во домовите на мирно живеалиште и задоволство. Ова, се разбира, бара Моите деца да ги остават нивните патишта и желби, и да ги следат Моите Правила.

Псалм 34:14. Отстранувај се од злото и прави добро, барај мир и врви по него!
                                                                                            
Себичните избори доведуваат до несреќни домови. Дозволете Ми да Завладеам над вашиот дом ... Дозволете ми да владеам во вашите срца. Мојот Пат е Смиреност, Мир, Љубов. Јас ќе го Претворам вашиот дом во среќно живеалиште, кое отсекогаш го посакував за Моите деца. Подајте Ми ги вашите срца доброволно и Јас ќе Направам врз вас да заврне спокојство.
Вашето домаќинство ќе зрачи со тивка сигурност, љубов и мирен живот. Чекорете по патеките на мирот, понизноста и преку грижата за чувствата на другите, донесете плод на задоволство. Дозволете Ми да Завладеам над вашето домаќинство и Јас ќе ви создадам дом на радост и веселба.

Псалм 37:11. Кротките ќе ја наследат земјата, тие ќе уживаат во изобилен мир.

ГЛАВА 6

ЖИВЕЈТЕ ВО СВЕТОТ, НО НЕМОЈТЕ ДА СТЕ "ОД СВЕТОТ"


Да почнеме. Денес, сакам да Ви Зборувам за живеењето во светот. Моите деца живеат во светот, но не треба да се "од светот." Да се биде дел од светот е непријателство кон Мене. Ми се Гади од огромното зло во него.

Деца, вие можете да се движите меѓу оние, кои се од светот, без да земете учество во работите на светот. Светот ќе ве одведе по патеките на уништувањето и болката.

Јаков 4:4.   Прељубници, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство против Бога? И така, кој сака да му биде пријател на светот, Му станува непријател на Бога.

Јас Сум вашиот единствен извор на целост, мир и смиреност. Не вртете се кон светот за насока. Ќе бидете само заведени. Мора да се свртите кон Мене за да ви Дадам насока. Држете се до Мене, во овој важен час. Јас ги Имам одговорите по кои трагате.

Сакам да ве Поштедам од тага и болка, но мора доброволно да Ми го предадете животот во потполност - само тогаш ќе можам да го Преземемам и да ве Избавам.

Ќе можете да чекорите безбедно во светот и да не се уловите во неговите стапици, но ќе треба да Ме имате Мене, да Чекорам покрај вас. Јас Можам да ве Водам низ бројните одвлекувачи на внимание, кои светот ги става пред вас за да ве заведе и повлече што подалеку од Мене.

Сакам да се фокусирате на Мене. Држете ги вашите очи фиксирани на Мене, Вашиот Спасител. Јас Сум Вашата Врата кон безбедност. Сите други врати водат кон уништување. Не дозволувајте да бидете измамени и да го тргнете погледот настрана. Јас ви Нудам надеж во светот, а тој тоа не ви го нуди.
О’, може само да изгледа како да ви нуди надеж, но она што изгледа нормално е всушност измама.

Псалм 25:15. Моите очи се насочени секогаш кон Господа, зашто Тој ги извлекува 
моите нозе од мрежата.

Ова се последните часови. Светот е на крајот на своето постоење. Светот само изгледа како дека сè е сосема нормално, но не е така – тој само ве води кон патот на уништување.

Наскоро, многу наскоро, многумина ќе дојдат до оваа вистина, но ќе биде премногу доцна. Отворете ги очите. Светот ви нуди само лажна надеж.
Дозволете Ми да ве Водам. Предајте Ми го својот живот на Мене. Јас ќе ви ги Отворам очите со Мојот Свет Дух, така што ќе бидете обновени и ќе ги гледате работите, онака какви што се навистина, а потоа ќе ја видите Вистината. Само Мојот Свет Дух Може да ги Отвори вашите духовни очи, кои сега ве мамат во врска со тоа, како изгледаат работите во светот. Јас Сум Подготвен да ви Дадам духовна очна маст за да ви Помогнам да се случи оваа трансформација. Сепак, мора најпрвин вие да ме замолите за тоа.

Предадајте ми го својот живот, срце, душа, дух и Дозволете Ми да ви Дадам вид за да се движите безбедно низ светот ...

Откровение 3:18 Те советувам да купиш од Мене злато, пречистено во оган, за да се збогатиш; и бели облеки, за да се облечеш и да не се појави срамотата на твојата голота; и очна маст, за да ги намачкаш своите очи, за да гледаш.



ГЛАВА 7

ВОЗНЕСУВАЊЕТО И СВАДБЕНАТА ВЕЧЕРА НА ЈАГНЕТО


Да започнеме. Овие зборови се за секој, кој сака да ги прими: Денес ќе Зборувам за предстојниот настан вознесувањето, отстранувањето на Невестата, Мојата Црква.

Овој момент ќе се случи набрзо. Многумина од  децата се неподготвени. Ми се спротиставуваат и се држат до светот. Тие сакаат да одат по патиштата на светот. Тие брзаат наваму и натаму и не обрнуваат внимание на предупредувањата кои ги давам ... Наскоро предупредувања ќе престанат  и Јас ќе Мора да  Дојдам, така што Невестата ќе биде отстранета. Таа повеќе нема да ви биде пред очи.

Даниел 12:4 А ти Данииле, сокри ги овие зборови и запечати ја оваа книга до последното време; Мнозина ќе талкаат овде- онде, обидувајќи се да разберат што се случува.

Нејзиниот идентитет е непознат за светот. Таа е добро скриена. Ја сокрив  далеку за да биде безбедно сочувана. Мојата Светлина Сјае преку Неа-последната преостаната Светлина на земјата. Времето е кратко и набрзо оваа светлина ќе биде отстранета. Моите Пратеници ќе си заминат во нивниот Небесен Дом, засолнети од тиранијата на земјата.
Овој настан- вознесувањето, ќе биде голем настан; Зборувам, за отстранувањето на Моите подготвени деца. Никогаш нема да се повтори таков настан во човечката историја. Никогаш нема да има такво нешто пред или потоа. Тоа е најголемиот "Егзодус“ (Излез) на сите времиња.

Моите деца ќе заминат во еден миг и ќе добијат нови прославени тела. Овие тела ќе бидат резилиентни и вечни. Тие ќе го следат моделот на Прославеното Тело, кое го Имам Јас. Јас сум Првиот Плод (Првовоскреснатиот), по Кој ќе следат многумина други. Овие деца ќе искусат живот, каков што никогаш не доживеале претходно, - славен живот, вечен живот.

1 Коринтјаните 15:51-54. 51. Еве, тајна ви кажувам; сите нема да умреме, но сите ќе се измениме,52. одеднаш, во еден миг, при последната труба; ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме;53. зашто распадливото треба да се облече во нераспадливо, а смртното – да се облече во бесмртно.54. А кога распадливото се облече во нераспадливост, и смртното – во бесмртност, тогаш ќе се збидне зборот напишан: „Победата ја проголта смртта”.

Ќе има подготвено многу прекрасни нешта за Моите деца, кои ќе бидат вознесени. Еве, ќе ви Дозволам да ѕирнете: Кога Моите деца ќе дојдат, ќе бидат поздравени од страна на нивните најблиски: семејството и пријателите, кои се веќе на небесата. Јас ќе го Гледам сето тоа. Ова ќе биде момент на голема слава. Можете да си замислите, каков само подарок ќе биде тоа, - да се сретнете со семејството, со оние кои одамна се починати ... Тогаш Моите деца ќе бидат воведени на Величествената Свадбена Вечера на Јагнето. Јас ќе Претседавам со овој настан.

Откровение 19:9. И ми рече:, Напиши, Блажени се поканетите на Свадбената Вечера на Јагнето. А  ми Рече уште: Овие се вистински Божји зборови на Бог.

Трпезата ќе биде раскошно подготвена: секој дел од приборот ќе биде величествено обмислен и подготвен. Деталите за Овој Настан ќе бидат восхитувачки. Моите деца ќе седнат на определен дел од Трпезата, каде што нивното име ќе биде напишано со букви од чисто злато. Пред секое место за седење ќе биде поставен златен прибор, во кој се вградени скапоцени камења. Ќе бидат поставени, исто така, и садови од чисто злато, опточени со скапоцени камења. Покривката на Трпезата ќе биде од чиста свила, проткаена со златни нишки.

Светлината ќе блеска од самата ткаенина. Чашите ќе бидат златни, обрабени со скапоцени камења.

Пред секое поставено место ќе има Подарок, посебен за секое дете. Подарокот ќе биде драгоцен потсетник на Мојот Однос со тоа дете. Тој ќе биде уникатен за секој од нив. Секој подарок ќе има посебно значење за секое дете во поглед на Нашиот долготраен однос. Ќе има многу изненадувања на Овој Настан – Мојата Свадбена Вечера.

Матеј 22:02. Царството Небесно прилега на цар, кој направи свадба за неговиот син,

Секое дете ќе има ангел кој ќе го пречека. Храната се подготвува во Мојата Небесна Кујна. Ништо нема да недостасува. Сите прехранбени продукти ќе бидат од Небесни пропорции; Ќе има храна препознатлива од Земјата и храна од Небесата, која никогаш не сте ја виделе. Убавина неискажлива ќе биде целиот подготвен Амбиент за Мојата Свадбена Вечера.

Мојата Трпеза  ќе биде полна со светлина: свеќи од светлина, убави Свеќници. Моите деца ќе носат облека на светлината. Тие и самите ќе блескаат со светлина, така што ќе немаат сенки.

Јаков 1:17. Секој добар дар и секој совршен подарок иде одозгора, доаѓа од Отецот на светлината, во Кого нема промени ни сенка од измена.

Јас ќе ја Кажам Здравицата за Мојата Невеста. Јас ќе и’ Пејам Пофалби, бидејќи Таа е најубава за Мене. Ќе има танцување и музика насекаде и сите ќе бидат весели.

Невестата ќе Ме види во сета Моја Слава, бидејќи Јас ќе Блескам пред нив.  Мојата Убавина ќе Сјае и Мојата Љубов ќе блика и ќе ги обземе сите присутни. Мојот Татко ќе го Надгледува сето тоа со голема радост, бидејќи ќе има многу танцување и веселба.

Јас ќе Танцувам со Мојата Невеста и Ние ќе Бидеме како едно Битие. Моите Деца ќе танцуваат и ќе се веселат. Сечие срце ќе биде исполнето среќа. Никој нема да биде тажен. Ова ќе биде величествен момент на слава и љубов.

Гулабите ќе го исполнат воздухот. Тие ќе летаат во прекрасни формации и ќе испишуваат убави пораки за Мојата Невеста. Таа ќе биде вчудоневидена.
Јас ќе ја Дарувам Мојата Невеста со прстен. Нашите Имиња ќе бидат запишани на тој прстен.

Насекаде ќе има цвеќиња во сите бои: нови бои и бои, кои вам ви се познати. Мириси ќе го исполнат воздухот, убави мириси. Моите Деца ќе бидат во состојба на екстаза, поради сето тоа.

Лука 15:22.
 А таткото им рече на слугите свои: »Изнесете најубава промена и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете;

Моите Ангели ќе го исполнат Небото со танцување, пеење и свирење. Небесните инструменти ќе создадат величествена музика. И ѕвездите ќе се радуваат на глас, славејќи  Го Јагнето и Неговата Невеста.

Јов 38:6-7
: 6. Врз што се зацврстени основите нејзини? Кој ѝ го положи аголниот камен, 7. кога ликуваа утринските ѕвезди, и кога сите Божји синови извикуваа од радост?

 Сите Небесни Воинства ќе се соберат и ќе пеат пофалбени песни за Великата Свадба на Јагнето.
Сите ќе пејат пофалби за Кралот, Неговата Невеста пристигна! Таа се подготви. Нека започне радоста Насекаде!

Откровение 19:7.
 Да се радуваме и да се веселиме и да Му воздадеме слава, бидејќи дојде свадбата на Агнецот, и жена Му се приготви!

Јагнето, Кое ги Зеде гревовите на светот се Соедини со Неговата Сакана во Свет Брак. Големо е Неговото Име! Фалете Го Неговото  Свето Име меѓу небесата, зашто Тој е свршен за Неговата Сакана и Тој го Освои нејзиното срце!

Јован 1:29
. На другиот ден, Го виде Јован Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!

На Моите Деца, исто така, ќе им бидат прикажани нивните живеалишта; Ќерко, О’ каква убавина, каков раскош. Она што човечкото око не видело и уво не чуло, тоа ја чека Мојата Славна Невеста, Која Ме Сака.
1 Коринтјаните 2: 9. Но, како што е напишано: „Што око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна, тоа Бог го приготвил за оние, кои Го сакаат.”

Ќерко, овие куќи ќе бидат попрекрасни,
 отколку било која куќа што постои на земјата. Ништо не може да се спореди со величественоста на она, што ја чека Мојата Невеста. Овие домови ќе одговараат на вкусот и интересите на секое дете. Нема да има две куќи, слични една на друга. Секоја од нив се разликува од другите.

Јован 14:2-3. 2. Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, Јас ќе ви кажев. Одам да ви приготвам место. 3. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам, и ќе ве земам вас при Себе за да бидете и вие каде што сум Јас.

Моите деца ќе бидат вџашени од она што ќе го откријат во секоја куќа. Сите тие куќи имаат детали, кои ќе го воодушеват и стаписат својот сопственик. Не постои ништо на земјата, со што може да се опише внатрешноста и убавината на секој, од овие неверојатни домови.
Сите ентериери имаат единствени изненадувања. Овие куќи се живи. Тие ќе ги носат мои деца од едно до друго прекрасно место, така што Моите деца ќе можат да уживаат и да го искусат сето тоа.
Ние ќе ги споделуваме овие авантури заедно. Ќе се смееме и ќе истражуваме заедно. Возбудата никогаш нема да заврши. Ќе има градини и задоволства насекаде.

Музиката ќе го исполни воздухот, како и прекрасните мириси. Секој дом ќе биде исполнет со љубов и смеа. Никогаш нема да постои осаменост на  небото. Јас Сум секогаш со Моите деца, ќе се веселиме и уживаме во взаемното присуство.

Псалм 36:8. 8. тие ќе се наситат од изобилието на Твојот дом, и од потокот на Твојата красота ќе ги напојуваш;

Мојата Љубов ќе го Обиколи секој нивен потег. Смеа, љубов и радост се придобивките од овие вечни домови, радост неискажлива, вечна радост.
Ова е само мал вкус на работите кои предстојат. Моите деца немаат поим за она што ги очекува. Не постои начин точно да се опише она што ги чека, со она што постои на земјата. Само доколку се доживее лично ќе може да биде восприемено во вистинска смисла.
Па така, деца  Мои, дојдете и уживајте во небесните задоволства во Вечното Царство, со домови специјално подготвени со Грижлива  Љубов кон Мојата Невеста.

Псалм 16:11
.  Ти ми ги покажа патиштата на животот: со радост ме исполнува Твоето лице; вечно блажеснтво е во Твојата десница.


ГЛАВА 8

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ВОЗНЕСУВАЊЕТО

Да започнеме. Ќерко, предстојните денови пред вознесувањето се денови кога ќе има многу работи да се подготват. Моите деца треба да поминуваат време со Мене на тајно место, време на смиреност, време што ќе го посветат за да Ме Запознаат Мене. Ми Треба нивното внимание и друштво. Сакам да го Споделам Моето Срце со нив. Сакам да Видам комплетно, целосно предавање на нивните срца, животи и се што имаат на овој свет.

Псалм 91:1 Кој живее пок закрилата на Севишниот, тој престојува во домот на небескиот Бог.

Моите деца се приврзани кон светот. Тие веруваат дека овој свет има сè што ним им е потребно. Овој свет е празен и окрутен. Секој човек си гледа за себе, никој не се грижи за другите. Тој стана свет, во кој човекот сам на себе си стана непријател. Секој е во потрага по она што може да го добие од некој друг, заради постигнување на своите себични цели. Тоа е свет на безнадежност и беда. А Моите деца се уште сметаат и веруваат дека сепак има светла иднина за нив во овој свет. Тие се како маѓепсани од оние кои се (морално) изгубени  и кои ги промовираат своите погубни однесувања.
Моите деца треба да се извлечат од оваа глупост и да се вратат кај Живиот Бог, Нивниот Создател, Кој ги Има сите одговори на овој живот, како и на следниот.
Јас Сум Великиот Бог на сите живи суштества, кои во себе имаат дух на живот. Јас ги Имам клучевите на вечниот живот. Предадете Ми сè свое, пред да го Направам Моето Величествено Доаѓање на Земјата, за да ја Земам Мојата невеста, да ја Одведам на сигурно и да Дозволам Земјата да ја добие својата праведна отплата.

Јов 12:10.  Но Неговата рака е душата на сè што е живо и духот на секоја човечка плот.

Овој настан само што не се случил. Комплетното предавање е неопходно за да бидете Мојата невеста, Моите спасени деца. Не постои исклучок. Предаденоста кон Мене во целост овозможува Мојот Дух да Дојде во вашиот дух и да го обнови и исчисти вашето срце преку покривање со Мојата Откупна Крв и просветлување обезбедено преку Мојот Збор. Сето ова е неопходно за да ја Избавам вашата душа, да бидете беспрекорно исчистени, со облеки без набори, избелени и подготвени за вашето отстранување каде што ќе бидете на безбедно место. Ако се сомневате во ова, прочитајте Го Моето Слово!

Ефесјаните 5:25-27
. 25. Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа. 26. за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото; 27. та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна.

Молете се да бидете исполнети со Светиот Дух. Предадете Ми го вашиот живот, покајте се за вашите гревови. Започнете пост во знак на каење за гревовите извршени пред Мене, Вашиот Светиот Бог! Јас ќе ве Исполнам, ќе ве Доведам до вечната Вистина, на Мој Начин и според Мојата Волја.
Вашата волја ќе ве доведе до уништување. Тоа е широкиот пат за кој Зборува Моето Слово - дојдете во Мојата Волја. Тоа е Тесниот Пат, безбедната патека. Јас ќе ве Водам по него.

Матеј 7:13-14. 
Влезете низ тесната врата; оти широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив; 14. а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малцина го наоѓаат.

Моето Слово ќе ве упати кон патот на Светлината. Сите други патишта водат кон вечно уништување. Дојдете во Мојата Светлина, Мојата Волја. Дајте Ми го вашиот живот. Дозволете Ми да ве Ослободам од направените гревови и да ви го Покажам Патот што ќе ве одведе кон слобода од ропството на гревот.
Псалм 119:105. Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја.

Без оглед каков е, гревот ве држи во негово ропство. Можам да ве Ослободам, но прво мора да се предадете, да се покаете и да признаете дека имате грев од кој сакате да се ослободите, и направете го тоа со покајување, искрено и од срце. Ќе Ми биде Задоволство да ве Ослободам од ропството на гревот во кој се наоѓате и од ланците со кои тој ве врзува. Не е важно што ве држи во заробеништво, јас Можам да ве Ослободи.
Ништо не е невозможно за Мене - ништо! Јас Дојдов за да ги ослободам затворениците! Единствено што вие треба да направите е да Ме Замолите!
Лука 1:37.  Зашто нема да остане во Бога ниеден збор без сила.

Дозволете Ми да ве Ослободам  од таа  тежина. Дозволете Ми да ви ја Отстранам тагата и болката. Дозволете Ми да ви го Ослободам Умот и да го Подигнам вашиот товар. Дозволете Ми да ве Подготвам за Моето Славно  Доаѓање! Сето ова е ваше – само, Предајте Ми се; Оставете ги сите ваши земни желби и дојдете кај Мене со потполно предавање. Јас ќе ви Дадам Мир што го надминува секое разбирање и може да ве направи праведни пред Моето Лице. Јас Можам да ве Доведам во состојба да стоите исправени пред Мене, пред Отецот и пред Светиот Дух.

Филипјаните 4:7
. и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исуса Христа.

Оваа љубов не може да се купи или откупи. Таа е бесплатна– бесплатна за земање - бесплатно да ја побарате. Побрзајте, бидејќи оваа понуда има ограничено време на важност, бидејќи се наближува времето на Моето Враќање. Не одлагајте. Сега е времето да се измиете во Мојата Крв и да се подготвите.

1 Јован 1:7.  А ако, пак, во светлина одиме, како што е Он самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг општиме, и крвта на Исуса Христа, Неговиот Син, нè очистува од секаков грев.

 * * * * * * *

Да Започнеме, ќерко. Денес сакам да разговараме за она што ќе настане, веднаш по земањето на верниците во чинот наречен „вознесување“ и што ќе се случи со оние, кои ќе останат на земјата.
Веднаш по вознесувањето, светот нема да биде ист. Ќе има големи пресврти насекаде. Светот нема да изгледа исто. Земјата ќе биде обземена со терор. Моите млаки деца ќе знаат што се случило и ќе се исплашат; Голем страв ќе ги погоди нивните срца.
Светот нема да функционира нормално. Дури ни околината што ја познавате нема да изгледа исто.
Ќе има пожари и катастрофи насекаде. Луѓето ќе бидат беспомошни и напаѓани од банди, кои само ќе гледаат како некого да ограбат.
Нема да има никој што ќе може им помогне на луѓето, бидејќи сè ќе биде во хаос.
Многумина ќе ги загубат своите животи, бидејќи ненадејно уништување ќе се случи на земјата. Цели делови на светот веќе нема да изгледаат исто, а исто така и многу луѓе ќе загинат одеднаш.
1 Солунјаните 5:3. 3. Оти, кога ќе речат: „Мир и безопасност!”, тогаш ненадејно ќе ги стигне погибел, како што ја напаѓаат родилни маки секоја непразна жена, и нема да избегнат.

Ќе има паника во сите краишта на планетата Земја. Ќе нема каде да се обратите за помош. Ќе снема храна. Ќе има очај насекаде.
Ова ќе се случува некој период на време, сè додека не настапи антихристот и не го стави светот под негова контрола.
На прв поглед, тоа ќе изгледа како олеснување за луѓето, кои ќе бидат  избезумени и кои едвај ќе чекаат да видат дека се случува нешто што повторно изгледа нормално, но олеснувањето што тој ќе го донесе, всушност  ќе значи смрт за многумина. Оние што ќе одбијат да се приклонат кон неговиот систем ќе доживеат многу малтретирања и измачувања.
Одбивањето да бидете дел од неговиот систем нема да биде пријатно, бидејќи тој ќе нема толеранција за никого. Тој е зол до срж! Ќе ја стави целата земја под негова тиранија. Сите земји ќе потпаднат под негова контрола, поради очајното барање спас од хаосот што ќе настане веднаш по вознесението.
Ова ќе биде најмрачниот момент од постанокот на човештвото. Многумина ќе се убиваат во потрага по помош. Ова не е решение што Јас го Поддржувам,  па затоа не треба да сметате на истото.
Антихристот ќе започне со имплементација на жигот на ѕверот врз луѓето, како средство за контрола. Одбивањето на жигот ќе донесе смртна казна на оние што ќе го прифатат. Нема да има исклучоци.
Откровение 13:16-17. 16. И ќе направи на сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на десната рака или на челата нивни, 17. та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние, што го имаат тој белег, или името на ѕверот, или бројот на името негово.


Откровение 14:11. 11. Димот од мачењето нивно ќе се издига во сите векови; нема да имаат мир ни дење, ни ноќе оние, што ќе му се поклонат на ѕверот и на неговиот образ, и што ќе го примат белегот на неговото име!”

Многумина од оние, кои сега се Моите млаки следбеници ќе ја разберат цената што мора да се плати за да дојдат во Моето Царство. Многумина нема да му се покорат на антихристот и многумина ќе умрат заради својата вера. Таквите ќе бидат во огромен број.
На антихристот нема да му е важно колкумина ќе умрат. Неговата страст за моќ и контрола ќе владее со неговото срцето. Тој нема да има никаква грижа за мноштвото луѓе, кои ќе ги загубат своите животи. Тоа ќе биде мрачен момент за оние, кои се нарекуваат со Моето Име. Моето Име ќе им донесе смртна казна на многумина. Моето име ќе биде забрането и ќе претставува бунт против системот на антихристот, така што ќе бидат погубени сите кои ќе Ме промовираат Мене и Моите закони.
Колку е само мрачен часот што наближува деца. Имало такви мрачни периоди на земјата  и во минатото, но никогаш толку мрачни како овој, што сега е пред вас. Ова нема да биде пријатно место ни за жените што ќе бидат бремени. Темнината ќе царува. Тоа е она, со што Мојата млака црква ќе се соочи.
Млаките цркви ќе се вратат кај Мене во голем број. Луѓето ќе Ме бараат како никогаш порано. Јас секако ќе Бидам таму, но тие сепак ќе мора да ги доживеат тие тешки времиња. Семејствата ќе бидат одделени и преплавени од тага.  Сето ова ќе се случи затоа што Моите деца ги скамениле срцата и останале тврдоглави и игнорантни на Моите бројни Предупредувања. Сето ова може да се избегне, ако Моите деца веднаш дојдат кај Мене, во плач и понизна покајаност, но искрено и од сè срце; Доколку го побараат Моето Лице, доколку научат да комуницираат со Мене, преку еден личен и интимен начин. Деца, потрчајте кон Мене и Моите широко раширени Раце. Јас ќе ви ја Покажам вистината за часот на Моето Скоро Враќање и како да се подготвите како Моја Невеста.
Ајде деца, дојдете! Потрчајте кон Мене, Јас едвај Чекам да ве Спасам од сето ова што предстои. Јас Сум Величествениот Спасител. Моја желба е да Ве Спасам. Никого не Сакам да оставам. Има место за сите кои ќе сакаат да дојдат и да Ми го предадат својот живот. Јас Барам потполна предаденост, искрено и од срцевината на вашето битие; Исто така Барам и да се покаете за вашите гревови. Не лажете се, бидејќи не постои друг начин. Дозволете Ми да ви Донесам ослободување од мрачниот час кој доаѓа!

* * * * * * * 

Да започнеме повторно. Моите деца веруваат дека имаат многу години пред себе во иднината. Тие не разбираат дека ја Изгубив Толеранцијата кон овој свет.
Моите деца се премногу зафатени во светот за да видат колку се оддалечил светот од Мојата Вистина и сето она што Јас, Бог Претставувам.
 Дури и нивните цркви се далеку од Моите Зборови, Мојата Вистина, Мојата Книга.

Водачите на Моите стада се зафатени со световни активности и тие ја вршат Мојата Работа за да си угодат на себе. Тие повеќе немаат или не јаизвршуваат работата заради чиста Љубов кон Мене. Тие се стремат кон богатство, слава, признание од оние околу нив и веруваат дека Јас ќе гиБлагословам.

Тие веруваат дека големиот број на присутни во нивните цркви е еднакво науспех и дека Сум Задоволен. Јас Сум Задоволен, доколку Моите лидери ги упатуваат верниците да Ме бараат најпрвин Мене, во сите нивни патишта и да чекорат со Мене во тивка интимност. Многу малку поучуваат на овој начин,затоа што тоа не ги „скокотка“ ушите на луѓето, кои тие сакаат да гипривлечат во нивните објекти. Многумина донесуваат пари, а парите сите гиправи среќни, но Моето Царство нема врска со богатствата од овој живот.
Лука 16:13 Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамона.”
Моите лидери се далеку од Мене, а зошто и не би биле? Ако доведуваат голем бројверници да се смират пред Мене, тогаш кога самите тие ќе најдат време за Мене? Јас СумПричината, заради која тие постојат! Јас Сум Оној, Кој ви ги Носи сонцето и дождот.
Ова е мрачен час и секојдневно станува сè помрачен, па сепак Моите лидерија прикриваат оваа вистина од Моите стада. Ја кријат вистината и носат самоЗборови на среќа и радост. Моите стада се измамени и не се подготвени. Тие мислат дека се е во ред, и си продолжуваат како и секогаш.

Какви зборови на предупредување ќе ги оживее? Што е она што треба да гослушнат за да поверуваат дека Мојата Книга ја содржи сета вистина за нив, но никој не слуша, никој не верува.
Што треба да се каже за да црквата обрне внимание на предупредувањата иги стави настрана своите опсесии со работите од светот, да бдее и да се подготви?
Осија 4:6 Мојот народ гине заради недостиг на знаење, зашто ти си отфрлил знаење, и јас ќе те отфрлам од свештенодејството пред Себе; бидејќи го заборави законот на својот Бог, и Јас ќе ги заборавам децата твои.
Тие се меки и заведени. Времето изминува, а црквата останува сосемабезгрижна, небаре сè е в ред. Колку ли само е заведена млаката црква! Колку ли само им изгледа досадно да Ме бараат Мене и се што Јас Претставувам! Ако црквата навистина Ме бара во интимност, тогаш ниту едно од МоитеПредупредувања нема да им биде изненадување и тие со внимание ќе ги запазат во нивните срца.
Ова е огромен час на темнина во црквите. Малкумина внимаваат наинформациите. Малкумина живеат според Моите прописи и патишта. Благодатта нема да се прошири над оние кои намерно живеат бунтовно, без да се покајат. Ќе Го Згаснеш и Нажалиш Мојот Свет Дух и тогаш, што ќеправиш, О' цркво Моја?

Ефесјаните 4:30 
И не Го оскрбувајте Светиот Дух Божји, со Кој сте запечатени за денот на избавувањето..

Кога ќе 
Го истерате Мојот Дух од вашите убави згради, бидејќи тој е премногу екстремен за вашиот вкус, а Јас и Мојот Дух сме Едно, кого ќе обожавате, акосте го истерале Мојот Дух и Движењето на Мојот Дух од вашето присуство?Значи, кого ќе обожавате? Вие сте идолопоклоници!
Дела 7:51  Тврдоглави и необрезани по срцето и ушите! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух – како татковците ваши, така и вие.
Сте си скроиле бог по ваша мерка, бог кој одговара на вашите световнижелби и потреби, но тоа не е Единствениот и Вистински Жив Бог. Тоа е само идол. Мислите дека луѓето во минатото кои им се поклонувале на златнистатуи биле скандалозни? Ниту вие не сте поинакви! Дојдете при Мене вопонизно покајание, вие цркви и Јас ќе ви ги Исчистам душите. Јас ќе виПростам што го баравте Мамона и што побегнавте од Мене. Копнеам да вевратам при Мене. Дозволете ми да ви ве Оживеам и да ви Донесам мир, и даве Смирам со вашиот Бог.

Марко 8:36 Оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости?

Како што стојат работите, вие сте далеку од Мене и Моите Патишта. Јас тоа нема да го Благословам. Те молам врати се назад кај Мене, О' Моја изгубена цркво! Јас ќе Чекам уште сосема малку. Одложувањето не е опција. Бидете будни и послушајте го ова МоеПредупредување. Преземете акција! Многу животи се во прашање!

2 Тимотеј 4:3-4  Оти ќе дојде време, кога луѓето нема да го слушаат здравото учење, но водени по своите похоти, ќе си изберат учители да им го залажат слухот;
4. тие ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се обрнат кон бајки.

Да започнеме. Со ова обраќање, Сакам да Зборувам за Мојата изгубена црква, за оние кои веруваат дека се безбедни во Мене, но се далеку од Мене. Токму вам ви се Обраќам сега:
Многумина од вас одите во цркви, за кои верувате дека ви ја кажуваат целата вистина за Мене и сето она што Јас Претставувам - но вистината е дека добивате разводенети верзии на она што Јас Претставувам и за што се Залагам, и тоа  во повеќето цркви од целиот свет. Ова значи дека тие цркви им сервираат половични вистини на луѓето, бидејќи луѓето нема да се во состојба да ја примат целата вистина.
Луѓето во тие цркви не сакаат да го знаат Моето Комплетно Евангелие. Тие сакаат да го слушаат она што им ги скокотка ушите и нивните желби се да бидат дел од овој свет и да живеат световни животи.
Доаѓа часот за Моето Враќање, а Јас не Можам да ги земам Моите млаки верници, кои ми се предадени со половично срце. ТИЕ ЌЕ БИДАТ ОСТАВЕНИ! Тогаш ќе разберат какво зло си навлекле врз себе со својата полузаинтересираност во поглед на верата во Мене.

Откровение 3:15-16.
15. ги знам делата твои: ти не си ни студен, ни жежок; о, да беше студен или жежок! 16. Така, бидејќи си млак, и не жежок, ниту студен, ќе те изблуам од устата Своја.

Видете деца, не можете да се потпрете на вашите црковни лидери за да ви ја презентираат сета Вистина. Мора  МЕНЕ ЛИЧНО да Ме барате за сета Вистина. Мора да ја прочитате Мојата Книга, да Ми се предадете со цело срце и да побарате да ве Исполнам со Мојот Дух, од дното на вашето покајано, скромно срце. Не постои друг начин. Сакам целосна посветеност. Јас ќе го Разменам вашиот живот со живот, кој е полн и богат, така што вие и вашите очи ќе бидат отворени за вистината, Мојата вистина. Потоа ќе разберете што е она што Јас го Очекувам од вас за да бидете примени во Моето царство.
Мојата црква стана слепа во однос на тоа што значи да се биде Мој Следбеник. Тие не ги следат Моите Прописи и Начини. Тие бараат дупки за да го направат токму она што тие го сакаат и притоа, се уште да се чувствуваат добро. Ова трае веќе многу долго време, но сега се случува неконтролираното и само малкумина ја сакаат целата вистина, само малкумина сакаат да разберат што Моето Слово навистина Вели. Тие сакаат симпатични мали приказни, кои прават да се чувствуваат добро кога доаѓаат и си одат од црквите, но никогаш навистина не посакале да Ме Запознаат или да дознаат Кој Сум Јас.
Тие само мислат дека Ме Знаат. Повеќето од Моите следбеници не Ме Познаваат. Повеќето само се вплеткуваат во површна врска со Мене. Тие не ни разбераат во целост, што значи да Ме направат свој Бог. Јас Сум само Набљудувач, Кој отстрана Го Гледа  нивниот живот, никогаш не учествувајќи во нивниот живот, никогаш не споделувајќи интимна врска со нив.

Матеј 7:21-23.
21. Не секој што Ми вели: »Господи, Господи«, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен.
22. Мнозина ќе ми речат во оној ден: »Господи, Господи, не во Твое ли име пророкувавме? И зар во Твое име бесови не изгонувавме? И не во Твое ли име многу чуда правевме? 23. И тогаш Јас ќе им кажам: »Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!«

Ова Ми предизвикува огромна тага, бидејќи ова е вистинската причина заради која Јас ги Создадов Моите деца, - да бидат интимни со Мене, да го изодиме патот на овој живот ЗАЕДНО. Сепак, светот толку многу ги привлекува, што тие го одбрале инфериорниот начин, наместо да дојдат и да Го Запознаат Нивниот Творец.
Колку е тажно што сте толку заинтересирани за создаденото, а Го отфрлате Создателот; Не се заинтересирани за СОЗДАТЕЛОТ НА СЕ’ ШТО Е СОЗДАДЕНО! . Како многу тажно, навистина! Деца Мои, зарем не гледате дека Јас Барам Светост и Верност!

Деца, Сакам да бидам вашата ПРВА МИСЛА, вашата ПРВА ЉУБОВ, вашиот ПРВ  - во СÈ. Ова е причината зошто сте создадени-да Ми бидете придружници засекогаш. Ако не изберете да одите по овој пат со Мене сега, како Можам да Очекувам дека Можете да Ми бидете  вечни придружници? Со кого очекувате да бидете вечно поврзани ... со Мене или со  мојот непријател? Треба да си го поставите ова прашање.
Мојата љубов е Подлабока од било која човечка љубов. Не продавајте се себе си со тоа што ќе бидете во потрага по  инфериорно задоволство. Вие никогаш нема да доживеете поголема Љубов од Мојата.

Деца, треба да си го пребарате своето срце и да си ја испитате вашата душа. На што сме, Јас и ти? Каде се Вклопувам во вашиот живот? Дали сум надвор и така однадвор Гледам на вас или дали воопшто сме во врска? Дали Сум Суштината на вашиот живот? Каде сакате да Бидам? Мора да се запрашате.
Чекам на вас. Моите Раце се широко отворени за да ве Донесам во целосен и квалитетен однос со Вашиот Творец, Вашиот Бог.

Дојде часот за да се направат важни одлуки. Дали сакате да бидете дел од Мојата Невеста? Таа ми е СÈ  во секој поглед.  Таа чека и внимава на Мене. Јас Сум повеќе од минлив занес за неа. Јас не Сум Некој Кого таа Го повикува одвреме-навреме или кога има потреба од нешто. Таа и Јас сме испреплетени. Ако Јас Направам некое движење и таа се движи. Ние сме вплотени, Ние сме Едно. Таа е во Мојата Волја и таа чекори по Мојот тесен пат. Ние се Движиме во ист правец.

Значи, деца Мои, ви го Препуштам изборот на вас. Иако Сакам да Ме изберете Мене, вие сепак, имате слободна волја. Па така, ве Канам да дојдете во совршената врска со Мене и да ја прифатите целта заради која сте создадени. Изборот е ваш. Не чекајте премногу долго за да изберете. Понудата нема да трае вечно.

ГЛАВА 10
СТРАСТ ЗА СВЕТОТ


Да ќерко, Можеме да почнеме. Сузан, еве за што сакам да Зборувам денес: гревот, кој се издигнува во срцата на луѓето, тоа е гревот кој се однесува на желбата кон светот / световното. Сите патишта во светот се зли, злите луѓе смислуваат злодела. Се што светот прави е надвор од Господа.
Светот не ја врши Мојата Волја, па така тој не е во Мојата Волја. Свето често изјавува дека Ме Знае, но е далеку од Мене и Мојата Вистина. Тој со сета сила граби во својата насока, без воопшто да Ме консултира Мене, својот Создател. Ова е зло.
Да се движите надвор од Мојата Волја е зло. Единствена волја која не е зла е Мојата Волја. . Зарем не го гледате тоа деца мои? Како може овој свет да се движи во насоката на Бог, сега кога отиде толку далеку од она што Јас Претставувам и за што се Залагам? Јас се Залагам за светост, чистота на срцето, ред и закон, цистина и моралност. Овој свет ги предизвикува сите Мои Закони и дури не доаѓа ни близу до она што во Мојата Книга е наведено како Вистина и како Мој Вечен Пат.
Светот Ме понижува Мене и Моите Патишта во секоја можна прилика, а и сите оние, кои Ме следат Мене. Моите Патишта не се почитувани, ниту следени. Да беа почитувани, овој свет немаше да доживее неволји, тешкотии, болести и така, која го преплавува. Мојот Пат донесува Благослов. Патот на овој свет носи проклетства, така што проклетствата изобилуваат.
Само оние кои вистински чекорат во склад со Моето Слово и Мене добиваат мир и смиреност, кои само Јас можам да ги дадам во најстрашни ситуации. Тоа е Мојата Невеста која Ме следи бескомпромисно. Таа Ме познава. Таа Ме сака. Таа не се оддалечиува од Мене.
Таа знае дека Јас Сум и’ Извор на животот, нејзината Моќ, нејзината Љубов, нејзината Сила.
Каде на друго место може да оди и да го добие овој комфорт? Таа знае за подобро, наместо да Ме остави Мене за други љубовници. Јас и’ бев испитан, тестиран и верен на неа. Јас Сум и’ СЕ во се. Никој не може да го земе Моето место во нејзините очи.
Светот не ја знае Мојата Љубов. Тој се задоволи со пониска верзија на задоволеност. Колку е жална состојбата на оние кои го следат светот и неговите патишта, верувајќи дека светскиот систем ги има сите одговори.
Набрзо, овој свет ќе ја изгуби и последната преостаната светлина, кога ќе ја Отстранам Својата Невеста од светот. Штом Нејзе ќе ја снема, светот ќе стане многу темно, напуштено место. Нема да постои ништо што ќе претставува водечка Вистина и Убавина, на кои ќе може да се ослоните, ништо освен огромна грдотија и зло, кои ќе надвалдеат во светот. Ова е светот, кој набрзо ќе дојде.

2 Солунјаните 2:3-4
3 Никој да не ве измами на ниеден начин; зашто оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓање и не се открие човекот на гревот, синот на погибелта, 4 кој се противи и се превознесува над се што се нарекува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се самиот себе си како бог.

2 Солунјаните 2:6-7
6 Сега знаете што го задржа него да се открие во свое време. 7 Тајната на беззаконието веќе дејствува, само тоа нема да биде извршено, додека не се оттргне оној што ја задржува сега.
Светот, кој не живее според Моите Закони и Уредби е како брод без кормило. Ова е брод, кој е мртов и умира, брод кој тоне.
Набрзо деца ќе видите смрт и уништување, какви што никогаш немало порано, бидејќи овој свет одбра да се одврати од Својот Бог, од Својот Креатор.  Не дозволувајте да бидете измамени. Светот не може да постои надвор од Мојата Вистина и Моите Патишта. Тој е брод кој тоне. Време е да го напуштите овој брод. Дали ќе дојдете со Мене, кога ќе се Вратам или ќе останете да се потпирате на лажната надеж, што овој свет ви ја дава како одговор на вашите прашања? Дали се уште ќе ги слушате волците облечени во јагнешка кожа, кои ви велат дека нема ништо лошо и дека се е во ред? Овие волци, кои не Ме Познаваат вистински, кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила? Дали ќе продолжите да бидете водени во погрешна насока и заслепени, бидејќи сакате многу да уживате во она што ви го нуди овој свет?

2 Тимотеј 3:5 наизглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив бегај!

Дојдете кај Господа и откријте дека постои Величествена Вистина, постои Величествен Мир, Величествена Љубов! Јас Сум Тој! Барајте Ме Мене, деца! Запознајте Ме! Јас Сум Достоен да Ме барате. Јас Сум Достоен да Ме знаете. Јас Сум Достоен да Ми посветите време. ЈАС СУМ ТОЈ, КОЈ Ве Донесе во Живот. Зарем не сакате да ја поминете вечноста со Мене? Постои алтернатива. Тоа е местото, каде што отсуствуваат сите добри работи од овој живот, кои се од Мене. ДА, се’ што постои во овој свет – доаѓа од Мене. Јас СОЗДАДОВ се’. Без Мене, ниту една од работите во кои уживате и ги земате “здраво за готово“, кои доаѓаат од Срцето на Господа, нема да ги искусите никогаш повеќе.
Па така, размислете за ова сериозно. Вие одлучувате: вечност со Бог или без Бог.  Вие одбирате, вие  одлучувате. Дали ќе ве Земам кога ќе Дојдам по Мојата Невеста? Изборот е ваш! Но, - има цена која мора да ја платите. Мора да излезете од вашата љубов и потрага по световното, бидејќи патиштата на светот, не се Мои патишта. Јас ќе ве одведам до точката кога ќе треба да ја донесете одлуката кој правец да го изберете. Сосема мал број го избираат Мојот Пат, сосема малку...

1 Јован 2:15 Не љубете го светот и се’ што е во него. Ако некој го љуби светот, во него нема љубов од Отецот.

ГЛАВА 11

СВЕТОТ Е ПРЕД ОГРОМНА НЕВОЛЈА

Да Започнеме, ќерко. Сега Сакам да Зборувам за настаните кои предстојат.
Светот се наоѓа пред огромна неволја. Големи темни облаци доаѓаат од сите  страни.
Наскоро, многу наскоро, овој свет ќе се промени. Се ќе се смени веднаш, преку ноќ, штом Невестата ќе биде отстранета.

Во светот ќе настане темнина, каква што досега немало, без надеж дека ќе биде подобро. Наскоро, Деца Мои, ова сигурно ќе се случи. Почнете да се подготвувате за оваа реалност. Јас не ја Преувеличувам Вистината. На Моите Зборови може да им се верува. Часот на случувањето на овие промени доаѓа многу брзо. Курсот е поставен и не може да биде запрен.
Светот стана зол и никој, ниту човек, ниту власт, ниту сила ќе може да го спречи она што доаѓа. Ова е време на случување на најавените настани и откровенија и последните денови. Часот на Враќањето на Мојот Син се доближува. Наскоро светот ќе го доживее тој настан ненадејно, ќе биде тоа како доаѓање на крадец во ноќта. Ништо нема да го запреовој настан. Тоа е претскажано и ќе се случи, како што Моето Слово тоа го најави.

1 Солунјаните 5:2. бидејќи вие самите многу добро знаете дека Денот Господов ќе дојде како крадец во ноќно време.

Деца, треба да се подготвите. Подгответе се! Бидете подготвени за Моето скоро Доаѓање иДоближувањет на Мојот Син. Тој Доаѓа со Својата ангелска војска на небото за да ја Земе Својата Сакана. Овој час е речиси пред вас.

О вие верници, станете! Подгответе се! Подгответе се за Највеличествениот Настан во целата историја, Младоженецот Доаѓа по Својата Невеста. Дојдете и бидете подготвени. Сите мора да бидат подготвени. Дојдете и подгответе се преку Крвта на Јагнето. Покријте се себе си’ во Неговата Крв. Таа ви е дадена на располагање. Предајте се на НеговатаГолема Љубов. Нека Тој биде вашиот Почетокот и Крајот. Ние сме ЕДНО: Отецот, Синот и Светиот Дух.

Сега знајте деца, непријателот прави планови. Тој се подготвува да започне со својотнапад против човештвото. Сета цивилизација ќе се промени до состојбата кога ќе се врати на самиот почеток. Не сакам да бидете фатени неподготвени. Но знајте, овој голем пресврт само што не се случил. Треба да сте подготвени. Човештвото само што не западнало во состојба на непоправлива лудило и зло. Само кога Мојот Син ќе се Врати на Земјата сето тоа ќе биде завршено- само тогаш злото ќе биде поразено.

2 Солунјаните 2:8. И тогаш ќе се јави беззаконикот, кого Господ ќе го убие со Здивот на устата Своја и ќе го уништи со појавата на Своето доаѓање.

Наскоро деца, ќе мора да дојдете до заклучок: Во што ќе верувате?  Кон што ќе се држите: кон земјата која исчезнува или кон Мојата Волја и Моите Патишта? Јас Нудам ВечноЦарство. Не верувајте дека на оваа земја има било каква иднина за вас. Се што гледате ќе се смени многу наскоро. Пејзажот засекогаш ќе се промени. Не бидете алчни, припивајќи се до иднината што не постои. Залудно си го трошите времето.

Помирете се со оваа вистина и будете се со неа. Јас Сум Тој, Кој ви Дава Вистина. Читајтего Моето Слово и споредувајте го со она што се случува сега. Сличностите се беспрекорни, бидејќи се’ ќе се случи онака, како што Реков многу одамна. Ова не е случајност. Ова е Семоќното Слово Божјо, кое се исполнува.

Мојот Збор не предизвикува двоумење и не престанува со важност. Моите Зборови се цврсти.

Јас Сум СЕМОЌНИОТ БОГ, ПОСТОЈАНО ПРИСУТНАТА ВИСТИНА, НЕПРОМЕНЛИВИОТ, СЕМОЌНИОТ, ВЕЧНИОТ ЦАР над царевите, ГОСПОДАР над господарите.
Моите Зборови се непроменливи ...

1 Петрово 1:24-25. Зашто телото е како трева, и секоја човечка слава - како цвет од трева;Се исушува тревата, и цветот нејзин паѓа; Но словото Господово останува засекогаш. А тоа Слово е Евангелието што ви беше објавено.

Ајде разбудете се, О’ вие заспани. Сега е часот да се разбудите. Бидете внимателни. Сега е време. Симнете ги превезите од  вашите очи. Оставете ги работите од светот и обрнете внимание.
Полноќта настапува.
Деца, Ве Преколнувам! Не дозволувајте да сте фатени неспремни. Бидете подготвени. Подгответе се! Часот на Доаѓањето на Мојот Син само што не настапил...





ГЛАВА 12
МОЕТО СКОРО ДОАЃАЊЕ


Да Започнеме. Ќерко, денес Сакам да Зборувам за загриженоста на светот во врска со Моето скоро Доаѓање.

Светот е на прагот да доживее експлозија на промени. Промената доаѓа од сите страни: прво ќе настане моменталното отстранување на Мојата Невеста - оние кои се подготвија себе си’ – кои се исчистија во Мојата Крв и преку измивањето во Моето Слово; Исто така, драматичниот резултат на отстранувањето на Невестата, ќе биде проследен со ненадејно уништување и подем на системот на антихристот.

Ефесјаните 5:25-27. Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа. 26. за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото; 27. та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна.

Ова ќе биде катаклизмична промена преку ноќ. Никогаш нема да постои нешто повеличенствено од оваа промена, во светската историја. Оние кои ќе бидат оставени ќе ја почувствувуваат и оние кои ќе бидат земени ќе го знаат тоа.

Многумина ќе умрат во текот на оваа промена, бидејќи на Земјата ќе настапи уништување. Ќе има континуирано уништување, бидејќи Мојот гнев ќе се излее. Она што досега се случуваше на Земјата е само предвесник на она што доаѓа. Тоа е и причината заради која Продолжувам да ги испраќам Моите Предупредувања преку овие знаци и преку многуте од Моите слуги: и млади и стари подеднакво.

Моите Предупредувања беа јасни и конзистентни, како преку Моето Слово, така и преку Предупредувањата, кои Ги Давам преку други. Јас не се Менувам, ниту -Променувам - Јас Сум Вечната Вистина. Мојата Вистина не се менува - Мојот Збор не се менува.

Деца, како што изминува времето, дојде време да се бидете гласни и да ги предупредите оние околу вас за предстојните неволји, кои и’ предстојат на Земјата. Многумина мислат дека Моето Свето Писмо е басна или една голема приказна, но секој Збор е вистинит и се што е претскажано се случува.

Наскоро, настаните од Откровението ќе се случат еден по еден,  според една многу прецизна хронологија на случувања. Ќе видите како сите тие настани ќе се одиграат пред вашите очи. Тие се случуваат и сега, и ќе ги забележите доколку  само најдете време да ја Читате (Библијата). Се што се случува беше предскажано многу одамна. Па затоа - отстранете ги вашите сомнежи. Престанете да ги слушате другите, кои не Ме познаваат. Самите читајте ја Мојата Книга. Побарајте од Мојот Свет Дух да ве води. Тој е секогаш на располагање да ви ја открие Вистината, да „ве намачка со очна маст“ – која ви е неопходна за да ја согледате оваа вистина.

Откровение 3:18.  те советувам да си купиш од Мене злато, низ оган пречистено, за да се збогатиш; и бело облекло, за да се облечеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја, и со очна маст намачкај ги очите твои, за да гледаш..

Не Сакам да бидете фатени во незнаење. Сакам да бидете будни во поглед на вистината и да бидете подготвени и трезни. Сакам Моите деца да дојдат во Светлината и да ја согледаат Вистината.

Вистината ви е на располагање, лесно достапна. Сега немате причина да останете во мрак и да бидете неподготвени за тоа што ќе се случи. Јас Можам да ве Водам, да ве Насочувам. Дозволете ми да го Направам тоа, Копнеам да го направам тоа.

Копнеам да ве Гушнам и да ве Уверам дека можете да ги избегнете проблемите кои доаѓаат на земјата, не  е се’ изгубено. Деца, дојдете во Моите верни Раце. Јас сум Грижлив Бог, Кој ве Љуби и е Подготвен да се грижи за вас, без разлика што сте направиле и каде сте биле. Дојдете, дојдете! Ова е часот на вашиот спас. Не дозволувајте да бидете фатени во светот, кој незапирливото пропаѓа и е надвор од контрола, бидејќи Го отфрла Единствениот Вистински Жив Бог и Моите Совршени Патишта.

Многумина ќе чекаат премногу долго и ќе  зажалат заради нивните одлуки. Не дозволувајте ова да ви се случи.

Јас Сум Подготвен да го Поделам Моето Срце со вас ... да се Отворам за вас ... да ве Донесам кај Себе и заедно да Споделиме интимни моменти. Ова е Мојот Копнеж: да ве Земам и да ве Изнесам надвор од тешкотиите.

Ве Молам дозволете Ми ги Споделам со вас најтешките моменти од животот. Сакам да Ми дозволите да ве Утешам. Копнеам за ваков однос со вас - О ' колку Копнеам по тоа. Не отфрлајте Ме Мене, Вашиот Создател. Прифатете ја Мојата Понуда да Бидам блиску до вас, поблиску од било кој и да бил до вас, до сега. Тоа е она што Јас ви го Нудам деца Мои, врска која е поинаква од сите други човечки врски-единство со Вашиот Бог, Кој ве Знае подобро од било кој друг ... Јас ви ја Нудам оваа блискост. Ви Го Нудам Моето Срце. Тоа е Мое и Јас Ви го Давам вам. Ваше е да го побарате.Толку малку Го бараат, но Тоа е на располагање.

Деца, Срцето Ми е отворено, ве Поканувам да дојдете, да земете учество, да уживате во Моето Присуство.

Дојдете и Запознајте Ме како нешто повеќе од Далечен, Дистанциран Бог.

Можете да пријдете до Мене. Со Мене можете да ги споделите вашите најдлабоки мисли и грижи. Можам да ве Утешам, да ве изведам низ најлошите моменти во  животот и да ве Охрабрам кога ви е најтешко. Јас сум Бог полн со Љубов, Подготвен да Бидам Отворен и да Споделам интимност со вас, да ве Придружувам во текот на вашиот живот. Вие никогаш веќе не треба да одите по овој пат сами. Јас Сум секогаш на ваша страна. Јас Сум тука да ве Утешам, Поддржам и да ги Охрабрам. Дојдете и Споделете со Мене таква Блискост, каква што отсекогаш Сакав да постои помеѓу нас.

Ова е причината зошто сте создадени - да бидете интимни со Мене. Тоа е целта на вашето постоење во овој живот. Може да имате поинакво мислење, но Јас Сум Вашиот СОЗДАТЕЛ и Јас Велам дека е така. Сакам да бидам со вас кога ви се случуваат сите ваши падови и издигнувања, во лошо и во добро: да го споделите животот со Мене, да чекориме Заедно по правиот пат. Ова е животот што го Планирав за вас: МОЈОТ Совршен план и Волја за вашиот живот.

Псалми 139:3. Патеката моја и јажето мое – Ти си ги испитал; сите патишта мои си ги предвидел.

Затоа, дојдете кај Мене. Предајте Ми го вашиот живот. Предајте Ми го со скромна покорност и Јас ќе го Земам, ќе ве Исчистам и ќе ве Подготвам за Моето Царство, за да можете да присуствувате на Мојата Свадбена Вечера како Мојата Невеста. Треба само да Ме Замолите и Јас ќе ви го Дадам сето тоа: Јас Копнеам да ве Донесам во Мојот Свет.

Јас Сум Подготвен Бог и Чекам. Престанете да го живеете вашиот живот, надвор од вашиот ТВОРЕЦ. 

ГЛАВА 13
ЧАСОТ ЗАБРЗАНО ДОАЃА, ДЕЦА МОИ

Значи, да започнеме. Деца, вам ви се Обраќам: Часот забрзано доаѓа, деца мои. Јас Доаѓам брзо на крилјата на бели гулаби, на галантен коњ Следен од милиони и милиони ангели. Овој ден се приближува. Треба да бидете подготвени, да внимавате, да Ме барате.                                         

2 Солунјаните 3:5.  А Господ нека ги управи срцата ваши кон љубовта Божја и трпението Христово!

Јас Сум како наострен нож, секогаш на време. Моето Слово е Добро. Го Правам она што го Кажувам и тоа го Правам на време.

Овој час се наближува. Затоа, не се обесхрабрувајте вие кои Ме чекате со голема нестрпливост, затоа што нема да бидете разочарани.

Јас Сум Бог, Кој го Исполнува Своето Слово. Моето Слово е Добро, Цврсто, Јас Сум КАРПА! Никој кој верува во Мене нема да се разочара - НИКОЈ! Јас не се Менувам. Јас Сум ист вчера, денес, и во вечни векови. Јас Сум Алфа и Омега! Деца, мора да се подготвите. Оставете сè настрана, вашите световни грижи и подгответе се!
Како да се подготвите? Сакам смирена покорност.
Сакам понизно, искрено каење и признавање на вашите гревови пред Светиот Бог, пред Кого ќе одговарате.

Сакам целосно предавање – без нешто да оставите.
Сакам да ја имате сета ваша вера во Мене.
Сакам да се исполните со Мојот Свет Дух. Дојдете и наполнете Масло за вашите лампи.
Сакам да се Измиете во Мојот Збор, Сакам да Ве Исчистам со Мојата Скапоцена Крв, - Крв која ја Дадов за да ве Откупам.
Сакам да Ме Барате на сите ваши патишта и да дојдете да Ме Запознаете на интимен начин, кај вашето омилено тајно место.
Сакам да чекорите со Мене секојдневно, потпирајќи се на Мене секој момент.
Сакам да Ми се молите и да разговарате со Мене во текот на целиот ден.
Ова е Вашиот Господ Кој ви Зборува. Деца, Сакам да бидете во состојба на подготвеност и  да Ме Очекувате со широко отворени очи. Сакам да ги гледате знаците, да го знаете времето и да ја читате Мојата Книга.
Не дозволувајте да бидете во мрак, во поглед на Вистината.
Ова е мрачен час, кој нема да стане посветол. Не очекувајте да ви дојде светлина во овој свет, само хорор, чист ужас ве чека.

Слушајте внимателно: Во Мојата Вистина можете секогаш да имате доверба. Секогаш можете да се потпрете на Неа. Уште од порано ви најавив дека овој час на темнина ќе се случи и ете, сега е тука врз вас. Деца, ова не е време да сте безгрижни, фатени на „спиење“. Станете, дојдете во Мојата Вистина.

Изменете го вашиот однос кон Мене. Јас Чекам на вас. Престанете да се држите така грчевито за овој свет. Свет, на кој му верувате со сето ваше срце. Не држете се до овој свет, кој се распаѓа, како тој да ги има сите одговори за вашите потреби. Престанете да „кокетирате“ помеѓу светот и Мене. Не Можам да ја Прифатам половичната посветеност на вашето срце. Такво, никогаш нема да ви го Прифатам. Мора да дојдете кај Мене со целосна предаденост или во спротивно, никогаш нема да бидеме Зедно за сета вечност.

Ова се Моите Барања за да дојдете во Моето Царство. Тоа е она што Мојата Невеста е подготвена да го направи за да биде дел од Мојот Свет, во потполност. Таа е подготвена да Ми го даде нејзиното сè во сè. Сакам комплетна предаденост. Ништо помалку од ова нема да ви помогне.

Деца, умрев за вас со една наполно понижувачка смрт - ништо не остана недовршено. Немаше лабав завршеток – преземав сè на Себе: Се Дадов Себе си - тоа е она што Јас го Дадов.

Никогаш не Направив ниту еден чекор надвор од Мојата Желба да ја Примам вашата праведна казна. Ја Примив во полна мерка. Секој момент беше исцрпувачки и вистинска тортура. Јас бев како Јагне пред кучиња. Ништо не остана од Мене кога се беше завршено. Цената беше платена во целост.

Псалми 22:16. Кучињата многу ме опколија, цела чета од злочинци се врти околу мене; ми ги пробија рацете и нозете.

Не одбивајте ја оваа висока цена, која Ја Платив за вашите престапи. Ако ја одбиете оваа понуда нема да добиете друга шанса за простување за вашите гревови. Не постои друг начин за  простување на гревовите. Иако луѓето бараат такво нешето-тоа не постои. Јас Сум Единствениот Начинот за плаќање: Мојата Пролеана Крв, Моето Страдање на Крстот, Моето скршено Тело, Моето скршено Срце. Јас ја Платив вашата цена, ја Примив вашата казна, и го Направив тоа според Мојата Слободна Волја, така што да можете да уживате во изобилното дружење со Мојот Отец, со Мене и Мојот Дух. Тоа е она што Јас го Поднесов и причината зошто го Направив тоа.

Евреите 13:12. Па затоа и Христос, за да ги освети луѓето со крвта Своја, пострада надвор од градските порти.

Ова е Скапоцен Подарок, деца Мои. Не може да се стави цена на Него - нема цена која би била доволна. Затоа, не сметајте Го за безвреден и не тривијализирајте Го. ТретирајтеГо овој Подарок со почит. Не постои поголем дар од овој, што ви е Понуден од страна на Вашиот Бог.

Деца, Јас не Барам да платите за овој подарок. Не постои сума што можете да ја платите, која би можела дури и приближно да ја одрази Неговата Вредност. Тој е Бесплатен – Даден е бесплатно и достапен ви е да Го земете. Не отфрлајте ниту одбивајте таков Огромен Подарок од Вашиот Понизен и Великодушен Бог.

Одбивањето на таков Голем Дар ќе ви донесе вечна казнаи. Отфрлањето на Таквиот Подарок ќе ви донесе вечен пекол. Дали ви е јасно тоа, деца Мои?  Затоа, не однесувајте се со Овој Подарок така невнимателно. Однесувајте се грижливо кон Него, бидејќи тоа е Најскапоцената Понуда од страна на Вашиот Бог за ваше спасување и вечна слобода од проклетството на пеколот.

Евреите 10:29. Тогаш, колку ли потешка казна, мислите, ќе заслужи оној, што го подгазил Синот Божји и ја сметал за нечиста крвта на заветот, преку која е осветен, и Го похулил Духот на благодатта?

 Ова е Редок Дар, навистина. Малкумина во овој свет Го почитуваат и Го ценат. Малкумина ќе чекорат по Моите улиците од злато, поради нивниот неразумен однос кон Мојот Голем и Благодатен Дар за човештвото. Не мамете се! Да се однесувате негрижливо со толку Голем Дар е многу опасно. Затоа, имајте го во срце, негувајте Го и почитувајте Го Мојот Подарок и радувајте се заради Него, бидејќи преку Него имате вечно спасение, надеж и вечен живот во Величественотот Царство Божјо.

Мојот Подарок за човештвото само Јас Можев да Го Дадам и само Јас го Постигнав она што ниту една друга жива душа не можеше да го постигне. Ви ја Давам слободно и неповратно Мојата Љубов, Мојата Љубов, поголема од која било друга позната љубов.  
Дојдете и вечерајте со Мене на Мојата трпеза на Љубовта и искусете Љубов, каква што не сте добиле од никого досега. Ви ја Давам бесплатно. Ова е Понуда што се добива е еднаш во животот. Земете Ја ... Земете ја слободно. Нема секогаш да ви биде достапна.

Ова е Мојата Љубовна Понуда Излеана пред вас. Нека дојде секој, кој сака ...

ГОСПОД YAHUSHUA

СЕМОЌНИОТ КРАЛ

ПОКОРНОТО ЈАГНЕ

ДАДЕНАТА ЖРТВА

ГЛАВА 14
СВЕТОТ СЕ ЗАВРТИ ПРОТИВ МЕНЕ

Да започнеме, чедо мое. Деца, Сакам да се Обратам на светот, кој се сврти против Мене. Овој свет се сврти против Мене и она, за што Јас се  Залагам. Тој стана ужасен и непогоден за живеење.

Јаков 4:4. Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли дека пријателството од овој свет е непријателство на Бога? Оти, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога.

Деца Мои, овој свет е исполнет со грев. Нема каде да се обратите за светост и вистина. Дури и Моите Цркви се оддалечени од Мене. Дури и оние кои тврдат дека Ме Познаваат се далеку. Тие се Држат подалеку од Мене. Јас не Сум  Консултиран дури ни од страна на Моите сопствени лидери. Тие не Ме бараат. Тие не Ме познаваат. Нивните цркви станаа дувла на беззаконие, бидејќи тие проповедаат лажни пораки. Тие ниту Ме знаат, ниту се грижат да Ме запознаат. Јас Сум Непознат Бог.

Светот нема време за Својот Бог. Тој посегнува по Мене само во говорот, но не и во Вистината. Овој свет е полн со лажговци и крадци, луѓе кои се фалбаџии и идолопоклоници, кои го бараат светот и световните патишта, но никогаш Патиштата на Својот Бог.

Колку е тажно за оние кои не Ме знаат, а велат и мислат дека Ме познаваат. Јас Сум Бог, Кој Може да биде запознаен. Јас не Сум Скриен за оние кои Ме следат. Јас не Сум Непознат за оние кои доаѓаат блиску до Мене во смирена покорност. Јас Сум им Познат на таквите.
Приближете се кон Мене и Јас ќе се Приближам кон вас.

Псалми 73:28.  А мене ми е добро да сум со Бога, на Господа ја полагам надежта моја, за да ги вознесувам сите похвали Твои кај портите на ќерката Сионова.

Деца, каде и да се свртите, злото демне. Не постои нешто во овој свет, што не е подготвено од страна на непријателот да ве оттурне настрана од патеката, на која можете да сте близу до Мене, вашиот Бог.

Светскиот систем е поставен така што да ги попречи Моите деца и да ги држи подалеку од Мене.

Ако Мојот непријател може да ве држи окупирани со пониски богови и идоли тогаш не можете да Ме барате и да ја најдете својата вистинска патека до спасот од Мене, Моето осветување и Мојата Слобода.

Ова е планот на непријателот, да ве види да не успеете, да предизвика да го пропуштите спасувањето, и да го изгубите местото во Моето Царство. Светскиот систем е врзан за плановите на Мојот непријател. Сè е ориентирано кон себичност и самоисполнување, а не барање на Господа, потрага по Господа, наоѓање на Господа. Тој не сака да започнете да Ме барате. Тој сака да бидете заклучени во еден систем, кој учи дека: "егото" е најважно, потпирајте се само на себе, планирајте ја сами својата иднина, не верувајте никому, освен на самите себе.

Ова не е Мојот Начин, деца. Мојот Начин, Мојата Волја ви Вели следете Го Бога, потпирајте се на Бога, барајте ја Божјата Волја, Божјиот Пат.

Кога ја барате својата сопствена волја, планови, вие сте надвор од Мојата Волја, а тоа е Грев. Вие живеете во грев, ако сте надвор од Мојата Волја.

Како можете да ја знаете Мојата Волја за вашиот живот ако не Ме барате Мене и ако не Ми предадете сè свое на Мене? Мора да ги оставите сопствените планови, своите патишта и да Ми Дозволите да го Насочам вашиот живот. Само со чекорење во Мојата Волја за вашиот живот ќе можете навистина да доживеете слобода и мир, мирот, кој Јас го Давам.

Следењето на вашиот пат надвор од Мене, ќе ве доведе до уништување. Никогаш нема да бидете во можност да се ослободите од гревот. Мојата Волја е да сте исполнети со Светиот Дух и да имате лампи полни со масло. Ова е единствениот начин да сте подготвени за Моето скоро Доаѓање, да бидете спасени и безбедни.
Деца, мора да се разбудите. Ова е Вистината! Не постои друга Вистина!


Матеј 25:4  а мудрите, заедно со светилниците, зедоа во садовите свои и елеј

ГЛАВА 15
ЛИДЕРИТЕ НЕ МЕ СЛЕДАТ

Да Започнеме повторно.  Деца Мои, Јас Сум во агонија заради овој свет што има толку малку почит кон Мене.

Воопшто не Сум Почитуван. Малкумина се оние од Мојот народ кои Ме повикуваат - оние кои ги водат Моите стада. Тие си прават сопствени планови сосема надвор од Мене. Јас не Можам да се Потпрам на нив. Тие не им ја кажуваат Вистината на нивните луѓе, туку само она што тие веруваат дека луѓето сакаат да го слушнат.

Не  постои место каде што Мојот народ би се обратил за да ја најде Вистината. Тие мора да дојдат кај Мене! Тие ќе бидат доведени во заблуда во нивните цркви. Тие ќе бидат збунети од она што изгледа нормално и исправно, така што ќе паднат во стапиците на раздор поставени за нив, од страна на Мојот непријател.

Тој сака тие да веруваат дека можат да се потпрат на зборовите на нивните лидери и дека нужноста да Ме бараат надвор од тоа е непотребна. Само што, вистината ќе може да ја најдете преку редовното миење во Моето Слово. Ова бара дисциплина. Деца Мои, вие сте Мои ученици, а учеништвото бара дисциплина. Ако сте премногу зафатени со разните одвлекувачи на внимание во светот, како може да се надевате дека ќе бидете во Мојата Волја, деца? Не може така. Јас не Сум Бог, Кој ќе Дозволи да биде Непочитуван или Отфрлен.

Овој свет започнува да ги согледува ефектите од одрекувањето од Својот Бог. Ако се оддалечите од Својот Бог ќе се соочите со последици, тешки последици. Јас нема да Бидам Нежен со оние, кои дошле блиску до Мене, а потоа започнале да го бараат светот, верувајќи дека тој е подобра алтернатива од Мене. Ова воопшто не е мудар потег за да го изберете. Сепак, тоа е она што светот сега го прави: отфрла секаква надеж, служејќи си на себе и барајќи сопствени патишта.

Дојде часот за Моето скоро Доаѓање. Каде се наоѓате деца Мои? Дали сте со Мене или сте се оддалечиле од Мене, приближувајќи се кон светот? Светот ви нуди безнадежност. Овој свет пропаѓа, се распаѓа, ова е изгубен свет, а изгубен е поради тоа што не го бара Бога за своите одговори.

Во овој момент, со светот владеат демоните, преку сите видови на средства: преку пораките што ги примате; преку светскиот поредок, кој е воспоставен; преку црквите кои се заведени.

Само на Моето Слово може да се потпрете - Тоа е Непроменливо. Фокусирајте се на Моето Слово. Задлабочете се во страниците на Бибијата. Најдете време да Го прочитате Моето Слово. Поминувајте време со Него. Молете Му се на Мојот Свет Дух да ви ја Открие целата Вистина. Тој ќе го Стори тоа, ако го прашате искрено. Тој Копнее да ве Доведе до Вистината. Тоа е Неговата најголема желба -да бидете доведени до Вистината и исчистени преку Моето Слово.

1 Коринтјаните 2:13. па тоа и го проповедаме не со зборови, научени од човечка мудрост, туку научени од Светиот Дух: толкувајќи го она што е духовно на духовни луѓе.

Деца, не дозволувајте овој свет да ви навлече пајажина на очите. Не дозволувајте непријателот да ве заведе, како што повеќето се заведени. Бидете внимателни. Дојдете во Мојата Светлина. На​​хранете се со Вистината од Мојата Света Рака. Копнеам да ве Нахранам со Вистината: да ве Нахранам со учењата од Мојот Збор. Дозволете Ми да ве Донесам во Мојата Светлина. Дозволете Ми да ви го Покажам она, што никогаш досега не сте го знаеле. Имам толку многу работи да  Споделам со вас. Сакам да ве Извлечам од темнината.

Ова е време да ја дознаете Вистината неразредена и неполовична. Не би сакале да го ризикувате своето спасение.

Затоа, дојдете кај Мене! Извикајте по Вистината! Јас ќе ви ја Дадам Вистината, непроменливата Вистина.

Сега деца, сега е часот! 

Јас сум YAHUSHUA, Создателот на сите. 


ГЛАВА 16
НАСТАПИ ЧАСОТ НА МОЕТО ВРАЌАЊЕ

Да започнеме, ќерко. Настапи часот, деца Мои, за Моето Враќање. Бидете сигурни дека овој час ќе дојде како што сте сигурни дека ноќта ќе се претвори во ден. Доаѓам и ништо нема да го сопре овој настан.

Мора да сте свесни за важноста на овој настан. Тој ќе предизвика последици за сите: Нема да постои ни една жива душа на земјата,која нема да биде засегната на некој начин.

Ќе постојат едни, кои ќе заминат со Мене во Блаженство и други, кои ќе се соочат со целосно уништување и огромна загуба.

Начинот на кој ќе се соочите со овој настан е ваш избор - како ќе го доживеете овој настан ќе биде ваша одлука. Ќе дојдете ли со Мене кога ќе ја Изведам Мојата Невеста на безбедно или ќе изберете да бидете оставени и да се соочите со најлошото: со Мојот излеан гнев и со Мојот непријател во полна сила? Сега ова изгледа како толку едноставен избор - но малкумина избираат да дојдат со Мене на безбедно. Малкумина Мене Ме бараат или веруваат дека времето за Моето Враќање е навистина близу. Што мислите, зошто е тоа така деца Мои? Така е затоа што гревот ги има обземено во најголем дел. Тие станаа премногу прилагодени и навикнати на овој грев што го исполнува светот, љубејќи ги световните однесувања и со желба да учествуваат во световните работи со голема подготвеност. Тие не Го читаат и не Му веруваат на Мојот Збор. Тие не Ме Бараат за да ги добијат Моите Одговори. Го ценат светот и луѓето многу повеќе.

Деца, Јас не Можам да ги Спасам оние, кои нема да се свртат кон Мене во скромна, детска покорност. Доколку не Ми се предадат во целост, не Можам да ги спасам, кога ќе дојде време Јас да ја Отстранам Мојата Црква. Таа ќе биде земена, а вие ќе бидете оставени. Тогаш Моите деца, кои ќе бидат оставени ќе мора да се соочат со Мојот непријател. Тоа ќе биде голем час на темнина. Нема да може да се најде олеснување.

Марко 10:15: Вистина ви велам: кој не го прима царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него.”

Се уште имате можност да се Ми се вратите, во овие  последни денови пред Моето скоро Доаѓање. Ако Ми се предадете, ако ја покорите вашата волја на Мене,  Јас ќе ве Направам нова личност и ќе ве Подготвам за Моето Царство.

Гледам дека само малкумина се подготвени да ги направат овие чекори, само мал дел од населението навистина Ме бара на она ниво на интимност, кое Јас го барам. Само малкумина ги доверуваат своите животи на Мене. Повеќето ги предаваат своите животи на светот и на изопаченото човечко размислување.

Деца ќе мора да се вразумите! Јас Сум Единствениот, Кој Може да ви помогне.
Не постои друго место кон кое би се свртиле. Да, вие можете да се свртите кон светот, но тој сега е во безнадежна состојба и секој ден тоне сè повеќе.

Мора да дојдете кај мене сега додека сте живи. Дојдете кај Мене! Не мамете се по она што сега ви изгледа нормално.

Изгледот може да залажува. Светот не може да постои без Мене. Јас Сум Морален Компас - без Мене и Моите вечни Патишта, овој свет нема да може да се одржи со својот расипан морал.

Деца Мои, наскоро, многу наскоро сето тоа ќе се случи: Моето скоро Доаѓање. Не Сакам да бидете изгубени или оставени. Сакам да дојдете до Мене. Ова е Мојата покана за вас. Сакам да дојдете заедно со  Мене. Чекорете по тесната Патека со Мене. Дозволете Ми да ви Помогнам. Дозволете Ми да ве Одведам... Фатете Ме за Раката.

Не пропуштајте ја големата шанса да станете Невеста. Таа е убава и подготвена.


Јас ја Сакам Многу. Таа е Мојата слатка црква, која Ме Сака повеќе од сите други. Таа сведочи за Мене. Јас Сум и’ "СÈ во сè." Доаѓам да ја Спасам од ужасите што доаѓаат. Таа ќе биде наполно поштедена од сето она што доаѓа, пречекана со Моите раширени Раце. 


ГЛАВА 17
ЗА АНТИХРИСТОТ

Да Започнеме. Деца, Сакам да Зборувам за нешто ново денес: Сакам да Зборувам за Антихристот и неговото владеење и власт на земјата. Наскоро ќе дојде на земјата за да владее и царува – се’ ќе се промени.
Земјата никогаш немала таков тиранин како него. Тој нема да држи затвореници. Тој ќе биде склон кон уништување. Секој кој му застане на патот ќе осети што значи уништување. Тоа ќе биде многу темно и мрачно време.

1 Јован 2: 22. Кој е лажец, ако не оној, што одречува дека Исус е Христос? Тој е 
антихрист, што Го одречува Отецот и Синот.

Оние кои ќе го изговорат Моето Име ќе бидат презени. Моето Име ќе значи смрт. Многумина од Моите ќе имаат страв да го Споменат Моето Име. Ова ќе се случува насекаде низ светот. Тоа ќе биде ширум распространет терор, масовно уништување. Светот никогаш не доживеал такво уништување.

Откровение 20:4. И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат, а и душите, чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо, а и оние, што не му се поклонија на ѕверот, ниту на ликот негов, и не примија белег на челата свои и на рацете свои; и оживеаја и царуваа со Христа илјада години.

Антихристот ќе дојде во време кога светот ќе биде во потрага по одговори и решенија во време на рестечкото зло и уништување, кое ќе настане по Вознесението на Мојата Невеста. Овој настан набрзо ќе се случи. Светот ќе доживее неволја каква што никогаш порано не доживеал.

1 Јован 4:3. А секој дух, што не признава дека во плот дошол Исус Христос, не е од Бога; тоа е духот на антихристот, за кого сте слушале дека иде, па и сега е веќе во светот.

Антихристот ќе се обиде да ги елиминира сите, кои чекорат по Моите Патишта, кои го имаат Моето Сведоштво. Антихристот ќе нареди имплементација на  жигот на ѕверот, како прва наредба, со цел да воспостави контрола над луѓето.
Оние кои нема да подлегнат на неговите барања да го земат жигот ќе бидат елиминирани како луѓе кои се противат на системот. Оние што ќе го земат жигот ќе ги исмеваат и ги прогонуваат оние кои го одбиле. Тоа ќе биде најмрачен час. Оние кои доброволно ќе го земат жигот ќе бидат засекогаш изгубени. Тоа ќе значи припадништво на системот на антихристот.

Откровение 14:11. Димот од мачењето нивно ќе се издига во сите векови; нема да имаат мир ни дење, ни ноќе оние, што ќе му се поклонат на ѕверот и на неговиот образ, и што ќе го примат белегот на неговото име!”

Деца ќе мора јасно да се размислите за својата желба да ги игнорирате овие предупредувања и она што набрзо ќе се случи на земјата за крато.
Настапи часот за Моето Враќање по невестата, по оние кои ќе бидат спасени - Мојата вистинска црква. Овој час забрзано се доближува, како што се наближува и стапувањето на сила на антихристовиот систем.
Антихристот ќе биде безмилосен и жеден за крв. Тој нема да дозволи било што да му застане на патот. Тој е полн со гнев и желба за моќ. Луѓе воопшто не му се важни. Тој воопшто нема сочувство за било кого - тој само живее за да се види себе си како владее и царува над земјата.
Тој ќе биде склон кон уништување за да ги донесе своите сили на власт. Ништо нема да го запре се додека Јас повторно не се Вратам на земјата за да ставам крај на сето тоа. Тогаш и само тогаш ќе биде запрен. Ништо друго нема да го запре. Нема човек, ниту организација што ќе може да го запре. Тој ќе биде незапирлив во своето злo.

2 Солунјаните 2: 8. тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ Исус ќе го убие со здивот на устата Своја, и преку блесокот на Своето доаѓање ќе го истреби

Настапуваат лоши времињата. Зад сцената, се поставуваат планови за овој систем да влезе во игра. Расчистен е патот за подемот на ова зло.
Наскоро, населението кое ќе биде оставено по Вознесението на Црквата ќе го разбере уништувачкиот систем на антихристот и контролата што ќе им биде наметната.
Млаката, оставена Црква тогаш целосно се сфати што се случило пред нејзините очи. Жалта ќе биде огромна. Многумина ќе попуштат под притисокот на антихристот. Да се следи системот на антихристот ќе изгледа многу полесно, отколку да не се следи. Тоа навистина ќе биде време на тешки одлуки. Многумина ќе знаат во нивните срца што ќе мора да направат и преку храброста и желбата да го видат Моето Царство ќе ја донесат тешката одлука, која ќе мора да ја направат. Нивната вера ќе им донесе доверба дека отфрлањето на системот на антихристот е правилна одлука и избор за Мене, Бог. Многумина нема да го имаат овој вид на вера и храброст. Тоа ќе биде темен час.

Откровение 19:20. Ѕверот беше фатен, а заедно со него и лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, та ги соблазни оние, што беа примиле белег од ѕверот и му се клањаа на неговиот лик: и обајцата живи беа фрлени во огненото езеро со запален сулфур;

Навистина деца, гледајте бргу да се отрезните и да се спасите, - да се подготвите за да бидете спремни.
Овој час се приближува. Вие треба да сте подготвени ... да чекате ... да внимавате... да Ме барате, со очите фиксирани и подготвени за Мене. Јас сум Единствената Врата - Јас Сум Излезот – Јас Сум Вашето Бегство! Јас наскоро ќе ја Отворам Вратата, а потоа таа ќе биде затворена. Ова ќе ви биде една и единствена шанса за да го избегнете она што доаѓа. Ова ќе се збидне. Часот наближува.
Мојата Црква треба да се подготви.

Матеј 25:10. А кога отидоа тие да купат, пристигна младоженецот и спремните влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија.

Антихристот е во залет. Тој прави подготовки да ја зголеми власта. Тој сака да доминира со Земјата. Ништо нема да го запре. Теророт е неговиот прекар. Тој ќе царува во терор и никој на земјата не ќе може да го запре. Неговата моќ доаѓа преку Мојот непријател. Тој е вистинскиот, кој ќе стои зад теророт.
Не потценувајте ја оваа реалност. Ништо не е како што изгледа. Работите изгледаат релативно нормално, но изгледот залажува. И ова е осмислено од страна на Мојот непријател. Тој сака да ве исфрли од патеката. Тој не сака да одите по правиот и тесен пат кон МЕНЕ и Моето Скоро Спасување.
Измамата е на многу високо ниво сега. Многумина се измамени да веруваат дека се е во ред. Ништо не е во ред, деца! Ништо не е во ред! Светот се распаѓа, попушта по шавовите!
Деца, отворете ги очите широко. Освестете се во врска  со она што ќе се случи.
Ајде разбудете се, погледнете наоколу. Задлабочете се во Мојот Збор и потоа погледнете што се случува во светот.
Луѓето Го отфрлаат Својот Бог на сите четири страни на светот, еднострано. Јас не Можам повеќе да го Толерирам тоа. Ја Дигам Мојата Рака на заштита над земјата и Дозволувам да им се исполни желбата, да живеат во свет без Својот Бог, Својот Творец, Создателот.
Јас сум Разумен Бог, но кога светот бара да се Повлечам, Јас ќе го Сторам токму тоа. Тогаш ќе дознаете како изгледаат работите без Моја Заштита! Јас Сум Трпелив Бог, но Трпението Ми  заврши за овие луѓе, кои така Ме одбиваат! Деца, ве Молам... Ве Молам да се вразумите! Дојде кај Мене со потполно предавање.
Дајте ми го вашиот живот. Јас ќе го Прифатам. Јас ќе ве Покријам со Мојата Скапоцена Крв. Јас ќе ве Исчистам со Моето Слово. Часот се приближува. Вие треба да бидете измиени, за да можете да дојдете тука со Мене, кога ќе ја Повикам Мојата Невеста да Ме следи на Безбедното Место. Се уште можете да дојдете. Но, мора прво да се подготвите, затоа подготвувајте се брзо. Овој Настан нема да чека никого. Ништо нема да го запре Моето Враќање.

Јас сум YAHUSHUA ... Големиот Крал ... Понизниот Бог.

Јован 15: 3.. Вие сте веќе чисти преку словото, што сум ви го проповедал.



ГЛАВА 18
СЕ НАБЛИЖУВА ВРЕМЕТО ЗА МОЕТО СКОРО СПУШТАЊЕ НА ЗЕМЈАТА

Да започнеме повторно. Сега е време да Зборувам за нова тема: Деца, пристигна часот за Моето скоро Спуштање на  Земјата. Ова ќе се случи набрзо. Многумина, толку многу се неподготвени, толку многу се отпаднати од верата... толку многу никогаш не ни биле подготвени. Многу промени ќе се случат во светот. Сакам да ве Соочам со оваа вистина.
Деца, пристигна часот за Мето скоро Враќање, но, Гледам дека многумина се неподготвени. Многумина веруваат дека се подготвени, но не се. Многумина од нив се уште „кокетират“ со светот. Не може така, деца Мои. Мора да ја прекинете вашата врска со светот.
Овој свет е брод кој тоне и ќе ве повлече надолу со себе.
Деца Мои, не го Одобрувам времето кое го минувате надвор од Мене, играјќи си со работите од светот. Барате одговори од светот. Не може тоа така, деца Мои.
Гледате во празна надеж ... празни ветувања ... и празна вистина. Вашата загуба ќе биде огромна, ако продолжите да пропаѓате надолу во оваа  празна зајачка дупка. Таа води кон катастрофа.
Зошто упорно верувате дека во светот има некаква вистина за вас, надвор од Мојата Вистина? ЈАС СУМ ВИСТИНАТА!

1 Јован 2:15. Не сакајте го светот, ниту на работите кои се во светот. Ако некој го љуби светот, љубовта на Таткото не е во него.

Деца, слушајте внимателно, времето ви истекува. Имате само малку време да се соземете. Сега е времето да се подготвите. Ако планирате да дојдете со Мене, мора да се фокусирате на Моето Враќање. Мојот непријател се подготвува да го направи својот потег многу наскоро.
Неговите планови ќе бидат променети само со Моето Враќање.

Зарем не гледате, деца Мои дека треба да ги држите очите ширум отворени и да сте подготвени за настаните што ќе се случат? Наскоро, никој нема да остане непогоден од промените што ќе се случат на Земјата. Или ќе дојдете со Мене на Безбедното Место или ќе останете за да се справите со Мојот непријател и гневот што доаѓа.
Овој Ден доаѓа, деца Мои. Тој доаѓа и никој нема да може да го запре. Треба да се подготвувате како што забележувате дека часот се наближува. Тој ќе дојде ненадејно.
Приближете се до Мене и Запознајте Ме. Не постои друг начин. Ако не најдете време да Ме Запознаете, нема да можете да дојдете со Мене на Сигурно.
Ќе мора да Ми предадете сè свое на Мене. Ве Чекам, деца. Кој ќе дојде кај Мене со целосно предавање? Кој ќе дојде да Ме Запознае, вистински да Ме Запознае? Тоа е она што Јас го Барам од вас!
Јас ви Подготвив Излез. Јас ви го Подготвив Патот. Јас ја Платив високата цена за вашиот откуп за Слобода, така што да можете да бидете во можност да Ми се Придружите кога ќе Дојдам по Мојата Невеста. Таа е подготвена и Доаѓам по Неа.
Цената што ја Платив беше огромна. Никој друг не би можел да го направи она што Јас го Направив. Само Јас Можев да го Направам она што го Направив. Само Јас Можев да Платам толку Висока Цена – Бог, Кој се Спушти до нивото да биде Скршен за целото човештвото. Не може да се стави цена на Тој Чин. Нема вредност што може да го одрази вистинското значење на Тој Чин. Нема износ што воопшто би можел да се плати за да ја покрие Цената што е Платена.

Исаија 52:14. Како што мнозина беа зачудени, гледајќи во Него – толку ликот Негов беше обезличен повеќе, отколку на секој човек, и видот Негов – повеќе, отколку на синовите човечки!

Деца, не отфрлајте таков Подарок. Дојдете, Ви Го Давам бесплатно. Внимателно однесувајте се кон оваа Понуда. Таа Чека на вас да ја земете и да бидете слободни, слободни да дојдете со Мене кога ќе ги Повлечам Моите деца на Слобода.
Сето тоа е ваше - ќе мора само да дојдете и да  Ми се предадете. Дајте Ми се што е ваше, во секој поглед. Тоа е она што го Барам од вас. Ако не сте Мои, тогаш станувате Мои непријатели. Вие не си припаѓате сами на себе. Можете да Ми Припаднете или на Мене или на Мојот непријател. Избере да бидете Мои! Јас го Очекувам вашиот одговор.
Ова е Вашиот Господ и Спасител, YAHUSHUA, Великиот Месија!

ГЛАВА 19
ПОДГОТВETE СЕ
(19 Февруари 2012).
Да започнеме.  Деца, Имам многу Зборови да ви Упатам: настапи Часот за Моето Враќање. Треба да се подготвите. Сакам да ве Земам со Мене кога ќе Дојдам по Мојата убава невеста, но ако не сте подготвени, не Можам да ве Земам.
Мора да се подготвите. Покажете Ми дека сте подготвени. Сакам да Ме Очекувате. Сакам сите очи да се свртени кон Мене. Ако не внимавате, не можете да бидете подготвени. Само оние кои внимаваат ќе бидат подготвени.
Евреите 9:28. така и Христос, откако беше принесен еднаш за да ги земе гревовите на мнозина, ќе се јави вторпат без грев, а за спасение на оние кои го очекуваат. 
Некои велат дека тие не треба да внимавате за да сте подготвени. Ова е лага од непријателот. Тој е лукав и исполнет со измама. Тој сака да ги одведе сите Мои деца на погрешен пат и настрана од тесниот пат. Мора да сте подготвени во секое време. Мора да сте будни и е подготвени, бидејќи не знаете во кој час ќе Дојдам. Јас ќе Дојдам како крадец во ноќта. Зарем Моето Слово не Зборува за ова? Моето Слово е јасно во врска со ова. Многумина ќе бидат изненадени, неподготвени и фатени, бидејќи не успеале да бидат будни и да се подготват.
Не дозволувајте да се најдете меѓу оваа група луѓе, кои одбиваат да ги послушаат Моите Предупредувања да внимаваат и да се подготвени. Тие ќе бидат тажни и покосени од сознанието дека се оставени и дека треба да се соочат со најлошото: нереди во човештвото и катастрофи на земјата.
Немојте да се повлекувате и да останете неми на овие Мои Предупредувања. Подгответе се... Живнете ... Разбудете се!
2 Тимотеј 4:8. Отсега натаму ми е подготвен венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној Ден Господ, Праведниот Судија, и не само мене, туку и на сите, кои го возљубија Неговото јавување
Деца Мои, дозволувате дури и вашата служба во Црквата да се застане на патот на  подготвеноста за овој најважен настан. Многу цркви и многу од моите лидери ќе бидат оставени. Не дозволувајте да се фатите во оваа стапица. Бидете будни. Бидете подготвени. Бидете внимателни.
Не дозволувајте вашата куќа да биде провалена. Не стојте мирно како сеирџии, гледајќи како крадецот ви упаѓа во куќата. Чуварот, кој не е подготвен е затекнат кога крадецот доаѓа ненадејно, па затоа, осигурајте се, бидете подготвени. Затоа што не знаете во кој час ќе Дојдам да ја Отстранам Мојата црква.
Мatej 24:42-44.Затоа, бдејте, зашто не знаете кога ќе дојде вашиот Господ! А знајте го ова: ако домаќинот би знаел во која ноќна стража ќе дојде крадецот, би бдеел и не би дозволил да му се поткопа куќата. Затоа и вие бидете готови, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, кога не мислите.
Откако ќе Дојдам за да ја Отстранам Мојата црква, Мојата невеста, нема да се Врати на тој начин повторно. Вратата ќе се затвори и никој не ќе биде во можност да ја отвори.
Лука 13:24-25. ”Борете се да влезете низ тесната врата, зашто ви велам: мнозина ќе настојуваат да влезат, но не ќе можат. Кога домаќинот ќе стане и ќе ја затвори вратата, а ако вие останете надвор и почнете да чукате на вратата и да говорите: „Господи, отвори ни!” Тој ќе ви одговори: „Не знам од каде сте!”
Mоето Враќање е сигурено и брзо. Јас нема да го Одложувам овој настан заради било кого или било што. Тој Настан доаѓа, сигурно доаѓа. Утре може да биде предоцна, ете колку блиску е Моето Доаѓање. Не одлагајте со донесувањето одлука и подготовувањето за Моето скоро Враќање. Ако чекате премногу долго - ќе го пропуштите овој Настан.
Сега воопшто не е време да се опуштате и да заталкате по патиштата по кои оди светот.
Деца, не задоцнувајте со донесувањето одлука за Мене. Јас нема да Чекам вечно Мојата млака црква да се разбуди.
Внимавајте на овие Зборови. Јас нема вечно да ја Чекам црквата, која одбива да Ме Прегрне и да Ме бара само Мене. Не може така.
Моите Планови ќе се остварат и Јас ќе ги Земам Моите кои се подготвени: оние кои напорно Ме бараат и очекуваат. Тоа се тие, што ќе ги Земам со Мене - сите други ќе бидат оставени.
Жал Ми е ако овие Зборови ви звучат грубо, но Моите Предупредувања беа јасни и доследни. Зошто луѓето веруваат дека нема да Бидам Доследен на Моите Зборови и Моите, О 'безброј многу пати повторени Предупредувања? Зарем Јас, Бог не Сум бил отсекогаш Постојан? Јас не се Менувам.
Евреите 13:8. ИСУС ХРИСТОС e ист вчера, и денес, и довека.
Бидете подготвени, како што Јас Сум Подготвен да се Вратам по Мојата сакана. Јас Сум Подготвен да ја Земам. Ако сакате да сте дел од неа, тогаш – подгответе се! „Сега“ е часот да се подготвите.
Времето залудно изминува. Внимавајте и бидете подготвени.
Ова се Мои Зборови. Јас Сум Верен на Моите Зборови.
Вашиот Господ, YAHUSHUA.

ГЛАВА 20
ВРЕМЕТО Е РЕЧИСИ ИСТЕЧЕНО

 (20 февруари 2012 година).
Да Започнеме. Подготвен Сум да ви Дадам Зборови: Деца, тоа Сум Јас, вашиот Господ и тука Сум за да ви Дадам нови насоки.
Светот забрзано оди кон својот крај. Доаѓа времето светот наскоро да се соочи со Мојот Гнев. Овој час се доближува многу брзо деца, со брзо темпо. Остана сосема малку време на часовникот. Проблемите во светот се зголемуваат. Наскоро сите ќе станат свесни за тоа, многу наскоро.
Откровение 14:10. и самиот ќе пие од виното на Божјиот гнев, што е налеано чисто во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде мачен со оган и сулфур, пред светите ангели и пред Јагнето:
Деца, треба да седнете и да обрнете внимание. Не занемарувајте ги овие – толку важни Предупредувања. Бидете будни во подготовките. Моето Враќање е блиску. Има толку малку драгоцено време, така што не смеете да го губите. Мора да се разбудите. Не Можам да Чекам засекогаш на вас, деца. Не Можам.
Мора да ја Одведам Мојата невеста и да си Заминам. Таа е подготвена. Таа се подготви. Сакам да сте подготвени и вие, останатите Мои деца, исто така. Дојде кај Мене во смирена покорност. Ова е часот на Моето скоро Доаѓање.
Не чекајте засекогаш. Немате "засекогаш"! Вашето време е речиси истечено.
Знам дека ова ви звучи шокантно и тешко ви е да поверувате, но вистината е дека е дојдено времето многу набрзо да ја Отстранам Мојата невеста. Таа е подготвена. Јас Сум подготвен, а светот Ми го сврти грбот еднострано.
Многу наскоро, Мојата невеста која чека нема повеќе да чека, ниту ќе ја Оставам  да се соочи со она што наскоро ќе дојде на сите оние на земјата, кои се свртеа против Мене. Таа се подготви и дојде часот за нејзина евакуација на безбедно место.

Откровение 19:7. Да се радуваме и да се веселиме и да Му воздадеме слава, зашто дојде Јагнетовата свадба и Неговата жена се приготви.  

Ова ќе биде највеличествениот Настан воопшто запишан во историјата на човештвото, досега.
Деца направете ги потребните подготовки за да заминете со Мене. Придружете Ми се во воздухот. Сакам да бидете изведени заедно со Мене. Јас ќе ве Заштитам од она што доаѓа. Наскоро, многу наскоро, сето тоа ќе се збидне.
Не мамете се да мислите дека работите изгледаат нормално и добро. Многумина ќе се држат до светот, како тој да ги има сите одговори. Во него ќе има само терор и тага, и тоа многу наскоро.
Не ужаснувајте се од овие предупредувања. Наместо тоа, прифатете ги како вистина.
Земете ја Библијата. Проучувајте ги Нејзините страници. Нека Вистината ви се разоткрие пред вас, Мојата Вистина.
Барајте Ме Мене, барајте Го Мојот Дух. Нека Мојот Дух ви ја Покаже Вистината. Овозможете Му да Влезе во вашиот живот и да ви Даде свежо, остроумно разбирање на Мојот Збор. Луѓето не можат да ви ја покажат Вистината, само Мојот Дух Може!

1 Коринтјаните 2:11-14. Зашто, кој од луѓето знае што е во човекот, освен човечкиот дух, кој е во него? Така никој не знае што има во Бога, освен Божјиот Дух. А ние не го примивме духот на светов, туку Духот, Кој доаѓа од Бога, за да знаеме што Бог милостиво ни дарува. Па и тоа не го зборуваме со зборови научени од човечката мудрост, туку со зборови научени од Духот Свети, споредувајќи ги духовните работи со духовното. А душевниот човек не го прима она што е од Божјиот Дух, зашто тоа е безумство за него, и не може да сознае, зашто за тоа треба да расудува на духовен начин.

Деца, часот изминува. Дозволете Ми да Работам во вашите срца. Дозволете ми да ве Исчистам со Мојата Откупна Крв. Дозволете Ми да ги Покријам вашите гревови со Мојот Совршен Откуп со Крв, платен во целост од Моја страна на крстот, срамниот крст, каде што Искрварив до смрт за вашите гревови. Го Направив ова за вас, Деца Мои. За секој од вас - Јас Крварев за сите – за сите, кои ќе посакаат да го добијат овој Подарок.

Филипјаните 2:8. И откако се најде во лик како човек, Тој се понизи Самиот Себе и стана послушен до смрт, дури и до смрт на крст.

Да, го Направив тоа според Мојата Љубов и Желба да го Спасам човештвото во овој свет, што заради своите гревови потпадна под проклетство. Сега ова е ваш Подарок ако решите да го земете и со тоа, да добиете целосно помилување за вашите гревови.
Мора да го сакате тоа, секако. Мора да дојдете кај Мене во целосна покорност. Сакам да  Видам дека се оддалечувате од вашата наклонетост и љубов кон светот. Не можам да ве Земам во Моето Царство, ако се уште сте во љубовна врска со овој свет.
Па така, имате избор што треба да го направите: Ќе чекорите ли по Моите Патишта или ќе одите по своите патишта, со Мојот непријател? Не постои неутрален терен - или одите по едниот или по другиот пат, според вашата волја или според Мојата Совршена Волја за вашиот живот. Ова е избор што мора да го направите.
Ако дојде во мојата совршена волја, мора да дојдете кај Мене во потполна покорност и длабоко покајување за сторените гревови. Јас ќе ги Покријам со Мојата Крв и ќе ви ги Изгришам гревовите од минатото. Сите записи ќе бидат уништени и вашиот живот ќе биде како нов.

Евреите 13:12. затоа и Исус, за да го освети народот преку Својата крв, пострада надвор од градската порта.
Ова е она што ве чека, ако дојдете со Мене во скромна предаденост и покајание за претходните гревови. Сега е час за оваа одлука. Не чекајте. Дојдено е времето за Моето Враќање. Никој не може да го запре ова.

Треба да сте подготвени. Подгответе се. Чекам на вашиот одговор.

Ова е вашиот Стрплив, Полн со Љубов Бог, YAHUSHUA




ГЛАВА 21
НАДВОР ОД МОЈАТА ВОЛЈА, ВИЕ РАБОТИТЕ ПРОТИВ МЕНЕ

Да почнеме, ќерко Моја. Деца Сакам да зборувам со вас за една нова тема.
Многу наскоро деца, Јас ќе Дојдам да ја Отстранам Мојата црква. Малкумина се подготвени ... малкумина чекаат ...внимаваат, па така малкумина и ќе бидат Земени. Ова е сериозно, деца Мои, многу сериозн.
Сосема малку од Моите деца навистина обрнуваат внимание, малку се тие на кои дури им е грижа. Голем дел од луѓето не ја читаат Мојата Книга, не ги практикуваат Моите Зборови, ниту постапуваат според Моите Правила,  кои Јас им ги востановив. Повеќето едноставно прават што сакаат, без да им е грижа што Јас Мислам.
Тие се целосно надвор од Мојата Волја и си ги прават сопствените избори во животот, надвор од Мојата Волја. Кога работите надвор од Мојата Волја, вие работите против Мене. Тажно е деца, што толку многу од луѓето не веруваат во Моето Слово и избераат да го следат светот.
Деца, светот е непријателство кон мене. Не можете истовремено да го изберете и светот и Мене.
Јаков 4: 4  Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли, дека пријателството од овој свет е непријателство на Бога? Оти, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога.
Што значи тоа да се биде дел од светот? Тоа значи дека го барате светот за да ги добиете сите ваши одговори: му верувате на светот за вашата безбедност во иднина, мислејќи дека тој ги има сите одговори за вас. Ова е лажна безбедност – да барате одговори од луѓето – од луѓето, кои не знаат ништо за иднината. Само Јас, Бог Знам што носи иднината. Светот бара одговори од луѓето и демоните. Светскиот систем е систем на Мојот непријател. Тој сака да го одврати вниманието на Моите деца со секакви работи, за да никогаш не Ме бараат мене за да добијат одговори, така што никогаш нема да посакаат да ме Запознаат на еден близок, личен начин. Тоа е опасно, деца Мои.
Псалм 20: 7. Едни – со коли, други – со коњи, а ние со името на Господа, нашиот Бог, се фалиме
Тој сака да останете оддалечени од Мене, за да може да ве зароби и уништи.
Тој ќе ги користат сите можни методи за да ве примами да се оддалечите од Мене. Тој ќе ја искористи вашата работа како пастори, вашето семејство и вашата потрага по пари и богатство, забава, разонода и се што може да замислите. Неговата стратегија е да го одврати вашето внимание подалеку од Мене и да ви го насочи на било што друго.
Ова се неговите планови да ве уништи и тој е успешен со повеќето луѓе. Само мал дел навистина Ме следат Мене, Ме Бараат и доаѓаат по Мене. Тие ја претставуваат Мојата вистинска црква. Овие се Моите вистински ученици, кои го положија својот живот за да Ме следат.
Зошто упорно го следите светот, кога Јас Сум Единствената Вистинска Совршена Светлина? Јас Сум Вечен Живот. Јас ви Дадов живот, Јас и ве Одржувам во живот. Јас Сум Оној, Кој го Чува вашиот живот. Јас Сум Оној, Кој Дава живот и го Зема животот - никој друг.
Јов 12:10. Во чија рака е душата на секое живо суштество, и здивот на целото човештво.
Зошто истрајувате во намерата да Ме занемарувате Мене и да барате други љубовници, празни љубовници? Си копате јама за себе – и тоа таква, од која не ќе можете да излезете.
Дојдете кај Мене. Покајте се и предајте Ми го животот. Само Јас ги Имам сите одговори. Само  Јас Можам да ги Исправам нештата за вас. Само Јас го Држам клучот за вашата иднина. Ајде Запознајте Ме на еден интимен начин. Донесете цврста намера да Ме следите и Јас ќе ви го Дадам клучот на Царството. Овој свет нема ништо за вас, само мака, разочарување, а наскоро и смртта и уништувањето доаѓаат кон оваа планета.
Престанете да ги насочувате  вашите надежи кон овој мртов свет – мртов, поради тоа што не Ме признава како Господ и Господар на секоја влада во светот.
Сите светски лидери си следат некои свои верувања, отфрлајќи Ме Мене како Неприкосновен Господ и Создател. Ова е одвратно и Јас нема да Дозволам ова да помине така лесно.
Светот не се тресе од страв пред Мене, па затоа ќе мора наскоро повторно да ги научам Кој Сум Јас. Ќе го Земам Мојот мал остаток на вистински верници на безбедно место и тогаш светот ќе сфати дека Јас Сум Бог, со Кој ќе треба да се пресметаат, а не Некој Кого можат да го занемарат. Набргу потоа, Јас ќе ја Кренам Раката на заштита и Мојот непријател ќе почне да  оперира на земјата во полна сила - тој и неговата армија на ѓаволи. Тоа ќе биде мрачен период за жителите на земјата.
Псалм 111: 10. Почеток на мудроста е стравот од Господа; здрав разум имаат сите, кои според неа постапуваат. Похвалата Негова пребива вечно.
Што да Направам за да ви ги Доближам овие вистини до вас?  Сето тоа е запишано во Мојата Книга, но само малкумина имаат желба да ја знаат вистината. Повеќето од луѓето патуваат наваму-натаму низ земјата, бараат знаење и мудрост, но никогаш не доаѓаат до Вистината.
Даниел 12: 4.  А ти Данииле, сокри ги овие зборови и запечати ја оваа книга до последното време; мнозина ќе талкаат овде-онде обидувајќи се да разберат што се случува.
Ова е тажен час за човештвото; Луѓето го  насочуваат вниманието  кон светот и не сакаат да имаат никакво познавање за Својот Создател. Ова е тажно време за човештвото. А ефектите од вашата намера да Ме занемарите Мене, Вашиот  Бог се очигледни: неконтролирано зло - криминал, болест, смрт, економски катастрофи, војни и гласови за војни. Ова се проблеми, кои луѓето сами на себе си ги наметнаа, со тоа што се оддалечија од својот Бог и се свртија кон светот.
Деца, вратете Ми се! Се уште не е доцна. Јас ќе ве Примам! Ве Чекам. Потрчајте кон Моите Раце. Дојдете и тргнете по Мене. Се уште Можеме да Бидеме заедно за сета вечност. Во состојба Сум да ве Направам да бидете Мои! Можете да дојдете во Моето Царство и да уживате во вечен живот со Мене таму.
Да деца, можете да одберете дали ќе Ме следите Мене, Вашиот Создател или светот, без Мене.  Ваш е изборот што ќе го направите. Доаѓам набрзо по оние, кои Ме избираат Мене, како нивна Една и Единствена Љубов, оставајќи го светот. Направете го вашиот избор помеѓу Мене и овој свет, бидејќи Мора да Дојдам наскоро и да ги Спасам Моите, оние кои ќе го отфрлат овој свет за да Ме изберат Мене, Својот Бог. Што ќе направите? Јас трпеливо Чекам, но не за долго. Наскоро ќе Немам друг избор, освен да ја Отстранам невестата на безбедно.
Ова е вашиот Господ и Господар, Создателот на светот YAHUSHUA.



ГЛАВА 22
ЗЛОТО ДОАЃА ДА ГО УНИШТИ СВЕТОТ

Да Зочнеме повторно. Деца, ова е Вашиот Татко Кој ви Зборува. Имам Нови Зборови денес, кои Сакам да ви ги Упатам.
Доаѓа огромна бура кон целиот свет и се нарекува "зло". Таа доаѓа да го уништи светот и оние кои живеат во светот.
Таа ќе дојде откога Јас ќа ја Отстранам Мојата невеста на безбедно. Претходно таа ќе биде изведена. Таа нема да биде сведок на ужасите што доаѓаат. Ужасите кои предстојат на земјата ќе ги доведат луѓето до лудило. Ќе ги снајдат неискажливи ужаси. Тоа ќе биде време на чист терор.
Луѓето ќе бидат вџашени и во паника. На никого нема да му се верува, каков ужасен момент го чека.
На сцена ќе се појави Антихристот. Тој ќе дојде во преден план и неговите моќи ќе имаат власт над целиот свет. Никој нема да биде во можност да го запре. Лидерите, кои вие од минатото ги познавате како тирани ќе бидат  бледа сенка во споредба со неговата моќ, доминација и жед за крв. Тој ќе биде неспоредлив во поглед на теророт што ќе го наметне на земјата. Никој нема да биде во можност да се сокрие.
Нема да има каде да најдете засолниште, нема да избегате од неговата ѕверска контрола.
Ќе има само еден излез за време на неговото владеење и власт: смрт и умирање. Ова ќе биде мрачен период за човечката историја.

Откровение 18:4-5. И чув друг глас од небото да вели: „Излезете од неа, луѓе Мои, за да не учествувате во гревовите нејзини, и да не се заразите од раните  нејзини; 5. бидејќи гревовите нејзини стигнаа до небото, и Бог си спомна за неправдите нејзини.

Деца, разбудете се и прифатете ја оваа вистина. Читајте ја Мојата Книга. Читајте ги описите за она што ќе го снајде човештвото. Не дозволувајте да бидете фатени неподготвени. Обезбедете си излез - дојдете во Мојата Широка Прегратка. Јас Сум Подготвен да ве Спасам. Јас Сум Подготвен да ве Земам, да ве Благословам и да ве Воведам во Моето Прекрасно Царство, каде што има вечна Љубов и Убавина. Ќе ве Однесам на Мојата Свадбена Вечера каде ќе се Обединиме и ќе ја Споделуваме нашата Љубов засекогаш.
Не треба да се плашите од иднината.  Не треба да се грижите за тоа што носи утрешниот ден. Треба само да Ми се предадете во потполност. Заветете Ми се со целосна посветеност. Дај Ми се свое: животот, душата, срцето, вашите идни планови. Направи Ме во потполност Ваш Господар. Јас ќе ве Изведам на безбедност.
Толку малку се оние кои доаѓаат, само малкумина сакаат да бидат дел од Мојата голема спасувачка мисија, кога ќе Дојдам да ги Изведам Моите деца на безбедно и да ги Одведам во Моите Небеса.
Ќе добиете нови прославени тела. Тие ќе бидат тела од светлина, од  Мојата Небесна Светлина. Вашите тела ќе зрачат со светлина, вечни, непроменливи, славни. Моите деца, Мојата невеста ќе биде убава, преубава за гледање.
Да, ова трансформација на Мојата црква само што не се случила. Таа никогаш нема да изгледа исто како досега. Таа ќе биде спектакуларна. Оваа трансформација ќе се случи во еден миг. Во еден момент, Мојата црква ќе се промени, ќе се подготви за Својот Младоженец, ќе се приготви за Моето Доаѓање во крајна чистота и светост: ќе биде спектакуларна во секој поглед.
1 Коринтјаните 15:51-54. 51 Еве, тајна ви кажувам; сите нема да умреме, но сите ќе се измениме, 52. одеднаш, во еден миг, при последната труба; ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме; 53. зашто распадливото треба да се облече во нераспадливо, а смртното – да се облече во бесмртно. 54. А кога распадливото се облече во нераспадливост, и смртното – во бесмртност, тогаш ќе се збидне зборот напишан: „Победата ја проголта смртта”.
Таа ќе изгледа величествено во сета нејзина облека. Јас си ја Знам Мојата невеста, Знам дека таа будно внимава и Ме чека Мене. Нејзината вера е силна и доследна. Таа е онаа, за која што Јас Умрев. Таа е онаа, која Ќе го добие Мојот Подарок, бесплатен Подарок за спас на човештвото. Малкумина всушност го сакаат овој Подарок и го бараат. Ова ме Прави Тажен, деца. Јас Крварев и Умрев со ужасна смрт да се спасат сите луѓе. Малкумина го сакаат ова спасение. Малкумина посегнуваат по ова спасение и Ми се посветуваат во целост.
Дојдете деца Мои, не бидете меѓу оние кои се оставени и изгубени. Вразумете се!
Барајте Ме со двете раце испружени. Дотрчајте во Мојата Прегратка, ве Чекаам со раширени Раце.
Часот изминува бргу. Набргу ќе го видите почетокот на добата на зло и големи неволји. Разбудете се бргу! Наполнете ги со масло вашите светилки. Ако не го направите тоа, нема да можете да дојдете.
Матеј 25:4. а мудрите, заедно со светилниците, зедоа во садовите свои и елеј;
Дојдете и примете Го Мојот Свет Дух во сета Негова полнотија. Тој ќе ве доведе во целосна поврзаност со Мене. Јас тогаш ќе Можам да ве Измијам во Мојата Крв и да ги Исчистам дамките на вашата облека, за да бидете подготвени за Моето Царство. Ова мора да го направите за да бидете без набори и флеки на вашата облека; И така, да бидете Мојата убава невеста.
Ефесјаните 5:25-27. Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа. 26. за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото; 27. та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна..
Сакам да ве Донесам на ова Место, на ова Место на Слобода и Вечен Живот. Само дојдете кај Мене во целосно предавање и со тоа ќе Можам да Почнам да ве Подготвам. Не губете време...
Направете го вашиот избор. Дали сакате да бидете оставени или да бидете Изведени на Слобода и Безбедност?
Сега деца, одлучете сега! Сакам да бидете подготвени, навистина подготвени.

Мојата Љубов ве Чека, Вашиот Цар, YAHUSHUA.





ГЛАВА 23
Часот набрзо ќе отчука полноќ

Да Започнеме повторно. Деца, ова е Вашиот Господ Кој ви Зборува. Имам многу Зборови да  Споделам со вас.
Веќе е доцен час, деца Мои. Веќе е навистина доцна. Времето изминува. Часовникот набрзо ќе означи полноќ. Останаа уште две минути...
Ова значи дека имате малку време да се подготвите, Мислам навистина да ги подготвите вашите срца, да се спремите. Ова е час кога се приближи Моето Враќање; Моето Враќање за да ја Отстранам Мојата невеста од тиранијата и гневот што следат. Таа нема да биде заробена во најлошото кое треба да се случи. Јас ќе ја Избавам од мрачниот час што наближува. Таа нема да биде погодена од она што доаѓа.
Мојата невеста е убава и подготвена за Мене, нејзиниот Крал и Кралски Младоженец.
Моите Oчи се само за неа. Нејзината убавина  Ме воодушевува. Таа Ме Маѓепсува со нејзиниот сјај. Неа ја претставуваат подготвените луѓе - подготвени да Го пречекаат Својот Младоженец.
Песна Над песните 4:9. Ти го освои срцето мое, сестричке невесто, го плени срцето мое со еден поглед на очите свои и само со веришката на вратот свој.
Тие се подготвени, тие се подготвија. Тие се измија во Мојата Крв.
Тие се исчистени во Моето Слово. Тие со очекување гледаат кон Мене. Тие секојдневно Ме бараат. Тие се фокусирани и фиксирани за Мене. Ние споделуваме интимност. Се знаеме еден со друг. Мојот народ го положи својот живот пред Мене и ги згасна своите желби за светот. Тој е целосно предаден исклучиво на Мене. Го бара Моето Лице и Мојот Глас. Го знаат Мојот Глас. Јас Зборувам и тој Ме следат. Мојот народ трча по Мене.
Јован 15:19. Да бевте од овој свет, тогаш светот ќе го љубеше своето; но бидејќи не сте од светот, туку Јас ве избрав од светот – затоа светот и ве мрази.
Тие се скапоцени во Моите Очи. Јас ги Водам и тие Ме следат. Нивните животи се одраз на Мојата Светлина во светот. Тие се Мојата слика во светот, во овој изгубен, избледен свет.
Наскоро оваа прекрасна светлина ќе биде отстранета од светот и единственото нешто што ќе остане ќе биде темнината. Сенките ќе надвладеат. Темнината ќе ја обземе земјата насекаде, по сите четири страни на светот. Ќе биде тоа темен ден, навистина.
Вие не треба да бидете тука во тој час. Можете да Ме следите Мене и во целост да Ми се предадете. Јас ќе ве Земам со Мене, ќе ве Заштитам, ќе ве Одведам на безбедно, кога ќе Дојдам по Мојата црква, Мојата слатка црква. Таа е подготвена и Јас ќе ја Заштитам од мрачниот час, кој предстои.
Деца, речиси настапи времето за Моето Доаѓање. Ви остана уште сосема малку време. Мора да сте подготвени. Има уште малку време до крајот. Не губете ни малку од скапоценото време, вршејќи световни работи. Најдете си време да се подготвите.
Барајте Ме со сето свое срце. Покајте се за сите ваши гревови. Сакам да Слушам вистинско покајание на вашето со грев исполнето срце. Срцето го мами човекот. Само Јас Можам да ја Видам внатрешноста на човечкото срце. Само Јас Можам да Погледнам во внатрешноста на коморите на вашето срце, во кои е скриен сиот ваш грев, невидлив за човечките очи.
Еремија 17:9 Лукаво е човечкото срце повеќе од сè и е наполно расипано; кој ќе го разбере?
Дозволете Ми да го Исчистам вашето срце, да го  Измијам. Дозволете Ми да ви ја Прочистам душата. Дозволете Ми да ве Натерам да се подготвите и да застанете пред Мене. Само Јас Можам да го направам ова, деца Мои. Само Јас Сум Способен за тоа.
Само Јас Имам Моќ да ве направам повторно комплетни преку Мојата Крв со Која ве Откупив од вашите гревови. О’ колку Копнеам да го Направам тоа за вас – да ве Избелам и Измијам од гревовите и да ве Направам повторно чисти.
Дела 22:16. И сега, што се чека? Стани, крсти се и очисти ги гревовите свои, призовувајќи го името на Господа Исуса.
Деца, деца Мои, Чекам на вас да дојдете кај Мене, во скромно покајание, покајание од дното на вашите срца. Дојдете кон Мојата Светлина: Примете од Мене спасение, спасот е преку Мојата Крв, со која ве Откупив. Дозволете Ми да ве Исчистам, да ве Подготвам. Само Јас Можам да го Направам тоа за вас. Положете го вашиот живот пред Моите Нозе. Предајте ми го Мене во целост. Не плашете се. Светот се распаѓа. Во него нема одговори за вас, никаква вистина. Тој не е сигурен. Само Јас Сум Карпата. Само во Мене можете да верувате со сиот ваш живот.
Дајте Ми го вашиот живот во целост. Предајте Ми го во целост, па дури и да не ви е сосема јасно што тоа може да значи.
Дајте Ми го на Мене и Јас ќе го Земам од вас, Грижејќи се за вас. Јас ќе ве направам да бидете Моја Скапоцена Сопственост и ќе ве Исполнам со Мојата Љубов, Мојот Дух, и Мојот Мир. Нема да се исплашите од злото кое доаѓа, затоа што Мојот Мир ќе го надмине секое ваше разбирање. Јас Носам Мир, кој не може да се разбере. Тоа е натприроден Мир. Тој е Создаден пред Бога, пред Светиот Бог. Тој вреди за сета вечност. Можам да ви го Донесам ова ... Овој несовладлив Мир.
Сега е час да ја објавите својата вера во Мене, да Ме изберете Мене. Ако не Ме изберете Мене, ке го изберете Мојот непријател. Постојат само тие два избора – само тие два. Или сте со Мене или против Мене. Не постои трета опција. Не мамете се. Ако сакате да бидете некаде на средина, не сте Мои. Сакам целосна посветеност.
Дојдете пред мене во целосно, смирено покајание и Јас ќе ги Отстранам вашите гревови колку што исток е оддалечен од запад. Јас никогаш нема да се Сетам на нив повторно. Јас ќе ве доведам во состојба на обновена потполност во Мене. Ќе Споделуваме интимност и ќе Ме знаете, Вашиот Бог, вистински ќе Ме Запознаете. Копнеам за вакво "запознавање" меѓу нас.
Псалми 102:12. колку е далику исток од запад, толку ги оддалечил Он од нас нашите беззаконија;
Па така, дојдете, дојдете да Ме Запознаете. Јас Сум навистина Вреден  да Ме Запознаете. Јас ќе ве Однесам до местото на мир и разбирање. Мојот Дух ќе ве Упати и ќе ви ги Отвори очите кон вистината, спасоносната Вистината. Тој ќе ви го Покаже часот во кој живеете. Ќе ви биде изложена Вистината како никогаш порано и тогаш ќе можете да се спасите и да си обезбедите место во Моето Царство.
Тоа е она, коешто Јас Копнеам да ви го Обезбедам.
Дојдете да Го Запознаете Вашиот Бог. Ајде да Зачекориме, Држејќи се рака за рака. Јас ќе ве Изведам. Времето Изминува. Часот речиси пристигна. Нека Јас Бидам вашиот Избор!



Јас Сум Вашиот ГОСПОД  и СПАСИТЕЛ, ВЕЛИКИОТ МЕСИЈА ПОНИЗНИОТ ЦАР YAHUSHUA



ГЛАВА 24
Престанете да се расправате едни со други

Да Започнеме. Деца Мои, Имам нови Зборови за вас.
Ништо не е како што изгледа. Работите во светот какви што ги знаете, набрзо ќе престанат да постојат. Деца Мои, се стемнува.  Станува се’ помрачно. Животот каков што досега го имавте драматично се менува. Наскоро, нема да има враќање назад, нема шанси да ги вратите работите какви што биле порано.
Ова е Моето Предупредување. Ви Давам строги Предупредувања, но до малкумина од вас допреле, малкумина обрнуваат внимание, сосема малку дури и воопшто слушаат.
Зошто Моите деца не Ме Слушаат? Тие се зафатени во нивните светови - но не со Мојот Свет, со Моите Мисли, не со Моите Предупредувања. Ова е сериозно,  деца Мои. Јас не ги Давам овие Предупредувања за Мое, туку за ваше добро. Јас Знам што ќе се случи. Сакам и вие да знаете, исто така.

Матеј 6:24. ”Никој не може да им служи на два господара; зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе му биде приврзан на едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите на Бога и на мамона.

Деца, не сакам да останете во темнина. Сакам да се разбудите за Вистината. Сакам да сте освестени за она што ќе се случи. Ве Молам разбудете се! Помирисајте го злото – толку е блиску до вашите сетила, што можете да го помирисате. Се’ се претвори во зло. Никој не ја прифаќа светоста. Сите се упатија во погрешна насока.

Исаија 53:6. Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас.

Само Мојата слатка невеста останува верна. Само таа има очи за Мене. Само таа гледа заљубено во Мене, Ме бара на секој чекор. Таква е Мојата невеста, Мојата црква, Мојата вистинска црква.
Деца, престанете да се расправате едни со други. Се уништувате едни со други. Престанете да се расправате околу Моите Зборови. Сега не е време да се лутите на вашите браќа и сестри. Непријателот дојде и ве стави во заблуда. Тој сака да ве одвлече на неговото ниво. Ве Молам запрете со сите тие ситни расправии меѓу вас и љубете се едни со други.

Јован 13:34. Ви давам нова заповед: да се љубите еден со друг; како што Јас ве љубев вас, така и вие да се љубите еден со друг.

Простете си ги гревовите едни на  други. Посакувајте си благослови, а не клетви едни на други. Ова не е време за расправање. Оставете ги вашите расправии и дојдете  кај Мене.
Јас ќе ви Покажам како да се однесувате еден кон друг. Моите деца отпаднаа, бидејќи се караат едни со други.
Ова не е во ред. Ова не е Мојот Начин.  Деца, соочете се со Мене и покајте се. Потоа сретнете се едни со други и променете се. Простете си едни на други. Времето изминува.  Не дозволувајте овие расправии кои стојат меѓу вас, да ве лишат од Моето вечно спасение.
Сакам да ве Спасам деца Мои, но Јас не Можам да ги Спасам Моите деца, кои се караат меѓу себе. Ова не може да биде. Со таквото взаемно однесување, кога не си простувате меѓусебно си ја попречувате вашата интимност со Мене.  

Матеј 6:14. Зашто, ако вие им ги простите на луѓето нивните престапи, вашиот небесен Татко ќе ви ги прости и вам.

Па така, простувајте си и тоа, простувајте си целосно, заборавајќи ги сите взаемно направени навреди и гревови. Ова е Мојот Начин деца, Начинот на Светиот Бог. Ослободете се од сите ваши замерки и лутина што ги чувствувате едни кон други и дојдете кај Мене во покајание.

Матеј 6:15. Ако вие не им ги простите на луѓето нивните престапи, ни вашиот Татко нема да ви ги прости вашите.

Сакам да ве Ослободам од овој грев. Нема грев на оваа земја, кој е вреден да го изгубите вашето вечно спасение. Ве Молам да го запомнете ова. Деца, Мојата Љубов е голема, но Јас не Можам да го Занемарам гревот. Па така, покајте се денес и простете си едни на други. Веднаш направете го тоа! Не оставајте ништо незавршено. Простете им на сите, така што Јас, Вашиот Татко на Небесата да Можам да ви Простам. Ова е толку едноставно, а сепак толку малкумина меѓу вас ја сфаќаат важноста на простувањето и ослободувањето од минатите страдања.
Дозволете Ми Јас да се Погрижам за вашите страдања од минатото. Оставете ги вашите тешкотии на Моите Рамења и Дозволете Ми да ви Донесам исцелување. Само Јас  Можам да го Направам тоа. Дојдете кај Мене и Дозволете Ми Јас да ги Понесам сите ваши маки и товари. Јас ќе го Направам тоа. Јас Сум Подготвен.
Дозволете Ми да го Обновам вашиот живот и да ја Излечам вашата болка. Препуштете Ми ја вашата болка на Мене. Простете им на оние кои ве повредиле и свртете се кон Мене за да ве  Ослободам од болката. Јас Сум Подготвен да ве Доведам до состојба на комплетност и обновеност на срцето. Ова се Моите Ветувања.
Читајте го Мојот Збор. Јас Сум Бог на Обновувањето. Дозволете Ми да ве Обновам во состојба на комплетност и радост. Јас Сум Оној Кој Обновува и ве Прави комплетни, Јас и ниеден друг. Дозволете Ми да ви Покажам Вистинска Љубов. Само Јас Нудам Вистинска Љубов.

Јоил 2:25. „Ќе ви ги надоместам годините што ги изедоа скакулецот, гасеницата, црвецот и бубачката, Мојата силна војска што ја испратив против вас.

Да, часот на Моето Враќање се приближува. Дозволете Ми да ве Исчистам и да ве Обновам така што да имате нов живот во Мене. Дозволете ми да ве Подготвам за Моето Враќање. Јас Сум Подготвен. Јас Сум вашата Надеж, вашата Единствена Надеж.
Дојдете кај Мене. Сега е времето. Не чекајте премногу долго. Само Јас
Сум Достоен. Достојно е Јагнето.

Потрчајте кон Моите Раце, побрзо!

Ова е Вашиот Господ, YAHUSHUA


ГЛАВА 25

НЕМА ДА ВЕ ЗЕМАМ АКО ИМАТЕ НЕПОКАЈАН ГРЕВ

Да Започнеме. Подготвен Сум да ви Дадам нови Зборови: Деца, часот се наближува за Моето скоро Враќање. Тоа ќе се случи точно навреме.
Многумина мислат дека Јас воопшто нема да Дојдам. Многумина мислат дека нема да Дојдам уште многу години. Деца Мои, Јас Доаѓам многу наскоро. Моето Доаѓање е многу набрзо. Тоа ви е пред вратата. Тоа многумина ќе ги фати неподготвени. Многумина ќе бидат заспани кога ќе Дојдам, духовно заспани.

1 Солунјаните 5:6. И така, да не спиеме, како и другите, туку да бидеме будни и трезвени.

Наскоро, ова време ќе дојде. Само оние кои внимаваат и чекаат ќе бидат подготвени.
Сите оние кои не обрнувале внимание ќе бидат оставени да се соочат со она што доаѓа. Времето е многу блиску.
Деца, треба да бидете подготвени. Не дозволувајте да ве Најдам неподготвени. Не Сакам да Оставам никого зад Себе, но, за жал многумина ќе бидат оставени. Колку тажен час доаѓа. Сакам да се разбудите! Помирете се со оваа реалност. Јас се Приближувам, и дури  Сум пред вратата. Наскоро, никој нема да биде изненаден, бидејќи ќе разберете дека овој настан навистина се случил. Светот ќе стане свесен дека се случила промена, и тоа, голема промена. Набрзо, овој свет нема да биде местото што го знаете.
Деца Мои, слушајте Ме внимателно, Јас нема да ве Земам ако имате грев за кој не сте се покајале.
Нема да Можам да ве Земам со Мене. Тоа едноставно е невозможно, деца Мои. Затоа, дојдете пред Мене и покајте се за вашите гревови. Ве Молам, нека ова ви биде приоритет.

Лука 13:5. Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете.”

Ајде доведете си ги работите со Мене во ред. Сакам да ве Донесам во Моето Царство. Сакам да ве Спасам од она што доаѓа. Но, не Можам да ве Однесам, ако не сте Мои. Ако не сте дошле пред Мене, и ако не сте Ми го предале вашиот живот, вие не сте Мои. Ова е многу важно деца. Треба да Ми го Дадете вашиот живот. Положете го пред Моите Нозе, ништо не задржувајќи притоа.
Сега е време да дојдете пред Мене во смирено покајание. Префрлете Ми ги вашите грижи и проблеми на Мене ... Го Сакам вашиот живот. Јас ќе го Разменам вашиот живот со сите ваши несовршености и проблеми со животот на љубов, радост и исполнетост.
Наскоро, многу наскоро, Доаѓам и Сакам да бидете подготвени. Овој час само што не настапил.
Дозволете ми да ве Донесам во состојба на целовитост и потполно да ве Обновам. Мојата Љубов може да ги Покрие сите ваши гревови. Дојдете кај Мене, Јас ве Чекам со раширени Раце; Раце, кои копнеат да ве гушнат и да ве сакаат.

Лука 5:31.  Исус им одговори и рече: „Здравите немаат потреба од лекар, но болните;

Не одлагајте. Ова е важен час. Јас нема да Задоцнам со Отстранувањето на Мојата невеста.
Јас Сум Подготвен да ја Однесам дома во Живеалиштата, кои Сум ги Подготвил за неа. Тоа е безбедното Место, каде што таа ќе биде одведена.
Па затоа деца, подгответе се, бидејќи Моето Враќање е сосема близу. Зборувам со вас, како Татко, Кој ве Сака и се Грижи за вас. Сакам да ве Спасам, да ве Спасам од светот, кој наскоро ќе полуди. Дозволете Ми да ви ја Покажам вратата на безбедноста. Таа ќе се отвори наскоро. Но, потоа и веднаш ќе се затвори. Затоа, бидете подготвени, како што и Јас Сум Подготвен да ве Земам.



Ова е вашиот Небесен Господ YAHUSHUA.



ГЛАВА 26

ОСТАНЕТЕ ФОКУСИРАНИ НА МЕНЕ

Лука 13:24-25. 24. Потрудете се да влезете низ тесната врата; зашто ви велам: мнозина ќе сакаат да влезат и не ќе можат. 25. Кога ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата на куќата, а вие, стоејќи однадвор, ќе почнете да чукате и да викате: »Господи, Господи, отвори ни!« Он ќе ви одговори и рече: »Не ве знам од каде сте.«
Ајде да започнеме повторно: Деца, ова е вашиот Господ Кој Зборува.
Сакам да останете фокусирани на Мене, поглед фиксиран на Мене. Сега не е време да трчате напред и назад и да се фокусирате на светот. Ова е часот на расудување и фокусирање. Ова е часот да обрнете внимание и да гледате кон Мене и Моето скоро Враќање. Тоа се приближува со секој изминат ден.
Не ги игнорирајте Моите предупредувања. Овие предупредувања доаѓаат од сите страни. Јас испраќам пораки од многу извори. Тие доаѓаат преку катастрофи, преку војни и гласови за војни, преку  Моите пророци и гласници, преку знаци и чуда на небото, преку устата на младенците. Ќе бидете без изговор, ако бидете оставени. Ќе немате кого да обвинувате освен себеси, ако бидете оставени да се соочите со најлошото.
Мојата Книга беше јасна за времињата во кои живеете и за она што ќе се случи на оваа земја. Деца, мора да се разбудите пред овие Вистини. Не стојте со празни раце, верувајќи дека не ви дадов ништо по кое што ќе се раководте и дека не ви дадов предупредувања. Ви ја дадов Мојата Книга, но ако ги одбиете и ги игнорирате  Моите Зборови и Предупредувања, не можам да ви помогнам.
Јас бев Јасен и ви Испратив многу пораки. Ќе стоите пред Мене без изговор ако одбиете да ги примите овие пораки. Јас можам да ве Молам, да Пробам да ве Придобијам, да Барам од вас да обрнете внимание, но никогаш нема да ве Присилам во донесувањето на оваа одлука.
Изборот е строго ваш.
2 Петар 3:3-4. 3. Најнапред знајте го тоа дека во последните дни ќе се јават подигрувачи, кои ќе живеат според своите желби 4. и ќе велат: „Каде е ветувањето на Неговото доаѓање? Оти, откако татковците наши изумреа, сè си стои така, како од созданието на светот.”
Толку малку ќе го направат вистинскиот избор, па дури и да изберат воопшто. Ако не изберете, ќе изберете за МОЈОТ непријател. За жал многумина нема да изберат и ќе останат под негова власт и контрола. Ова МЕ растажува длабоко бидејќи платив голема цена на Ридот на Голготата за  МОИТЕ деца да можат да доживеат слобода, вистинска слобода од канџите на МОЈОТ и нивниот непријател. Не е потребно за  МОИТЕ деца да страдаат без причина во овој живот или во следниот без надеж и љубов вечна.
Матеј 24:37-39. 37. но, како што беше во деновите на Ноја, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки; 38. оти, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот, 39. и не узнаа, додека не дојде потопот и истреби сè, – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки;
Затоа деца, разбудете се! Земете го овој, О 'толку Скапоцен Подарок, кој го нудам и дозволете МИ да ја купам вашата слобода. Можам да го направам тоа. Јас сум подготвен. Тоа е МОЕ да го дадам и Јас ви го давам бесплатно. Задоволство МИ е да ве донесам во целост, мир и исправен ум. Сите тие се ваши, ако се свртите кон Мене и целосно се предадете, и го положите вашиот живот пред  МОИТЕ Нозе. Дозволете МИ да ви бидам вашГосподи ВЛАДИКА. Дозволете МИ да ве исполнам со МОЈОТ ДУХ и да ве покријам со  МОЈАТА Крв, за да можам да го избришам вашето гревовно досие.
Лука 17:16. и падна ничкум пред нозете Негови, благодарејќи Му. А тој беше Самарјанин.
Дозволете МИ да ви го покажам Патот по кој да пешачите и да ве ослободам од патиштата на непријателот.
Дојдете при Мене и ќе добиете срце кое е прочистено и префинето во МОЈОТ Оган и измиено во водата на МОЈОТ Збор. Тоа е ваше да го превземете.
Јован 15:3. Вие сте веќе чисти преку словото, што сум ви го проповедал.
Напуштете ги вашите планови и дајте МИ го вашиот живот, дури и сите ваши планови. Дозволете Ми да го имам вашиот живот. Ќе го заменам вашиот живот и планови со Моите Совршени Планови и Волја за вашиот живот - плановите кои беа наменети за вашиот живот што го Замислив за вас, кога ве Создавав. Одете по Мојата Волја, немојте да грешите повеќе со тоа што одите по својата сопствена волја. Дојдете во Мојата Волја и бидете совршени пред Мене. Ова е Мојата Желба за вашиот живот.
Јас Сум вашиот Создател. Знам што е најдобро за вас. Дојдете и примете го овој Голем Дар - Мир со вашиот Создател.
Деца, часот се забрзува. Не трошете многу време во донесувањето на оваа одлука. Времето е од суштинска важност. Не Сакам да се соочите со најлошото. Барајте Ме Мене и Јас ќе ви ја Покажам оваа Вистина и ќе ви ги Отворам очите. Јас ќе ви ги Отстранам лушпите и ќе ве Ослободам, ќе ве Подготвам да дојдете дома со Мене на безбедност.
Дела 9:17-18. 17. И Ананиј отиде и влезе во куќата, и, откако ги положи рацете свои над него, рече: „Брате Савле, Господ Исус, Кој ти се јави по патот, по кој доаѓаше, ме прати, за да прогледаш и да се исполниш со Дух Свети.”
18. И одеднаш како лушпи да паднаа од очите негови, и тој прогледа и, кога стана, се покрсти.
Сакам да се разбудите. Ова е  Мојата Желба, - вие да дојдете во Моите Копнежливи Прегратки.
Не двоумете се. Двоумењето може да биде опасно и може да ве чини вечно спасение.
Овие зборови доаѓаат од Вашиот Отец, Кој се Грижи, Кој ве Љуби, ИСУС.

ГЛАВА 27
МОРА ДА БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ, АКО САКАТЕ ДА ИЗЛЕЗЕТЕ СО МЕНЕ

Ајде Да Започнеме. Деца Јас Сум вашиот Господ и Имам Зборови за вас.
Времето се забрзува. Наскоро ќе Дојдам да ја Избавам Мојата невеста за да ја Однесам на безбедност, на сигурно чување. Таа ќе биде издигната од земјата во триумф и слава. Таа е Мојот победник. Јас ќе ја Земам кај Себе, ќе ја Подигнам за да се сретне со Мене на небото.
Овој настан е наречен "Вознесение“, но како и да одберете да го наречете - овој Настан ќе се случи наскоро. Јас ќе ја Ослободам Мојата невеста од синџирите на светот, кој ќе се искриви и измести – кој е целосно надвор од контрола, свет кој живее одвоено од Бога.
1 Коринтјаните 15:51-52. 51. Еве, тајна ви кажувам; сите нема да умреме, но сите ќе се измениме, 52. одеднаш, во еден миг, при последната труба; ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме;
Јас сум Бог на контрола и сега светот ќе искуси живот без  Мојата Голема Заштитничка Рака над него. Наскоро, ова ќе се случи.
Многумина ќе бидат сведоци на овој Настан, што се однесува на тие што ќе бидат оставени. Сосема мал број лично ќе го доживеат, а тоа се оние што ќе бидат отстранети од земјата. Сакам да спаѓате во оние што ќе бидат спасени, но мора да се подготвите ако сакате да заминете со Мене. Само тие кои се измиле во  Мојата Крв и кои страсно го очекуваат Моето Скоро Враќање ќе дојдат со Мене, кога ќе ја повикам Мојата невеста овде. Само малкумина ќе дојдат. Ова е сериозно, деца  Мои, сите други ќе бидат оставени.
1 Јован 1:7. А ако, пак, во светлина одиме, како што е Он самиот во светлина, тоа значи дека ние еден со друг општиме, и крвта на Исуса Христа, Неговиот Син, нè очистува од секаков грев.
Каква тага ги чека нив, оние кои ќе бидат оставени. Немојте да бидете еден од нив. Не мора да бидете. Направив Излез за вас. Јас ви го расчистив преминот. Со  Мојата Крв го направив тој пат. Вашиот пат е чист и слободен преку Мене. Не постои друг начин.
Никој друг нема да ве спаси. Не постојат други одговори. Само ова: свртете се кон Мене, предадете Ми се на Мене. Не двоумете се. Направете го тоа бргу, зашто Моето Враќање е блиску. Најдете време да Ме Запознаете. Јас сум подготвен и чекам на вас.  Мојата Љубов ве чека.
Дојдете при Мене во смирено покајание. Јас ќе ве Подготвам преку Покривката од Мојата Крв и Моето Слово  - преку измивањето со Моето Слово.
Ефесјаните 5:25-27. 25. Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа. 26. за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото; 27. та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна.
Дојдете при Мене. Не го трошете времето. Ова е часот за да станете сериозни со Бога.
Не чекајте премногу долго.


Јас Сум Вашиот Господ Бог ИСУС. 



ГЛАВА 28
ВАШАТА ВЕЧНОСТ Е ВО ПРАШАЊЕ
Ајде да започнеме повторно. Времето е близу деца, за Моето Набрзо Враќање. Тоа се приближува.
Има многу да се направи за да се подготвите. Имам многу задачи за вас. Од вас Ми треба да Ми го предадете вашиот живот со целосна понизност, целосно предавање. Го сакам сето тоа, деца. Половична посветеност не е посветеност. Ве молам промислете го ова сериозно. Вашата вечност е во прашање. Без ова целосно предавање, не сте навистина Мои, без разлика што ќе кажете или ќе помислите; само со целосно предавање вие сте навистина Мои.
Деца, сакам да останете фокусирани на Мене, сите очи кон Мене. Јас го знам излезот. Ги знам насоките кон патот за бегство: Само Јас. Јас сум Оној Кој го држи клучот за вашиот спас, вашето избавување од она што доаѓа.
Ако погледнете лево или десно, ќе ви биде одвлечено вниманието. Не дозволувајте тоа да се случи. Часот се помрачува. Мои деца вие мора да се разбудите. Дојдете до вашите сетила. Останете будни!
Матеј 7:14. а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малцина го наоѓаат.
Времето доаѓа за Јас да си ја повратам Мојата невеста, да ја донесам дома со Мене, да ја придружувам до нејзините нови живеалишта, каде што ќе престојува за сета вечност со Мене, нејзиниот Младоженец.
Копнеам да ја земам во Моите Прегратки, да ја држам блиску и да ја прелијам Мојата Љубов врз неа, за да ја обожавам, и да и ја покажам Мојата Љубов. Наскоро тоа ќе се случи. Јас сум подготвен и мојата невеста се има себеси подготвено. Таа чека трпеливо.
Мојата невеста е светлината на овој свет. Таа сјае светло во еден темен, грд свет. Таа е последната преостаната светлина. Нејзината светлина е интензивна и ја изразува Мојата Светлина. Оваа Светлина е Вистината - Мојата Вистина вечна. Сè друго се лаги од непријателот. Тој го има заблудено светот со своите лаги и полувистини. Светот е измамен и луѓето не можат да ја видат Вистината.
Еремија 17:5-6. 5. Така вели Господ: проклет да е оној човек, што се надева на човек и кој телото свое го смета за сила, и чие срце се клони од Господа. 6. Тој ќе биде како троскот во пустиња и нема да види кога ќе дојде доброто, па ќе се насели во топли пустињски места, во неплодна земја и негодна за живеење.
Дојде време за моите деца да се разбудат, да се соочат со Вистината. Светот се приближува кон својот крај како што треба. Нова ера изгрева: ерата на антихристот и непријателските промени кои ќе следат. Никој нема да биде безбеден, само Моите вистински следбеници кои Јас ќе ги земам дома со Мене, кога ќе ги повлечам од тоа што доаѓа. Овие се единствените кои се изземени од она што доаѓа – она со што светот ќе се соочи кога Мојот непријател ќе дојде на власт и ќе му биде дозволено да владее и царува. Колку мрачен ден лежи испред.
Откровение 17:16-17. 16. А десетте рогови, што ги виде на ѕверот, тие ќе ја замразат блудницата, ќе ја запустат и оголат, и телото нејзино ќе го изедат, а неа самата на оган ќе ја изгорат.
17. Оти Бог им даде во срцата нивни да ја исполнат волјата Негова, да се договорат и да го дадат царството свое на ѕверот, додека не се исполни словото Божјо.
Ова ќе биде сериозно мрачен период за човештвото, длабока темнина и мака доаѓаат.
Овој час, кој доаѓа доаѓа со голема брзина. Наскоро ништо нема да биде исто.
Сакам вие деца да бидете подготвени да се искачите надвор од земјата со Мене. Сакам да дојдете со Мене. Можете да го избегнете сето она што доаѓа на земјата ако ги отстраните завесите од вашите очи и дојдете до Мене во смирено покајание и сигурно предавање.
Копнеам да ве земам во Моите Прегратки и да ве спасам од сета тага што лежи напред, тоа е Мојата Најголема Желба, да ве спасам од часот на неволјата кој доаѓа.
Јас издавам многу Зборови и знаци за да ве донесам до оваа Вистина. Неколкумина обрнуваат внимание. Премногу се сеуште во брак со овој блуднички свет и сите негови зла. Да, деца се додека вие се држите до светот и неговите патишта, вие извршувате прељуба против Мене и не можам да ве имам во Моето Царство. Затоа излезете на страна Мои деца. Отстранете се од светот и се за што тој се застапува. Тој е грд и неморален, анти-Богствен, и Јас не можам да го толерирам овој свет повеќе.
Езекиел 16:35-36. 35. Па поради тоа чуј го, блуднице, словото Господово. 36. Вака вели Господ Бог: заради тоа што ги распилуваше парите свои и при блудствувањето твое беше разоткривана голотијата твоја пред очите на твоите миленици и пред сите твои одвратни идоли, а за крвта на твоите синови, што им ги даваше ти;
Времето се троши. Дојдете при вашите сетила. Отворете ги очите. Видете ги времињата во кои живеете. Немојте да се измамите од тоа што изгледа нормално и правилно.
Јас ќе ве донесам во Моето Царство за сета вечност. Направете целосно предавање кон Мене. Направете ме ваш Господ и Владика. Времето е сега за оваа одлука. Нема одложувања! Ова е вашиот Господ и Владика, Исус.
Лука 21:31-32. 31. Па така, кога ќе видите дека станува ова, знајте оти се приближи царството Божјо. 32. Вистина ви велам, нема да премине овој род, дури сето тоа не се исполни.

ГЛАВА 29
МОРАТЕ ДА ТРЧАТЕ, А НЕ ДА ОДИТЕ КОН МЕНЕ СЕГА
Да ќерко, Ајде Да започнеме. Мои деца, ова е вашиот Господ кој ви зборува.
Сакам да знаете дека Јас доаѓам многу брзо. Часот е точно пред вратата.
Наскоро ќе тргнам да ја земам Мојата невеста. Таа е прекрасна и нејзината убавина е блескава.
Гледам на неа со голема желба и Јас сум нестрплив да ја донесам дома со Мене во нејзиниот прекрасен рај и во домот кој го имам подготвено за неа. Часот се приближува, Мои деца. Вие треба да бидете подготвени. Морате да побрзате со подготовките.
Постои мрачен ден кој демнее. Наскоро ќе ја однесам Мојата невеста. Јас ќе ја повлечам настрана на безбедност. Ова е само моменти од случување. Моето враќање е речиси пред вратата. Затоа дојдете во Моите Исчекувачки Прегратки Мои деца, набрзо.
Морате да трчате, а не да одите кон Мене сега. Немојте да бидете безгрижни, деца. Немојте да го третирате ова како да е под вас, затоа што Моите Предупредувања се вистински. Јас ве носам до ова место, Мои деца; Сакам да се разбудите, да дојдете до животот, да се соочите со Вистината. Многу наскоро овој час е дури и на вратата.
Слушајте Ме деца, сакам да се разбудите. Има невоља која доаѓа на земјата. Таа доаѓа како локомотива. Таа се тркала надолу. Ништо не може да ја спречи.
Ниту еден човек, ниту една жена, ниту  дете може да го спречи она што доаѓа.
Ќе има големи последици за тие кои ги игнорираат Моите Предупредувања. Јас поставив многу предупредувања на многу начини, О 'толку многу предупредувања. Ќе бидете без изговор ако кажете дека никогаш не сте знаеле.
Секој е одговорен за сопствениот грев – како што се изјаснив во Мојата Книга. Сето тоа е напишано во Мојата Книга ако Моите деца се помачеа да ја прочитаат. Потребно е време да се прочита Мојата Книга. Нештата кои ги правите за светот и следењето на светот мора да биде ставено настрана за да најдете време за Мојата Книга. Но вие не сакате да ги оставите настрана вашите световни потери за време поминато со Мојот Збор.
Римјаните 14:12. И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе.
Радо би си играле со светот. Но, се што свети не е злато, Мои деца.
Светот изгледа сјајен и нов, но тој е чист отров и нуди само смрт.
Оставете го светот на страна и соочете се со вашиот Бог. Зарем не сум вреден за следење?
Јован 12:25. Кој ја сака душата своја, ќе ја загуби; а кој ја мрази душата своја на овој свет, ќе ја запази за живот вечен.
Да, Јас умрев за вас во тешка смрт на ужасен дрвен крст. Тоа беше неподносливо. Да, Јас го ослободив Мојот Живот на Мојот Татко после часови на мачење во рацете на зли, неморални, полни со омраза луѓе кои ја вршеа вољата на нивниот татко, Мојот непријател. Ова беше цената што ја платив за вас и вашиот живот. Зарем не го заслужувам вашето време, вашата љубов, и внимание?
Псалми 22:12-18. 12. Многу телиња ме обиколија, дебели јунци ме опкружија, 13. ја отворија устата против мене како лав, кој го раскинува својот плен и рика. 14. Јас се разлеав како вода; сите мои коски се разглобија, срцето мое стана како восок, се топи во моите гради. 15. Силата моја се исуши како цреп, јазикот ми се залепи за непцата, во смртоносен страв ме фрли.
16. Кучињата многу ме опколија, цела чета од злочинци се врти околу мене; ми ги пробија рацете и нозете.
17. Се броеја сите коски мои, а тие гладаа и ме презираа;
18. ги разделија меѓу себе алиштата мои и за облеката моја фрлија жреб.
Дојдете при Мене. Јас ве Молам да дојдете до Мене. Дозволете Ми да ве земам во Моите Прегратки да ве држам, и да ве галам како да сте МИ свои. Јас сум вашиот Татко Кој ве Сака. Нема поголема љубов од Мојата – нема повисока приврзаност од Мојата за вас. Не Ми ја одбивајте вашата љубов. Дојдете до Мене во смирено покајание. Дозволете Ми да ве Исчистам, да ве исправам пред Мене. Дозволете ми да ви го исполнам срцето со радост и веселба. Можам да го направам тоа. Јас сум подготвен.
Сега е времето. Немојте да чекате или да се двоумите. Ова е денот на Моето Враќање. Јас доаѓам за да ве изнесам. Дозволете Ми да ве исполнам со Мојот Дух. Дозволете Ми да ве направам цели: да ве направам совршени во Мене. Времето се губи, деца. Наскоро нема да има време. Затоа немојте да ја пропуштите оваа чудесна понуда на Моето Слатко Спасение и Крвта која ја пролеав за ваше избавување за да вие бидете цели и совршени во Мене постојано, за сета вечност.
Матеј 25:46. И тие ќе отидат во вечна мака: а праведниците – во живот вечен.
Копнеам да ве знам интимно, Ние можеме да ја имаме оваа блискост. Таа е ваша за земање. Прашајте Ме и ќе ви ја дадам на вас. Копнеам да делам интимност со вас, да имам блискост, тоа е Мојата Желба, да бидам близу вас секогаш на длабок и личен начин.
Ако дојдете до Мене на овој начин и Јас ќе дојдам при вас, исто така. Мојот Збор кажува дека ја барам оваа интимност од вас. Сакам да Ме барате во тивко место каде што Ние ќе го делиме нашето присуство.
Мои деца, овде можам да ви дадам начела за тоа како сакам да го живеете вашиот живот. Кога ќе дојдете до Мене во интимност тогаш Ние ќе можеме да започнеме да се запознаваме и Јас ќе ви ги претставам Моите Планови за тоа како сакам да го водите вашиот живот.
Но, прво, мора да бидете во Мојата Волја, а за да бидете во Мојата Воља мора да го предадете вашиот живот на Мене – дајте Ми го вашето се. Предадете Ми го вашиот живот и не задржувајте ништо – направете го вашиот живот целосно Мој. Јас го сакам во целосна преданост. Ова значи откажување од сите други и од светот. Сакам да се отргнете од вашите обврски кон светот и да бидете спремни да Ме следите каде и да ве водам.
Ова не е нешто што повеќето луѓе сакаат да го направат. Толку многу сакаат да се држат до нешто што одбиваат да го пуштат. Мои деца, што ставате измеѓу Нас? Дали е тоа вашата работа, вашето Богатство? Вашите литургии? Дали се тоа вашите деца? Што ставате измеѓу Нас? Што ве возбудува повеќе од Мене?
Матеј 10:37-39. 37. Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; 38. и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене. 39. Кој ќе ја запази душата своја, ќе ја загуби, а кој ќе ја загуби душата своја заради Мене, ќе ја зачува.
Деца, ако не Ме ставите на прво место, ќе го изгубите она што ве возбудува повеќе од Мене и Мене исто така. Ова се сериозни Зборови МОИ деца, но потребни да се кажат. Сакам да ги слушнете и да размислите каде се наоѓате во Мене. Дали сум на прво место, или сум на пониско ниво во вашиот живот? Мои деца, морате да ја преоцените вашата позиција во Мене. Кое место го држам во вашето срце? Деца, стојте близу до Мене - копнеам да ве држам блиску до Моето Срце. Доаѓа часот за Моето Наскоро Враќање. Не сакам да бидете оставени да се соочите со најлошото. Дојдете и најдете Ме. Јас сум секогаш во близина, чекајќи на вас да Ме побарате. Мојата Љубов е Голема! Не го пропуштајте уживањето на Мојата Љубов за цела вечност.
Ова е вашиот Царски Младоженец, Исус.

ГЛАВА 30
МОЈАТА НЕВЕСТА Е ПРЕКРАСНА ВО СИТЕ НЕЈЗИНИ ПАТИШТА
Да ќерко, ајде Да започнеме повторно. Мои деца тоа сум Јас, вашиот Господ. Јас ве поздравам во името на Мојот Татко, вашиот Татко.
Деца, часот се забрзува за спуштањето и Моето Преземање на невестата. Таа е прекрасна во сите нејзини патишта. Јас сум горд да ја наречам Своја. Таа е Мојата љубена.
Ќе ја земам во Моите Исчекувачки Прегратки многу наскоро. Таа ќе биде со Мене за сета вечност.
Ние ќе бидеме како ѕвезди што паѓаат, таа и Јас. Нашата Љубов никогаш нема да знае за крај, бесконечна, вечна љубов. Мирот кој Јас ќе и го донесам ќе трае засекогаш. Таа е Мојата слатка невеста. Таа е послушна и ги сака Моите Патишта. Таа е Мојата љубов и Ме следи. Таа оди по Мојот Тесен Пат. Таа гледа кон Мене. Нејзините патишта се прекрасни.
Таа е последната преостаната светлина на светот. Таа му ги покажува на светот Моите Начини. Светот Ме гледа Мене во неа. Таа ја одразува Мојата слика на светот. Нејзините патишта се смирени и ја одразуваат детската вера. Тоа се квалитетите од оние на небото.
Часот се приближува за Јас да ја повлечам од земјата. Си ја земам за Себеси. Ќе ја скријам на безбедно. Наскоро, таа ќе дојде со Мене на безбедно, каде што ќе ја задржам подалеку од она што ќе дојде. Часот се приближува, не се сомневајте.
Матеј 18:3. И рече: Вистина ви велам, ако не се повратите и не станете како мали деца, нема да влезете во Царството Небесно.
Сакам да се подготвите и да бидете спремни како што Мојата невеста е спремна. Таа се има подготвено, миејќи се себеси во Мојата Крв. Таа се има исчистено и е без дамка или брчка. Таа е подготвена да дојде во Мојот Рај, да комуницира со Мене и да ужива во Моето Присуство.
Ефесјаните 5:25-27. 25. Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа.
26. за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото;
27. та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна.
Јас сум подготвен за таа да дојде со Мене на небото, да дојде овде. Ова е мистерија, голема мистерија, како што таа ќе биде променета во совршенство. Таа ќе биде направена според Мојата Слика во ново славно тело.
Нејзиното тело ќе биде променето: без недостатоци, нерасипливо, вечна светлина, Мојата Светлина. Таа ќе блесне во Небесата. Таа ќе биде славна и светла кога ќе ги делиме истите квалитети. Ова тело никогаш нема да умре или да знае за смрт. Тоа е вечна фонтана на младоста. Ова тело нема да знае за ограничувања. Моите деца ќе уживаат во нивните нови тела. Тие никогаш нема да доживеат болка. Овие тела ќе се менуваат според околностите кои ќе се бараат од нив. Тие ќе се движат низ небото без никаков напор.
Овие тела ќе летаат или ќе шетаат. Тие ќе прават се што човечкото тело прави но и многу повеќе. Тие се тела на светлината. Овие тела никогаш нема да бидат попречувани како што човечките тела се. Не постои ништо што овие тела не можат да направат. Не постојат ограничувања како на човечкото тело. Моите деца ќе јадат и ќе уживаат во храната како што прават сега. Сè за овие нови прославени тела ќе ги изненади и воодушеви оние што ќе ги примат. Се ќе се промени во еден здив, во еден момент.
Моите деца ќе се променат во еден момент. Тоа ќе се случи брзо за нив. Тие ќе се запрепастат. Деца ова е вечна промена. Око не го видело или уво не го чуло она што го подготвив за Моите деца, Моите верни чеда.
1 Коринтјаните 15:51-54. 51. Еве, тајна ви кажувам; сите нема да умреме, но сите ќе се измениме, 52. одеднаш, во еден миг, при последната труба; ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме; 53. зашто распадливото треба да се облече во нераспадливо, а смртното – да се облече во бесмртно. 54. А кога распадливото се облече во нераспадливост, и смртното – во бесмртност, тогаш ќе се збидне зборот напишан: „Победата ја проголта смртта”.
Свртете се и соочете се со Мене. Вие не сакате да го пропуштите овој настан и сета Моја Слава, кога ќе дојдам да ја земам Мојата невеста при Себе. Овој настан доаѓа. Деца подгответе се – правете подготовки. Бидете будни, барајте Ме. Многу малку гледаат кон Мене. Тие се фатени во канџите на светот.
Сето тоа изгледа толку нормално и правилно, но тој е измамлив. Светот е лажлив. Тој е полн со зло и ја прифаќа својата вистина. Тој се држи до лагите со кои се занимава и ги смета за вистина. Нема Вистина во неговата уста. Светот ќе ве натера да мислите дека се е во ред, но не е се добро. Наскоро, светот ќе го разбере ова многу добро.
Подгответе се себеси. Јас нема да чекам уште долго. Моето Доаѓање само што не настапило.
Стојам пред вратата и чукам. Пуштете Ме во вашето срце. Часот се менува. Песокот во часовникот се намалува.
Излезете од вашата удобна зона и паднете на вашите колена. Покајте се за вашиот грев. Предадете го вашиот живот на Мене и Јас ќе ве исчистам, ќе ве подготвам, Јас копнеам да го направам тоа. Издвојте се од светот. Издвојте се, избегајте. Тој е смрт. Тој нема да продолжи без Мене. Неговиот пропаст го свртува од Мене и тој продолжува во своите зли патишта.
1 Солунјаните 5:22-23. 22. А Сам Бог на мирот да ве освети наполно во сè, 23. и целиот ваш дух и душата и телото да се запазат без порок при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!
Не деца, мора да изберете. Дали ќе одите со него или ќе излезете со Мене? Ова е ваш избор кој треба да го направите. Не можам да го направам тоа за вас. Можам само да побарам да дојдете со Мене.
Сакам да бидете на Мојата Страна за сета вечност. Копнеам да МИ се придружите во Мојот Рај. Ова е ваш избор кој треба да го направите. Предадете МИ се, или заостанете. Чекам на вашата одлука. Мојата Љубов е трпелива, но наскоро морам да ја избавам Мојата невеста. Овие Зборови се сигурни. Јас сум Бог, Кој не лаже. Дојдете до Мене пред да биде премногу доцна.
Големиот "ЈАС СУМ" Исус.

ГЛАВА 31
МНОГУ МАЛКУ МЕ ОБОЖАВААТ И СЕ ПОКАЈУВААТ ПРЕД МЕНЕ
Ајде да започнеме повторно (28 февруари, 2012). Деца Мои кои ве сакам, часот на Моето враќање се приближува. Ќе треба да правите подготовки. Ќе треба да бидете подготвени. Подгответе се. Сакам да се покриете со Мојата Крв.
Светот се затвара. Го достигнува своето уништување. Доаѓа до својот крај . Ескалира во морално пропаѓање. Тој се крева во чисто зло. Тој го свртува грбот на својот Бог. Многу малку Ме бараат на ниво кое го посакувам од Моите деца. Многу малку се фрлаат себеси пред Моите Нозе и Ме обожаваат и се покајуваат пред Мене. Многу малку сакаат да Ме следат каде што ќе посакам да одат без сомнеж.
Марко 8:34. И кога го повика народот и учениците Свои, им рече: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене.
Премногу се вплеткани во светот и нивните световни работи. Зар не знаете дека овој свет е непријателство за Мене? Јас нема да го толерирам овој свет уште долго.
Нема да дозволам тоа да продолжи. Наскоро Јас ќе ја отстранам Мојата невеста и ќе ги повлечам Моите деца на безбедност. Таа е прекрасна и Јас сум подготвен за таа да дојде во домот кој го имам подготвен за неа во Рајот. Ова со сигурност ќе се случи наскоро, Мои деца. Вие треба да бидете свесни. Вие треба да се разбудите пред оваа Вистина.
Толку многу задремуваат, цврсто успани. Тие се оддалечуваат од Мене. Тие паѓаат во рацете на непријателот и наскоро како птици фатени во изненада ќе се заплеткаат во мрежата на ловецот.
Псалм 124:7. Душата наша се избави како птица од примка на ловци: примката се скина, а ние се избавивме.
Разбудете се до овие Вистини, Мои деца. Разбудете и гледајте, Јас доаѓам! Разбудете се пред да бидете фатени целосно на изненада и да пропаднете целосно. Часот пристапува за Моето Враќање и толку многу се уште спијат – цврсто успани. Ова не е часот да бидете фатени неподготвени. Мора да се разбудите! Наскоро непријателот ќе ве има токму каде што ќе ве сака ако не дојдете до Мене во целосно предавање. Ова е време да бидете сериозни со вашиот Бог.
Јас сум Трпелив Бог, но моето трпение наскоро ќе се потроши. Нема повеќе да го толерирам овој свет кој умира, кој умира бидејќи одлучно го отфрла својот Бог. Секој агол од светот Ме отфрли. Тоа е еднострано отфрлање. Светот сега го прифаќа злото.
Го гушка злото, спие со злото. Тој се крева да прави зло; легнува да прави зло. Само Мојата невеста навистина Ме следи. Само таа е верна. Само таа си ги зачува рацете чисти.
Само таа Ме бара и се има одвоено од светот. Само таа ја нема извалкано нејзината облека со учествување во работите на светот.
Таа е Мојата светлина во темен свет. Таа сјае светло во мракот. Нејзината светлина фрла одблесок надвор во темниот свет, свет кој се повеќе потемнува секојдневно.
Наскоро оваа светлина ќе се изгаси, бидејќи морам да ја отстранам на безбедност. Тогаш светот уште повеќе ќе потемни и ќе се помрачи. Ова е темен час, Мои деца.
Мора да застанете во Мојата Светлина додека се уште имате шанса. Уште малку време преостанува. Часот е речиси изминат. Стрелката за минути само што не чукнала полноќ.
Не земајте ги овие Зборови несериозно. Тие се за ваша корист: да ве спасат од најлошото; да ве спасат од она што доаѓа.
Јован 8:12. И пак им рече Исус, велејќи: „Јас сум Светлина на светот; кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот.”
Мои деца, ве сакам само како што грижлив татко би ве сакал. Сакам да дојдете во Моите Прегратки, каде што ќе бидете безбедни. Само преку Мене ќе најдете безбедност и само преку Мене ќе бидете спасени. Не постои друг начин. Ако се свртите кон светот за одговори ќе бидете заведени од учењата на луѓето, луѓе кои не знаат ништо за Мене или Мојата Вистина.
Овој час се приближува Мои деца. Одвојте се од светот. Измијте ги рацете од нечистотијата кон која ве носи тој. Тој ве води далеку од Мене. Дојдете поблиску до Мене. Држете ги очите фиксни на Мене. Јас сум Последниот Спас кој доаѓа пред светот целосно да се распадне. Не го пропуштајте овој Еден Единствен Спас до безбедност.
Јаков 4:8. Приближете се кон Бога, и Он ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, грешници, поправете ги срцата свои, непостојани!
Подгответе се да бидете меѓу Мојата невеста. Дојдете до Мене во целосно предавање. Положете го вашиот живот пред Моите Нозе. Дајте ми ја вашата верност, вашето се. Јас ќе ве изведам безбедно.
Ова е Моето Ветување за вас - безбеден премин, слобода од она што наскоро доаѓа на земјата.
Не ја одбивајте Мојата Понуда. Немојте да живеете за да зажалите за вашите одлуки. Јас сум верен на Мојот Збор. Можам да ве изведам на безбедност. Јас сум Силен Бог, верен за да ве избавам. Нека не се вознемирува вашето срце. Трчајте кон Моите Спасоносни Прегратки.
Вашиот Верен Бог, Исус.

ГЛАВА 32
САМО ШТО НЕ СУМ ЈА ОТСТРАНИЛ МОЈАТА НЕВЕСТА НА БЕЗБЕДНОСТ
Моја ќерко, Ајде Да започнеме (28 февруари 2012). Деца, Јас сум вашиот Бог. Јас сум Бог Кој се грижи длабоко за вас. Јас само го сакам најдоброто за вас.
Сега Мои деца, сакам да ги слушнете Моите Зборови. Слушајте внимателно, светот само што не се свртел наопаку. Наскоро светот ќе се сврти од внатре кон надвор. Ќе има многу што ќе се случи во, и околу светот, а многу малку од тоа ќе биде добро. Јас ја кревам Мојата Заштитна Рака од светот, бидејќи тој се побуни против Мене. Тој оди во спротивна насока од Моето Срце, Моите Начини, Мојата Вистина.
Тој е одвратен за Мене. Јас ќе им допуштам на кучињата на сатаната да го преземат целиот свет.
Псалм 21:16. Кучињата многу ме опколија, цела чета од злочинци се врти околу мене; ми ги пробија рацете и нозете.
Овој настан е скоро пристигнат. Мои деца, овие се темни денови кои доаѓаат. Нема да толерирам уште многу зло од овој свет. Само што не сум ја отстранил Мојата невеста на безбедност. Таа ќе излезе наскоро. Јас нема да го трпам светов уште долго. Само што не сум го исплукал светот од Мене. Злото кое го презело овој свет е гнило пред Моето Лице. Не можам веќе да го гледам. Јас нема да им дозволам на Моите драги деца да го толерираат повеќе исто така.
Мојата црква ќе биде отстранета на безбедност. Овој час доаѓа брзо.
Зошто вие деца се сомневате така? Каде е вашата вера? Зошто сте толку сомнителни? Без разлика дали верувате или не нема влијание врз она што ќе се случи. Тоа ќе се случи, Мои деца точно така како што Мојата Книга кажува. Јас бев вистинит во сите Мои Зборови. Ги имам опишано последните времиња во Мојата Книга. Читајте ги Моите Зборови, запознајте се себеси со Мојата Книга. Прочитајте ги овие зборови внимателно. Ќе видите дека тие се, всушност, последните времиња и Моето Враќање е блиску.
Деца престанете да се слушате меѓусебно и дојдете да Ме побарате. Дојдете до Мене со искреност од срцето и Јас ќе ви ја покажам Вистината, Јас копнеам да ви ја откријам вистината.
Јас не ве заведувам Мои деца. Но ако тие одберат да не Ме бараат тогаш Јас не можам да им ја откријам Вистината. Тие ќе продолжат да одат по слепи улички и патеки на уништување.
Дојдете со Мене и најдете го вашиот пат. Јас ќе ве доведам до Мојот толку тесен пат. Неколкумина го наоѓаат, Мои деца, само неколкумина го бараат. Немојте да бидете измеѓу мноштвото кои никогаш не го наоѓаат овој пат. Има толку многу изгубени од страните, толку многу на широкиот пат поплочен со уништување.
Матеј 7:13. Влезете низ тесната врата; оти широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив:
Дојдете при ашите сетила, Мои деца, оживејте. Барајте Ме упорно. Ова е час да се дојде до животот, да се дојде до живот во Мене. Нема други патишта кон слободата и животот вечен.
Сега е часот, сега! Се Трчајте кон Моите Прегратки кои ве исчекуваат. Не двоумете се. Двоумењето ќе биде вашиот крај и сигурна смрт. Јас сакам да ве спасам. Предадете го вашето се на Мене. Дадете ми го секој дел од вас. Го сакам сето тоа. Делумно предавање не е доволно.
Дојде до Мене и положете го вашиот живот. Јас ќе го примам и ќе ве прославам за Моите Лични цели да Ми служите и да уживате во Рајот за сета вечност.
Еремија 30:19. И ќе се крене од нив благодарност и глас на весели луѓе; и Јас ќе ги размножам, и нема да се намалуваат, па ќе ги прославам, и нема да бидат понизени.
Овој час истекува. Мојот непријател се пробива на сцената. Наскоро нема да има негирање на часот во кој живеете, но тогаш тоа може да биде премногу доцна за вашиот спас затоа што ќе ја бевте пропуштиле вашата шанса да бидете спасени. Мои деца, Јас се обидувам да ве разбудам и да ве донесам до Вистината. Што треба да направам за да го добијам вашето внимание? Ако чекате премногу долго за да дојдете до Мене, ќе бидете оставени. Јас ќе бидам принуден да ве оставам. Не дозволувајте ова да се случи.
Покајание, предавање, и интимност: тоа е она што Јас го сакам; тоа е она што го барам од вас. Ова се условите за да бидете примени во Моето Царство. Нели Мојата Книга го кажува ова? Дојдете сега пред да биде премногу доцна. Дојдете и Јас ќе ве исчистам во Мојата Крв и ќе бидете подготвени да застанете пред Мене и да бидете примени во Моето Царство, Моето Вечно Царство на убавина.
Откровение 1:5. и од Исуса Христа, Кој е верен сведок, Првороден од мртвите и Господар на земните цареви. Нему, Кој нѐ возљуби и изми од нашите гревови преку Својата крв,
Времето истекува. Не трошете ни една минута на овој свет.
Ова е вашиот Господ и Цар кој ви Зборува, Голем и Моќен Вечен Авторитет Господ Исус.

ГЛАВА 33
ГО САКАМ ПРВОТО МЕСТО ИЛИ ВООПШТО НЕ САКАМ МЕСТО
Ајде да започнеме (1 март 2012). Деца ова е вашиот Господ. Имам нови Зборови да ви ги предадам на вашето внимание: Мои деца, постои нова ера која ќе светне низ оваа земја. Тоа е таа која е обележана од злото: зли луѓе, зли времиња. Мора да се подготвите да го направите вашето поаѓање со Мене. Сакам да бидете подготвени. Јас ќе морам да ја повлечам Мојата невеста од овој зол свет и да ја тргнам на безбедност.
Не можам да ја држам во овој свет многу подолго, затоа што наскоро овој свет ќе стане многу грд и предвидлив. Таа мора да се стави настрана на безбедност. Тогаш светот ќе го ослободи своето зло врз оние кои заостанале.
Наскоро, овој настан ќе се одржи. Дури и сега, сите фронтови на бурата се соединуваат за да ја создадат совршената деструктивна бура, еден бран на терор, кој наскоро ќе го преплави цело човештво кое избрало против Мене.
Јас Мора да Бидам Прв во вашиот живот. Мора да го имам Првото Место за да успеете да го избегнете овој ужас. Јас не сум Бог Кој сака да ги гледа Своите деца како страдаат, но ако одбиете да Ме поставите над идолите кои ги ставате во вашите срца над Мене, тогаш наскоро ќе научите што значи тоа да го отфрлите вашиот Бог, вашиот Создател.
Јас не Сум Бог, со Кој може да се поигрувате. Сакам Прво Место или воопшто не сакам место. Не ми е грижа доколку сум на второ место или на трето место на вашата листа на приоритети. Јас ве создадов за Себе за да Ме Обожавате, да ме Прославите, и да Ме Знаете, Копнеам да се Поврзам со вас на интимен начин и да имате лични односи со Мене.
Ако изберете да не Ме знаете на овој начин, тогаш можете да си одите по вашиот пат, тогаш Ние може да се разделиме и вие може да му правите друштво на Мојот непријател во неговата вечна дестинација. Јас сум Ревнив Бог. Јас не ве Создадов за да ве делам со Мојот непријател.
Второзаконие 32:16. Со туѓи Богови Ме раздразнија и со одвратности свои Ме загорчија.
Или ќе одберете да бидете исклучиво Мои или ќе го следите широкиот пат до уништување, каде што толку многу други веќе отишле. Многу малку сакаат да Ме знаат Мене над сите нивни световни работи.
Каде стојам во вашиот живот? Зарем не сум заслужен за позиција број 1 во вашето срце? Јас Умрев за вас деца Мои, ужасна, болна смрт. Јас ве Создадов и Ви Давам живот. Јас ве Одржувам секој ден. Мои деца, наскоро ќе мора да се одлучите.
Дали го сакате Мојот Мир, Спокој и Љубов? Дали го сакате Моето Уверување за безбеден премин од светот кој наскоро ќе се распадне? Тогаш сега е часот да одлучите што ќе изберете да направите. Како ќе го прегрнете вашиот Бог ... со љубов и посветеност или со млака рамнодушност?
Филипјаните 2:8. Сам се смири, откако стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст.
Потребно Ми е да одлучите. Дали сте спремни да умрете за себе си и да го предадете вашето се на Мене? Јас Чекам да одговорите на Мојата Понуда да дојдете до Мене во смирено покајание ,да ме прашате да ви ги простам гревовите и да ве покријам во Мојата Крв. Само со Мојата Крв можете да се спасите, само преку жртвите што ги направив на крстот.
Ако го прифатите овој Дар на Мојот Крвен Откуп, покајте се од вашите гревови со искреност. Положете го вашиот живот пред Мене. Следете Ме, без двоумење. Јас можам да направам пресврт во вашиот живот, да ве исчистам и да ве подготвам за Моето Царство. Подгответе се да дојдете со Мене.
Размислете за ова сериозно. Деца не можете да чекате толку долго. Чекајќи да видите што ќе се случи и избегнувајќи ја оваа одлука може да предизвика да изгубите се што ви имам спремено за следниот живот. Не се будалете, дојдете при себе. Подгответе се, бидете подготвени. Сакам да се спасите од ужасиите кои доаѓаат.
Јас се молам за вас. Јас се молам на Мојот Татко во ваше име. Деца овој час се смалува. Сакам да се одлучите. Јас Ќе Дојдам По Мојата Невеста! Не го пропуштајте овој голем Божји Потег. Не пропуштајте сè што имам за вас.
Јас сум верен на Мојот Збор. Јас Ќе Надвладеам И Мојата Црква Ќе Надвладее! Затоа мора да ги послушате Моите Зборови.
Јас сум Големиот "ЈАС СУМ" Јас сум Господ Исус Верен На Избавување.


ГЛАВА 34
ПОСТОИ НЕВОЉА КОЈА ДОАГА – ГОЛЕМАТА НЕВОЉА
Ајде да започнеме (2 март, 2012). Мои деца, тоа сум Јас, вашиот Господ. Имам нови зборови за вас: Деца, ова е сериозен час. Има многу тага која доаѓа кон светот. Ќе има многу опасност и тага. Овие невољи веќе започнаа. Гревот се движи неконтролирано меѓу луѓето.
Сепак не очајувајте, Јас го победив светот. Јас доаѓам да ја отстранам Мојата невеста на безбедност. Таа е убава и прекрасна за гледање. Таа го гледа Моето Враќање, Моето Наскоро враќање. Таа ги држи нејзините очи фиксни на Мене. Јас ја сакам со целото Свое Срце. Јас ја прифаќам со Моите Очи. Го следам секој нејзин потег. Таа никогаш не го напушта Мојот Видик.
Наскоро таа ќе биде со Мене во Моето Небо скриена на безбедно додека светот кој го напушта се распаѓа на рабовите.
Јован 16:33. Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки; само не бојте се, зашто Јас го победив светот.
Овој настан се одвива сега деца. Постои невоља која доаѓа – голема невоља. Како ништо што светот искусил претходно. Ми се чини дека сите вие сте толку безгрижни за Моите Предупредувања, Моите Знаци, Мојата Книга.
Не ли разбирате дека невоља доаѓа на земјата? Таа доаѓа и никој не може да ја спречи. Ова произлегува од еден свет кој го напушта својот Бог, кој го отфрла својот Бог. Овој свет нема обѕир за Мене и Моите Начини . Затоа Јас морам да ја тргнам Мојата Заштитна Рака и да се повлечам со Мојата невеста. Наскоро светот ќе разбере што значи вистински терор.
1 Јован 4:1-8. 1. Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите: дали се од Бога, бидејќи многу лажни пророци се јавија во светот. 2. По ова познавајте Го Божјиот Дух, и духот на лагата: секој дух, што признава дека Исус Христос дошол во плот, од Бога е. 3. А секој дух, што не признава дека во плот дошол Исус Христос, не е од Бога; тоа е духот на антихристот, за кого сте слушале дека иде, па и сега е веќе во светот. 4. Вие сте, чеда, од Бога и нив сте ги победиле; зашто Оној, Кој е во вас, е поголем од оној што е во светот.
5. Тие се од светот, затоа и по светски зборуваат, а светот ги слуша.
6. Ние сме од Бога. Кој Го познава Бога, нè слуша нас; кој не е од Бога, нас не нè слуша. По тоа и го познаваме Духот на вистината и духот на заблудата. 7. Возљубени, да се сакаме еден со друг, оти љубовта е од Бога, и секој, кој сака, е роден од Бога и Го познава Бога; 8. кој не сака, тој не Го познал Бога, оти Бог е љубов.
Нема да ве лажам деца, Јас сум Бог. Овој свет нема да биде место каде што ќе сакате да останете за да го видите исходот од овој настан. Нема да го преживеете тоа што доаѓа ако сакате да останете со Мене. Сите оние кои Ме исповедаат откако Мојата невеста ќе биде отстранета ќе умрат за својата вера. Тоа ќе биде тешко време за моите деца.
Не бидете неразумни, мислејќи поинаку.
2 Тимотеј 3:12. Па и сите, што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети.
Јас нема да бидам исмејуван. Овој свет не може да продолжи во истата насока и да верува дека не постојат последици. Јас сум уморен од заштитата и грижата за светот кој Ме мрази и Ме исмева. Оваа ера ќе дојде при својот крај. Наскоро, ќе му дозволам на светот да си го има својот начин, свет без неговиот Бог кој го држи назад злото кое наскоро ќе го спопадне. Светот не ме цени како свој Бог, затоа ќе му дозволам да ја исполни неговата најголема желба, да се води себеси без Светиот Бог, и Неговиот Божествен Компас. Тогаш светот ќе дознае за важноста на почитувањето на Моите Правила и Закони и следењето на Моите Вечни Начини.
Свет без ограничување, тоа е она на што Моите оставени ќе бидат сведоци. Тоа ќе биде ужасно време за човештвото. Немојте да заостанете. Дојде до Мене сега. Не чекајте.
Исчистете се во Мојата Крв и Мојот Збор. Копајте длабоко во страниците на Мојот Збор.
Покајте се и предадете го вашиот живот на Мене. Дозволете Ми да ве спасам од она што доаѓа. Јас сум подготвен. Времето е кратко. Побрзајте. Ова е часот да трчате кон Моите Прегратки. Мојата Љубов чека на вас.
Дозволете ми да ве спасам од најлошото. Елате под в Крвна Покривка до безбедност. Јас сум нестрплив да ве спасам.
Овие Зборови се Вистинити и Чисти.
Ова е вашиот Господ, Исус Силен на Спасување.

ГЛАВА 35
НЕ ПОСТОИ АПСОЛУТНО НИКАКВА КОРИСТ ВО СЛЕДЕЊЕ НА СВЕТ КОЈ УМИРА
Ајде Да започнеме повторно. Деца ова е вашиот Господ кој ви зборува: Мои деца, доаѓам во брзо време, затоа не се обесхрабрувајте. На овој свет му истекува времето доделено да ги исправи односите со Мене. Наскоро оние кои одбиваат да ги исправат односите со Мене преку покајание и полно предавање ќе страдаат од последиците.
Мојот противник е крвожеден и немилосрден. Светот ќе го почуствува теророт како никогаш порано. Овој час се приближува брзо.
ЈАС нема да трпам уште многу од овој зол, груб свет. Имам видено и слушнато доволно. Тоа е еден свет кој го отфрла неговиот Бог и го врти грбот на Моите Начини и Мојата Вистина.
Јаков 4:4. Вие прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли, дека пријателството од овој свет е непријателство на Бога? Оти, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога.
Деца, вас ве водат слепите и ќе продолжат да ве водат ако продолжите да трчате бесцелно по светот. Нема апсолутно никаква корист во потерата по свет кој умира и на кој му недостасува морален компас. Мора да го сфаќате ова до сега. Дојдете во костец со Вистината.
Нема надеж за овој мртов, умирачки свет кој го отфрла неговиот Творец. Ќе мора да внимавате. Отворете ги очите. Вие сте заведувани настрана од Мојат Тесен Пат.
Деца, неколку го наоѓаат овој пат. Отрезнете се! Исчистете го слепилото од вашите очи и отворете ги нивните завеси. Дојдете до Мене за Духовните очи. Дозволете Ми да ве отворам кон Вистината.
Престанете да си играте со непријателот како како сето тоа да е безопасна игра. Тој е смртоносен, подготвен да ве удри кога најмалку очекувате. Вие не сте достоен противник за него без Мене.
Морате да дојдете блиску до Мене за да бидете заштитени. Само со тоа што сте блиску до Мене вие ќе бидете безбедни. Само со тоа што ќе останете во Мојата Книга и ќе воспоставите цврст сојуз со Мене, ќе можете да преживеете. Дали ви е јасно ова? Ако одите сами, нема да успеете. Не се залажувајте. Не се будалете. Срцето на човекот е над се излажано. Мојот непријател е премногу итар за вас. Тоа е затоа што вие можете да успеете само ако имате близок однос со Мене. Ако сте блиску до Мене, навистина блиску, непријателот не сака да дојде во Моја близина. Темнината не може да ја поднесе Светлината.
Затоа положете ги вашите планови и вашиот живот, и предадете ги на Мене. Дозволете Ми да ги земам и да ја претворам вашата пепел во убавина. Дозволете Ми да ви ја покажам Мојата Совршена Волја за вашиот живот. Јас можам да го направам тоа. Јас сум волен. Тоа е Мојата Желба за да бидете во Мојата Волја за вашиот живот. Ова е Мојата Желба, да ве исчистам во Мојата Крв и донесам блиску до Мене, дури и како што мајката го сака своето дете, копнеам да се грижам за вас.
Исаија 66:13. Како што некого го утешува мајка така ќе ве утешам и Јас; ќе бидете утешени во Ерусалим.
Матеј 23:37. Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш испратените при тебе! Колкупати сакав да ги соберам чедата твои, како кокошка што ги собира пилињата свои под крилја, а вие нејќевте.
Деца часот на Моето Скоро Враќање се приближува. Вие не гледате. Вие ќе бидете оставени. Јас доаѓам само за моите деца кои се грижат да гледаат, кои сакаат да ме бараат на интимен начин. Тие се оние кои доаѓаат. Сите други, за жал, ќе бидат оставени. Многу од нив дури и ќе се изгубат во ненадејна погибел.
Ова е сериозен час и овие се сериозни предупредувања. Прочитајте ја Мојата Книга, отворете ги нејзините страници. Молете се за Мојот Дух да ве доведе до вистината.
Времето се губи. Не трошете ни една минута трчајќи по свет кој МЕ мрази, вашиот Бог. Се движите во фатална насока. Дојдете до вашите сетила. Побарајте Ме, барајте го Мојот Дух, барајте го Татко Ми, барајте не Нас. Ние сме Едно и Ние копнееме да ве спасиме.
Часот настапи за Моето Скоро Доаѓање . Не пропуштајте го Моето Спасување.
Ова е вашиот Господ Исус, Кој ве Љуби премногу.


ГЛАВА 36
МНОГУМИНА КОИ СЕ СМЕТААТ ЗА ПОДГОТВЕНИ СЕ ЗАЛАЖУВААТ

Ајде да започнеме, Моја ќерко (4 март, 2012). Слушај внимателно додека ти давам нови Зборови. МОЕ дете, ова е твојот Господ. Те молам запиши ги овие Зборови: Часот на Моето Враќање се приближува, толку многу се уште не гледаат, толку многу носат завеси на очите и одбиваат да го слушнат разумот. Часот на Моето враќање доаѓа брзо. Мора да бидете подготвени деца. Мора да бидете подготвени.
Бидете на штрек и гледајте. Ова е од суштинско значење за да бидете подготвени. Само оние кои гледаат ќе бидат земени. Само оние кои се грижат да знаат за Моето враќање може да бидат подготвени.
Оние кои не се грижат и не се придржуваат до Мојот Дух ќе останат да се соочат со најлошото.
Многумина ќе бидат изненадени кога ќе бидат оставени. Многумина ќе бидат шокирани дека тие не се земени, толку многу што се сметаат за подготвени се залажуваат себе си. Тие се далеку од подготвени. Тие се вплеткани во работите на светот. Тие го имаат нивното внимание на други работи. Тие не се грижат да внимаваат на Моето Доаѓање. Тие се преокупирани со самите себе и работите на светот. Тие не поминуваат време со Мене. Тие не гледаат кон Мене.
Тие се потсмеваат и ги гонат оние кои тоа го прават, но сепак тие ќе бидат премногу уплашени кога ќе бидат оставени, мислејќи дека Ме знаат. Тие не Ме знаат воопшто.
Тие само мислат дека Ме знаат. Нивните срца се далеку од Мене. Тие никогаш не доаѓаат до Мене во нивното тајно место. Тие трчаат кон работите на светот. Нивните очи не се заинтересирани за да Ме гледаат. Тие сакаат да се раководат и да ги допираат работите на светот.
Тие планираат далеку во иднината. Тие прават планови кои никогаш нема да се случат. Тие никогаш не Ме распрашуваат за овие планови, ако тоа го правеа Јас ќе им кажев да се фокусираат на Мене, да се приближат до Мене, да ги положат нивните планови и да се предадат на Мене. Ова е тоа што го сакам ... целосно предавање, да ги положите вашите планови пред Моите Нозе, да Ми се дадете целосно, дури и вашиот живот, и плановите за вашата иднина.
Само Јас знам што носи иднината. Сите планови што луѓето ги прават може да се урнат во еден момент. Зошто не Ми дозволите да ги ставам Моите Планови за вашиот живот на место? Знам што е најдобро за вас, Мои деца. Го знам почетокот од крајот. Јас сум АЛФА и ОМЕГА.
Откровение 22:13. Јас сум Алфа и Омега, Почеток и Свршеток, Првиот и Последниот!
Јас сум Творец на сонцето, месечината и ѕвездите. Не мислите ли дека можам да се грижам за вас и вашите идни планови? Можам да ве внесам во моето царство, ако само ќе Ми го дадете вашиот живот. Можам да ви донесам мир и безбедност; да ве изнесам со Мене на безбедност. Можете да живеете во мир знаејќи дека Моите планови за вашиот живот се совршени и Јас сум силен за да ве избавам.
Можете да ја имате оваа сигурност ако сте во Мојата Совршена Волја за вашиот живот. Не мора да се грижите ни еден ден од сега, ако сте во Мојата Волја. Ослободете го стисокот што го имате за вашите начини и планови. Тие само ќе ве доведат до уништување.
Предадете го вашето Се на Мене и зачекорете во Мојата Волја, Мојата Совршена Волја. Нека Оној Кој го знае почетокот од крајот да се грижи за вас. Јас сум вашиот Бог Вечен. Јас ќе ве донесам во Моето Вечно Царство. Тоа е ваше ако го побарате.
Откровение 21:6. Потоа ми рече: „Се сврши! Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крајот. На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум.
Предадете се, покајте се, и направете ме Свој. Дојдете да Ме запознаете. Јас ќе го споделам Моето срце со вас. Копнеам да чекорам со вас; никогаш нема да бидете сами. Време е сега да се предадете. Ова е часот. Ова е времето. Изберете мудро.
Има толку многу патишта. Само еден е вистинскиот, само еден е правиот пат.
Дојдете да Ме запознаете и ќе ве водам на правиот пат. Ова е Мојата Желба, да ве водам и да ви помогнам.
Евреите 12:13. и со нозете свои „направете си прави патеки” та, она што е хромо, да не се отклони, туку поскоро да се исцели.
Наскоро на часовникот ќе чукне полноќ. Трчајте кон Моите Прегратки, Безбедни Прегратки. Дозволете Ми да ве спасам. Изберете брзо. Ме прави тажен што ќе оставам некои, но изборот е нивни.
Не двоумете се да добиете Мојата Љубов.
Исус Бог на Огромна Љубов.
1 Јован 4:16. И ние знаевме и верувавме дека љубовта која Бог ја има за нас. Бог е Љубов; и тој, кој живее во Љубов живее во Бога и БОГ во него.

ГЛАВА 37
ИМАТЕ УШТЕ МАЛКУ СКАПОЦЕНО ВРЕМЕ
Ајде да започнеме. Јас ќе ви дадам повеќе Зборови: Деца, тоа сум Јас, Господ и имам Зборови да ви дадам.
Часот привршува. Постои Уште малку светлина која преостанува во денот. Вие треба да се подготвите, да бидете подготвени бидејќи Моето враќање е блиску. Тој настан се приближува.
Малку се подготвени и гледаат. Малку се трудат да се подготват. Многу одбираат да ги игнорираат Моите Предупредувања. Повеќето од нив се безгрижни за она што доаѓа. Часот привршува.
Сакам да бидете алармирани и на штрек. Ако не сте, ќе бидете фатени неподготвени. Ако не гледате, не можете да го видите она што доаѓа. Само оние кои гледаат ќе бидат алармирани. Само тие ќе се подготват на време, бидејќи гледаат. Како можете да бидете подготвени, ако не гледате? Само оние подготвените и спремните ќе си заминат. Сите други ќе немаат доволно масло за нивните светилки кои се половина полни.
Матеј 25:7-10. 7. Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилници. 8. Неразумните, пак, им рекоа на мудрите: »Дајте ни од елејот ваш, зашто нашите светилници гаснат.«
9. Мудрите им одговорија и рекоа: »Да не би да не ни стигне и нам, и вам: подобро отидете кај продавачите и купете си!«
10. А кога отидоа тие да купат, пристигна младоженецот и спремните влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија.
 Ова не е време за дремка мои деца. Ова не е на час за спиење.
Јас не доаѓам да ги земам оние кои не сакаат да останат будни доволно долго за да гледаат кон Мене. Оние кои се успани кога Јас ќе дојдам ќе се разбудат во жив кошмар на она што доаѓа на земјата. Колку тажно време навистина за мојата успана црква.
Евреите 9:28. Така и Христос, откако еднаш се принесе Самиот Себе како жртва, за да ги премавне гревовите на мнозина, вторпат ќе им се јави, не станувајќи веќе жртва за грев на оние што Го очекуваат за спасение.
 Моите деца се цврсто заспани и ако не се разбудат наскоро, ќе се најдат во рацете на Мојот непријател. Тој е безмилосен и без сочувство или загриженост за никого. Тој има само една желба: моќ и контрола. Тој ќе владее со железна тупаница. Не можам да ви ја соопштам доволно сериозноста на она што доаѓа. Ова е сериозен час, а тука се и сериозните нешта кои доаѓаат на земјата.
Јас не уживам во тоа што ви ги кажувам овие работи. Јас само сакам да ве предупредам на она што доаѓа, бидејќи не сакам да страдате низ пустошот кој ќе се случи на земјата.
Вразумете се Мои деца. Разбудете се од вашиот сон, отворете ги ролетните од вашите очи. Дојдете до Мене брзо. Имате скапоцено малку преостанато време. Морате да трчате кон Мене побрзо. Сакам да ве спасам од најлошото.
Немојте да бидете фатени во бурата што се приближува. Многу малку ќе излезат со Мене кога ќе ја отстранам невеста. Многу малку одбрале да гледаат кон Мене и да се подготват со перење низ Мојот Збор и чистење со Мојата крв. Не постојат други одговори. Не постои друг начин.
Ефесјаните 5:25-27.  25. Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа.
26. за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото;
27. та да ја претстави пред Себе како славна Црква, која нема осквернение, или порок, или нешто слично, туку да биде света и непорочна.
 Предадете го овој час. Јас сум подготвен да ве примам. Сакам да дојдете до Мене и да бидете безбедни. Јас ќе ве покријам и ќе ве заштитам од ужасите што доаѓаат. Спасете се себе си и дојдете до Мене. Јас сум единствениот излез- други не постојат. Претставете го вашето срце и вашиот живот до Мене во целосно предавање. Ќе бидете подготвени, подготвени од страна на Работата на Мојот Свет Дух. Дозволете му да ве исполни и ќе ја видите Вистината, Мојата Вистина.
Јас сум подготвен да ве донесам до Моето Царство.  Доаѓате? Ова е вашиот Господ Исус. Јас сум Трпелив и Долгострадален Чекајќи ве да се одлучите. Изберете за Мене и бидете спасени!

ГЛАВА 38
МОИТЕ ВИСТИНСКИ СЛЕДБЕНИЦИ ВНИМАВААТ
ТИЕ СЕ НА СТРАЖА
Ќерко ајде да започнеме. Моја ќерко, јас сум подготвен да ти дадам нови Зборови: Деца, тоа е вашиот Господ кој зборува. Часот на моето враќање се ближи а Моите деца се успани, тие спијат цврсто. Тие паѓаат во дремка целосно несвесни за она што се случува околу нив. Тие воопшто не ни гледаат. Јасно е дека тие се слепи и дека не ги имаат вперено очите кон Мене.
Јас ќе дојдам како крадец во ноќта. Многумина ќе бидат изненадени. Не ли го кажува тоа Мојот Збор? Ако е тоа така, зошто толку многу го игнорираат ова предупредување? Зошто тие одбиваат да гледаат и да обрнуваат внимание? Го сакам нивното најдобро, а тие Ми го даваат нивното најлошо.
Ако Моите деца Ме следеа внимателно, тие ќе знаеа да Ме гледаат, бараат, и да Ме чекаат. Тие би биле свесни на светот околу нив и начинот на кој светот гласно Ме отфрла Мене на сите четири агли.
Моите вистински следбеници гледаат. Тие се на стража. Тие ги имаат своите уши на земјата и ги слушаат Моите чекори. Тие го гледаат Секој Мој Потег и тие го слушаат Мојот Глас.
Доаѓам и тоа не е мистерија за оние кои Ме гледаат со очекување. Овие деца се трпеливи, но и возбудени. Ова е Мојата вистинската црква, Мојата невеста. Таа е прекрасна и нејзиниот ентузијазам за Моето Враќање Ме понесува. Ја сакам нејзината ревност додека таа Ме чека. Токму за неа Јас умрев, моите верни следбеници кои умираат за себеси за Мене.
Лука 12:37. Блазе на оние слуги, што ќе ги затече Господарот будни, кога ќе си дојде! Вистина ви велам, тој ќе се опаше и ќе им рече да седнат, па ќе пристапи и ќе им служи.
Тие ги полагаат своите животи пред Моите нозе и се отргаат од светот и световните работи за својот Господ. Заради ова Јас Сум премногу Благодарен и наградите никогаш нема да завршат за оваа прекрасна Моја црква.
Можеш да бидеш дел од оваа црква, Моја невесто. Можеш да бидеш подготвена за одење, кога Ние ќе заминеме заедно, во куќите кои сум ги подготвил во мојата небеса. Има, сепак, скапоцено малку преостанато време, па затоа биди будна во твојата потрага по Мене.
Јас Сум во потрага по целосно предавање. Барам целосна посветеност. Положи го твојот живот за Мене во сета негова полнота не оставајќи ништо назад. Го сакам целиот твој живот. Јас ќе го заменам за нов живот во Мене. Сакам да ти донесам нов живот. Сакам да те исчистам во Мојата Крв; да те воспоставам во Моето Царство; да ти дадам место меѓу Моите деца кој ќе Ми служат за сета вечност; и да владееш и царуваш засекогаш со Мене, покрај Мене.
Ова е Мојата невеста. Таа е убава, подготвени луѓе кои се спремни,чекајќи, постојано гледајќи кон нивниот Цар. Доаѓам да ги спасам овие деца, да ги изнесам на слобода и безбедност далеку од злата кои ќе ја преплават земјата. Тие се Моите победници. Ти можеш да бидеш меѓу нив. Јас чекам на вас, Мои деца, да се приклучите на Мојата Свадбена Забава, да биде дел од Моето Царство. Јас чувам место за вас на Мојата Свадбена Маса. Има место кое се спрема за вас, но вие морате да дојдете прво и да го освоите за ваше.
Нема да ја држам вратата отворена засегош. Наскоро, ќе ги донесам Моите деца кои се подготвени преку овој безбеден премин, и потоа ќе го затворам оставајќи ги оние, кои ја одбиваат Мојата Покана да дојдат, да се соочат со најлошото.
Колку тажен ден за оние кои ја одбиваат Мојата Понуда за безбедност и спасение. Нивна реализација за што се случило на тој ден и што имаат пропуштено ќе биде разорувачка. Тогаш ќе настапи реалноста на сцена за тоа што тие го пропуштиле и со што ќе мораат да се соочат. Ќе има многу жалење. Ќе има многу плач и ридание кога припадниците на Мојата млака црква ќе се соочат со нивните тажни избори да ги одбиваат и игнорираат Моите Многу Предупредувања.
Да, нивната загуба ќе биде огромена и нивната болка голема. Деца, ова не мора да бидете вие. Не морате да бидете оставени за да видите како темнината ја обвива земјата. Дојдете при Мене во целосно предавање, со целосно покајание и искрено каење за вашите гревови, и искрена желба да Ме следите со сето свое срце.
Јас ќе го променам вашето срце и ќе ги измијам дамките од вашиот грев со Мојата Крв. Ќе стоите пред Мене подготвени и спремни да се приклучите кон Мојата Голема Брачна Вечера.
Ова е копнежот на Моето срце за вие да се вратите при Мене. Јас сум вашиот Татко, вашиот Создател. Копнеам за вие да дојдете при Мене, за да те направам Свој син и ќерка. Ова е вашата шанса да ги исправите односите со Мене. Ајде да живееме заедно за сета вечност. Ја чекам вашата одлука.
Јас сум вашиот Господ Јас сум вашиот Цар Јас сум вашиот Бог ЈЕХОВА.

ГЛАВА 39
Моето сведоштво:
ВО ВРСКА СО ОВОЈ ДОКУМЕНТ И МОЈОТ ПОСТ
Господ ме повика да одам на едно затскриено место за да се молам и да постам четириесет дена со вода. По две недели, земав причест секој ден, а малку подоцна, пиев 4-4 мл. чаши сок дневно. Овој пост беше најтешката работа што мислам дека некогаш сум го направила во мојот живот.
Господ ме доведе до пост за да умрам за себеси, што и го направив. Тој, исто така ми Даде многу Зборови кои се обидов верно да ги запишам за другите да ги читаат. Документот ми беше диктиран од Господ за време на деновите на мојот пост од 27 Јануари 2012 до 6 Март 2012 година. (Ве молам имајте предвид дека повеќето од индивидуалните писма диктирани од страна на Господ не се поединечно датирани, бидејќи постот беше толку тежок за мене, што не сакав да се фокусирам на точните датуми, или затоа што времето поминато во пост, изледаше како да не поминува.) За време на постот, Господ ми Кажа да го побарам "Небесниот Леб" секогаш кога ќе ми требаше помош да се справам со болките од гладот. Јас токму тоа и го правев, коа ќе чувствував болки од гладот или напади на глад, заради постот. Секој пат кога ќе го побарав "Небесниот Леб" од Господа, болките едноставно ќе исчезнеа.
Тоа беше неверојатно и чудесно. Господ е "Небесниот Леб" (види го Писмото подолу).
Отприлика на половината на постот, читав книга која навистина ме натера да се сконцентрирам и да обрнам внимание. Се работеше за една жена на која и биле прикажани рајот и пеколот. Таа објави дека во пеколот, луѓето биле постојано гладни и жедни. Ова беше одлучувачки момент за мене во текот на овој пост, бидејќи јас постев само од храна четириесет дена (и јас, се разбира, не бев жедна затоа што пиев вода во текот на овој пост), но не можев да замислам вечност помината во глад (кога само четириесет -дена беше неверојатна борба) и жед и така сакам другите да размислат за оваа длабока вистина и да се ги земат во предвид сериозно нивите вечни резултати.
Јас сум благодарна на Господ што ми помогна да го издржам овој четириесет дневен пост.
Во врска со овие Зборови кои ми беа дадени, Господ искористи многу зборови на кои што јас дури и не им ги знаев значењата и кога ќе ги побарав тие секогаш беа совршени зборови. И јас сум исто така писател и кога пишувам нешто долго како овој документ со 100-плус-страници, тогаш ако сум го напишала јас лично, ќе беше потребно да направам многу поправки, уредувања, бришења, дополнувања, а овој документ никогаш не беше поправен или изменет-јас буквално го пишував диктатот на Господ, како што ми беше кажано. Ги напишав Зборовите на Господ во мојот дневник и само ги препишав во целост, без ни една единствена преработка или измена- совршен англиски јазик. Слава Му на Бога! Фала ти Господе за Твоето Трпение со овој ништожен сад, Сузан Дејвис.
Исус е Небесниот Леб:

Јован 6:29-58


29. Исус им одговори и рече: „Делото Божјо е ова: да поверувате во Оној, Кого Го испрати Он.”

30. А тие Му рекоа: „Каков знак ќе ни покажеш да видиме и да поверуваме? Што ќе направиш?

31. Татковците наши јадеа мана во пустината, како што е напишано: »Леб од небото им даде да јадат.«“
32. Но Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: не Мојсеј ви даде леб од небото, а Мојот Отец ви дава вистински леб од небото.
33. Зашто лебот Божји е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот.”
34. Тогаш тие Му рекоа: „Господи, давај ни го секогаш тој леб!”
35. А Исус им рече: „Јас сум лебот на животот; кој доаѓа при Мене, нема да огладни, и, кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни.
36. Но ви реков – дека вие и Ме видовте и пак не верувате.
37. Сè што Ми дава Отецот, ќе дојде при Мене; а кој доаѓа при Мене, нема да го испадам надвор;
38. оти слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати.
39. А волјата на Отецот, Кој Ме прати, е оваа: од сè што Ми дал да не погубам ништо, туку да го воскреснам во последниот ден.
40. Волјата на Оној што Ме прати е: секој што ќе Го види Синот и поверува во Него да има живот вечен, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.”
41. Се разгневија против Него Јудејците, дека рече: „Јас сум лебот што слезе од небото”,
42. и зборуваа: „Зар не е Овој Исус, Јосифовиот син, Чиј татко и мајка ги познаваме? Како тогаш Он вели: »Слегов од небото.«“
43. Им одговори Исус и рече: „Не гневете се помеѓу себе.
44. Никој не може да дојде при Мене, ако не го привлече Отецот, Кој Ме прати; и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.
45. Кај Пророците е напишано: »И ќе бидат сите од Бога научени.« Секој што чул од Отецот и се научил, доаѓа при Мене.
46. Но тоа не значи дека некој Го видел Бога, освен Оној, Кој е од Бога; само Он Го видел Отецот.
47. Вистина, вистина ви велам: Кој верува во Мене има живот вечен.
48. Јас сум лебот на животот.
49. Татковците ваши јадеа мана во пустината и умреа;
50. а ова е леб што доаѓа од небото, и оној, кој јаде од него, нема да умре.
51. Јас сум живиот леб што слезе од небото; кој јаде од овој леб, ќе живее вечно; а лебот што ќе го дадам Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за животот на светот.”
52. Јудејците пак почнаа да се препираат помеѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде телото Свое да го јадеме?”
53. А Исус им рече: „Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе.
54. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.
55. Зашто Моето тело е вистинска храна, и Мојата крв – вистинско питие.
56. Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него.
57. Како што Ме прати живиот Отец, и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Мене.
58. Ова е лебот што слезе од небото, а не како татковците ваши што јадеа мана и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе живее довека.”

Линк до 4 часовното видео за оваа книга на Youtube.com на англиски јазик:
https://www.youtube.com/watch?v=0QEBGAtDZWM

No comments:

Post a Comment