Tuesday, January 14, 2014

ВНИМАВАЈТЕ! ПАПАТА ФРАНЦИС Е ЕДЕН ОД НАЈОПАСНИТЕ ЛУЃЕ НА ЗЕМЈАВА!

Ве зачуди ваквиот наслов? Еве зошто го тврдам тоа:



 Чикаго Трибјун известуваше за Папата Францис, кој зборуваше пред околу 70.000 луѓе од централниот балкон на Базиликата Свети Петар овој Божиќ. Лидерот на 1,2 милијарди верници на Католичката Црква ја испрати својата прва порака "Urbi et Orbi " (до градот и светот) на тема мир, на еден многу интригантен начин. Имено, папата Франсис, го прослави својот прв Божиќ како лидер на Римокатоличката Црква, така што ги повика атеистите да се обединат со верниците од сите религии и да работат заедно на " домашниот мир", кој може да се прошири низ целиот свет.




Тој го кажа и следново: "Мирот е дневна обврска. Тоа е домашно произведен мир". Воедно им порача и на луѓето од другите религии, исто така се молат за мир, и  нечитајќи го понатаму претходно подготвениот текст, тој ги повика атеистите да ги здружат силите со верниците. "Ги повикувам дури и неверниците да посакаат мир, да ни се придружите со вашите желби, - желби, кои го шират срцето. Ајде сите да се обединиме, или со молитва или со желба, но сите - за мир", рече тој, добивајќи аплауз од публиката.

Претходно,  во текот на 2013 година (на 22 мај) папата Францис го рекол следново за атеистите:
 ВАТИКАН, 22 мај (преку Ројтерс):


  „На атеистите треба да се гледа како на добри луѓе, ако прават добро“, зборови кои тој ги упатил до атеистите, како дел од неговите актуелни заложби, луѓето од сите религии - или кои не припаѓаат на ниту една религија - да работат заедно за постигнување мир.



Му ги упатувам следните зборови на папата Францис: Постои САМО ЕДЕН ПАТ ДО МИРОТ – и тоа не е мир од типот “направи го тоа самиот или нешто, на што може да се гледа како на домашна задача“; 
Тоа е целосно предавање на Исус Христос, целосно  предавање и потчинување на сопственатa волја на Бога и чекорење пред Него во целосна смиреност, скромност, покајание и понизност!- Сите други патишта се ПОГРЕШНИ!
Со претходно кажаните зборoви, папата ги води луѓето на самиот раб на амбисот, наведувајќи ги на мислење дека мир може да се постигне преку сопствени напори и по пат, кој луѓето сами ќе си го изберат. Значи мир – без интервенцијата на ИСУС ХРИСТОС, без Силата и Моќта  на Светиот Дух и надвор од Волјата на Бог.

Папата Францис, како духовен водач на Христијаните од Католичка вероисповед ја премолчува важната вистина содржана во Библијата, а тоа е дека:
-   Исус Христос е ПАТОТ, ВИСТИНАТА И ЖИВОТОТ.  Не постојат повеќе патишта да се дојде до Отецот Јахве, туку само еден, а тоа е преку  прифаќање на Неговиот Синот Исус Христос како Сопствен Господ и Спасител.

- Само мирот кој го дава Исус Христос е Вистински Мир, кој ја храни и успокојува човечката душа.

- Претставниците на сите други религии, можеби зборуваат добро и прифатливо на прв поглед, промовирајќи толеранција, мир, соживот преку прифаќање на различни ставови, животни стилови и избори, - но, всушност, само следењето на Исус, во потполна понизност, послушност и покорување на сопствената волја на Волјата на Нашиот Сакан Спасител е оној вистинскиот, тесниот пат, по кој треба да чекориме во животот, без оглед на тоа – колку чудно  и неприфатливо тоа им изгледа на другите околу нас.
Не постои друг начин, ниту пат - сите други планови на атеистите и претставниците на другите пагански религии, кои даваат инструкции како да се однесува човек за да дојде до сопствен мир во душата и мир во светот – надвор од Волјата на Бог – претставуваат ЗЛО!

ован: 14:6 Исус му рече: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.)

Јован: 14:27 Ви оставам мир, ви го давам Мојот мир. Не ви го давам како што го дава светот. Нека не се вознемирува вашето срце и нека не се бои.

Матеј 7: 13, 14 ”Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа.

14 Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.”


Погледнете како Папата Францис, кој како духовен лидер треба да ги води верниците кон Христа – издал наредба да се слави Луцифер за време на Велигденската Миса  во 2013 година, во која Исус се нарекува – замислете, негов син!?





No comments:

Post a Comment