Monday, March 7, 2016

ТЕТОВАЖИТЕ – ЗНАК НА ПОСЛЕДНИТЕ ВРЕМИЊА



Тетоважите се mindset или тнр. "начин на размислување" на оваа генерација  и сега се толку кул и изгледаат модерно, ама само затоа што нешто сега изгледа модерно и е широко прифатено во светот, не значи дека е во ред и со Бог (иако многумина мислат дека тоа нема никаква врска со Бог).

 Дали на некој му текнува на стиховите од  Светото Писмо: "Тесен е патот и малкумина го наоѓаат"?!

Јасно е дека живееме во Последните времиња непосредно пред Доаѓањето на Господ Исус Христос, за да ја Однесе на Безбедно место Својата Црква. Исто така, јасно е дека живееме во „опасни времиња“ ( 2 Тимотеј 3:1) А еден од трендовите, кој и Христијаните масовно го прифаќаат е тетовирањето. Постојат дури и „Христијански салони“ за тетоважа, каде луѓето си прават тетоважи со ликот на Исус, или со некаков христијански симбол... А сето тоа, затоа што тетоважата се смета за Body Art или „уметност на телото“. Па еве да разгледаме, што Библијата има да Каже за ова.

Од Библиска гледна точка, тетоважата е:

1)                Крвав знак.  Самиот процес на тетовирање подразбира сечење на кожата / месото со остра игла или инструмент, со цел да се нанесе некаква апликација или исцрта некаков лик. Како резултат од тоа се случува да тече крв. течењето на крв има истовремено и окултно и демонско потекло, бидејќи се смета дека во таа пригода се ослободува натприродна енергија. Многу извори кои го поддржуваат тетовирањето, опишуваат дека тоа има „магиска“, „окултна“ поврзаност со пуштањето крв, а пак самото крвавење во таа прилика се смета за нормално. Луѓето кои ги проучувале корените и историјата на тетовирањето укажуваат на постоење индиции дека тоа е поврзано со религиозни практики на жртвување и пуштање крв. Во други извори се наведува пракса на лижење на крвта, која тече за време на тетовирањето. (Steve Gilbert, “Tattoo History: A Source Book”, стр. 181). Во Прва книга Царства 18:25-28 читаме за случката со пророците на тнр. бог Ваал, кога тие се сретнале со пророкот Илија, и како тие на крајот дознале, Кој е всушност Вистински Бог. Тие пророци на Ваал биле сатанисти, кои се сечеле и си пуштале крв со цел да си овозможат да се ослободи натприродна (демонска) сила во нив (стих 28). Во Новиот Завет читаме за човекот наречен Легион, бидејќи во него имало многу демони (Ев. по Марко 5:1-9), кој се сечел со камења (стих 5). Во Левитите 19:28 јасно е запишано „Не врежувајте засеци на вашето тело за покојник; ниту засечувајте некакви знаци на себе. Јас Сум Господ!

2)               Демонска чаша.  Историски гледано, потеклото на тетоважите е поврзано со паганство, демонизам, обожавање на Ваал, шаманизам, мистицизам, канибализам и многу други пагански верувања и обичаи.  Тетовирањето  НИКОГАШ  не било поврзано со Христијаните, кои се вистински Христови следбеници. Сатаната е „бог“ на овој свет и во неговата агенда е вклучена измамата на Христијаните со секакви можни начини, во овие Последни денови. Тетовирањето не е само украсување на телото, тоа е практика со многу окултна позадина, поврзана со окултниот свет. Во денешно време особено се популарни tribal tattoos или племенски тетоважи, кои се чист паганизам. Тие претставуваат специфични мистични симболи со окултно значење. Ronald Scutt, во неговата обемна книга Art, Sex and Symbol, (Уметност, секс и симболи), зборува многу за историјата и културата на тетоважите. Во таа книга, тој изнесува факти и докази дека во најголем број случаи, тетовирањето има духовна, религиска или мистична цел, која најчесто се поврзува со обожавање на сонцето, обожавање на змијата (ѓаволот) или на богот на сонцето Ваал. Steve Gilbert, авторот на книгата  Tattoo History: A Source Book, на стр. 99, забележал, “Шпанците, кои никогаш немале слушнато за тетовирањето, веднаш го препознаа истото како дело на сатаната.“ Сепак, денес наивните Христијани чекаат во реденици да си направат некаква тетоважа... Во Новиот Завет, во 1 Коринтјаните 10:21 е запишано: Не можете да ја пиете Господовата чаша и бесовската чаша. Не можете да учествувате на Господовата трпеза и на бесовската трпеза.

3)                              Знак на смртта. Во Левитите 19:28 пишува: Не врежувајте засеци на вашето тело за покојник; ниту засечувајте некакви знаци на себе. Јас Сум Господ! Во Англискиот превод е употребен зборот „тетовирање“:
Levit 19:28 You shall not make any cuttings in your flesh for the dead, nor tattoo any marks upon you: I am the LORD.
 Сепак, смртта е тема број 1 при одбирањето тетважи.  Во книгата The Body Art Book, од авторот  Henry Ferguson, на стр. 56, во поглавјето The Art of the Tattoo (Уметноста на тетовирањето), тој изјавува: “веројатно најпопуларни тетоважи во денешно време се оние со черепот на ангелот на смртта!” Насекаде гледаме луѓе со тетоважи на черепи, змии, кои се провлекуваат низ отворите од черепот, змејови, демони, огнени јазици како сцени од пеколот, и секакви други симболизми на смртта, а објаснувањето на тие што ги имаат е божем дека со тоа ќе се заштитат од смртта. Каква наивност?! Па кој е претставникот на смртта и пеколот? Кој се крие зад сликата на змијата и змејот? Сатаната, се разбира!   Откровение 6:8 И видов, и ете, сив коњ, а на оној, кој седеше на него името му беше смрт, и Подземјето идеше по него, и ним им беше дадена власт над четвртина од земјата, да убиваат со меч и со глад и со помор и со дивите ѕверови на земјата. Ѓаволот и гревовите, на кои тој ги наведува луѓето- се причината за смртта, и бројни се Библиските стихови кои тоа го потврдуваат. (Откровение 6:8, Евреите 2:14,  Матеј 25:41, Постанок 3:1, Откровение 12:8, 20:1-2); Понатаму, бидете свесни дека и самите лица кои прават тетоважи, се луѓе, кои отворено се изјаснуваат за следбеници на сатаната, и кои и самите имаат тетоважи со слики, кои го величат сатаната и/или пеколот.
Наспроти тоа, односно спротивно на се што е сатаната, - Исус Христос Е Живот (Јован 1:3, 6:48, 11:25, 14:6, Дела 3:15, Римјаните 6:23, 1 Јован 1:1-2, 1 Јован 5:12).  

4)        Знак на бунтовност.  Библијата го осудува бунтовништвото и непослушноста и го споредува со вештерство. Во 1 Самуилова 15:23 читаме: непокорноста е како гревот на вражањето, самоволието е како злостор со идолите. Ти го отфрли Господовиот збор, затоа Господ те отфрли тебе, за да не бидеш повеќе цар!   Во сите книги за тетовирањето, тоа се наведува како знак на бунтовност и дух на бунтовништво, па дури и како знак за нешто срамно или одвратно... Низ историјата на човештвото, со тетоважи биле обележувани криминалците, проститутките, предавниците, дезертерите, перверзните и отфрлените. Тетовирањето, исто така се сметало за знак на непристојност. Најчесто било поврзувано со варваризмот, со неморалноста во Грција и Рим. Во денешно време, студиите покажуваат дека тоа е многу чест знак на оние кои се социјално депривирани и исклучени. Многу е индикативен податокот што голем процент на лица со девијантно однесување, имаат тетоважи. Тетоважите, според тие студии се поврзуваат со хомосексуалност, лезбејство и отворени сексуални перверзии. Една неодамнешна студија за младите со тетоважи (во споредба со оние кои немаат тетоважи), покажа дека: 1) за четири пати повеќе се вклучени во сексуални односи, 2) за двапати повеќе се вклучени во проблеми поврзани со злоупотреба на алкохол, 3) за речиси двапати повеќе се вклучени во проблеми поврзани со зависност од дроги 4) повеќе од двапати се вклучени во проблеми поврзани со насилно однесување 5) повеќе од двапати е зголемена веројатноста дека ќе го напуштат средното образование.
Како контраст на сево ова, ајде да видиме, - дали Исус Бил Бунтовен? НЕ, дефинитивно! Напротив, - Исус Бил 100 % Послушен, и тоа – Послушен до смрт (Филипјаните 2:8)! Вечерта пред распнувањето, во Гецеманската градина Тој Молел: „Не Мојата, туку нека биде Твојата Волја, Оче“ (Лука 22:42-44). Ако имало и најмал знак на бунтовништво, Исус би Направил грев и тогаш, сите ние би биле загубени за сета вечност и не би имале можност да бидеме спасени и откупени со Неговата Жртва.

5)                             Предизвикувач на инфекции со смртни последици. Веќе е сосема познат фактот дека тетовирањето може да предизвика инфекции и опасни зболувања како Хепатит „Ц“ или СИДА. Причината за тоа е што иглата, која се користи при тетовирањето ја пробива кожата 3000 пати во една минута. За еден час, тоа би било 180 000 убоди, кои предизвикуваат рани што отвораат можности за смртоносни заболувања, особоно повеќе заради тоа што, ретко кои од тие „салони за тетовирање“ имаат дозволи за работа од санитарна инспекција. Многу од лицата, кои изведуваат тетоважи кријат од своите корисници на услуги дека мастилото и боите кои се употребуваат во таа прилика, исто така се потенцијални предизвикувачи на инфекции и кожни болести (псоријаза, алергиска кожна реакција, фотосензитивност, дерматитис и тумори). И самата Библија содржи стихови, кои се сосема прикладни за да ги опишат последиците од оваа штетна практика (Псалм 38: 5-8: Моите рани смрдат и гнојат заради мојата безумност. Се згрбавив и се собрав, постојано скитам натажен. Зашто мојата внатрешност гори, и нема здравје во телото мое. Исцрпен сум и сосем сотрен, офкам од плачот на моето срце.О, Господи, сите мои желби се пред Тебе, и моите повици не Ти се скриени.)

6)                                  Загадувач на „Божјиот Храм“
Христијаните не смеат да се прават засекувања и означувања на телото и да не го прават тоа на телото, кое е Божји Храм, - секако за оние кои се сметаат себеси за Христијани и решиле да живеат според Неговата Волја, а не според волјата на ѓаволот; Бидејќи Библијата јасно ни дава до знаење дека ние не си припаѓаме на себеси, туку на Исус, Кој скапо не’ Откупи, - со Сопствената Крв!
1 Коринтјаните 6:19 -20: 19 Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси? 20 Зашто скапо сте купени. И така, прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји.
Па така, кога еден Христијанин Му припаѓа на Господа со целосна предавање, тогаш тој не треба да дозволи неговото тело да се зарежува или означува. 

7)                  ПОСРЕДНИК за земање на жигот на ѕверот! Последно, но не и најмалку важно е што тетоважите се можне лукаво средство на сатаната за да ги придобие луѓето, со леснотија да го земат жигот на ѕверот!
Гледаме, односно сведоци сме дека во денешно време, се погласни се најавите за исчезнување на парите како платнежно средство и нивно заменување со вградување на чипот  RFID (Radio Frequency Identification Device), со големина на зрнце ориз,  кој ќе биде користен како средство преку кое ќе се одвиваат сите трансакции, како: купување, продавање, замена за лична карта, замена за пасош, средство за интелигентно идентификување при влез во зграда, лифт, автомобил, при логирање на својот персонален компјутер итн.
Последна во низата вести поврзани со овој чип, е изјавата од канцеларката Меркел, во која таа наведува дека сите Германци ќе мора да го вградат тој чип во десната рака, како платнежно средство, во рамките на зацртаните планови за истиснување на хартиените пари како платнежно средство.
Во Откровение 13: 16-18 е запишано: И направи сите - мали и големи, богати и сиромашни, слободни и робови - да им се даде ознака на десната рака или на челото,и никој да не може ниту да купи ниту да продаде, освен оној, кој има ознака: името на Ѕверот или бројот на неговото име.Тука е мудроста. Кој има ум нека го пресмета бројот на Ѕверот, зашто е број на човек. а неговиот број е: шестотини шеесет и шест. 

Па така, драги мои Христијани, знајте дека Бог не Одобрува тетовирање исто како што во минатото не Одобрувал ниту сечење / засекување на телото. Логично на тоа, доколку тетовирањето не согласно на Божјата Волја, тогаш тоа е според волјата на оној другиот!

Бог Може и Сака да ги избави луѓето од нивната желба да се тетовираат, или имаат потреба да прават работи, како и останатите луѓе од светот, кои не Го Познаваат Исус. Како што Христос го избави човекот обземен со демони (опишано во Евангелието по Марко 5 глава), кој се самоповредувал преку удирање/ сечење со камења, така Исус и денес Избавува, Оздравува, Исцелува, Ослободува од демони, затоа што е Истиот, - вчера, денес и засекогаш! (Евреите 13:8)
Доколку Го Љубите Господ Исус Христос  со сето свое срце, ум, душа и сила, тогаш не правете ги истите грешки од минатото.

А доколку вие, кои го читате ова и самите имате тетоважа, па макар и да е некаков Христијански симбол, - на пример крст, или лик на Исус, или некој светец, - или што и да е –тогаш, покајте се како што би се покајале и за секоја друга грешна работа, што сте ја направиле пред да го доверите својот живот на Исус. Предајте Му СЕ’ СВОЕ на Исус Христос и не грешете повеќе.

Исус, а потоа и апостолите поучуваа дека секој грешник, кој ќе се покае, се крсти и Му го довери својот живот на Исус – ќе биде избавен и ќе има вечен живот!

Референтни Библиски стихови:

Левит 19:28: Не врежувајте засеци на вашето тело за покојник; ниту засечувајте некакви знаци на себе. Јас Сум Господ!

Марко 5: 2-5: 2 И кога излезе од коработ, веднаш му дојде во пресрет - од гробовите - човек со нечист дух.3Тој живееше во гробовите; никој не можеше веќе ни со окови да го врзе,4 зашто многупати го ставаа во окови и вериги, но тој ги кинеше веригите и ги кршеше оковите, и никој не можеше да го скроти.5И постојано, ноќе и дење, беше во гробовите и по ридовите, викајќи и УДИРАЈЌИ СЕ САМИОТ со камења. (Во Англиската верзија на овој стих стои: CUTTING HIMSELF)

1 Коринтјаните 6:19 -20: 19 Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси? 20 Зашто скапо сте купени. И така, прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји.

Матеј 7:14
Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат

Јован 8:7
Таа одговори: „Ниеден, Господи.” Исус рече: „Ни Јас не те осудувам, ОДИ СИ И ОТСЕГА НЕ ГРЕШИ ВЕЌЕ.
Евангелие по Марко 1:15
И (Исус) зборуваше: „Времето се исполни, и наближи Божјото Царство; покајте се и верувајте во Евангелието!”


Дела апостолски:  2:37-40 37А кога го чуја тоа, ги засегна во срцето и му рекоа на Петра, и на другите апостоли: „Мажи, браќа, што да правиме?” А Петар им рече: „Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа за проштавање на вашите гревови; и ќе примите дар од Светиот Дух. Зашто, ова ветување е за вас, и за вашите деца, и за сите далечни, колку што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.”И уште со многу други зборови сведочеше и ги опоменуваше, велејќи: „Спасете се од ова расипано поколение!”

Дела апостолски:  3:19 Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, за да дојдат, од лицето на Господа времиња на освежување

Јаков 4:4-6  Прељубници, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство против Бога? И така, кој сака да му биде пријател на светот, Му станува непријател на Бога  или, мислите ли дека Писмото вели напразно: „До ревност го љуби духот, кој живее во нас?” Но дава поголема благодат. Затоа вели: „Бог им се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат.”

1 Петар 1:14-16 14Како послушни чеда, не управувајте се според некогашните страсти, кои ги имавте во своето незнаење,15туку според Светецот, Кој ве повика, бидете и самите свети во целото свое држење,16зашто е напишано: „Бидете свети, зашто Јас Сум свет.”

2 Тимотеј 3: 1-5  А ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времињазашто луѓето ќе бидат саможиви, среброљупци, самофалци, горделиви, хулители; непокорни на родителите, неблагодарни, несвети;без природна љубов, непомирливи, клеветници, невоздржани, жестоки, непријатели на доброто,предавници, избувливи, надуени, повеќе сластољубиви, а не богољубиви, кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила; отстранувај се и од нив.


Референтен линк на интернет:
http://www.raptureready.com/featured/schaefer/tattoo.html

Image result for tattoos

Image result for tattoos

Image result for tattoos




No comments:

Post a Comment