Thursday, February 6, 2020

50 ЗНАЦИ НА ХРИСТИЈАНИ КОИ НЕ ПРАВАТ КОМПРОМИС СО СВЕТОТ


ХРИСТОВИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ НЕ СЕ СООБРАЗУВААТ СО СВЕТОТ, ТУКУ РАСТАТ ВО СВЕТОСТ!



Проверете се дали спаѓате меѓу нив:


  1 - НЕ СЕ ПРИЛАГОДУВААТ СО РАБОТИТЕ ОД ОВОЈ СВЕТ - Нивната цел број 1 е да бидат како Исус
  2 - Тие ГО ЉУБАТ ГОСПОДА, НИВНИОТ БОГ со сето свое срце, душа, ум и сила
  3 – Се ОДВОЈУВААТ од сета безбожност и од работите од овој свет
  4 - Тие чекорат по тесниот пат на Божјата СВЕТОСТ - Тие се Божјиот свет остаток
  5 - НЕ ГЛЕДААТ СВЕТОВНИ ТВ серии и филмови, порнографија на Интернет, не играат компјутерски игри
  6 – НЕ ЧИТААТ СВЕТОВНИ списанија и книги за славни личности  
  7 – Не прават компромиси со светот, слушајќи световна музика- туку МУЗИКА ЗА ОБОЖАВАЊЕ НА ГОСПОДА
  8 – НЕ ГИ ПОЧИТУВААТ „СВЕТОВНИТЕ ИДОЛИ“ како што се: пејачи, филмски ѕвезди, спортисти
  9 – НЕ СЕ ВПРЕГНУВААТ СО НЕВЕРНИЦИ и луѓе што прават компромис во следењето на Исус
10 –  СЕ ДРУЖАТ СО ПОБОЖНИ ПРИЈАТЕЛИ, кои ги инспирираат да ЛИЧАТ на Исус
11 - Тие СЕ ХРИСТОЛИКИ во нивните размислувања и начин на однесување
12 – ПОНИЗНИ СЕ и имаат вера како дете
13 - Одбиваат МЛАКОСТ – не се со „едната нога во Божјото Слово, а со другата во светот“
14 - Му угодуваат на Господ преку ДОБРИ ДЕЛА  И СЕРВИЛНО СРЦЕ
15 - Тие знаат дека ФИНАНСИСКАТА ДОБИВКА НЕ ЗНАЧИ ПОБОЖНОСТ
16 – ГО БАРААТ ПРВО БОЖЈОТО ЦАРСТВО, а не световното богатство, слава, и моќ
17 – Порадо би биле МАЧЕНИЦИ И СИРОМАШНИ, отколчку да прават компромис со светот и да бидат богати, а одвнатре празни  
18 - Тие се ДАРЕЖЛИВИ И ДАРУВААТ, без разлика дали се сиромашни или богати
19 – СЕ ОТКАЖУВААТ ОД СЀ за да го следат Исус —  „секојдневно го носат својот крст“
20 –-ПРЕСТАНАЛЕ ДА ГРЕШАТ, а кога ќе згрешат, од срце жалат и се покајуваат
21 – ГЛАСНО ЗБОРУВААТ И ГИ ПРЕДУПРЕДУВААТ ЛУЃЕТО за предстојниот Божји Суд и го шират Божјото Евангелие
22 - ТРПАТ МАКИ И ПРОГОНИ заради верата во Исус
23 – ГИ ЉУБАТ И ИМ ПРАВАТ ДОБРО на другите Христијани
24 - Тие покажуваат дека ГО ЉУБАТ ИСУС, со тоа што се послушни на Господовите Заповеди на љубовта 
25 - Тие се ИЗВРШИТЕЛИ НА СЛОВОТО, а не само на слушатели. Верата без дела е мртва
26 – ИМААТ СТРАВ БОЖЈИ и се оддалечуваат од злото
27 - НЕ БАРААТ ОДОБРУВАЊЕ ОД ЧОВЕК, туку само од БОГ
28 - Тие НЕ СЕ ЛИЦЕМЕРИ – не Му служат на Бог само со усните, туку и со дела
29 - Нивните зборови се за ОХРАБРУВАЊЕ, ПОУЧУВАЊЕ И ВРАЗУМУВАЊЕ; не се злобни и злонамерни
30 – НИВНИТЕ МОЛИТВИ СЕ ЕНЕРГИЧНИ, а често пати се молат и со други верници
31 – ТИЕ ГО ПРОУЧУВААТ БОЖЈОТО СЛОВО,  а и другите ги учат на Божјите патишта, правејќи од луѓето ученици
32 – ПОБЕДНИЦИ СЕ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ГРЕВОТ и секогаш се облечени во Божјото оружје
33 - Тие се БУДНИ И СО НЕТРПЕЛИВОСТ ГО ОЧЕКУВААТ  Господовото Доаѓање
34 – ГО ЉУБАТ БОЖЈОТО СЛОВО И БОЖЈИТЕ ЗАПОВЕДИ, читајќи ги секојдневно и учaт напамет делови од Словото
35 - Тие ја користат секоја можност за ПРОПОВЕДАЊЕ НА ЕВАНГЕЛИЕТО - тие носат жар во срцето за Господа
36 – ДАВААТ БОГАТИ ДУХОВНИ ПЛОДОВИ ЗА ГОСПОДА - тие се ПРОДУКТИВНИ со Евангелието 
37 - Секојдневно ГО „РАСПНУВААТ НИВНОТО ТЕЛО“ - тие се со-наследници со Христа и страдаат заради Исус 
38 - Тие ги разбираат БОЖЈИ ЦЕЛИ за неговиот СВЕТ НАРОД, кои се ВЕЧНИ, наспроти овој минлив злобен свет
39 - Тие знаат дека се само минувачи во овој свет, а НИВНИОТ ВИСТИНСКИ ДОМ Е НА НЕБЕСАТА
40 - Тие ПРАВАТ СÈ ЗА СЛАВА НА БОГА
41 - НЕ ВЕРУВААТ на лажните учења и на сè што не е во согласност со Божјото Слово
42 - Тие јасно го разбираат Евангелието и самите ЈАСНО И СО ХРАБРОСТ ГО ПРОПОВЕДААТ БОЖЈОТО СЛОВО
43 - Тие СВЕТАТ – Нивното лице и живот се РЕФЛЕКСИЈА НА ХРИСТОС
44 - Немаат доверба во СВОЕТО ТЕЛО - Тие се смалуваат, а Христос во нив се зголемува
45 - Тие имаат ИНТЕГРИТЕТ, РАБОТАТ НАПОРНО И СЕ ПРАВЕДНИ - Тие не лажат, не крадат, ниту  мамат
46 - Тие се секогаш МНОГУ БЛАГОДАРНИ НА БОГА за Неговата Љубезност, Заштита и сѐ што им Обезбедува
47 - Тие не се полни со: СЕБИЧНИ АМБИЦИИ, ГНЕВ, ОГОВАРАЊЕ ИЛИ ЉУБОМОРА – тие се стремат кон мир
48 - Тие ја признаваат и се покоруваат НА БОЖЈАТА ВОЛЈА за нивните животи
49 – НЕМААТ ПРЕДРАСУДИ- исто се однесуваат кон луѓето без оглед на богатството, статусот на луѓето, бојата на кожата или расата, итн.
50 - НЕ ДОЗВОЛУВААТ ГРИЖИТЕ од овој живот да доминираат во нивните мисли и разговори
Овие Христијани го наоѓаат секогаш својот мир, ставајќи Го Исус на Прво место во своите животи!

  

Tuesday, July 3, 2018

ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО АКТИВНОСТИТЕ НА ЛАЖНИОТ ПРОРОК / АНТИХРИСТОТ



20.06.2018
ОБАМА СЕ ПОЈАВИЛ МАСКИРАН КАКО САТАНАТА (БАФОМЕТ)!
На интернет проциркулира слика од Обама, маскиран како сатана!
Од самото појавување на овој политичар на светската политичка сцена, на интернет почнаа да циркулираат податоци (истражувачки стории за животот на Обама поткрепени со Библиски пророштва, но и пророчки слова, соништа, визии), дека тој е Библискиот антихрист.
Оваа слика за првпат се појавила во 2017 година, кога била вметната на Instagram од страна на Анамари Хоуп, позната по објавување на илустрации на сатански цркви. Сликата, која изгледа дека ја снимила самата Хоуп, била објавена на нејзиниот профил со фразата "класа и благодат" - термин што често го користат приврзаниците на Обама за да го опишат поранешниот претседател на САД.
Сликата била отстранета набрзо по објавувањето, но не пред да биде преземена од други лица. Кога Хоуп била запрашана зошто ја избришала сликата, таа одговорила: "Има премногу омраза и недоволно поддршка" Копиите од фотографијата сега почнуваат да кружат на онлајн форуми, предизвикувајќи притоа голема дебата, - дали Обама навистина се појавил во таков костум или сето тоа е Фотошоп и монтирана слика.
Се разбира, првиот коментар на "негаторите" на веста е дека сликата е направена со примена на Фотошоп, па затоа треба да се испита нјзината веродостојност. За да се провери дали сликата е дигитално изменета врз основа на друга слика што претходно постоела, првото нешто што треба да се направи е да се направи пребарување и да се испита дали претходно постоела оригинална слика. Откога оваа слика била ставена во пребарувачот на слики на Google и Tinyeye, фотографијата добила нула резултати, што значи, друга – оригинална слика никогаш не била поставена на интернет.
Освен впечатливата сличност меѓу лицето облечено во сатанистичката облека и Обама, има и уште еден момент што оди во прилог на ова тврдење. Имено, човекот што стоел до него е Артур Дејвис, - американски адвокат и политичар, и член на Демократската партија. Исто така, тој бил кандидат на Демократите за гувернер на Алабама на изборите во 2010 година и воедно, истакнат поддржувач на кандидатурата на Барак Обама за претседател во 2008 година.



Можеби сега се прашувате, дали оваа вест е неиспитана и претставува само една обична „новинарска патка“?  Навистина, во светот имало, има и ќе има голем број на политичари, познати како диктатори или како  атеисти и хулители на Светиот Бог, така што – голем е бројот на оние, што би можеле да конкурираат за титулата „Библиски антихрист“;  Затоа ви приложуваме уште некои интересни информации.
Ве упатуваме да го погледнете ова видео, каде што авторот објаснува како звучеле Зборовите на Исус Христос во Лука 10:18  (А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото, како молња), на Арамејски јазик, на кој се зборувало во времето кога Исус Чекорел на Земјата во тело на човек:
Велат, каде што има чад – ќе се појави и  оган!
Се обложуваме дека не сте знаеле ниту дека уште во 2008 година на интернет се појави интересна страна, каде што Обама се претставува како месија!
Повелете – уверете се:

Неспорно е дека Обама е најнехристијанскиот претседател што САД воопшто го имале.

По сето ова – многу е веројатно дека политичката кариера на Обама се уште не е сосема завршена... Но, Исусовите следбеници, тоа  „мало стадо“ нема да се тука за да видат дали сето ова е вистина или не, бидејќи антихристот ќе се издигне, дури откога Христовата Црква ќе биде отстранета!
Никој да не ве измами ниту по каков начин, зашто тоа не ќе се случи додека првин не дојде отпаѓањето и не се појави човекот на беззаконието, синот на погибелта, кој се противи и се воздига над сè што се наречува Бог или светина, така што ќе седне во Божјиот храм и ќе се претставува себеси дека тој е Бог. Не помните ли дека ви го зборував ова уште кога бев кај васИ сега знаете што го задржува за да се појави тој допрва во свое време. Зашто, тајната на беззаконието веќе дејствува, само да се отстрани од средината оној, кој сега ја задржува и тогаш ќе се јави беззаконикот кого Господ ќе го убие со здивот на Својата уста и ќе го уништи со појавата на Своето доаѓање.  Тоа е оној, чие доаѓање е според сатанското дејствување, со секаква сила, и со чудесни знаци и со лажни чуда, и со секаква неправедна измама, за оние кои загинуваат, зашто не ја примија љубовта кон вистината за да се спасат. И затоа Бог ќе им испрати заблудна дејност за да и веруваат на лагата, та да бидат осудени сите, кои не поверуваа на вистината, а имаа задоволство во неправдата“ (2 Солунјаните 2:3-12)

Пријатели, има уште една причина зошто го објавувам овој текст; Јас, едно од лицата вклучени во уредувањето на овој блог, имав пророчки сонови и слово за идентитетот на Обама.
Еве еден од нив:
Сон од  Aвгуст 2010:  СРЕДБАТА СО ОБАМА
Во сонот имав можност да се сретнам со Американскиот претседател Обама официјално, во некоја пригода, која беше дел од мојата професионална обврска околу обезбедување помош на деца.
Во сонот, се сеќавам дека луѓето околу мене тоа го доживуваа како чин, што за мене треба да претставува огромна чест, но мене тоа ми претставуваше тегоба. Кога се сретнав со него, тој ја испружи раката за да се ракува со мене, но јас не сакав да се ракувам, затоа што  бев исплашена дека може да ми пренесе некакво зло или некоја болест/инфекција... Па така, промрморев некаков изговор дека заради хигиенски причини, не се ракувам со луѓето. Тој не коментираше ништо за тоа, туку продолжи со некаков формален разговор. Потоа, во просторијата дојдоа и други луѓе од неговата администрација, а јас, за да останам убедлива во тоа што го направив, и на нив им го повторив истиот изговор, така што не се ракував ни со нив.
Во сонот ми беше врежан впечатокот дека ќе треба пак да се сретнам со Обама, но не бев среќна поради тоа, така што веднаш почнав да размислувам за можни изговори како тоа да го одбегнам.
Во времето кога го сонував овој сон, немав престава каква порака дава, ни зошто го сонував токму Обама, кога и ние во Македонија си имаме наши политичари, што сум можела да ги сонувам.
Мое толкување денес: Фактот што јас одбив да ја испружам десната рака за да се ракувам со Обама, го поврзувам со Библиското пророштво дека Антихристот ќе го наметне жигот на ѕверот (Антихристот) на десната рака или на челото на луѓето. Жигот се однесува на RFID чипот, кој Обама ќе го наметне како обврска на луѓето од целиот свет, штом Христијаните ќе бидат земени.  
„И направи сите - мали и големи, богати и сиромашни, слободни и робови - да им се даде ознака на десната рака или на челото, и никој да не може ниту да купи ниту да продаде, освен оној, кој има ознака: името на Ѕверот или бројот на неговото име.  Тука е мудроста. Кој има ум нека го пресмета бројот на Ѕверот, зашто е број на човек. а неговиот број е: шестотини шеесет и шест.“ (Oткровение 13:16,17)
Ова веројатно ви изгледа како многу смело тврдење, но блиската иднина ќе покаже – колку сум во право.
Сепак, факт е дека живееме во Библиските последни времиња за кои е најавено дека ќе се зголеми знаењето, но и излевањето на Светиот Дух, Кој на Христијаните ќе им ја објави вистината, иднината, но и ќе Го прослави Исус Христос.
„А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, а ќе зборува она што слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат. Тој ќе Ме прослави Мене, зашто ќе земе од Моето и ќе ви јави.“ (Јован 16:13,14)
Браќа и сестри во Христа, дали и вие имате пророчки објави (визии, соништа) за антихристот / лажниот пророк? Или можеби некои други објави од Бог во врска со предстојните настани?
Ве охрабрувам да ги споделете, бидејќи сега сите знаеме само по малку, - како делчиња од мозаик, а споделувањето на пророчките најави за некои Библиски мистерии, помага да ја комплетираме сликата за предстојните настани или откровенијата од овие Последни Денови, и со тоа, поподготвени да ги пречекаме.
Зашто, сега гледаме како во огледало - нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат(1 Коринтјаните 13:12)

Thursday, November 9, 2017

„КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА НЕ Е ЧОВЕЧКО СУШТЕСТВО“ - Пророштво и потврдување!

Пророчки Зборови: Елизабета, кралицата на Англија, јавно ќе декларира дека таа е Кралица на Рептилците (Антички Демонски раси на Вонземјани, кои биле на Планетава, од Почетокот на Времето)

Порака од Исус Христос до Млаката Црква  (оние кои ќе бидат оставени после Вознесувањето на Светите Деца ).
Ова е официјална комуникација од Тронот на Живиот Бог. Ова е порака до Божјите Деца, кои нема да бидат квалификувани за да станат дел од Христовата Невеста, зашто иако истите со нивните усни тврдат дека го Сакаат Христос, не си дадоа време вистински да се подготват за Свадбената Вечера на Јагнето, живеејќи  во светост и како што тоa Го Заповеда Младоженецот (Исус Христос).
Најдраги,
Деца Мои, со најголема жалост и тага морам да ви ја пренесам оваа тешка порака, преку Мојата пророчица од последните времиња, а воедно и пријател, Гвендолен. Деца, ќе започнам со разоткривање на се поголем број од мистериите од ова Последно Време во кое е дојден крајот на Ерата на Црквата, преку Мојата ќерка, се' со цел да им дадам до знаење и да ги научам другите Божји деца за настаните, кои ќе земат замав на земјата за време на Големата Неволја. Овој период  ќе започне приближно три и пол години по ЈАВНОТО потпишување на историскиот мировен договор кој ја дели Мојата Света земја.
Многу е важно да се сфати овој факт: дека се што се појавува на вашите телевизиски и компјутерски екрани е измама кон другите Божји деца, со цел да се скрие таа нивна тајна агенда, за време на владеењето на Антихристот и Лажниот Пророк. Сите клучни фигури се веќе тука на глобалната сцена и ги имаат заземено нивните места, драги мои. Дури и отпаднатите (демонските суштества-  забел. на преведувачот) се тука и имаат своја уникатна улога, што треба да ја одиграат.
Во врска со ова, сакам да им објаснам некои понови мистерии на Моите деца, кои можеби нема да бидат во тек со важните вести, кои се објавени на интернет  во врска со агендата наречена  „демони- вонземјани- рептилци“, која се одигрува на оваа планета. Деца, демонско-вонземјански рептилци  живеат на оваа ваша планета уште од самиот почеток на времето. Тука се, тајно претворајќи се во луѓе и според нивната напредна технологија, која ја имаат научено од нивните предци на небото, способни се да го прикријат својот изглед со пиење на крвта на невини луѓе, која не е извалкана. Тие се одржуваат во форма со конзумирање на крвта на најмaлите од Моите деца и имаат создадено многу индустрии за да чуваат свежа плазма и други крвни делови, што им оневозможува на  „отпаднатите“ да се вратат во својата првобитна состојба.
Тие имаат банки каде ја чуваат крвта, таканаречени ткивни ресурсни центри, кои им помагаат да имаат постојана залиха на човечка крв, за периодот кој набрзо доаѓа. Имаат програми за фетални матични клеткикои беа финансирани и иницирани на тлото на Соединетите Американски Држави. Овие места ќе ги хранат демонските рептилци во деновите кои доаѓаат, денови за кои веќе се гледа хаосот над вашата планета. 
Видете драги Мои, тие се исто толку засегнати и загрижени колку што сте и вие, дека нема да ги имаат потребните ресурси, како што настаните од Последните Времиња земаат замав во полна мера. Тие се загрижени дека нема да имаат свежа залиха на крв или пак дека можеби ќе им бидат оневозможени посебните услови и потреби за вода. На нив им е потребна различна концентрација на сол во водата за пиење, што им помага да ја одржат  хомеостазата (балансот) во нивните тела.
Најбитниот дел од оваа кореспонденција најдраги Мои, е да сфатите дека се’ она кое допрва треба да излезе на светлина е дел од постоењето и спроведувањето на грандиозниот план на непријателот против Божјите деца. Сатаната сака сите Мои деца да го примат белегот (жигот) на неговото име. Тоа е белегот на ѕверот и оние кои ќе го примат ќе одат во вечна пропаст во огненото езеро. И тој примен белег на Мојот Непријател ќе значи дека јавно го признавате сатаната, а не Исус Христос. Неговото земање ќе изгледа како разумен избор за поголемиот број од Моите деца. Исто така, тоа ќе биде и најважната одлука во вашиот живот! Ги советувам Моите деца да започнат да ги проучуваат сите стихови од Моето Свето Писмо, кои се однесуваат на белегот на ѕверот и на неопходноста да живеат свето и онака како што Ми е угодно. Јас Сум Свет Бог и Очекувам и Моите деца да живеат свето. Очекувам од нив да ми укажуваат Чест со нивните постапки, преку нивните мисли и со нивните тела. Вашите тела се храм на Светиот Дух и мора да ги чувате чистии и свети, не валкајќи ги со задоволствата на овој свет.
Ако искрено Ме молите да ви помогнам за да започнете да живеете свето, сигурно ќе ви Помогнам, зашто Моја најдлабока желба е сите Мои деца да бидат отстранети од овој свет, за време на Вознесувањето на Невестата.
Најдраги, во деновите кои доаѓаат, ќе има официјална прес- конференција на телевизиските екрани на која Кралицата на Англија ќе излезе да зборува. Таа јавно ќе признае, дека всушност не е човек, туку генетски  модифицирано човечко суштество, кое живее на оваа планета многу години во една состојба на заробеништво, криејќи го својот идентитет. Ќе даде објаснување  што таа самата всушност претставува.  Исто така, ќе им каже на сите дека и таа е личност, но дека е хибриден рептилец. Ќе ги едуцира луѓето и ќе им даде до знаење дека и рептилците имаат срце и длабоки емоции, исто како и луѓето.
Оваа информација ќе биде изнесена за време на најголемите немири на планетава. Оваа информација, иако ќе биде тешка за да се поверува во неа, повеќето од луѓето едноставно ќе ја прифатат таква, каква што е и ќе продолжат понатаму, зашто ќе бидат премногу зафатени со други грижи, кои ќе им се случуваат во семејствата.
Болестите, поморот и тероризмот ќе земат се поголем замав и Моите деца ќе бидат во состојба на презаситеност со непријатни информации. Ќе мора да одлучуваат како да се справат не само со сите тие проблеми на човештвото, туку и со информацијата за постоење на нови видови на суштества, кои ќе живеат на планетава. Многу од Моите деца кои не се во интимност со Мене, исто така ќе ја сфатат оваа информација. Ќе ја дознаат оваа вест пред интернетот да биде укинат и ќе имаат запомнато што пророците и евангелизаторите од овие Последни времиња зборувале во врска со оваа тема. Ги поттикнувам сите Мои деца, што побрзо да го симнат ова видео и пишан збор и сите други прoрочки зборови, кои моментално се достапни на интернет, да им помогнат на другите кои не успеале да ја разберат измамата, која ќе земе замав во деновите кои доаѓаат.
Сега кога ја знаете оваа информација најдраги, што ќе правите? Што ќе направите сега кога ви е дадено ова знаење? Ве поттикнувам  секој еден од вас, кој е скапоцен за Мене што побрзо искрено да Ме побара во молитва, да ме праша за духот кој стои зад оваа порака и да не се одмаздува против Моите свети гласници. Тие вршат многу тешка задача за која се повикани. Нивните задачи се запишани уште пред создавањето на светот. Не е исправно ниту толерантно, вие кои не ги разбирате овие длабоки откровенија, да одите против Моите помазаници. Подобро, дојдете при Мене со чисти срца, во целосно покајание и ќе Зборувам со секој еден од вас за сериозноста на оваа информација.
За крај најдраги Мои деца, Сакам да ве замолам да се воздржите од преголемо користење на вашите електронски уреди. Започнете да постите од нивното користење, дури исклучете ги на подолг период, колку што можете. Некои од вас, мора да ги користат, заради службени или здравствени причини, но за вас, кои не спаѓате во ниедна од овие две категории, ве молам веднаш да почнете да постите од технологијата, со цел да започнете да поминувате повеќе време, целосно фокусирани на вашиот Креатор и на она кое Тој Сака да ви го каже во вашите срца. Доколку не се дистанцирате одвреме-навреме од работите во овој свет, ќе ви биде потешко во деновите кои доаѓаат. Ова е Мојот совет/ инструкција, полн со Љубов за секој еден од вас. Ве молам, слушајте го вашиот Господар и Спасител овој ден. Ве молам излезете од светскиот систем на забава и електроника. Сега бидете во Моето присуство. Утре можеби ќе биде доцна.
Со вас Сум најмали Мои. Со вас Сум до крајот на времето.
Бог Таткото и Неговиот Посебен, Пожртвуван Син, Исус Христос, Месијата на Целиот Свет.

"Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот Единороден Син, та секој кој верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. " - Јован 3:16  

(Зборови примени од Гвендолен Сонг, на 9 Септември 2016 година)

https://www.facebook.com/seho.song.5/posts/1083322531764172

Queen Admits She Is “Not Human” Published On Royal Website - Screen Capture Before Taken Down




https://www.youtube.com/watch?v=0Kkltxlkxl8


Вест која претставува делумно потврдување на ова пророштво (веста официјално објавена од Бакингемската палата била повлечена од интернет, набрзо по поставувањето, но некој направил "screenshot"  на објавата, па така можеше да се најде на интернет, како слика):

http://www.nnettle.com/news/1807-buckingham-palace-admits-that-queen-elizabeth-is-not-human-





Thursday, September 21, 2017

ЗА 23 СЕПТЕМВРИ, 2017 И ЗНАКОТ ОД „ОТКРОВЕНИЕ 12“!

Пријатели, ова што сега го објавувам е малку подолг текст, но ве уверувам –вреди да го задржи вашето внимание... Затоа, седнете во вашета омилена фотелја, земете го вашиот омилен пијалок, и започнете да читате внимателно.
Сакам да ви зборувам за еден настан на небото, претскажан од Исусовиот апостол и пророк Јован пред околу 2000 години. Станува збор за Окровение 12 глава, стихови 1-6. Еве ги:

1И се покажа голем знак во небото: жена, облечена со сонцето и месечината под нејзините нозе, а на нејзината глава круна од дванаесет ѕвезди,2и беше бремена и викаше од породилни болки и маки.3И се покажа друг знак на небото, и ете, голем црвен змев, со седум глави и десет рогови, а на неговите глави седум круни;4и неговата опашка повлече третина од небесните ѕвезди, и ги фрли на земјата. И змевот стоеше пред жената, која требаше да роди, за да и го проголта Детето кога ќе роди.5И роди машко Дете, син, кој ќе им биде на сите народи Пастир со железно жезло. И нејзиното Дете беше однесено при Бога и при Неговиот престол.6А жената избега во пустината, каде имаше место, што Бог и го приготви, за да ја хранат таму илјада и двеста и шеесет денови.“ (
Окровение 12:1-6.)

Верувале или не, - ваков настан не се памети од постоењето на човечката цивилизација, а ќе се случи на 23 септември, оваа година и ќе биде видлив само над Израел!
За целиот свет – ова е парабола, чие значење е скриено, но за Христовата Црква ова е откривање на мистерија.
Даги чуеме прашањата на Исусовите ученици и Неговиот одговор:

И учениците Му се приближија и Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?” 11А Тој им одговори и рече: „Затоа што вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено.12Зашто кој има, ќе му се даде и ќе има изобилие; а кој нема, ќе му се одзеде и она, што го има.13Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не видуваат, слушаат и не чујат, ниту разбираат.14И врз нив се исполнува пророштвото на Исаија, кое вели: ‘Со уши ќе слушате и нема да разбирате; со очите ќе гледате и нема да видите.15Зашто срцето на овој народ отапело; и со ушите тешко слушаат, и ги затворија своите очи; за да не гледаат со очите, или да слушаат со ушите, и да разберат со срцето и да се обратат, и Јас да ги исцелам.’16А вашите очи се блажени, зашто гледаат; и вашите уши зашто слушаат(Матеј 13:10-16).

НО ШТО НАВИСТИНА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НА 23 СЕПТЕМВРИ?

Знакот најавен на небото, инаку опишан во Откровение 12 е наговестување дека времето на „Јакововите неволји“ - познато и како Период на најголеми неволји – би можело да започне на 23 септември 2017 година, што исто така и датум што се совпаѓа со есенската рамноденица.

Ваквото верување доаѓа од пророштвото содржано во последната книга од Библијата  во Книгата Откровение 12: 1-2, а што е реален настан на небото, кој ќе биде видлив над Ерусалим. Други пак, се воздржани од коментари, но сепак се восхитуваат на случајноста.

Овој пасус од Писмото во Новиот Завет метафорично опишува "жена облечена со сонце, со месечина под нозете и круна од дванаесет ѕвезди на главата“. Жената била бремена и викала заради породилните болки, затоа што требало да роди.

Многу луѓе во светот веруваат дека астрономското порамнување во кое се вклучени соѕвездијата Девица и Лав, сонцето, месечината и планетите Меркур, Марс, Венера и Јупитер, во септември 2017 година, ќе го исполни овој пророчки збор во најситни детали.

Поборниците на знакот од Откровение 12 велат дека жената e претставена од соѕвездието Девица, а круната од дванаесет ѕвезди ги претставува деветте ѕвезди на соѕвездието Лав во порамнување со планетите  Меркур, Марс и Венера. Месечината е поставена под "нозете" на соѕвездието Девица во септември 2017 година, а сонцето ќе поминува низ соѕвездието, што ќе дава впечаток дека жената е "облечена со сонце".
Вториот стих од 12тото поглавје вели дека жената "била бремена и викала од породилните болка". Некои луѓе сугерираат дека ова ќе биде исполнето така што, планетата Јупитер ќе излезе од соѕвездието Девица, откако претходно имал ретроградно движење (напред – назад, како бебе во утробата на мајката) во претходните 9 месеци во оној дел од соѕвездието Девица што би можел да се смета за "утроба" на Девицата. Во таа позиција е навлезен во ноември 2016 година. Јупитер излегува од долниот дел на "утробата" 42 недели подоцна, што е приближно на должина на човечката гестација  (нормален период на човечка гестација е во траење од 37 до 42 недели).

Исто така, беше откриено дека на очигледното ретроградно движење на Јупитер во утробата на Девицата му претходеше Борисов кометата „C / 2017 E1“ или уште наречена „Комета на зачнувањето“(?!) Оваа комета отпатувала од „бедрата“ на соѕвездието Лав до утробата на соѕвездието Девица  на 17 ноември 2016 година, непосредно пред влезот на Јупитер во „матката на Девицата“. Некои поборници на знакот од Откровение 12 сугерираат дека оваа комета го претставува божественото оплодување на жената, што подоцна го родила машкото дете (Јупитер). Ова ќе биде единственото патување на кометата низ нашиот сончев систем, бидејќи вообичаено Јупитер не е сончев орбитал.

Симболот од Откровение 12 се очекува да се совпадне со Големиот Еврејски Празник „Рош Хашана“, кој исто така се нарекува Празник на трубите. Празникот на трубите е прв од есенските празници и неговиот тајминг традиционално се темели на видливоста на младата месечина, која во 2017 година се очекува или да започне вечерта на 21 септември и да заврши навечер на 22-ри (доколку се забележи  2% видливост на младата месечина), така што знакот се очекува да стане видлив од вечерта на 22-ри се до крајот на вечерта на 23-ти.

Рош Хашана е прослава на еврејската Нова Година, така што на овој празник се одбележува завршувањето на одбележувањето на годината 5777 и почетокот на 5778 година (според Еврејскиот Календар). Се верува дека Празникот на трубите според Еврејската традиција е ден кога мртвите ќе бидат воскреснати и ќе започне Божјиот Суд, додека Христијаните веруваат дека овој период го опишува периодот на Големи Неволји, како што е опишано во Книгата на Откровението.

Целокупното  астрономско порамнување ќе се случи на 23 септември 2017 година на небото над Ерусалим.

Има различни толкувања на знакот од Откровение 12, па еве некои од нив:

Поголемиот дел од Библиските проучувачи веруваат дека жената ја претставува нацијата Израел, за која веруваат дека ќе влезе во повеќегодишен период на неволја, а машкото дете ја претставува Христовата Невеста (како една посебна група на верници од Христовата Црква), која можеби тогаш ќе биде Вознесена на Небото пред да започне периодот на Големи Страдања според Откровение 12:5. (Христијаните укажуваат дека единствен начин луѓето да ги избегнат предстојните неволји во светот и да бидат "вознесени", е да се покајат од своите гревови, да Го прифатат Исус Христос за Свој Господ и Спасител, кој умрел за нивните гревови, повторно воскреснал и е единствениот Пат и Посредник, преку Кој тие можат да се помират со Бога. Овие погледи ги споделуваат сите главни поборници, кои го согледуваат значењето на знакот од Откровение 12).

Иако има и други, ова се најчестите толкувања на симбилизмите од Откровение 12:
1)            „Жената“ ја претставува нацијата Израел и соѕвездието Девица, која навистина ќе се појави на небото;
2)            „Сонцето“ го претставува сонцето, секако;
3)            „Месечината“ ја претставува самата  месечина секако, но и Еврејскиот празник „Празникот на трубите“;
4)            „Круната од 12 ѕвезди“ се 12те племиња, кои ја сочинуваат нацијата Израел и соѕвездието Лав;
5)            „Големиот црвен змеј, кој има седум глави и седум круни на главите“ е планетарниот систем Нибиру, кој влегува во нашиот соларен систем, има 7 месечини и влече многу вселенски отпадоци зад себе;
6)            „Машкото дете“ т.е. планетата Јупитер  го претставува Христовото Тело, кое во моментот на „раѓање“ ќе биде всушност земено во настанот Вознесение, на Небото;

За планетарниот систем Нибиру и порано многу се зборуваше, иако не преку официјални соопштенија од валидни извори, како на пример, од НАСА. 

Но, еве што вели еден очевидец, кој сакаше да остане анонимен, за тоа што видел со сопствените очи преку Хабл (најмоќниот вселенски телескоп), до кој има официјален пристап:

„Сигурно претпоставувате дека вистинската причина, заради која е изработен и поставен Хабл е да се набљудува вселената и планетите, - но не сте во право. Вистинската причина беше да се опсервира тнр. „Планетата Х“ – како што тој наведе во интервјуто на 6 јуни, годинава. Научниците го гледале „Црвениот џин“ како доаѓа на небото над Калифорнија, носејќи со себе огромна опашка од вселенско ѓубре; Ова се случувало некој ден во 50тите години од минатиот век; Во еден момент, трансмисијата на Хабл се прекинала, но останал транскриптот и еве што понатаму тој изјавува: „Сите бевме запрепастени! Оваа црвена планета изгледаше како да ни е пред очите! Во тоа време можевме да зборуваме за тоа, дури имаше и излезено една слика на оваа црвена планета во едно научно списание… На моите дома им кажав за оваа планета и тие сите ми се изнасмејаа и ми рекоа: „Ај не се секирај. Ништо страшно нема да ѝ се случи на Земјата во наредните 50 години“; Е па, 50 години поминаа, а тоа чудовиште се уште е таму горе и доаѓа со застрашувачка брзина наваму... И со себе носи огромна опашка од ѓубре! Знаете, ние живееме во соларен систем, во кој имаме сонце и девет планети, а оваа Нибиру, која изгледа како огромна вжарена топка, има 7 планети и свое сонце! Значи имаме еден надворешен соларен систем, кој ќе навлезе во нашиот соларен систем и тоа е навистина страшно. ЦИА нареди да се даваат изјави дека Нибиру со својот соларен систем ќе не одмине и нема да има никакво влијание, но кога ќе се најде зад нашето сонце, нејзината брзина двојно ќе се зголеми, така што никој не знае да каже точно кога ќе се приближи до Земјата; Веројатно – многу побрзо од очекуваното!
А кога ќе се доближи, можно е да предизвика катаклизмични настани на земјата како: земјотреси насекаде на планетата, паѓање на астероиди, кои ќе имаат последователни ефекти од апокалиптичен карактер...“

И сега  - дали со овој напис најавуваме дата кога ќе се случи Доаѓањето на Исус по својата невеста?

 Не секако! Можно е овие денови да поминат како и сите други денови, бидејќи Исус сигурно нема да Дојде кога сите Го Очекуваат! Исус ќе Дојде „како Креадец во ноќта“, кога никој нема да Го очекува!

Сепак, пријатели... Добро е да паднеме на колена, да бараме прошка за гревовите (бидејќи Словото сведочи дека нема човек, кој не сторил грев) да Го Прифатиме Исус за Свој Господ и Спасител и да почнеме да Го Запознаваме Тој Наш Прекрасен Создател и Откупител, Бог, Кој Дојде во Тело на човек, така што „ќе ги пикнеме носевите“ во Библијата, и да ги бараме сите одговори на животните прашања од Неа, преку Водството од Светиот Дух!
Ох – да! Многу е практично и пожелно да започнеме да правиме и залихи од конзервирана храна, двопек, вода, свеќи, лекови, ќебиња, алтернативни извори на енергија (плински боци)...  Ако не за овој настан – можеби ќе ни требаат за некој друг... Сите гледаме што се случува во светот –земјотреси, урагани, поплави, терористички напади...
Никој не може да ни ја гарантира иднината на нашите животи. Ништо не е сигурно и безбедно, освен Исус! 
Ако ТОЈ ни биде нашата Цврста Карпа на која стоиме - никави животни бури нема да ни наштетат!

  ИСУС - СКАПОЦЕН КАМЕН - ТЕМЕЛНИК:
2Како новородени деца, копнејте по чисто духовно млеко на словото, за да пораснете преку него за спасение,3ако сте вкусиле дека Господ е добар.4Пристапете при Него, живиот Камен, Кого навистина луѓето Го отфрлија, но Кој е од Бога избран, и скапоцен, 5та дозволете од самите вас, како живи камења, да се изгради духовен дом, свето свештенство, за да принесувате духовни жртви, кои Му се пријатни на Бога, преку Исуса Христа.6Зашто пишува во Писмото: „Еве, поставувам во Сион аголен Камен, одбран и скапоцен; и кој верува во Него, нема да се посрами.”7Така, за вас, кои верувате, Тој е скапоцен; а за оние кои не веруваат: „Каменот, кого го отфрлија ѕидарите, но Кој стана аголен камен,”8и „камен за сопнување, и стена на соблазнување,” на која се сопнуваат оние, кои се непокорни на словото: за што се и определени! (1 Петар 2:2-8)

ВЕТУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА ОД БОГ:
1Ти, Кој живееш под покрив на Сèвишниот, што се одморуваш во сенката на Сèдржителот,2речи му на Господа: „Прибежиште мое! Тврдино моја! Боже мој, на Кого се надевам!”3Зашто Тој ќе те ослободи од примката на ловецот, од гибелниот помор.4Ќе те заштити со Своите крила, и ќе се засолниш под Неговите крила. Неговата вистина е штит и закрила!5Не ќе се боиш од ноќен страв, ниту од стрелата што лета дење,6ни од поморот, што се поткрадува во темнина, ни од гибелта што опустува напладне.7И нека паѓаат илјади покрај тебе, десетици илјади до Твојата десница, но до тебе нема да се приближи!8Само штом погледнеш со окото, веќе ќе ја видиш платата на грешниците.9Зашто Господ е твое засолниште, го избра Сèвишниот за своја закрила.10Нема да те најде несреќата, неволјата нема да се приближи до твојот шатор.11Зашто им заповеда на Своите ангели, да те чуваат на сите твои патишта.12Ќе те носат на раце, за да не се сопнеш на камен.13Со ногата ќе газиш лав и лутица, ќе ги згазиш лавчето и змијата.14Ќе го избавам зашто ме љуби, ќе го закрилам зашто Го познава Моето име.15Ќе Ме повика, а Јас ќе го услишам, со него ќе бидам во неволја, ќе го спасам и ќе го прославам.16Ќе го наситам со многу денови, ќе му го покажам Моето спасение. (Псалм 91)  
  

Извори: