Wednesday, September 13, 2017

БОГАТСТВОТО - БЛАГОСЛОВ ИЛИ ПРОКЛЕТСТВО!

Која е смислата на вашиот живот? 
Да јадете, пиете, шетате, да се облекувате модерно, да купувате скапи коли, куќи, станови, вили, јахти? Да собирате богатство и имате раскошен живот? Ако на овие прашања си кажавте искрено „ДА“, па уште и ако се сметате за Христијанин  - тогаш знајте дека чекорите по погрешниот пат.

Патот кој води до нашето спасение и усовршување до степен да станеме Христолики, воопшто не е лесен и едноставен. Напротив, тежок е и исполнет со животни искушенија и разни пречки. Едно од таквите животни искушенија, на кое човекот често подлегнува поради неговата примамливост, е богатството. Тоа е привлечно, но истовремено и многу опасно, бидејќи може да му наштети на човекот во поглед на спасот на неговата душа и душевниот мир.

Да се биде богат – не е грев, но грев е да парите и богатството ни бидат на прво место во животот и да го истиснат Бог! Потсетете се дека првата и најголема заповед што Исус ни ја кажа е дека БОГ ТРЕБА ДА НИ Е НА ПРВО МЕСТО ВО ЖИВОТОТ (Матеј 22:37,38). Според учењето на Светото Писмо, богатството не смее да завладее со човекот, ниту да загосподари со неговите мисли и чувства, за да не го одврати од Бога и да го стави во служба на ѓаволот.

Да се потсетиме, ѓаволот е „бог“ на овој свет. (2 Коринтјаните 4:4); Па така, - да се биде пријател на светот и на световните задоволства - тоа значи да станеме непријатели со БОГ! (Јаков 4:4) А
ма ние знаеме дека Нашиот Бог е „Оган што Изгорува“ (Евреите 12:29) и страшно е да се падне во рацете на Живиот Бог“  (Евреите 10:31). Па тогаш - зошто би биле непослушни на Бог? Зошто да се доведеме во ситуација Бог да ни стане Нашиот Непријател?

Материјалното богатство, по кое честопати луѓето заслепено трчаат и тежнеат, а некои не бираат ниту средства, ниту начин за да дојдат до него, - носи само неспокојство и немир во душата. Тоа не може никогаш да се спореди со духовното богатство, кое е трајно и неминливо и ја смирува човечката душа, ја храни и ја чува од гревот и духовната пропаст.

Историјата ни сведочи дека, многу цивилизирани народи, кои биле морално паднати, кои ја загубиле верата во вистинскиот Бог, кои се предале на желбите и телесните наслади, кои се приврзале за материј
алното и земните богатства, порано или подоцна – пропаднале.

Таа состојба на морална расипаност и нечистотија на човечкиот ум, која на луѓето им се случува кога Бог е отсутен од нивните срца и умови, убаво ни ја опишува апостол Павле, велејќи

„21Зашто, кога Го познаа Бога, тие не Го прославија како Бог, ниту, пак, Му благодарија, туку се заблудија во своите помисли, и нивното неразумно срце им се помрачи“
28 И бидејќи не се обидоа да Го имаат Бога во нивните мисли, Бог ги предаде на нивниот изопачен ум, за да прават што не прилега:29 исполнети со секаков вид неправда, расипаност, алчност, зло; полни со завист, убиства, расправии, лукавства, подмолност; озборувачи,30 клеветници, мразители на Бога, насилници, горди, самопофалувачи, измислувачи на зла, непокорни на родителите, 31неразумни, неповерливи, без љубов и без милосрдие.32Тие ја знаат Божјата правда: дека оние, кои прават така, заслужуваат смрт, па сепак не само што го прават тоа, туку им одобруваат и на другите, кои прават. (Рим. 1: 21, 28-32).

Без сомневање, причината за ваквата морална расипаност, која апостолот ја опишува во животот и сфаќањето на неговите современици, треба да се бара во губењето на нивната вера во вистинскиот Бог, во човечката неразумност и во приврзаноста на луѓето во минливите земни богатства.

Во животите на луѓето често пати се случува и
мотот и богатството да ги загубат, слично на праведниот Јов, но и повторно да ги придобијат, надокнадат и да ги постигнат со својот чесен труд и работа.

Но, ако човекот ја загуби својата вера во Бога, како највисоко духовно добро, тогаш ни имотот, ни богатството нема да го направат да биде среќен и благословен, зашто, честопати, богатиот човек е несреќен, неспокоен, а нема ни онолку мир, колку што може има еден најс
иромашен човек.

Поради тоа, не смееме да ги врзуваме своите срца и да ја оптоваруваме душата и мислите со материјалните богатства. Затоа што, Бог е Оној, Кој води грижа за секоја творба, па и за човекот, кој е создаден според Божјиот образ и подобие, кого Бог го Љуби и внимава на него, така што сите влакна му се изброени (Лука 12:7) и се што со вера ќе побара од Бога ќе му биде дадено (Матеј 7:7). 

Но да внимаваме да не се уловиме во стапицата кога бараме од Бог да ни обезбеди материјални работи, - бидејќи Писмото вели: „А мојот Бог ќе ја исполни славно секоја ваша потреба, според Своето богатство - во Исуса Христа“.(Филипјаните 4;19

Значи - Бог ги задоволува нашите потреби, а не желби за богатење, и тоа во Исуса Христа. Кога сме во Исус - тогаш сме во Најбезбедното, Најчистото и Најбогатото место во универзумот, а кога е Исус во нашите срца -  пријатели - носиме Скапоцен Дијамант! (1 Петар 2:6,7)

Затоа, нема смисла и нема корист, поради лажното богатство и човечката суета, да се оддалечуваме од Бога и да се лишуваме од Изворот на животот. Зашто, Господ Рече: Каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше“ (Матеј 6: 21).

Па така, нашето богатство треба да е во Бога, за да пребива и нашето срце таму. За да не остане празно, пусто и нажалено, како што останало срцето на младото и богато момче, кое се покажало недостојно за Христа, поради својата приврзаност кон својот имот(Марко 10:17-25)

Навистина, многу луѓе честопати во животот запаѓаат во неволји и искушенија, поради големата приврзаност кон минливите нешта, поради кои не е вредно да се очајува, ниту да се биде горд. Дотолку повеќе, зашто е речено:"Зашто, каква полза ќе има човек ако го придобие целиот свет, а на својата душа и напакости? Или што ќе даде човек во замена за својата душа? (Матеј 16:26).

Христос строго ги осудил богаташите, чие срце е скаменето и бесчувствително кон своите блиски и кон сиромасите. Затоа за нив рекол дека тешко ќе се спасат и дека полесно камилата ќе помине низ иглени уши, отколку богатиот во Царството небесно (Марко 10:25). Зашто, нивните себични интереси му служат на Мамон („богот“ на материјалните задоволства), а не на Единиот Безгрешен и Семоќен Бог.


Но, затоа пак, ни Христос ни апостолите не го осудиле и не го проколнале она богатство, кое е стекнато со труд и Божји благослов, и кое на човекот му служи како помошно средство за спасение и остварување на крајната цел. Како? Па така што ќе го користи за да даде плодови на Духот, - покажувајќи милосрдие, добродетелство, помош на оние кои се помалку имотни од себе.

„А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата;(Галатјаните 5:22)

Па така, крајна цел на еден човек (би требало да) е да Го запознае Исус како Свој Господ и Спасител и преку вера во Него да стане жител на Божјото Царство, а додека е овде на земјата – во тело, да чекори низ животот и да се усовршува, имитирајќи Го Исус Христос – Нашиот Отелотворен Бог. (Ефесјаните 5:1, 1 Коринтјаните 11:1)
Ако човек копнее по богатство, тоа треба да е она богатство кое е на небото, кое никогаш нема да се уништи, за разлика од ова земното и распадливото...

Христос Рекол: „Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и ’рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту ’рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат; зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше“ (Матеј 6: 19-21).

Потсетете се пријатели... Што остави Исус зад Себе кога го напушти овој свет? 
Ништо, никакво богатство... 
Само една крвава круна од трње и три рѓосани клинци...


***

Матеј 22:35-38
и еден од нив, законик, Го праша, искушувајќи Го:”Учителе, која е големата заповед во Законот?”А Тој му рече: „Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла!”Тоа е најголемата и прва заповед;а втората е како и оваа: „Љуби го твојот ближен како себеси.

Марко 10:17-25
И кога излегуваше на пат, некој притрча, клекна пред Него и Го праша: „Добар Учителе, што да правам, за да наследам вечен живот?”А Исус му рече: „Зошто Ме наречуваш добар! Никој не е добар освен Единиот Бог.Ги знаеш заповедите: „Не убивај! Не прави прељуба! Не кради! Не сведочи лажно! Не измамувај! Почитувај ги татка си и мајка си!”Но тој Му одговори: „Учителе, сето тоа го пазев од својата младост.”А Исус го погледна, го возљуби и му рече: „Едно не ти достига: оди, продај сè што имаш, и дај им на сиромасите и ќе имаш сокровиште на небото! И дојди, земи го крстот и следи Ме!”А тој се натажи од тој збор и си отиде жалејќи, зашто имаше многу имоти.И Исус погледна наоколу и им рече на Своите ученици: „Колку тешко ќе влезат богатите во Божјото Царство!”А учениците се зачудија од Неговите зборови. Но Исус пак проговори и им рече: „Чеда, колку е тешко да влезат во Божјото Царство, оние кои се надеваат на богатство!Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку богат да влезе во Божјото Царство!



Дела апостолски 20:35 
Во сè ви покажав дека така треба да се трудите и да им помагате на немоќните, и да си спомнувате на зборовите на Господа Исуса, како Самиот што рече: ‘Поблажено е да се дава, отколку да се прима.

1 Коринтјаните 1:9 „Туку, како што е напишано: “Што окото не виде, што увото не чу, што во човечкото срце не дојде, тоа Бог го приготви за оние, кои Го љубат.“










No comments:

Post a Comment